Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Имаме ѓубриште велите, треба да немаме, како ќе немаме, го прашавме градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски кој беше дел од трибината која деновиве се организраше во Битола. „За жал во Општина Новаци, децении наназад, повеќе од 40 години се депонира на нерегулиран , на начин на кој не знаеме ниту како се депонира отпадот, значи имаме едно нерегулирано ѓубриште кое што по сите основи ја загрозува животната средина во нашиот регион во ...
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,66%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.05.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува ...
Врз основа на Решение за времена измена на режим на сообраќај за време на санација на мост на реката „Драгор“ на улицата „Довлеџик“, издадено од Општина Битола од 22 мај 2025 година, а како главен изведувач на проектот „Санација на мост на реката „Драгор“, „Стентон Градба“ информираше дека од денеска 26 мај 2025 година, заради изведување на градежни активности сообраќајот ќе се одвива согласно сообраќајниот проект, односно затворање на ...
Се организираше Регионален форум на заедницата за Пелагонискиот регион, кој има за цел актуелизирање на прашањата поврзани со подобро спроведување на Зелената Агенда на Западен Балкан на локално ниво. Целта на форумот е да се потенцира потребата од добро управување со комунален отпад на територијата на Пелагониски регион, дефинирање на моменталната состојба со постапување со овој тип на отпад и негативните влијанија врз здравјето на луѓето и ...
Телата на пет скијачи се пронајдени во близина на скијачкиот центар Цермат во Швајцарија, соопшти полицијата во швајцарскиот кантон Вале. Телата се пронајдени на глечерот Адлер и вчера се вршеше идентификување. Полицијата била алармирана од двајца туристи кои забележале напуштени скии на надморска височина од 4.000 метри. Полицијата почнала да го надлетува регионот со хеликоптер, по што ги забележала петте тела. Сè уште не е објавено под ...
Од болницата „Плодност“ деновиве со јавноиста ја споделуваат инфорамцијата дека основачот на болницата „Плодност“, прим. д-р Таше Трпчевски доби највисоко признание, Плакета од Општина Алексинац, Србија, за придонес во зголемувањето на наталитетот и подобрување на здравството во регионот. „Комисијата за доделување јавни признанија едногласно му ја додели плакетата за заслуга на нашиот основач и директор заедно со признанија за неколку ...
Матурските прослави на училиштата во Битола завршија. Четвртокот вечерта беа двете последни прослави, на медицинското и музичкото училиште. Пред „Белведере“, пристигнаа матурантите од државното музичко училиште во Битола, училиште кое е расадник за многу успешни и талентирани уметници во светот на музиката, и класичната, но и во други жанрови, откако го завршиле средното образование и се насочиле во некој правец. И тука тапани, ора, ...
По четири години строго почитување на дрес код, раце без долги нокти и лице без шминка во ходниците на битолските медицински здравствени установи – учениците на средното медицинско училиште може да си ги реализираат сите свои идеи за изглед. Матурантите годинава ја покажаа важноста на изборот на добра облека – аутфит што е изјава дека завршило тинејџерството и дека започнува светот на возрасните. Според востановениот ред – најпрвин треба да ...
Изминатиот викенд караванот на Државна лотарија беше во Битола и се разбира на Широк Сокак, во и пред продажното место „Димпо“, едно од неколкуте локации на „Димпо“ каде паднале вредни добивки. „Кога и да направиме некоја промотивна активност на Државна лотарија во Битола е извонредно затоа што навистина битолчани веруваат во игрите на среќа, нон-стоп ја предизвикуваат среќата со нашите инстанти, уплаќаат лото и навистина имаат среќа“ реча ...
В понеделник (26 мај ) битолскиот народен театар премиерно ќе ја одигра претставата „Чорбаџи Теодос“, во режија на дипломецот Дамјан Димовски. Богати или сиромашни, угледни или помалку признаени од заедницата во којашто се живее, пред 88 години или сега, луѓето се соочуваат со предизвиците на општото мислење што никој не знае кога се креирало, ама сите страдаат. Овој текст на сцената на овој театар се поставува по четврт пат, потсети ...
Во изминатите 24 часа најмногу дожд 20 л/м2 наврнаа во Крива Паланка, Виница, Струмица, 16 Штип, Кавадарци, 14 Битола, Берово, 13 Тетово, Прилеп, Крушево, Попова Шапка, 11 Тополчани, 10 Скопје-Петровец, Куманово, 9 Претор, 8 Демир Капија, 7 Скопје-Зајчев Рид, 6 Велес, 5 Охрид, Гевгелија, Лазарополе, 4 Маврови Анови. Времето денеска променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 л/м2. До крајот ...
Големите македонски и сесловенски просветители Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заеднички празник на 24/11 мај. Поради нивните заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите. Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати ...
Денес, на Плоштадот Магнолија, едночасовен концерт одржаа воените оркестри од армиите на Република Македонија и САД. Концертот се реализира пред вежбата „Immediate Response 25“ која ќе се одржи на Криволак, а посетителите имаа можност да проследат повеќе популарни џез нумери, шлагери и македонски фолк мелодии. Во име на Општина Битола, воените оркестри ги поздрави заменик градоначалникот на Битола – Бојан Бојкоски. Денешниот концерт е уште ...
Синоќа, со доделувањето на наградите и изведбата на претставата Куфер.мк. официјално беше затворено 26-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама – Битола 2025. Под слоганот„ Еден збор-еден свет“, фестивалот и оваа година го потврди својот статус како еден од најзначајните културни настани во регионот, со учество на истакнати уметници од Македонија и од светот. Во текот на петте фестивалски дена, публиката имаше можност да ...
По повод патрониот празник на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ се одржа Свечена академија во Офицерски Дом Битола на која беа присутни градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, заменик градоначалник Бојан Бојкоски, голем број гости, директори на основни и средни училишта, родители и ученици. „Би сакале да им се заблагодариме на сите што го збогатија патронатот со нивното присуство, а посебно на колегите и учениците кои несебично и целосно ...
Синоќа, речиси по повеќе од 30 години, се врати сјајот на некогашниот објект на „Пионерски дом -Трајче Магловски“, именуван по младиот партизански курир Трајче Магловски кој загина 1943 година. Повеќе од 50 години „Пионерски дом“ беше центар за едукативни, спортски и социјални активности на децата, ученците и младите оставајќи траен белег во колективната меморија на генерации битолчани, по што следеше долг период на неактивност… Речиси ...
На платото пред Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ во старата битолска чаршија, свечено беше отворена 44-та Светска детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“. Во рамките на колонијата ќе учествуваат 150 гости – ученици, професори и родители од 18 делегации од 17 земји, меѓу кои се: Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Индија, Израел, Малезија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, ...
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ од Скопје беше организатор на завршниот настан на програмата „Граѓанските организации во акција за климатските промени“. Во панел дискусијата на тема „ Соработката помеѓу граѓанските организации и институциите во справување со климатските предизвици“, со претставници на општини, институции и граѓански организации, говореше и градоначалникот на општина Битола, Тони ...
„Денес, стојам овде пред вас со длабока почит, одговорност и чувство на благодарност. Благодарност кон една заедница која со векови е дел од срцето на оваа земја, која со својата истрајност, трудољубивост и љубов кон татковината оставила неизбришлива трага во нашата историја, култура и идентитет”, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешниот настан по повод 23 мај, Денот на влашката заедница. Премиерот Мицкоски посочи дека ...
Битолскиот театар се соочува/ работи со долг од 4 милиони денари – пари кои најмногу се потрошиле во пост-ковид пандемијата и од кои најмногу се кон ангажирани правни субјекти и физички лица. Министерството за култура деновиве направило вонредна инспекција во Театарот и, поднеле кривична пријава до обвинителството против членови на претходното раководство. Битолскиот театар функционира со товар од обврски во висина од 4 милиони денари и со ...
Од битолски „Паркинзи“ ги информираат корисниците на услугите на зона А4, дека утре (сабота) 24.05.25 во периодот од 07 до 15:30 часот да не ги паркирате возилата на дел од зоната А4 почнувајќи од свртувањето на улица 11-ти Октомври со Јорго Османо до Широк сокак (до споменикот Ангел). Од таму апелираме за разбирање и соработка заради манифестацијата која ќе ја приредат воените оркестри на АРМ и САД и нормалното одвивање на сообраќајот во ...
Денес започна асфалтирањето на коловозот на улици „Буковски Мост”, согласно склучениот договор на Општина Битола со изведувачот „ЈоскаТранс -Трејд ДООЕЛ“, соопштија од Општина Битола. Согласно проектната документација, вкупната должина на краците изнесува 269,6 метри. За сите краци предвидено е да се изврши нивелирање на капаците на постоечките шахти и сливници, согласно висинските коти од овој проект, преку кои ќе се врши одводнувањето на ...
Врз основа на Решение за времена измена на режим на сообраќај за време на санација на мост на реката „Драгор“ на улицата „Довлеџик“, издадено од Општина Битола од 22 мај 2025 година, а како главен изведувач на проектот „Санација на мост на реката „Драгор“, од „Стентон Градба“ информираат дека од 26 мај 2025 година ( понеделник ), заради изведување на градежни активности сообраќајот ќе се одвива согласно сообраќајниот проект, односно затворање ...
Со овации и громогласен аплауз, матурантите од гимназијата „Јосип Броз Тито“ ги поздравија своите професори и ја започнаа прославата. Така беше внатре, а како и сите други матури традиционално и оваа генерација матуранти, пристигнаа со автмобили пред угостителскиот објект, пречекани од музика, роднини, пријатели, другари и сите други кои дојдода да ги видат дотерани и гламурозни на црвениот килим. Влегувањето на матурантите преку црвениот ...
Во насока на надминување на проблемите со оштетениот асфалт на улица „Бурса”, Општина Битола, во координација со Единицата за имплементација на Проектот за поврзување на локални патишта во Република Македонија при Министерството за транспорт и Светска банка, иницираше детални лабораториски анализи на вградениот асфалт, соопштија денеска од Општина Битола. Целта на постапката е утврдување на причините за појавените оштетувања и дефинирање на ...
Д ФЕСТИВАЛ, најголемиот летен open-air музички фестивал во Македонија оваа година одбележува јубилејно 15 издание кое ќе се одржува од 4 до 6 јули во Штип и со бројни новости во својот програмски концепт. Единствениот мултимедијален настан каде што музиката, уметноста и заедништвото се спојуваат во едно уникатно доживување, оваа година добива поголема хуманитарна мисија која Фестивалот ја реализира во соработка со иницијативата „Support ...
Вицепремиерот Александар Николоски денеска во Лондон во име на Владата го потпиша Договорот Влада со Влада за политичка и економска соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство. Со Договорот на Македонија и се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти. ” Навистина е привилегија и чест да се биде тука со делегацијата од македонската влада. Денеска со мене е вицепремиерот и министер за животна средина и ...
Повеќе од 100 вработени во 6 школи за обука на возачи вло Битола и уште толку во околните општини се соочуваат со егзистенцијален проблем поради административните процедури и рокови во кои е заглавен изборот на Испитен центар за возачки дозволи. Проблемот датира од крајот на минатата година, кога испитниот центар за Битола, кој ги покрива Ресен, Могила, Новаци, Прилеп, Крушево и Македонски Брод, престана со работа. Од министерството за ...
На барање на општината, изведувачот и на улицата кај „Блис”, започна со подготовка за целосно преасфалтирање на оваа улица, поради оштетувањата кои беа констатирани изминатиот период, соопштија од Општина Битола. Градоначалникот Коњановски, потенцира дека, квалитетот на извршената работа, секогаш мора да биде на задоволително ниво и нема да се дозволи проектите кои се реализираат да имаат било какви недостатоци. Од општината информираат ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни предупредувања за нетранспарентноста на Договорот за новото задолжување од 6 милијарди евра, кое го спроведува владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој укажа дека со новото задолжување, „секое новороденче во следните 25 години непосредно после раѓањето ќе должи 6.000 евра“. Дополнително, според анализите на СДСМ, јавниот долг ќе надмине 115% од БДП – „што е полошо и од грчката криза од пред ...