Кривична пријава против управител на правно лице, со фалсификување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против М.Т.(46) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување”, „фалсификување исправа” и „употреба на исправа со невистинита содржина”. Пријавениот, управител во ...

Македонскиот олимписки тим е подготвен за Зимските Олимписки игри во Кортина, Милано во Италија. Нашата држава ќе има четворица олимпијци кои ја исполнија квотата и ќе ги бранат државните бои. Во дисциплините нордиско трчање , односно спринт и интервал старт трка на 10 километри ќе се тркаат Ана Цветановска во женска и Ставре Јада во машка конкуренција. Од друга страна, натпреварувачи во алпско скијање на слаломската и велеслаломската трка ќе ...

Битола заслужува вистински инвестиции наместо маркетинг трикови. Деновиве во градот расте чувство дека локалните компании се оставени на маргини додека општината троши енергија за промоции на компании без реален економски придонес, претставени како ” странски капитал”. Пред неколку дена фирмата Авило Груп ДОО Битола која е основана на 5 мај 2025, градоначалникот на Битола ја најави како „странска инвестиција“. Но дали вистината е поразлична? ...

На 22.01.2026 во 18:40 часот на регионалниот пат Битола -Демир Хисар, во близина на мост на река Шемница, поради сомнение за незаконски влез во државата, полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода З.К.(58),Ф.У.(18), З.У.(62), З.М.(34), Ј.Х.(50), Х.Г.(27), Д.К.К.(38), В.Ј.(49), Г.К.(40) и Ч.М.(27), сите од Народна Република Кина. По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци по член 147 од Закон ...

Празничната сезона помина и , веќе е време за заокружување на епилогот од празничната сезона. Граѓаните велат Зимската Приказна го исцеди нивниот јануарски буџет. Денеска во нашиот фокус прашањето дали закупците на божикните куќарки кај Офицерски завршија со добивка или во минус? Предвреме затворени заради отсуство на промет, слабо осветлени, лошо организирани на студено време и, со слаб или нималку профит и поголем минус. Ваков е ...

Денес во Битола, Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион ја одржа својата прва седница. На истата се собраа 18 градоначалници. Градоначалник на Општина Новаци Стевче Стевановски, кој е претседател на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион, вели дека со ова започна оперативната фаза и исполнувањето на обврските од регионалниот систем за управување со ...

ДУРИ НИ СНЕГОТ НА УСПЕА ДА ГО ПОКРИЕ СТРАМОТ. ТАКА БИ МОЖЕЛО ДА СЕ КАЖЕ ЗА ГЛЕТКАТА КОЈА ЈА ЗАТЕКНАВМЕ СИНОЌА НИЗ БИТОЛА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ. ИСФРЛЕНИ ПАРЧИЊА ОД СТАР МЕБЕЛ, ОСТАВЕНИ КУТИИ СО СМЕТ ГО НАГРДУВААТ ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА. СНИМКАТА Е НАПРАВЕНА СИНОЌА ВО КРУГОТ НА ГРОЗДОТ. КАКО ШТО МОЖЕ ДА СЕ ВИДИ СИНОЌЕШНИТЕ ВРНЕЖИ ДО НЕКАДЕ ГО ПОКРИЈА СМЕТОТ, НО САМО ЗА КРАТКО. ДЕНЕСКА КАКО ШТО СЕ ТОПИ СНЕГОТ ТАКА МОЖАТ ЈАСНО ДА СЕ ВИДАТ ...

На снегот што наврна во повеќе делови на Македонија, очекувано, најмногу му се израдуваа најмладите. На снежните радости кај децата им немаше крај. Така беше и во селото Подмочани, едно од најголемите и најстарите села во Преспанскиот регион кадешто владееше вистинска зимска идила. Од видео објавено од Кајак.мк може да се виде како синоќа мештаните од селото сами се организираат за на децата да им обезбедат бесплатна радост, а тие да уживаат ...

Поплавите кои ја зафатија Пелагонија на 7 јануари поради најдојдените водотеци беа причина за оштетување на металната ограда која беше поставена во локалниот канал пред Студентскиот дом со цел да штити сметот да не завршува во каналот. Надојдената вода на 7 јануари изврши притисок врз оградата, по што истата беше извадена од каналот. Но, искривена и оштетена сега стои веднаш до мостот пред Студентскиот дом во Битола. Од невремето кое ја ...

Управниот одбор на АД ЕСМ донесе одлука за времено именување на координатори во двата клучни енергетски капацитети во земјава, РЕК Битола и Осломеј. За координатори со целосни овластувања за раководење со комбинатите се именувани Иван Куковски во РЕК Битола и Владимир Пејоски во РЕК Осломеј. Од секторот за односи со јавност на РЕК Битола потврдија дека именувањето е во насока на динамизирање на инвестициските планови и интензивирање на ...

Денеска во Битола и Пелагонискиот регион времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. Температурата ќе достигне до нула степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. „Во текот на ноќта снежните врнежи постепено ќе престануваат, а утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Минималната температура утре во Битола ќе се спушти до -2 а максималната температура ќе достигне до 5 степени- информираше за ...

Изградбата на највисокиот облакодер во светот кулата Џеда во Саудиска Арабија е во полн ек и брзо се приближува до својот 100-ти кат. Инженерската компанија „Thornton Tomasetti“ на крајот на декември потврди дека зградата надминала 80 ката, додека според непотврдени извештаи од локалните жители, таа веќе има 84 ката. Доколку изградбата продолжи со оваа динамика, треба да достигне 100 ката во наредните недели, приклучувајќи се кон групата од ...

Во првите 20 дена од годинава нивото на Преспанското Езеро се искачи дури за 32 сантиметри. Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштија дека за Нова година водостојот изнесуваше 841,25 метри надморска височина, а денес ( 20 јануари) 841,57 мнв. Според ова, нивото е подигнато за 32 сантиметри. Зголемениот водостој се должи на обилните вренежи дожд во изминатите два месеца кои донесоа надеж за Езерото. Во првите 20 дена од годинава ...

Од полноќ поскапуваат горивата за 1,5 до два денари за литар. Вака одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,46 отсто. Согласно одлуката на РКЕ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се ...

Шеснаесетгодишниот Христијан Бошевски го фати осветениот крст од базенот во црквата Свети Димитрија на централната манифестација во Битола. Во присуство на голем број верници, свештенослужители младиот Христијан беше најсреќен годинава на големиот христијански празник Богојавление Водици. „По вторпат скокам по осветениот крст и еве годинава ми се насмевна среќата. Лани крстот го фати мој другар и нему му донесе среќа и бериќет. Чувството да ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел да стори кривично дело-Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство во домот во кој заеднички живееле на улицата „Лавчанска корија”, осомничениот се обидел да ја лиши од живот сопствената баба-соопшти денеска Јавното обвинителство. ...

Србија размислува за скратување на часовите во училиштата на 30 минути. Министерот за образование Дејан Вук Станковиќ вели дека се разгледува идејата за скратување на училишниот час на 30 минути, бидејќи децата имаат феномен на дифузно внимание, поради што не можат да се концентрираат 45 минути за да ги следат часовите, па во јавноста се појави предлог за намалување на времетраењето на часовите од 45 на 30 минути. „Во моментов, попрецизно и ...

Во казино лоцирано на улицата „Партизанска“ во Битола, вчера во 19 часот, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 28 годишен битолчанец поради сомнение дека физички ја нападнал неговата 79-годишна баба во семејниот дом во Битола, при што и нанел тешки телесни повреди. Повредената жена со екипа на Итната медицинска помош била пренесена во Клиничката болница. „Во координација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена ...

Со полагање на светиот крст во водите на Кривенското езеро утре, на 19 јануари со почеток од 10:30 часот, Преспа ќе го чествува големиот празник Богојавление-Водици. Во духот на традицијата и заедништвото, за сите верници коишто ќе скокаат по светиот крст организаторите подготвија пригодни подароци-маици и икони. Празникот Богојавление се нарекува уште и Водици заради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден. Традиционално, во ...

Секој четврти средношколец во Македонија се изјаснил дека се коцкал за пари, покажува истражувањето на Институтот за јавно здравје. Младите се коцкале и во живо и онлајн. Онлајн коцкањето било исто така честа појава кај оние коишто се коцкале а пропорцијата била речиси идентична помеѓу половите, 61% од момчињата и 60% од девојчињата навеле дека се коцкале онлајн, покажува извештајот на Институтот за јавно здравје. Проблем не е само коцкањето ...

Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево вечерва беше домаќин на третиот спектакуларен концерт „Лука Лазарески и пријателите“ — вечер во која музиката стана повод за благодарност, а празникот причина за заедничко собирање. Со тивка радост и празнична топлина, вечерва се собраа срца што ја сакаат убавината и заедништвото. Заедно со младиот Лука Лазарески, свои точки имаа и други уметници и музичари од Кичево и околината, кои со љубов и ...

Два тимови на Македонското еколошко друштво, заедно со претставници на Националниот парк Галичица, Паркот на природата Езерани (Општина Ресен) и заинтересирани граѓани, ги изброија водните птици по источниот и западниот брег на Преспанското Езеро. Согласно прелиминарните анализи на собраните податоци, регистриравме 14.357 единки од 19 различни видови. Во исто време, нашите партнери од Society for the Protection of Prespa (SPP) од Грција и ...

Инфлуенсерите, влогерите, јутјуберите да се регистрираат, повика Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). Со измените на медиумската легислатива во јули 2023 година, за првпат официјално беше препознаено постоењето и влијанието на инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини и јутјуберите како даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање. Со тоа, овие субјекти станаа предмет на регулација и имаат обврска да се ...

Градоначалникот на Општина Прилеп Дејан Проданоски оствари средба со високи претставници од Федерацијата на европски карневалски градови на која се разговараше за позиционирањето на Прилеп како важна карневалска дестинација во Европа. „На оваа значајна средба со претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови (FECC), г-дин Ларс Алгел од Шведска, и потпретседателот Александар Цицимов разговаравме за позиционирањето на Прилеп како ...

Македонската дизајнерка Стефанија Насеска Попадинец со импресивна колекција се претстави на Модната недела во Харбин. „Модната недела во Харбин за мене дојде сосем неочекувано. Како дизајнер кој веќе 15 години твори на македонската така и на интернационалната модна сцена, учевството на Harbin Fashion Week ми дојде како подарок и ‘’јагода на шлагот’’ за мојата досегашна кариера.“-изјави таа за ТЕРА Телевизија. Овој пат инспирација беше ...

Шеснаесетгодишниот Лука Најдоски во Прилеп е „чудо од дете“. Toj е актуелен светски јуниорски шампион во воздухопловно моделарство, а воедно се наоѓа и на 13. место на светската сениорска ранг-листа за 2025 година, успех кој зборува сам за себе. На Светскиот куп во воздухопловно моделарство, во категоријата Ф1А – едрилици, во исклучително силна јуниорска конкуренција од целиот свет, Лука го освои првото место, уште еднаш потврдувајќи дека ...

Денес беше потпишан договор за соработка помеѓу Македонското еколошко друштво, претставувано од извршната директорка м-р Робертина Брајаноска, и Националниот парк „Пелистер“, претставуван од директорот Иванчо Тошевски, со кој се поставува рамка за заедничко дејствување во областа на истражувањето и заштитата на природата, зачувувањето на биолошката разновидност, како и одржливото управување со природните ресурси. Договорот предвидува размена ...

Празникот Водици традиционално ќе го одбележат и Македонците во Австралија. Една од церемониите ќе биде организирана од црквата Света Петка во Рокдејл, Австралија. Од таму најавуваат дека светиот крст ќе биде положен во морските води во Kyeemagh baths. Храмот Света Петка во присуство на верниците претходно ја одбележа Василица, по кој повод се одржа и света литургија. Празникот Водици традиционално ќе го одбележат и Македонците во ...

Над 500 верници ќе учествуваат во традиционалното фрлање по светиот крст на територијата на Општина Прилеп, в понеделник, на големиот христијански празник Богојавление – Водици 2026. Празнувањето започнува на 19 јануари со утрински богослужби, по што следи чинот на положување на светиот крст во осветените води, со што се одбележува Христовото крштевање, една од светите тајни на христијанството. Централната манифестација ќе се одржи во 12:00 ...

Создавајќи вистинска музичка разгледница, Дакапо бенд ги оживеаја безвременските ноти кои се врежани во колективната меморија на нашиот народ, докажувајќи дека добрата песна нема рок на траење. Сржта на овој проект е омажот кон великаните, па така, публиката има прилика да ужива во маестралните изведби на „Стрела песната“ и боемската химна „Ќе пијам, ќе лумпувам“, преку кои бендот го слави ликот и делото на легендарниот Гоце Арнаудов, но и да ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.27
69%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
3.58
74%
1018
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
0.21
79%
1021
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.4
88%
1020
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
4.44
91%
1018
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.53
91%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 24ᴼ
0.89
45%
1016
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.58
64%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.37
60%
1019
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
3.58
79%
1018
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
1.79
66%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
3.26
100%
1017
Currency

61.645

Currency

53.9427

Currency

71.4348

Currency

37.6517

Currency

37.8978

Currency

66.5171

Currency

7.93737

Currency

0.7351

Currency

0.33273

Currency

0.52564

Currency

1.1566

Currency

0.56948

Родиум

257205.97

Калај

53.40

Злато

134937.98

Сребро

2121.92

Цинк

0.00

Паладиум

40284.89

Иридиум

253540.09

Бакар

12.75

Кобалт

45.39

Платина

53756.05

Алуминиум

3.39

Рутениум

48965.59