Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Според прелиминарните резултати од локалните избори што ги има објавено Државната изборна комисија ( ДИК ), СДСМ во Битола има освоено 5 советнички мандати, а кандидатот за градоначалник Методија Куновски 6.118 гласови. Тера Телевизија направи кус разговор со Куновски за впечатоците од гласачкиот ден и резултатите. ТЕРА: Како ги пречекавте резултатите ? „Резултатите ги пречекавме со големо разочарување имајќи во предвид дека освоиме 6.118 ...
Основното јавно обвинителство Битола, преку Канцеларијата за поврат на имот во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, упати итно барање до надлежните органи на Република Србија за замрзнување имот – 10 нови товарни и приклучни возила набавени во 2025 година за правно лице со седиште во Белград за кое е утврдено дека има сопственичка поврзаност со лице осомничено за злоупотреби во РЕК Битола против кое беше поведена истрага на ...
Шпанската Влада соопшти дека ќе ѝ предложи на Европската Унија трајно да го укине поместувањето на часовникот и преминот на зимско сметање на времето, што треба да се случи наредниот викенд, наведувајќи дека тоа е „застарена пракса“, пренесуваат шпанските медиуми. Како што се наведува, оваа промена веќе не придонесува за заштеда на енергија, а истовремено предизвикува негативни последици врз здравјето, јави телевизијата РТВЕ. Во видео објава ...
Едно лице загина и најмалку девет се тешко повредени откако торнадо синоќа погоди област северно од Париз. Префектурата Вал-д’Оаз рано утрово соопшти дека едно лице починало, четири лица се во критична состојба, а уште пет се во сериозна состојба по невремето во Ермон, во северните предградија на Париз. Локалната временска апликација Метео експрес објави снимка која покажува торнадо како соборува три крана. Локалната префектура соопшти дека ...
Утрово 2 степена на Попова Шапка, 4 Берово, Маврови Анови, 5 Крива Паланка, Лазарополе, 6 Битола, Куманово, 7 Крушево, 8 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Прилеп, 9 Струмица, Тетово, Виница, 10 Штип, Кавадарци, Претор, 12 Демир Капија, 14 Гевгелија. Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источни делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде ...
Денеска измина 70 ден како жителите на преспанското село Љубојно спречуваат сеча на дрвјата од шумата над селото. Во меѓувреме, државата тврди дека шумата се сече по план, а концесионерот пресметува штети. Љубанци велат ридот се соголува, а без дрвјата селото ќе го нема. Љубојно е селo во општина Ресен, во регионот Преспа. Над селото се наоѓа шумски простор со дабови, бука, смрека. Селото е сместено на околу 2 километри источно од ...
Според прелиминарните резултати објавени од Државната изборна комисија ( ДИК ) кандидатката за градоначалничка Габриела Илиевска на локалните избори 2025 година освои 8.003 гласови. Тера Телевизија направи кус телефонски разговор за впечатоците од гласачкиот ден и резултатите. ТЕРА: Како ги пречекавте изборните резултати ? „Секогаш граѓаните го имаат последнниот збор, резултатите се тие , за жал од запишани околу 70 илјади гласачи излегле ...
Излезноста во Битола на овие локални избори не надмина 50 проценти од гласачкото тело. Слична слика има и на национално ниво, што укажува на пад на излезноста низ изборните циклуси. Имено, според податоците на ДИК во првиот круг од локалните избори вчера во Битола гласале 45,76 проценти од запишаните избирачи, односно од вкупно 77,253 избирачи своето право на глас го оствариле 34.831 гласач. Над 50 % од избирачите во Битола одлучиле да не ...
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола синоќа прогласи победа на локалните избори 2025 година, како за градоначалник така и за листата на советници. Досегашниот градоначалник Тони Коњановски победи во првиот круг, односно обезбеди втор градоначалнички мандат за што им се заблагодари на битолчани. „Сакам да им се заблагодарам на моите сограѓани, на моите соседи и пријатели и на сите поддржувачи, затоа што ова е победа на Битола и на ...
„Ви ветивме победа и имаме победа! Триумф на народот, на верниот народ. Вечерва Македонија не избра партија, туку насока. Избра вредности“, вака синоќа од партиското седиште се обрати претседателот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски. „Ова е само почеток на новата македонска енергија: мирна, одлучна и праведна. Во овие недели покажавме дека политиката може да има поинакво лице. Без навреди, без гнев, без омраза, со достоинство, со ...
Носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Филип Поповски им се заблагодари на битолчани за огромната поддршка и доверба што им ја укажаа. „Победата на ВМРО-ДПМНЕ во Битола е победа на народот. Како носител на победничката советничка листа, искрено ви благодарам што со вашиот глас овозможивте да имаме мнозинство во Советот, а истовремено нашиот кандидат за градоначалник, д-р Тони Коњановски, да победи уште во првиот круг. ...
Во Општина Новаци завршија изборите. Актуелниот градоналачалник Стевче Стевановски победи во прдиот круг. За него гласале 984 гласачи или 53,65 проценти. На второ место според бројот на гласови е кандидатот на СДСМ Љубе Кузмановски кој освои 454 гласови или 24,75%. Стевановски се заблагодари за секој глас што го доби вчера, за секоја поддршка и за како што вели подадената рака за заедничка борба. „Драги мои сограѓани, почитувани жители на ...
Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,93%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.10.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на синоќешната прес-конференција изјави дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победи во 3 општини, води во десетина и во вториот круг влегува во дваесетина општини. „Најпрво, сакам да упатам честитки за добро организираниот изборен ден. Денот помина мирно. Имаме некои одредени забелешки за изборниот процес. Тие забелешки се дадени до соодветните институции — ОБСЕ и Државната изборна комисија, односно ...
Израел објави дека трансферот на хуманитарна помош за Газа е суспендиран „до понатамошно известување“ бидејќи според нив Хамас го прекршил прекинот на огнот, што исламистичкото палестинско движење го негира. Израелски безбедносен службеник го изјави ова анонимно. Прекинот на огнот, постигнат со посредство на САД, започна пред нешто повеќе од една недела, со цел да се стави крај на двегодишната војна. Израелската армија повторно ја нападна ...
Утрово најстудено со -2 степена беше во Берово, -1 Попова Шапка, 0 Битола, Крива Паланка, Лазарополе, 2 Скопје-Петровец, Маврови Анови, Куманово, 3 Прилеп, 4 Скопје-Зајчев Рид, Крушево, Демир Капија, Виница, Струмица, 5 Штип, Велес, Кавадарци, Охрид, 6 Претор, 8 Тетово, Гевгелија. Времето денеска сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 ...
Според аналитичкиот центар на ВМРО ДПМНЕ, во идниот состав на Советот на Општина Битола, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата освоија 16 советнички мандати, СДСМ и коалицијата 5 советнички мандати, потоа Поинаку 4, Левица 2, ЗНАМ, ЛДП, ГРИН и ДУИ по еден советник. Според информациите на ДИК, од 90 проценти обработени податоци ВМРО ДПМНЕ освои 14.200 гласови, СДСМ 4.678 гласа, Поинаку 3.600, Левица 1.913, ЗНАМ 1.199, ЛДП 1.022, ГРИН 880 и ДУИ 830 гласа. ...
Според информациите од ДИК од 90 проценти обработени избирачки места, за кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Тони Коњановски гласале 16.309 гласачи или 51,12%. Според бројот на гласови на второ место е Габриела Илиевска од Поинаку со освоени 6.836 гласови, а на трето место Методија Куновски од СДСМ со 5.196. „Битола победи. Победи постојаноста, посветеноста и потврденото сојузништво со граѓаните“ велат од ВМРО ДПМНЕ. Претседателот на ...
Денот на гласање е најважниот дел од изборниот процес кога се работи за граѓаните. Тогаш тие својата власта ја даваат на тие кои најмногу им веруваат. Тоа е денот кога во демократските општества училишта и библиотеки стануваат избирачки места. Училишните клупи стануваат бироа кадешто се сместени сите апарати, избирачкиот список, гласачките ливчиња , уредите за проверка на отисокот. Библиотеките имаат лисја, но гласачки листови на кои има ...
Раздвиженоста во битолската Општинска изборна комисија е вообичаено интензивна на денот на гласањето. Постојана е комуникацијата со Државната изборна комисија и со избирачките одбори кои го спроведуаат гласањето на граѓаните. На неколку часа се собираат информации за текот на изборите и процентуалниот одзив на гласачите до определен час. Во битолската општина , градот и 65те села процесот до 13,.00 часот се одивал само со три приговори од ...
Иборниот процес денеска во Битола се одвива мирно и согласно изборните правила. На местата кои што ги посетивме од избирачките одбори не информираа дека избирачките места биле отворени навреме, по што гласањето се одвива во најдобар ред. Еве каква беше атмосферата во основното училиште Коле Канински каде се наојѓаат повеќе избирачки места, а кои ги посети нашата екипа. Гласачите уредно доајѓаа на гласачките места, а од избирачките одбори ...
Една од пораздвижените локации каде денеска се одвива гласање во Битола е основното училиште Даме Груев. И тука избирачките одбори потврдуваат дека гласањето започна во најдобар ред уште во утринските часови и со слична динамика се одвива и во останатиот дел од денот. Од избирачкиот одбор велат дека гласачите се добро упатени во гласачката процедура, а таму каде се појавуваат помали технички проблеми истите веднаш се решаваат, така што ...
Утриво 0 степени на Попова Шапка, 3 Маврови Анови, 4 Крушево, Лазарополе, 5 Берово, 7 Претор, Крива Паланка, 8 Куманово, 9 Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Виница, Струмица, 10 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Демир Капија, 11 Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, 13 Гевгелија. Во изминатите 24 часа најмногу дожд 10 л/м2 наврнаа на Попова Шапка, 8 Куманово, Крушево, Маврови Анови, 7 Штип, 6 Скопје-Петровец, Тетово, Берово, Виница, Пожар-Радовиш, 5 Крива ...
Според информациите од Општинската изборна комисија излезноста во Битола до 9:00 часот беше 3,38 проценти, а до 11:00 часот таа е 10,36 проценти. Во Општина Битола се гласа на 170 избирачки места, а вкупниот електорат е 77.253 гласачи. Според информациите од Државната изборна комисија, на ниво на држава до 9 часот излезноста беше 3,05 проценти, а до 11:00 часот 9,44 проценти. Вкупниот број на запишани изборачи за денешните локални избори е ...
Денеска почина професорот во пензија Александар Стерјовски. Роден е во 1933 година во Битола. Ученик бил на Горната гимназија. Цел живот го посвети на македонскиот литературен јазик, предавајќи по училишта како професор по книжевност во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ и во Земјоделското училиште во Битола, а потоа со години до пензионирањето, предавал прво на Педагошката академија, а потоа и на Факултетот за учители и воспитувачи во ...
Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека заразните болести во Појасот Газа се „надвор од контрола“, при што само 13 од 36-те болници на територијата делумно функционираат. „Без разлика дали станува збор за менингитис… дијареја, респираторни заболувања, зборуваме за огромно количество работа“, рече Ханан Балки, регионална директорка на здравствената организација на ОН. Во посебна изјава, СЗО соопшти дека ги зголемила ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин и оти подготовките за средба во Будимпешта помеѓу рускиот претседател и неговиот американски колега Доналд Трамп „продолжуваат со полна брзина“, пишува агенцијата МИА. Орбан не наведе повеќе детали за телефонскиот разговор со Путин. Кремљ соопшти дека Путин го информирал Орбан за неговиот разговор со американскиот претседател. ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнувањето мировен договор за Газа на почетокот од нивниот состанок денеска, велејќи дека тоа би можело да биде „моментум“ за завршување на војната во Украина. На отворањето на работниот ручек во Белата куќа со американскиот претседател, Зеленски денеска изјави дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин „не е подготвен“ за мир, но ...
Две лица загинаа, а 80 се повредени откако автобус излета од патот во близина на Сремска Митровица, во северозападна Србија, соопшти српското Министерството за внатрешни работи (МВР). Повредените, како што соопшти полицијата, се превезуваат во болница во Сремска Митровица за укажување медицинска помош. Несреќата се случила на патот Сремска Митровица-Јарак, а автобусот превезувал работници од компанијата „Хелткер“. Полицијата соопшти дека ...
Стар кауч, душек од спална, расфрлани делови од мебел.. дотраени гуми и по некоја ќерамида. Тука може да се види и градежен шут, стари дрвени летви, па дури и дотраен телевизор. Веројатно помисливте дека ова е некоја зафрлена локација на периферијата на градот која несовесните граѓани ја користат за нелегално депонирање на се она што веќе не им треба. Иако ваквата слика е разочарувачка без оглед каде се наоѓа, уште поразочарувачки е кога ќе ...