Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Не би рекол дека се случи нешто спектакуларно, ново, во кампањата за претстојните локални избори, рече Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во вечерашната дебата во „Тпп тема“ на ТВ Телма. „Иако се работи за локалните избори, мој впечаток е дека доминираа национални теми или препукувања беа за такви прашања, а многу помалку внимание на локални прашања и теми. Она што можеби беше поразлично е некоја чудна ...
Уште едно лице им подлегна на повредите во болница, со што билансот на жртви во сообраќајната несреќа кај Сремска Митровица се искачи на три. Двајца патници починаа на лице место, а 35 се хоспитализирани во Општата болница во Сремска Митровица. Еден пациент е згрижен во Клиничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад. Несреќата се случи попладнево, во 14:45 часот. Полицијата го приведе возачот на автобусот кому му е одредено задржување до 48 часа. ...
Меѓународниот кривичен суд (МКС) очекува апсење на Владимир Путин од унгарските власти, доколку рускиот претседател отпатува во Будимпешта на Самит со неговиот американски колега, Доналд Трамп, објавија холандските медиуми. Земјите-членки на Статутот на МКС се обврзани да ги извршуваат налозите за апсење, кои важат и за Унгарија и за соседните земји, кои Путин очигледно би морал да ги заобиколи, се наведува во соопштението на судот. Унгарија ...
Изборната кампања за првиот круг од Локалните избори завршува вечерва на полноќ и трае до 19:00 часот на 19 октомври (недела). Како што извести Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета ...
Две лица загинаа, а околу 80 лица се повредени, откако автобус на превозникот „Сирмиум бус“ што превезувал работници на компанијата „Хелткер“ се превртел во близина на Сремска Митровица, соопшти МВР на Србија. Министерството за внатрешни работи наведува дека автобусот, од непознати причини, излетал од патот и се превртел. Несреќата се случила денеска околу 14:45 часот. Припадници на полицијата и службите за итни случаи, како и дежурниот ...
На последниот ден пред почетокот на изборниот молк за локалните избори, кандидатите за градоначалници на Град Скопје и Општина Центар ги упатија своите завршни пораки до граѓаните. Иако немаа многу средства за скапи реклами и кампањи, кандидатите денот го искористија скромно со прес-конференции на кои побараа поддршка од скопјани. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од „Независни заедно“, Горан Марковски, изјави дека се чувствува ...
Контролорите на летање ќе го почитуваат судското решение за времена забрана и нема да го одржат најавениот штрајк во понеделник. Од Синдикатот сметаат дека судската одлука е нелегитимна, дека им се ускратени прават да ги презентираат своите аргументи па затоа подготвуваат жалба и до Апелација но и до Судскиот совет. Од Синдикатот појаснуваат дека процедурата за штрајк е почната уште во мај 2023 година, дека постигната спогодба која и минатата и ...
Вечерва на полноќ почнува изборниот молк во пресрет на првиот круг од локалните избори кој ќе се одржи в недела. Се гласа за градоначалници и членови на советите на 80 општини и Градот Скопје. За 81 градоначалник се пријавени 309 кандидати. Поднесени се 577 кандидатски листи за советници. За 1307 советнички места се пријавени 10.499 кандидати. ДИК вчера започна со достава на гласачкиот материјал. Испечатени се 4.613.438 гласачки ливчиња за ...
Европска Унија, обвинителство, наместо широки и чисти улици. Кампања за локални со државни теми. Некогаш изборите значеа нова запалка, а традицијата остана меѓу гласачите. Сега главни теми беа некои кои немаат многу врска со целта на локалните избори – Европска Унија, судство и обвинителство, инвестиции и ДДВ, обврски на централната власт. Темите ги диктираа лидерите на двете најголеми политички партии кои минатата година ги сменија позициите на ...
Контролорите на летање ќе го почитуваат судското решение за времена забрана и нема да го одржат најавениот штрајк во понеделник. Од Синдикатот сметаат дека судската одлука е нелегитимна, дека им се ускратени прават да ги презентираат своите аргументи па затоа подготвуваат жалба и до Апелација но и до Судскиот совет. Од Синдикатот појаснуваат дека процедурата за штрајк е почната уште во мај 2023 година, дека постигната спогодба која и минатата и ...
Културното наследство е непроценливо богатство кое не смееме да го загрозуваме од небрежност, несовесност или од краткорочни интереси. Ова го кажа министерот за култура и туризам при посетата на спомен- куќата на Владо Малески во Струга. Таа е значително оштетена при градежни активности на соседна парцела. Љутков најави дека објектот ќе биде обновен. Во обновата на куќата ќе се вклучат сите надлежни институции и стручни лица и таа ќе биде ...
Кампања на политичките партии и на нивните лидери, не кампања за локални, туку за парламентарни избори. Вака политичкиот аналитичар Џелал Незири накратко ги оценува овие 18 дена изборна кампања во условно речено албанскиот политички кампус. „Граѓаните се соочуваат со основни проблеми, основни проблеми за живот коишто бараат одговор, бараат одговор токму од политичарите што сега кандидираат за градоначалници и за советници и тие треба да понудат ...
Околу 49.000 граѓани се пријавиле, а вчера на првиот ден 2.000 биле вакцинирани против сезонски грип. Бесплатни се вакцините за ранливите категории граѓани, а за останатите кои сакаат да се имунизираат ќе има обезбедено дополнителни дози кои ќе чинат по 700-тини денари. Вакцинацијата против сезонски грип се спроведува на 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет пункта се во главниот град. „Во текот на вчерашниот ден вакциниравме околу 300 ...
Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: ...
Израел врати 45 тела на Палестинци во Газа, меѓу кои и тела на лица кои починале во израелски затвори. Овој чекор доаѓа во време на зголемени тензии – Израел се заканува дека ќе ги продолжи нападите врз Газа доколку Хамас не ги врати сите тела на загинатите израелски заложници. Хамас возврати дека не може веднаш да ги лоцира телата поради уништувањата во енклавата. Во Газа, семејствата на загинатите со денови се собираат на граничните премини во ...
Кампањата за првиот круг завршува, а една од главните теми особено во главниот град беа ветувањата дека сметот ќе се собира или редовно функционирање на јавниот превоз. Тоа се основни функции на градот и таквите ветувања само покажуваат дека наместо напред и за иднината расправаме за минатото, вели во изјава за Телма, Марко Кртолица професорот по политикологија на скопскиот Правен факултет. Т.Д. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. ...
Силна експлозија предизвикана од истекување на гас во осумкатна станбена зграда во романската престолнина Букурешт, при што загинаа најмалку две лица, а повеќе други се повредени. Од експлозијата дел од зградата е целосно уништен. Во согласност со сериозноста на ситуацијата, активиран е црвениот алармен протокол, што значи мобилизација на дополнителни служби за итна интервенција. Пожарникарите и спасувачките екипи сè уште се на терен и вршат ...
Европската Унија ја одобри втората транша средства за Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, во вкупен нето износ од 16 милиони евра. Од овие пари, 7,4 милиони евра се исплаќаат директно во државниот буџет, додека остатокот е наменет за инфраструктурни проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан. Одлуката е донесена по позитивната оценка на Европската комисија за напредокот во реформите и ...
Контролорите на лет ќе ја почитуваат судската одлука иако сметаат дека е нелегитимна, и нема да стапат во штрајк. Тие тврдат дека судската одлука за времена забрана за штрајк е погрешна и не се темели на законските одредби. Од синдикатот презентираа докази кои што се во спротивност на тврдењата на судот наведени во образложението на одлуката. Барањата се од областа на законот за работни односи и се поврзани со колективен договор, исплата на ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц најави дека во следните неколку дена ќе се одржи конститутивна седница на Советот за национална безбедност, на која ќе се разгледува Акциски план за заштита од хибридни напади. Мерц ја обвини Русија за обиди за дестабилизација на Германија и Европа преку саботажи, шпионажа, убиства, сајбернапади и ширење дезинформации. Канцеларот остро се осврна и на партијата Алтернатива за Германија, обвинувајќи ја дека некои ...
Високобрзинската железница Џакарта-Бандунг одбележа две години од своето успешно работење, при што досега превезе повеќе од 12 милиони патници. Единечниот дневен број на патници достигна рекордни 26.700 лица, додека возовите безбедно сообраќале повеќе од 5,65 милиони километри. Овој проект, прв од ваков вид во Југоисточна Азија и дел од иницијативата Појас и пат, значително го скрати времето на патување помеѓу Џакарта и Бандунг. Патувањето што ...
Вулканот Килауеа на Хаваи повторно еруптираше, исфрлајќи лава од својот кратер на врвот и создавајќи спектакуларна глетка што ги воодушевува локалните жители, туристите и онлајн набљудувачите. Ова е 35-та ерупција од декември минатата година наваму. Според научниците, сите досегашни ерупции се дел од истото вулканско дејство, бидејќи магмата се движи по ист пат до површината. Последната ерупција започна рано во петокот и се карактеризираше со ...
Нова измама со лажна сообраќајна несреќа. Жртва е 82-годишна жена од Скопје која изгубила 4.000 евра информира СВР Скопје. Според пријавата, на 15 октомври околу 19:10 часот, непознато лице ја контактирало телефонски, претставувајќи се како полициски службеник. Лицето ѝ соопштило дека нејзината ќерка наводно предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и побарало пари за да „ѝ се помогне“ да не одговара кривично. Жената ги оставила ...
Привремениот прекин во испораката на природен гас кон Македонија е резултат на планирани ремонтни активности на регионалните гасоводи во соседството и се очекува нормализација на снабдувањето веќе од денеска соопштуваат од НОМАГАС. Од компанијата посочуваат дека најавите од ЈСП Скопје за евентуални рестрикции во возниот ред треба да се земат со резерва, бидејќи досега немало нарушувања во функционирањето на јавниот превоз. Од НОМАГАС нагласуваат ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на својата трета посета на Вашингтон годинава, ќе се обиде да го убеди Трамп да ѝ испрати на Украина ракети „Томахавк“ со дострел до 2.500 километри, со кои би можеле да се таргетираат цели длабоко во Русија. Трамп неодамна изјави дека „можеби“ ќе одобри ваква помош, но по разговорот со Путин изрази загриженост за американските резерви на ракети. Меѓувреме, Русија изврши еден од најмасовните ...
Советникот за надворешни работи на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков, изјави дека телефонскиот разговор меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп бил „многу искрен и доверлив“ и траел речиси два и пол часа. Путин, според Ушаков, истакнал дека руските сили ја држат стратешката иницијатива по целата борбена линија и ја обвини Украина за напади врз цивилни цели и енергетска инфраструктура на територијата на Русија. За ...
Судот денеска го одложи рочиштето за предметот „Талир 1“, кој се однесува на обвиненија за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Во случајот се обвинети екс-премиерот Никола Груевски, како и Илија Димовски, Кирил Божиновски, Леко Ристовски и Миле Јанакиески. Предметот започна во февруари 2019 година, а поради сложеноста и бројот на сведоци, судскиот процес е бавен. Обвинителката Ленче Ристоска вчера реагираше на соопштението на ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп и дека се во тек подготовки за средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин за прекин на војната во Украина. „Тукушто го завршив телефонскиот разговор со претседателот Доналд Трамп. Подготовките за мировниот самит САД-Русија се во тек. Унгарија е остров на мирот!“, напиша Орбан на платформата X. Во интервју за Радио Кошут утрово, Орбан ...
Доколку денеска не ја добија септемвриската плата, вработените во јавното претпријатие „Паркови и Зеленило“ и фирмите-ќерки „Флораком“ и „Луна“ кои со нередовна исплата и доцнење од неколку недели се соочија повеќепати досега и јавно го изразија револтот, најавуваат дека повторно ќе стапат во штрајк или ќе ги блокираат влезовите на фирмите. Од СУТКОЗ најавуваат и дека од новото раководство на Град Скопје ќе побараат нова методологија за ...
Новиот претседател на Перу, Хозе Хери, одби да поднесе оставка по смртта на еден демонстрант за време на масовните протести кои ги предводат активисти од генерацијата „Z“. Демонстрантите бараат повлекување на Хери, обвинувајќи ја владата за насилство и репресија врз граѓаните… Според властите што го истражуваат инцидентот, во судирите се повредени околу 100 лица, од кои 80 се припадници на полицијата, а 10 се новинари кои известувале од терен. ...