
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Од НУУБ „Св.Климент Охридски” – Битола информираат дека сите предвидени настани по повод одбележувањето на 80-годишниот јубилеј на НУУБ „Св. Климент Охридски” – Битола се одлагаат, поради трагичната несреќа што се случи во Кочани. Ова се однесува на следните настани: 17 март (понеделник) Панел-дискусија на тема: „Библиотеката – срце на заедницата: 80 години култура, знаење и иновации”, во Офицерски дом – Europe House Bitola, со почеток во 12:00 ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани. Увидот уште се врши, рече Тошковски, а 45 лица се во критична состојба и се транспортираат во странство. Приведени се пет лица на територијата на СВР Скопје и СВР Тетово, меѓу кои и поранешен министер, како и 13 лица на подрачјето на СВР Штип од кои 11 се во краткотраен притвор од 48 часа. Како ...
Над 140 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени во текот на вчерашниот ден, 90 се наоѓаат во болниците во земјава, а 44 се прифатени во болници во странство. Уште осум повредени треба да бидат пренесени во Хрватска и во Романија, информира директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Клековски синоќа информора дека во Клинички центар се хоспитализирани 20 повредени, во ГОБ 8 септември – 20, во „Свети Наум ...
На вонредната владина седница по трагичниот настан во Општина Кочани каде при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа, Владата донесе одлука за прогласување на 7 дневна жалост на територија на целата држава. „Секој да се придржува до одлуката, бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни. Во овие денови Министерството за надворешни работи ќе отвори книга на ...
Утрово -2 степени во Берово, Попова Шапка, -1 Лазарополе, 2 Маврови Анови, 3 Струмица, Крива Паланка, 4 Штип Крушево, Демир Капија, 5 Скопје-Петровец, Претор, 6 Битола, Виница, Велес, Прилеп, Охрид, 7 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Куманово, 8 Тетово, 9 Гевгелија. Времето денеска променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и ...
Министерството за здравство информираше дека во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки. Во текот на вчерашниот ден ...
Во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна синоќа, според информациите со кои располагаат надлежните до 11:30 часот загинале 59 лица. Од нив 35 се идентификувани, при што 31 се од Кочани, а четири се од Штип. Распишана е централна потерница за четири лица, во врска со пожарот, рече министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како што изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, животот го загубил полициксии службеник од ПС ...
Со срце исполнето со болка ја примив веста за трагедијата во Кочани, каде што згаснаа десетици животи, а многумина се повредени. На семејствата на загинатите им упатувам длабоко сочувство за ненадоместливата загуба, болка којашто зборовите не можат да ја опишат, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. „Во овие тешки моменти, рано утрово посетив дел од повредените во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и ...
Со голема тага утрово ја примив веста за трагичната несреќа која го потресе Кочани, но и цела Македонија. Ова е тежок ден за сите нас, за секој граѓанин на нашата држава, а најмногу за семејствата на загинатите, напиша на својот фејзбук профил градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. „Болката по младите животи е огромна, загубата ненадоместлива. Во овие тажни моменти, изразувам искрено и длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите ...
На Скопските клиники, во Градската хируршка болница „Свети Наум Охридски “ и во „8 Септември“ хоспитализирани се повеќе од 80 потешко повредените лица во пожарот што ноќеска се случи во дискотека во Кочани, јави агенцијата МИА. Родители чии деца биле во дискотеката во Кочани се пред болниците во Штип и Кочани чекајќи да добијат повеќе информации. Министерот за здравство Арбен Таравари рече дека 118 лица се хоспитализирани во болниците во Кочани, ...
Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски рече дека околу 2:35 часот во полициската станица била добиена информација дека во дискотеката „Пулс“ избувнал. Тој рече дека полицијата ги известила пожарната и итната медицинска служба. „Според првичните информации со кои што располагаме пожарат настанал како последица на искри ...
Илјадници луѓе ги преплавија улиците во центарот на Белград, на протест што најверојатно ќе биде најголем откако студентите-во-блокада повикаа за првпат пред повеќе од 3,5 месеци по загинувањето на 15 луѓе при уривање на настрешница на железничка станица во Нови Сад, јави МИА од Белград. Во објавите на социјалните мрежи, студентите ги повикаа присутните на протестот да дејствуваат „на мирен и одговорен начин“ за кој упорно повторуваат дека – ...
Денеска напладне пред зградата на Општина Битола се одржа протест против изградбата на регионалната депонија во Пелагонија. Протестот изминатите денови беше најавуван преку социјалните мрежи, а на него денеска транспаренти и пораки „Стоп за депонија”, „Рек + депонија= онкологија”. На почетокот на неделата се оджа вонредна седница на Советот на Општина Битола на која тема беше депонијата, односно системот за управување со отпад. На редовната ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска заедно со пратениците од Битола и градоначалникот Тони Коњановски во посета на канцеларијата на пратениците за контакт со граѓаните во Битола во урбаната заедница „Коле Канински” на улица „М.Т. Живкови” бб. Пред објектот на месната заедница Гаши го пречекаа пратениците Пеце Милевски, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска и Бисера Костадиновска-Стојчевска. А, потоа пристигна и градоначалникот на ...
Интензивирање на динамиката за изградба на планинарскиот дом „Копанки“ и продолжување на поддршката од страна на Општина Битола, беа теми на денешната средба на Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателот на ПСК „Пелистер“, Диме Попов. За време на средбата, Попов информираше дека, благодарение на заедничката соработка на општината и планинарскиот клуб, домот „Копанки“ се гради како комплетно нов објект, затоа што ...
Интензивирање на динамиката за изградба на планинарскиот дом „Копанки“ и продолжување на поддршката од страна на Општина Битола, беа теми на денешната средба на Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и претседателот на ПСК „Пелистер“, Диме Попов. За време на средбата, Попов информираше дека, благодарение на заедничката соработка на општината и планинарскиот клуб, домот „Копанки“ се гради како комплетно нов објект, затоа што ...
Уште неколку седници ќе ги пополнуваат овие советнички клупи. А, до тогаш дали ќе се корегираат да бидат точни за седниците да почнуваат тогаш кога се закажани или кога се гледа крајот и одговорноста е намалена. Реткост е седниците да почнат точно навреме, се некој се чека, оправдано или неоправдано, има различни причини и поводи, а ако некој не доаѓа најавува кај претседателката на Советот. Има исклучоци кои се и речиси половина час во салата ...
Бројни се сведоштвата на македонското население за периодот на живот со децата бегалци – како што беа наречени сите македонци протерани од Грција по граѓанската војна во 1948 година. Ивана Хаџиевска е историчар којашто неодамна го промовираше документарниот филм „Фаќачи на сеќавања-приказната на Зиса Хаџиевски. Името на Зиса Хаџиевски е дел од аналите на битолскиот труд – пред 70тина насловен како Организација на Здружен труд. Својот живот во ...
Завод и Музеј од Битола годинава ќе реализира бројни проекти финансирани од Министерството за култура, но, уште побројни, а и за јавноста поатрактивни ќе бидат проектите кои денеска не прес конференција директорот Зоран Николовски ги наслови вон-програмски. Осовременување на депоата и вадење на предмети – артефакти кои се извадени од различните слоеви на пелагониската и преспанската почва ( и езерото), продолжување на проектите кои подразбираат ...
Дванаесет лица беа полесно повредени кога авион на Американ ерлајнс слета на меѓународниот аеродром во Денвер, Колорадо, и се запали, предизвикувајќи активирање на гумени тобогани за патниците да можат брзо да се евакуираат. Летот од аеродромот Колорадо Спрингс до Далас Форт Ворт беше пренасочен кон Денвер и авионот безбедно слета синоќа околу 17:15 часот, откако екипажот пријавил вибрации на моторот, соопшти американската Федерална авијација ...
Иако за врсничкото насилство се повеќе се зборува, има се поголем број настани за едукација на деца,млади и возрасни, Битола немаше сеопфатна комплетна информација ниту анализа како се движи проблемот со кој се соочуваат младите. Професорите од правниот факулте, преку мултисекторска соработка направија таква информација, а за анализата во просториите на Студентскиот информативен центар на УКЛО организираа тркалезна маса за врсничкото насилство ...
Во Битола повторно се чествуваше животот и делото на Кемал Ататурк – творец на модерна Турција, промотор на пан-туркизмот, митот за единството на сите турски народи, но и светски лидер кој секуларизмот го постави на основите на модерните држави од 20тиот век. Во градот и денеска на одбележуавњето на 126 годишнината откога Ата Турк се образувал во битолската средна воена гимназија присуствуваше висока воена делегазија на Турција, амбасадорот на ...
Универзетот Св. Климент Охридски го промовираа и свечено отворија реконструираниот студентски информативен центар. Во рамки на соработката со Општина Битола што се реализира во изминатиот период, на денешниот почеток со работа и настанот што е важен за животот во градстава заедница, пристуствуваше и градоначалникот Тони Коњановски. Скоро една година Студентскиот информативен центар на Универзитетот Св. Климент Охридски паузираше со работа. ...
Амбасадата на САД во Белград издаде безбедносно предупредување за американските граѓани во врска со утрешниот протест на кој може да се соберат стотици илјади луѓе во Белград и ги повика да избегнуваат толпи и места за масовни собири, пренесе Н1. „Во Белград се очекуваат големи протестни акции со вкупен број учесници кој може да достигне стотици илјади. Протестите би можеле да се прошират во поголем дел од центарот на Белград, особено во ...
Русија ги повикува политичките сили на Србија на воздржаност поради случувањата во земјата и очекува брза нормализација преку дијалог, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. „Уште еднаш повикуваме на воздржаност од сите инволвирани во настаните што се случуваат во оваа земја. Важно е да се разбере колку висока може да биде цената на непромислените чекори, кои се диктирани од емоциите и кои можат да ...
Во рамки на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти”, Општините Градско, Крушево, Македонски Брод, Новаци, Пехчево, Студеничани, Теарце, Чашка, Чаир, Охрид и Штип ќе добијат грантови од Фондот за техничка документација (ФТД) за изработка на техничка документација за подготовка на нови проекти. Денеска градоначалниците на единаесетте општини ги потпишаа договорите кои значително ќе им помогнат во зајакнување на ...
Штетите од земјотресот кој ја погоди Битола во 2022 година се најдоа на седницата на Советот, како дополнитена точка од страна на СДСМ. „Имаме информации дека дел од граѓаните кои поднесоа барање за обештетување од земјотресот од 2022 година дека се уште не му се исплатени, ќе побараме информација од страна на општинската администарција“ рече советникот од СДСМ, Петар Николовски. За ова побаравме одговор од координаторот на ВМРО ДПМНЕ дали тие ...
„Тоа е нивна лична перцепција на советничката група на СДСМ и тоа е едно деструктивно однесување, бидејќи доколку не ја поддржат завршната сметка тоа е нивно политичко право, меѓутоа граѓаните треба да знаат дека и проектите кои што ги предлагаше СДСМ на сите оние кога се носеше и буџет и ребаланс, ние ги поддржавме и дел од нив веќе се отпочнати да се реализираат. И тоа е едно неодговорно однесување. Доколку сакаат да направат напуштање на ...
„Постојано градоначалникот Тони Коњановски се служи со алиби политика, како Советот на Општина Битола е кочничар, како нема поддршка од Советот, што е апсурна невистина, бидејќи сите одлуки кои што ги побарал градоначалникот, а биле во рамките на законот биле поддржани и негова беше тежината за да ги реализира сите овие проекти и не може Советот да биде виновен, кој пак е контруктивен постојано. Во сите развојни програми поднесовме амандмани кој ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање како тече вториот јавен повик од проектот за капитални инвестиции од 250 милиони евра за општините, изјави дека засега состојбата е одлична, пристигнати се 340 проекти од 51 општина. „Таму е одлична состојбата, повеќе од 338, 340 проекти веќе се пристигнати од 51 општина. Очекуваме таа бројка да натфрли и 400, зошто не и 450. Во првиот повик имавме проекти во вкупна ...