Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Ова е најспектакуларниот грабеж во музејот Лувр откако Мона Лиза исчезна во 1911 година кое тоа поставува сериозни прашања за нивото на безбедност што ги опфаќа француските уметнички дела, во време кога тие стануваат се поголема цел на криминални банди. Според новиот француски министер за внатрешни работи Лоран Нуњез, бандата што упаднала во галеријата Аполо во недела наутро очигледно била професионална. Тие знаеја што сакаат, очигледно однапред ...
Есенско попладне во Скопје. Градот живее во својот ритам, вообичаена фрекфенција на граѓани по булеварите и улиците ,а не изостана ниту метежот во сообраќајот. Таква беше сликата и на градскиот плоштад.. раздвижено, секој со своја насока и свои грижи. Ден по локалните избори, маките на граѓаните останаа видливи, но и покренаа низа прашања – Дали идниот градоначалник ќе успее да се справи со предизвиците? Надежта за подобро утре се уште постои , ...
Македонија гласаше, ама не цела. Повеќе од половина со право на глас останаа дома. Според ДИК, на локалните избори 2025-та за советнички листи- гласале 48,29% од запишаните избирачи. Победник според општинските советнички листи е ВМРО-ДПМНЕ со 301.902 гласови. Има два и пол пати повеќе од следниот резултат, вторите- социјалдемократи кои имаат 125.874 партиски гласови. Помалата излезност,многуте независни листи, но и огромниот број на неважечки ...
Струга и Тетово ќе бидат двете клучни општини каде што Коалицијата предводена од ДУИ и Коалицијата „ВРЕДИ“ ќе ги одмерат силите во вториот круг. По вчерашниот прв круг на локалните избори двете коалиции од албанскиот политички блок победија во вкупно девет општини а по завршувањето на гласањето на прес конференциите во партиските штабови беше прогласена победа на локалните избори и потврден легитимитет кога станува збор за лидерство кај ...
Синдикалната минимална кошница за октомври е за неколку стотина денари потешка од минатиот месец. Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека минимумот за едно четиричлено семејство да го преживее месецот е 65.544 денари или околу 1065 евра. За 467 денари скокнала сумата во споредба со септември. Доколку во пресметката се вклучи и изнајмување стан со површина од 60 квадратни метри, во кој на пример би жевеело едно ...
Судии адвокати правници. Единаесетмина од листата која го мина првиот филтер за судија во судот во Стразбур еден по еден од утрово доаѓаат на интервју пред комисијата која се состана во Уставниот суд. Сепак кои тројца кандидати ќе се најдат на листата што ќе оди за советот на Европа 5 члената комисија нема да одлучува веднаш по интервјуата. Ќе чекаат одлука од ДКСК која треба да се произнесе по претставките за судир на интерес на Претседателот ...
На втори ноември ќе се отворат избирачките места во 33 општини во кои не се избрани градоначалници во првиот круг од локалните избори. Битката во втор круг за Куманово ќе биде меѓу актуелниот градоначалник Максим Димитриевски од ЗНАМ кој според податоците на Државната изборна комисија освои 16.183 или речиси 38 проценти од гласовите и Горан Стојковски предложен од група избирачи кој освоил 5 946 или 14 проценти од бројот на гласачи. Димитриевски ...
ВМРО-ДПМНЕ на ден по изборите со кратка и јасна порака до политичките опоненти – „оставки“. Го прозваа лидерот на социјалдемократите, Филипче, а своја оценка дадоа и за интегративците на Ахмети. Додека владејачката партија ја прославува изборната победа, од СДСМ со одговор. Социјалдемократите се на став дека ВМРО-ДПМНЕ попусто се обидува да прикаже огромен триумф, кога реалноста е дека бројките покажуваат пад во довербата во владините партнери. ...
Во вториот круг од локалните избори за градоначалник на Град Скопје за две недели ќе се судрат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица. По многу нешта, резултатите од изборите во главниот град се невообичаени и се разликуваат од претходните изборни циклуси. За првпат, кандидат на Левица оди во вториот круг. Она што е уште поизненадувачки е што кандидатката на СДСМ Каја Шукова е четврта според бројот на освоени гласови. ...
На Македонија ќе и бидат потребни 56 години за да го достигне стандардот на земјите од Европската унија, покажува извештајот изработен од осум организации од целиот регион, кои една година работеле на анализа за приближувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Според резултатите, Македонија најбрзо напредува во здравството и дигитализацијата, додека за социјалните политики и инфраструктурата се проценува дека е потребнo повеќе од еден век за ...
Прекинот на веб-услугите на „Амазон“ предизвика огрмони нарушувања низ целиот свет. Услугата обезбедува услуги за далечинско пресметување на многу влади, универзитети и компании. На DownDetector, веб-страница што ги следи прекините на интернет, корисниците пријавија проблеми со Snapchat, Roblox, онлајн брокерот за Fortnite, Robinhood, апликацијата McDonald’s и многу други услуги. Првите знаци на проблеми се појавија околу 3:11 часот наутро по ...
На Македонија ќе и бидат потребни 56 години за да го достигне просекот на земјите од Европската унија, покажува извештај изработен од осум организации од целиот регион. Оваа бројка може значително да се намали доколку земјата стане членка на ЕУ, смета Виктор Митевски од Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ. Тој додава дека и зголемувањето на платите може да придонесе за економски раст и поголема продуктивност кај работниците. Б.С. © 2020 ...
Нови малопродажни цени на нафтени деривати кои ќе се применуваат од 21.10.2025 година Стари цени Нови цени Од 14.10.2025 Од 21.10.2025 Дериват ден/лит ден/лит ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 73,00 ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 75,00 ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д– E V) 68,00 67,00 ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) 67,50 66,50 БИОДИЗЕЛ Б6 БС 69,00 68,00 МЕТАН 57,50 ден/кг 57,50 ден/кг АВТОПЛИН 43,50 ден/кг 43,50 ден/кг МАЗУТ 36,661 ден/кг 36,047 ден/кг © 2020 ...
На вчерашниот прв круг од локалните избори, граѓаните гласаа за избор на градоначалници и членови на советите во 80 општини и Градот Скопје. Според првичните резултати, веќе во првиот круг градоначалници се избрани во прв круг во 44 општини, покажуваат официјалните податоци на Државната изборна комисија. Меѓу нив се Битола, Велес, Гевгелија, Штип, Прилеп, Кисела Вода и Гостивар. Во 33 општини, меѓу кои Аеродром, Карпош, Центар, Куманово, Тетово ...
Европската унија разгледува опција новите членки да се приклучуваат под пофлексибилни услови – со ограничени права на одлучување, вклучително и без право на вето – со цел да се забрза процесот на проширување. Според бриселски „Политико“, идејата е новите држави да ги користат повеќето придобивки од членството, а целосни права да добијат по институционалните реформи на ЕУ. Поддржувачите на оваа иницијатива, меѓу кои Австрија и Шведска, сметаат ...
Истражна постапка против лице за кое постои сомнение дека се обидело да изврши обид за убиство на сопствениот брат побара Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Toj се сомничи за кривично дело „убиство“ предвидено во член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Како што информира Обвинителство, на 18 октомври, во семејниот дом во Марино, осомничениот се обидел да го лиши од живот сопствениот брат, удирајќи ...
Шефицата за надворешни работи на Европската Унија, Каја Калас, денеска побара од блокот „да биде покреативен“ во справувањето со руската „флота во сенка“, која се користи за заобиколување на меѓународните санкции за нафта поврзани со војната во Украина. Русија беше креативна во заобиколувањето на санкциите, рече таа, што бара и од ЕУ да постапи на ист начин, пренесе ДПА. – Мора постојано да размислуваме што уште можеме да направиме, изјави Калас ...
Дел од обезбедувањето на потпретседателот на САД Џеј Ди. Венс беше погоден од метални шрапнели откако артилериска граната експлодирала над автопат, соопшти сообраќајната полиција на Калифорнија. Гранатата експлодирала за време на воена вежба по повод 250-годишнината од американскиот морнарички корпус во базата „Камп Пендлтон“ во Калифорнија. Инцидентот се случил за време на вежба со боева муниција над автопатот I-5, каде што полицајците на ЦХП ...
Израелската војска изврши воздушни напади врз цели на Хамас низ Газа, како одговор на, како што велат, „флагрантно нарушување“ на прекинот на огнот од страна на Хамас. Во нападите, според болнички извори, загинале најмалку 44 лица, а меѓу нив и командантот на елитната единица на Хамас, Јахја ал-Мабух. Израел тврди дека нападот бил одговор на ракетирање и оружен напад во Рафа, во кој загинале двајца израелски војници. Хамас негира вмешаност и ...
Во Скопје ќе има втор круг локални избори, а идниот градоначалник ќе се бира меѓу Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кои освоија најголем број гласови во првиот изборен круг. Според податоците на Државната изборна комисија, по пребројани 99,92% од гласовите, за Ѓорѓиевски гласале 91.582 скопјани или 39,43%, а за Мециновиќ 30.659 или 13,20%, објави МИА. Зад нив ...
Денеска се очекува меѓународните набљудувачи да ги презентираат своите наоди за Локалните избори 2025 во Македонија. Меѓународното набљудување на изборите е заедничка мисија на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа и Европскиот парламент. Мисијата вклучува вкупно 276 набљудувачи од 40 земји, составени од 254 експерти и долгорочни и краткорочни ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изрази увереност дека експонатите украдени од Лувр ќе бидат пронајдени и оти сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Макрон на X напиша дека кражбата извршена во Лувр е напад врз ценетото културно и историско наследство на Франција. Францускиот претседател изјави дека се преземаат сите активности за фаќање на сторителите и враќање на експонатите, и дека целиот процес го води канцеларијата на ...
Товарен авион изгуби контрола и се лизна од пистата на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг во морето, при што загинаа две лица, објавија денеска локалните медиуми. Авионот „Боинг 747“, управуван од турската авиокомпанија АКТ, скршнал од пистата и се лизнал преку пистата во водата. Според извештаите, џамбо-џетот, кој превезувал четири члена на екипажот, претходно удрил во возило на пистата на аеродромот, кое исто така било фрлено во морето од ...
Државната изборна комисија на еден час по полноќ ги објави првичните резултати од првиот круг на локалните избори, според кои ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се во убедливо водство во 54 општини. Излезноста на овие избори изнесува 48,46 проценти, што е пониско во споредба со претходните изборни циклуси.Изборниот ден, како што информираше претседателот на ДИК, Борис Кондарко, поминал мирно, со незначителни нерегуларности. Во трката за градоначалник на ...
Кандидатите за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, и од Левица, Амар Мециноиќ, одат во втор круг. Според резултатите што ги соопшти претседателот на ДИК, Борис Кондарко, од 88,86% обработени избирачки места, Ѓорѓиевски води со 77.858 гласови, а Мециноиќ е втор со 26.119 гласови. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија ...
Изет Меџити од ВРЕДИ прогласи победа на градоначалничките избори во општина Чаир, а ДУИ чиј кандидат е Бујар Османи му честиташе на изборот. Според ДИК: во општина Чаир по пребројани 50,34% од гласовите: Изет Меџити (вреди) има 50,52% односно 7.705 гласови, а Бујар Османи (НАИ/ДУИ) 39,06% односно 5.956 гласови. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со ...
Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд. Како што информира Комисијата, по состанокот ќе ги спроведе интервјуата кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик. -Поради зголемување на транспарентноста во процесот за избор на кандидат за судија во Стразбур, Комисијата одлучи интервјуирањето да биде ...
Кандидати на ВМРО-ДПМНЕ избрани за градоначалник во прв круг се: Бобан Стефковски во Газибаба, Петар Ружински во Берово, Ристо Манчев во Босилово, Дарко Костовски во Бутел, Славе Андонов во Василево, Спасе Кочовски во Вевчани, Марко Колев во Велес, Андов Сарамандов во Гевгелија, Александар Стојковски во Ѓорче Петров, Киро Нацков во Градско, Иван Гоцевски во Делчево, Никола Најдовски во Демир Хисар, Коста Маневски во Зелениково, Александар ...
Да се заблагодарам на граѓаните на Куманово и Македонија за „скандинавските избори“, изјави од градскиот плоштад во Куманово, претседателот на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски. Според 80 проценти од обработените гласачки места од аналитичкиот центар на ЗНАМ, Димитриевски, како што изјави, води пред останатите шест противкандидати, како и советничката листа на ЗНАМ. Тој посочи дека има гласови со поддршка на ВМРО-ДПМНЕ ...
Националната алијанса за интеграција (НАИ) е апсолутен победник со над 20.000 гласови, разлика што може да биде уште поголема, како што се обработуваат резултатите, во споредба со Вреди, изјави потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми на прес-конференција вечерва. „Бујар Османи веќе му честиташе на неговиот противкандидат. Тоа е волјата на граѓаните, тоа е пораката што стигна од Чаир. Но, ќе повторам, на национално ниво, НАИ е апсолутен победник“, ...