Нивото на Преспанското Езеро се зголеми за повеќе од 75 сантиметри во текот на изминатите два-три месеци, информираат за ТЕРА телевизија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Интензивните врнежи во изминатиот период придонесоа за зголемувањето на нивото на Преспанското Езеро. „Согласно денешните податоци од хидролошката станица Наколец на Преспанското Езеро, нивото на Езерото се наоѓа на кота од 841,66 метри над нивото и е зголемено ...

Дали и Битола е жртва на нелегалната практика на пренесување на кучиња од еден град во друг, со цел народски кажано секој да си го исчисти својот двор, притоа префрлајќи го проблемот на друго место. Решавањето на проблемот со кучињата скитници преку нивна стерилизација, што е цививилизирана практика, бара време. Затоа некои сакаат брзи, но нелегални решенија. „Според она што го кажуваат стручњаците потребни се неколку години таа популација ...

Mал торбар од семејството кенгури во Aвстралија е прогласен за најсреќното животно на светот. Живее во Западна Австралија, а во моментов правењето селфи со него е најмодерната работа на островската земја. Квоката (Setonix brachyurus) е мал торбар од семејството на кенгурите (Macropodidae), познат како „најсреќното животно на светот“ поради неговата карактеристична физиономија којашто наликува на насмевка. Се среќаваат речиси исклучиво на ...

Хотелот „Молика“ сеуште е синоним за незаборавна забава: по денот на вљубените, веќе се бара место повеќе за 8 Март. Внрежите од дожд ја намалија снежната покривка на Пелистер и Баба планина, но не го намалија интересот на граѓаните за посета на хотелот „Молика“ и одбележување на сезонските празници. По успешната прослава на Денот на вљубените, кога атмосферата беше исполнета со луѓе, љубов, супер забава и прекрасна гастрономска понуда, сега ...

Oд 1 март 2026 година банките нема веќе да ги користат СМС ОТП кодовите за потврда на оналјн плаќањето на корисниците, бидејќи се воведува нов начин на автентификација на корисниците. Плаќањата во електронската трговија и трансферот на пари преку интернет-банкарството од 1 март ќе биде изменето во сите банки во државава. отп кодовите се заменуваат со посигурни начини на потврда на идентитетот и сметката на корисниците. ОТП Кодот што ...

Врнежите од дожд предизвикаа проблеми во Битолскиот регион. Во Битола Сива Река се излеа во близина на археолошкиот локалитет Хераклеја, а беше регистриран и одрон на магистралниот пат Е-65, информираат од Центарот за управување со кризи. „На подрачјето на Битола има излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеја за што се информирани од Јавното претпријатие „Нискоградба“ Битола и се преземаат соодветни мерки. Исто така регистриран ...

Во 14 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви:1, 4, 8, 18, 21, 36, 37 Добивка со седум погодоци немаше, а имаше две шестки вредни 335.468,25 денари. Во ова коло шестоцифрениот џокер број е:0,2,1,3,8,3. На џокерот добивки со шест погодоци немаше а имаше три добивка со пет погодоци вредни 15.192,00 денари. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на играта џокер во следното коло изнесува 1.362.000 денари. Во 14 коло на Лото7 извлечени ...

Денеска креативниот тим кој стои зад претставата „Пламенка“ одржа прес конференција. Претстава за жената низ сите премрежија на македонската историја ги спои „Интимен театар“, битолскиот Центар за култура и битолскиот Народен театар. Премиерата е најавена за 19 февруари. „Пламенка“ на авторот Петре Димовски а во режија на Софија Ристевска е првата претстава на битолскиот театар во новата година. Се работи за копродукциска претстава на ...

Дивоизградените објекти што се во постапка за легализација, општините ќе имаат можност да ги завршат до март 2031 година. На денешната собраниска седница мнозинството пратеници ги усвои најновите измени на Законот за постапување со бесправно изградените одбјекти. Законот беше донесен со 67 гласа „за“, пет „против“ и без воздржани. Со измените се овозможува барањата кои се во постапка, а се однесуваат на изградени објекти без дозвола до 2011 ...

Автопатот Прилеп-Битола се гради со забрзана динамика, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на настанот „100 дена локална власт“ во Општина Прилеп. Николоски најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој на градот Прилеп. „Сакам да кажам три работи коишто сметам дека се исклучително крупни и значајни за градот. Прво дека интензивно се работи на автопатот од Прилеп до Битола и очекувам дека во текот ...

Со животните во битолската золошка градина најмногу се радуваат децата, велат битолчани. Бараат современи содржини и подобрувања. „Го носиме внучињата во золошка и многу се среќни таму. Трчаат, играат, особено кај мајмуните. Треба уште да се подобри и не треба да му даваат друга храна посетителите.“-вели една битолчанка. „Мислам дека секогаш може подобро. Да не навлегуваме во детали тие што се одговори за тоа знаат повеќе од нас. За ...

Ален Рустемовски и Филип Кузмановски синоќа се прогласени за најдобри спортисти за 2025 година. Европскиот првак во бокс Ален Рустемовски e прогласен за најдобар спортист во индивидуални спортови, а капитенот на РК Пелистер, Филип Кузмановски за најдобар спортист во колективни спортови. Општинскиот Сојуз на спортови на Битола синоќа по 62. пат ги прогласи најдобрите спортисти на Битола за 2025 година. Официјалното прогласување на наградите се ...

Битола ќе добие терариум и ново живеалиште за копитари. Општина Битола побарала и ѝ биле одобрени пари за новите содржини кои ќе ја осовременат битолската золошка градина. Изградбата на ново живеалиште за копитари е во вредност од 9.634.336 денари, а изградба на современ терариум во вредност од 8.994.667 денари. За изградба на објект на Терариум и објект на Копитари, Општина Битола аплицирала на вториот повик на Владата преку министерството ...

Коли и контејнери пловат во Карпош, втора водоводна хаварија за два дена во Битола. Патничко возило заглавено во „езеро“, контејнер плови, шлеп служба се обидува да го извлече автомобилот. Ваква е сликата во моментов во населбата Карпош во Битола на преминот кон населбата Кланица. На оваа локација често се собира вода, особено за време на врнежливи периоди. Јавното претпријатие Водовод Битола објави дека поради дефект на водоводната мрежа, со ...

Група жители од улицата „Широк сокак“ , „Македонска фаланга“, „Раде Илиев“, „Вардар“ и „Партизанска“ се жалат на бучавата на која се изложени на секоја од манифестациите кои вклучуваат музика или било каков перформанс. Испратиле барање до СВР Битола, до градоначалникот, директорот на КИЦ и месната заедница Коле Канински. И две години подоцна, состојбата е идентична, а одговорот од СВР го сметаат за лажно претставување дека институциите нешто ...

Нема одложување на законот против пушењето. Министерството за здравство соопшти дека новиот Закон ќе почне да се применува без одложување по усвојувањето во Собранието, а во моментов се доработуваат забелешките пристигнати за време на јавната расправа. Од министерството наведуваат дека финалниот текст на законот ќе биде доставен до Владата веќе следната недела. Според надлежните имплементацијата на новиот закон против пушењето ќе се одвива во ...

Со стартот на пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, алармот во Битола гласно ѕвони: ФК „Пелистер“ се најде токму таму каде што никој не сака ни да погледне, во зоната што води директно кон испаѓање во втора лига. Вчерашниот пораз од ФК „Башкими“ ја оттурна екипата уште подлабоко кон опасната зона, каде што секој следен чекор може да биде чекор до амбисот. Ниту свежата „инфузија“ од странски засилувања, ниту скапите ...

Утрово во Битолскиот регион имаше поинтензивни врнежи од дожд, по што во Центарот за управување со кризи беше примена пријава за поплавена куќа на улицата „Буковски Мост“. „Во Битолскиот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е примена пријава од жител на ул. „Буковски Мост” за поплавена куќа. Случајот е пријавен во ТППЕ Битола за понатамошно постапување“ изјави за ТЕРА телевизија, Надица В’чкова, портпарол на Центарот за ...

Сајбер насилството кај младите се повеќе се зголемува. Според експертите и момчињата и девојчињата, подеднакво се изложени на една голема опасност во дигиталниот простор. Тие секојдневно се изложени на онлајн вознемирување, злоупотреба на фотографии, лични навреди. „И момчињата и девојчињата заедно се изложени на една голема опасност, бидејќи постојат луѓе кои на интернет создаваат лажни профили и со голем број на лажни информации се ...

Министерството за култура со директен трансфер на пари и средства од Театарот, го затворија долгот на битолскиот народен театар во висина од околу 65 илјади евра. Директорот на Битолскиот театар Васко Мавровски денеска на прес конференција информираше дека долгот од 65 ијлади евра што го имаа во текот на минатата година бил подмирен од Министерството за култура и туризам на Македонија. „За првпат по долги години имаме позитивно салдо ...

Ален Рустемовски и Филип Кузмановски вечерва се прогласени за најдобри спортисти за 2025 година, Рустемовски во индивидуални, а Кузмановски во колективни спортови. Општинскиот Сојуз на спортови на Битола вечерва по 62. пат ги прогласи најдобрите спортисти на Битола за 2025 година. Официјалното прогласување на наградите се одржа во Народниот театар Битола, а Општинскиот Сојуз на спортови избра 10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција, 3 ...

Архивскиот материјал во Битола е безбеден и на сигурно, уверува Гоце Стојановски, раководител на Одделението на Државниот архив во Битола. Последниот извештај на Државниот завод за ревизија детектираше сериозни слабости во состојбата и одржувањето на објектите на Државниот архив на централно ниво, со посебен акцент на условите во кои се чува архивскиот материјал. Но, она што се нарекува културно наследство на Битола и на Македонија, се чува ...

„Не ти стои“ е името на новата песна на Јован Јованов, негов прв соло сингл по 17 години. Оваа песна доаѓа откако Јован се врати на сцената, прво со ремиксот на култната „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и дуетот „Адреналин“ што го испеа заедно со Елвир Мекиќ. „Не ти стои“ е комплетно авторско дело на Јован – тој ги напиша музиката, текстот, а стои и зад аранжманот на песната. „Среќен сум што после толку години направив песна која се ...

Пелистерските очи и Хераклеја, најубавите битолски предели доловени преку спектакуларни глетки снимени во лет низ облаците се лајт мотив во монографијата „Македонија од небо“. Станува збор за најновото дело на истакнатиот македонски фотограф Наце Попов, кој во соработка со професорот Денко Андоновски, ја подготви својата шеста монографија посветена на македонските убавини. Монографијата ги прикажува најубавите места низ Македонија преку еден ...

Во 13 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 2, 3, 11, 13, 26, 33, 34. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше две шестки вредни 314.041,50 денари. Во ова коло шестоцифрениот џокер број е:2, 5, 3, 8, 6, 8. На џокерот добивки со шест погодоци немаше а имаше една добивка со пет погодоци вредна 47.394,00 денари. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на играта џокер во следното коло изнесува 1.318.000 денари. Во 13 коло на Лото7 ...

Денеска креативниот тим кој стои зад претставата „Пламенка“ одржа прес конференција. Претстава за жената низ сите премрежија на македонската историја ги спои „Интимен театар“, битолскиот Центар за култура и битолскиот Народен театар. Премиерата е најавена за 19 февруари. „Пламенка“ на авторот Петре Димовски а во режија на Софија Ристевска е првата претстава на битолскиот театар во новата година. Се работи за копродукциска претстава на ...

За 57 години би можела да исчезне последната женка-желка на Голем град во Преспа. За ова пишува и угледниот Њујорк Тајмс. Вниманието на овој врвен американски медиум го привлече новиот научен труд на херпетологот д-р Драган Арсовски, објавен во реномираното списание “Ecology Letters”. Врз основа на наодите на овој македонски научник Њујорк Тајмс објави напис за необичното однесување и отворените прашања поврзани со потеклото и иднината на ...

Цените на паркирањето во Битола кои се зголемени од последната седница на Советот на општина Битола, се предмет и на споредби. Паркирање во Битола е поскапо од паркирање во Белград, истакна на последната седница советникот Димитар Кузмановски од ЛДП. „Наидов на вест од соседна Србија, во Белград од 1 февруари се поскапи паркингот исто како кај нас. Таму се поделени во три зони паркирањата. Значи има црвена зона, нешто како А зона кај нас и ...

Пелагонискиот регион има само еден стоматолог со искусво за работа со деца со посебни потреби. здравствениот дом и болницата најавуваат соработка во интерес на граѓаните. Проблемот сепак не е во стоматолозите, туку во недостатокот на анестезиолошки кадар во градот којшто треба да биде вклучен во медицинската подготовка на децата кои се со пречки во развојот или едноставно не соработуваат и тешко комуницираат за да може да се направат поголеми ...

Физичките лица, даночни резиденти на Македонија, кои во текот на календарската 2025 година оствариле доход од работа од странство, се должни преку системот е-даночни услуги да поднесат електронска пресметка за доход остварен од странство. управата веќе спроведува проверка во земјите со кои има договори за спречување на двојно оданочување. Сите даночни резиденти на Република Северна Македонија кои оствариле доход од странство – без разлика ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07