Управата за јавни приходи ги информира физичките лица кои издаваат недвижни имоти (станови, вили, викендички, апартмани или соби) за краток престој (не подолг од 31 ден во месецот), особено за време на претстојните празници, дека имаат обврска преку системот „е-Даночни услуги “, да го пријават приходот остварен од издавање на имотот. Ова се однесува и на издавање преку платформи како AirBnb, Booking.com, Facebook, Кајак и други, пренесува МИА. ...

На солунското пристаниште, во контејнер со банани што пристигнал од Латинска Америка, биле откриени и запленети 45 килограми и 993 грама кокаин. Четворица странски државјани, членови на меѓународна криминална организација, се уапсени. Дрогата била наменета за Грција и европските земји, пишува МИА. Според истрагата, обвинетите формирале криминална мрежа и од почетокот на ноември 2024 година се занимавале со трговија со кокаин од Латинска Америка, ...

На 15.12.2024 во 15.44 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Довлеџик” во Битола, патничко возило „сузуки” со битолски регистарски ознаки, управувано од 54 годишен возач од Битола, удрило во бетонски столб. Од здобиените повреди на местото починал 80 годишниот сопатник од Битола, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, додека пак возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. ...

Горивата поскапуваат, вака одлучи одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Од вечерва на полноќ, ќе важат следниве цени: Цената на ЕУРОСУПЕР 95 од утре се зголемува за 0,5 денари, и ќе изнесува 76,5 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе се продава поскапо за 1 денар, и ќе изнесува 79 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе поскапи за 0,5 денари и ќе изнесува 70,5 денари. Цената на екстралесното масло за домаќинство останува непроменета ...

На првиот интернационален натпревар Piano Key Competition одржан во Скопје, учениците од Државното музичко учичиште од Битола, од пијано класата се здобија со следните награди: На завршниот концерт на натпреварот, одржан вчеравечер, настапија највисоко рангираните учесници во своите категории пред амбасадорите на Јапонија и Република Австрија – Мила Недановска, Ана Пиловска и Димитриј Стојчевски, информираа од уличиштето. Фото: Официјален ...

Трета година по ред, Општина Битола, по повод Денот на заштитникот на градот „Свети Нектариј Битолски, ги наградува талентираните ученици од основните и средните училишта во Битола, кои аплицираа на јавниот повик на општината и ги исполнуваат условите наведени во повикот. На јавниот повик, аплицираа вкупно 146 ученици, од кои 35 ученици се наградени, додека 73 ученици не биле прво, второ или трето рангирани, 23 ученици аплицирале со награди од ...

Извештаите од Мајоте по циклонот Чидо, кој го погоди островот во саботата, се шокантни, пишува CNN. Циклонот, најсилен во последните 100 години, предизвика огромна штета, а многумина го споредуваат ефектот со атомска бомба. Според локалните власти, бројот на жртви може да биде во стотици или илјадници, бидејќи многу од населбите се потполно уништени. „Се изгуби сè. Се чини како да на Мајоте паднала атомска бомба“, изјави Бруно Гарсија, ...

Двата биолошки лека кои недостигаа на Клиниката за онкологија од денеска ги има за пациентите, изјави министерот за здравство Арбен Таравари. „Среќен сум да известам дека сите пациенти за кои недостигаше, од денеска ги имаат и овие два биолошки лека – изјави Таравари на настан на кој беше најавен проект за унапредување на образованието за медицински сестри и акушерство.“ Соопшти дека постојано е во комуникација со директорот на Онкологија и дека ...

Минимални температури(во °С) -10 Попова Шапка, -4 Крушево, -3 Тетово, Маврови Анови, -2 Охрид, Претор, -1 Крива Паланка, Битола, Прилеп, Дебар, 0 Виница, Берово, 1 Демир Капија, Струмица, Куманово, 2 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, 3 Велес, Кавадарци, 5 Гевгелија. Наврнат воден талог во изминатите 24 часа(во l/m2) 10 Виница, 8 Дебар, 5 Охрид, Прилеп, Крушево, Тополчани, 4 Маврови Анови, Претор, Демир Капија, 3 Скопје-Петровец, Крива ...

На трибина на ВМРО ДПМНЕ на која се дискутирше темата „Криминалите во РЕК Битола и нивните последици”, свој осврт даде и директорот за производство на ЕСМ Зоран Коњановски. Според Коњановски ова е многу значајна тема пред сè за Комбинатот РЕК Битола, а потоа и за енергетскиот сектор воопшто и за социоекономските случувања во државата. „Безмилосно се однесувале кон РЕК Битола, кон енергетскиот сектор и тоа придонесе до една многу, многу лоша ...

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 16.12.2024 година, регистрира три земјотреси во различни делови од Републиката. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата: Во 01 часот и 12 минути беше регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа 111 км југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда МL3.3 и е почувствуван во Валандово, Богданци ...

Од утре се очекува да започне поставувањето на професионалното лизгалиште на плоштадот „Магнолија“ во Битола, како што во петокот најавија и градоначалникот Тони Коњановски и директорот на „Паркинзи“, Зоран Михајловски. Просторот на плоштадот ќе биде привремено адаптиран, па тие замолија за трпение и разбирање додека се создава оваа празнична атракција која ќе донесе радост и возбуда за сите генерации. Беше кажано дека за првпат, Битола добива ...

„По серија на состаноци кои што ги организираше премиерот заедно со тутунските здруженија, со откупувачите, се постигна една цена која што е во задоволство на тутунарите, а тоа е да првата класа се откупува за 400-тини денари. Имаме покачување од 375 денари на 400 денари”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Субвенцијата за првата класа на тутун од 80 денари ја покачивме на 100 денари”, нагласи ...

Не е јазикот, туку е говорникот оној кој сакаме да го разбереме. Нашата недоверба е многу скапа. Начинот на кој реагираме во одредени ситуации е резултат на нашите претходни искуства, кои постојано нè обликуваат. Оваа мисла е толку транспарентна што често се плашиме дека луѓето ја занемаруваат нејзината важност врз личните модели на социјална перцепција и интеракција. Размислувајќи за тоа како моето и искуството на мојата пријателка, од ...

Државното музичко училиште од Битола ја завршува годината со богата и внимателно подготвена празнична програма, која има за цел да ја донесе божиќната магија и да го разубави новогодишниот дух. Во периодот од 17 до 20 декември, учениците од училиштето, заедно со своите ментори, ќе настапат на повеќе концерти, презентирајќи го својот труд и талент преку избрани музички дела. На 17 декември, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи концерт на ...

Од денеска почнува кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ која опфаќа над 800 прехранбени производи со намалени цени од најмалку 10 проценти. Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци ...

Минимални температури (во °С) -1 Попова Шапка, Крушево, Лазарополе, 0 Маврови Анови, 1 Тетово, 2 Прилеп, Битола, Охрид, 3 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Берово, Претор, 4 Велес, Дебар, Штип, Виница, 5 Демир Капија, Струмица, 7 Гевгелија. Наврнат воден талог во изминатите 24 часа (во л/м2): 53 Дебар, 38 Охрид, 32 Маврови Анови, 24 Лазарополе, 17 Крушево, 15 Претор, Пожаране, 10 Тополчани, 9 Тетово, Попова ...

Во вечерното дерби одиграно во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, екипата на „Пелистер Еурофарм“ го совлада „Вардар“ со 2 гола разлика, со конечен резултат 35:33. Со оваа победа, „Пелистер Еурофарм“ го дели второто место на табелата на националната супер лига со „Вардар 1961“. На полувреме, резултатот беше 22:13 во корист на Пелистер, но во второто полувреме, и покрај падот во играта, битолскиот тим успеа да ја одржи предноста и да ја ...

Учениците од Државното музичко училиште во Битола постигнаа извонредни резултати на престижниот „Innsbruck Art & Music Festival Competition 2024“ кој се одржа во Австрија. Во силната конкуренција на овој меѓународен музички натпревар, нашите талентирани ученици се истакнаа со одлични резултати: Овие престижни награди се потврда за високото музичко образование и талентот на учениците од Средното музичко училиште Битола, како на домашната така ...

Според рускиот регулатор, апликацијата, во сопственост на јапонската мултинационална компанија Ракутен, се користела за терористички и екстремистички цели, за продажба на дрога и ширење дезинформации, пренесува ХИНА. Обвинителите го истражуваа Вибер за ширење „информации за дестабилизирање на политичкиот и општествениот поредок во Русија“, објави државната новинска агенција ТАСС. Вибер засега не ја коментираше блокадата. Од 2018 година, ...

Денес, 14.12.2024 – сабота, љубителите на скијањето повторно ќе имаат можност да уживаат на ски стазата во Нижеполе. Ски центарот Стежево е подготвен за денско и вечерно скијање, нудејќи прекрасни услови за сите кои ќе изберат да ја искористат можноста за спортски активности, чист воздух, забава и дружење. Без разлика дали сакате да скијате во текот на денот или да се опуштите на ноќното скијање,. Ски центарот „Стежево“ е отворен и спремен да ви ...

Во првиот дел од ноќта преовладуваше претежно ведро време и температурата брзо се намалуваше до околу нулата. Потоа од запад се прошири зголемена облачност, а почна да дува претежно слаб југоисточен ветер. Утринава во котлините понекаде има магла или ниска облачност. Времето денес променливо облачно, наутро со услови за магла или ниска облачност по котлините. Од пладневните часови од запад ќе се прошрат повремени врнежи од дожд, а на планините ...

Градоначалнокот Коњановски информираше за уште една активност што ја реализира Општината, овојпат во соработка со Јавното Претпријатие „Паркинзи“ а е поврзана со годинешната „Зимска (новогодишна) приказна“ . Со кого битолчани ќе ја дочекаат Новата година ќе биде соопштено кога ќе се знае целата програма со саатница, а програмата ќе трае до 6 јануари. Работници на јавното претпријатие одговорно и за паркинзите во градот денеска на Магнолија ги ...

Градоначалникот на Битола во присуство на директорот на ЈКП „Комуналец“ и вработените денеска ја продолжија акцијата на засадување дрвја низ градот. Ова зазеленување е дел од проектот „ЕУ за чист воздух“, во чии рамки се реализираа активности во четири градови во државата. Службите и работниците на ЈКП „ Комуналец“ заедно со градоначалникот денеска во просторот на новиот парк, кај „Довлеџик“ засадуваа нови дрвја. Зимзелени, кои во ова ...

Советниците ќе водат уште една битка на претпоследната седница за оваа година. Меѓу педесетте точки од дневниот ред се и за програмите за работа за следната 2025 во скоро сите области. Од таа за градежно земјиште, потоа за користење и одржување на јавното осветлување, за одржување на комунални објекти и инсталации, локалната патна мрежа и улции, потоа програмата за измени и дополнување на програмата за развојни планови 2025-2027 година. На ...

Како 45-та точка на дневниот ред на следната седница на Советот на општина Битола, ќе се најде измената и дополнувањето на тарифата за автотакси превозот во Битола. Според материјалите за оваа седница е доставена одлуката до Советот од стана на Здружението на лиценцирани такси превозници од Битола во која се вели дека со одржување на Комисијата за промена на тарифите во такси превозот, одлучено било да се донесат следните тарифи: Во сите три ...

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека работниците во јавниот и приватниот сектор имаат право на исплата на регрес за годишен одмор до крајот на годината, како што е регулирано со Општиот колективен договор за јавниот и приватниот сектор. Како репрезентативен синдикат во јавниот сектор, ССМ минатата година го потпиша Општиот колективен договор за јавниот сектор, кој, покрај другите права, го гарантира правото на регрес за сите ...

Од утре во пладневните часови до ноќта кон понеделник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините, а в недела и на некои од повисоките места, особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег. Особено в недела и в понеделник во Повардарието ќе засилува северен ветер, а на почетокот на неделата утринските температури ќе бидат значително пониски. Времето утре ќе биде променливо облачно, наутро со услови за ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, од кога започнува акцијата за новогодишна кошница, којашто пред десетина дена беше најавена на прес-конференција во Владата, објасни дека акцијата започнува од 15 декември, а бројката на производи е зголемена за повеќе од 800. „Да, јас би сакал тука да кажам, дека на мое големо задоволство компаниите, трговците, производителите, дистрибутерите, бројката на ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, управувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава на 13.12.2024 година, во 01 часот и 36 минути, регистрира земјотрес со епицентар на 47 километри југозападно од Скопје. Земјотресот се случил во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар и имал локална магнитуда 2.3 според Рихтеровата скала. Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
5.66
19%
1018
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
3.6
29%
1021
weather icon

Загреб

28ᴼ / 26ᴼ
3.6
32%
1022
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
33%
1020
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
5.3
27%
1019
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
1.34
35%
1021
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
7.6
48%
1015
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
4.63
29%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
4.63
19%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
31%
1020
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
29%
1022
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
9.77
38%
1017
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60