Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
На Македонија, и покрај одреден напредок во реформите што ги спроведува, ѝ недостига вистински пробив за придвижување на европскиот пат, е ставот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Томас Вајц. Тој во изјава за Европската новинска редакција наведува дека земјава сè уште е блокирана од Бугарија. „За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот што го блокираат нејзиниот напредок“, вели Вајц. Сепак, тој се ...
Левица бара поддршка за вториот круг на изборите од гласачите на СДСМ и на независните кандидати. Амар Мециновиќ, кој ќе се бори против Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ, во првиот круг освои 30.665 гласа. За да ја престигне бројката од 91.663 гласа што ја освои Ѓорѓиевски, ќе му треба силна поддршка. Од ВМРО ДПМНЕ, пак, ќе ја продолжат кампањата во истиот стил. Партиите ја почнуваат кампањата за вториот круг и со повици за масовен одѕив, откако се ...
Контејнерите низ главниот град со денови се преполни, а околу нив може да се забележи голема количина на ѓубре кое секојдневно сè повеќе се натрупува. Отпадот се шири по тротоарите и улиците, создава непријатен мирис и претставува ризик за здравјето на жителите. Граѓаните велат дека состојбата е алармантна и дека вакво нешто нема никаде во светот. „Се знае кој е виновен за состојбата со сметот. И ние имаме мал ден од вината, но сепак државата е ...
Бастјан, 13-годишно момче, го минува летото со своето семејство во куќа на езерото Фалкон. Таму ја запознава Шарлот, постара тинејџерка со која започнува едно суптилно и нежно пријателство кое постепено прераснува во нешто подлабоко. Филмот ја истражува тенката граница меѓу детството и адолесценцијата, првите чувства на љубов и стравот од непознатото, преку една магична, но и меланхолична приказна сместена во природата што крие и убавина и ...
Лусиен е човечки магнет: сè што е направено од железо се лепи за неговото тело. Руралната Белгија на почетокот на 20 век не е место за неговиот необичен природен талент. Еден ден, тој случајно се закачува за воз што го носи далеку. На ова патување, Лусиен наидува на патувачки театар и неговата шарена трупа уметници. Неговиот магнетизам привлекува и добро и лошо, честопати менувајќи го текот на неговата судбина. ЧОВЕКОТ ОД МАГНЕТ ја раскажува ...
Во филмот се раскажува приказната на Марло која е мајка на 3 деца. Братот на Марло ја изненадува со подарок кој и е од многу големо значење и помош. Подарокот е дадилката Тали за помош и грижа за нејзините деца. Дали Марло ќе остане иста по доаѓањето на Тали? Дали Тали има задни намери во врска со Марло? Гледајте дел од животот на мајката која развила не чудна конекција со дадилката на своите деца. Играат: Шарлиз Терон, Мекензи Дејвис, Рон ...
Ана (Саша Лус) е млада убава девојка која успеа да направи кариера во светот на модата. До неодамна, таа беше едноставна манекенка од Москва, но за многу кратко време успеа да влезе во елитата. Ќе биде фатена во мрежата на многу опасен човек и испрашувана од тајните служби. Таа изгледа исплашено, а никој не се сомнева во неа. Ана се ослободува и почнува да се подготвува за нов бизнис. Под маската на кревка убавица, се крие најопасниот убиец на ...
Џејмс Силва (Валберг) е оперативец на најпочитуваната и погрешно разбрана единица на ЦИА. Со помош на таен тим командоси, Силва мора да обезбеди и да пренесе на безбедна локација цел што има информации од витално значење за сечиј живот. Дали ќе успее во својот план? Кого ќе го жртвува за да успее? Шпионските игри се немилосрдни. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во ...
Обвинителството му замрзна имот на сопственикот на Марковски компани, Борче Марковски во Македонија и во Србија. Марковски компани со години е најголемиот тендерџија во РЕК Битола. Во Србија е замрзнат имотот на неговата фирма Хаза-изградња со седиште во Нов Белград. Борче Марковски е еден од осомничените за злоупотреби со тендерот за дислокација на погонски станици од Осломеј во рудниците во РЕК Битола од 2024 година вреден 106 милиони денари, ...
Две француски актерски ѕвезди блескаат во оваа драма за пријателството што се развива помеѓу Клер (Катрин Фро), бабица соочена со криза во кариерата и Беатрис (Катрин Денев), слободоумна љубовница на починатиот татко на Клер. Клер е неверојатно надарена бабица, со природен талент за пораѓање со голема нежност. Но, во текот на годините, нејзините деликатни начини, нејзиното чувство на гордост и одговорност се судираат со поефикасните методи на ...
Во третиот квартал годинава најголема постигната цена на стан по метар квадратен е 189.231 денари, односно 280.000 евра за вкупна површина од 91 метар квадратен кој се наоѓа на територијата на Општина Центар. За метар квадратен платени се 3.000 евра, покажуваат денеска објавените податоците од Агенцијата за катастар на недвижности. Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на целата територија на државава ...
Над 900 лица во моментов се под пробациски мерки, а системот има капацитет да опфати уште многу повеќе, беше истакнато пред работниот состанок на тема „Пробација и условен отпуст“, кој се одржува денеска во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во Скопје. Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, посочи дека пробацијата во Македонија постои веќе шест години, но не се користи доволно. „Она живее, меѓутоа ...
Вкупните депозити, на годишно ниво, во септември бележат раст од 13,2%, и се должи на растот на депозитите на двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Вкупните кредити, пак, имаат раст од 13,5%, и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка. Според Народната банка, кредитната активност продолжува со позитивен тренд. ...
На Клиниката за неврохирургија во текот на минатата недела за првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic brain biopsy). Работниот тим што ја изведе интервенцијата се состои од д-р Роберт Шумковски, д-р Ивица Коцевски, д-р Љуљзим Агаи (неврохирурзи) и д-р Радмила Панговска (анестезиолог). „Испишуваме ново поглавје во неврохирургијата. Големо е задоволството кога имаме развој во јавните ...
Првиот круг од локалните избори во Македонија забележа рекордно ниска излезност. Избирачките места ги посетија 46,63% од граѓаните со право на глас. Според Државната изборна комисија (ДИК), од вкупно 1.832.415 избирачи, гласале 854.620. Ова е првпат излезноста во прв круг од локални избори да падне под 50%, што аналитичарите го толкуваат како сериозен знак за политичка апатија и недоверба во институциите. Дополнително, евидентирани се речиси ...
Судот го продолжил притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев за нови 30 дена, изјави бранителот на Нино Васев, адвокат Боби Спирковски, по денешното судење за случајот „Онкологија 2“, најавувајќи жалба на Апелација. Апелација, нагласи Спирковски, е таа што треба да го реши овој случај, бидејќи Апелација и го одреди притворот, потсетувајќи дека првостепениот суд првично го одбил предлогот на Обвинителство за ...
Постепено се враќаат во функција погоните во рафинеријата „Дунав“ на унгарската нафтена и плинска компанија МОЛ кои не претрпеа штета во пожарот што избувна ноќеска. „Ројтерс“ пренесува дека на лице место сè уште се наоѓаат противпожарни екипи. „Пожарот е ставен под контрола“, пренесуваат од компанијата и додаваат дека паралелно се работи и на обезбедување на подрачјето. Во тек е истрага за причините и проценка на настанатата штета. Во ...
Обвинителството му замрзна имот на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски во Македонија и во Србија. Марковски е еден од осомничените за злоупотреби со тендерот за дислокација на погонски станици од Осломеј во рудниците во РЕК Битола вреден 106 милиони денари, односно 1,7 милиони евра. Заедно со него се осомничени уште еден вработен во неговата фирма и шестмина поранешни раководители во РЕК Битола. Пред десетина дена, осомничените ...
Судот во Бањска Бистрица му изрече 21-годишна казна затвор на Јурај Цинтула (72) кој лани пукаше во словачкиот премиер Роберт Фицо по што беше уапсен и обвинет за тероризам. Инцидентот се случи во градот Хандлова, во централниот дел на земјата, каде Цинтула испука пет куршуми на оддалеченост од повеќе од метар од Фицо, додека премиерот се поздравуваше со луѓе. Фицо беше погоден со четири куршуми. Веднаш беше префрлен во болница со тешки повреди ...
Како одговор на новинарско прашање, шефот на бугарската дипломатија изјавил дека, за жал, една од непријатните својства на изборите во Македонија е тоа што се ваделе на површина мислите и зборовите на политичарите, за кои веројатно според него подоцна ќе се покаат. -Не треба да ги држиме нашите домашни политички предизвици како заложници на европската политика и меѓународните односи, побарал тој. –Се надевам дека откако ќе завршат изборите во ...
Најавената средба на американскиот државен секретар Марко Рубио и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров закажана за оваа недела засега е одложена, јави Си-Ен-Ен повикувајќи се на неименувани добро упатени извори. Со ова одложување на средбата на шефовите на дипломатиите на САД и Русија се одложува и очекуваната средба на американскиот претседател Доналд Трамп со претседателот на Русија Владимир Путин, навеле изворите. Трамп во ...
Поранешниот француски претседател Никола Саркози денеска треба да започне со отслужување на својата затворска казна во затворот Ла Санте во центарот на Париз, откако беше осуден на пет години во врска со нелегално финансирање на кампањата од Либија. Затворот има простор за затвореници на кои им е потребна посебна заштита, на пример затоа што се познати личности. Саркози беше прогласен за виновен минатиот месец за криминално заговарање. Судот ...
Изборниот ден, но и деновите по него одбележани со преполни контењери и ѓубре по улиците, но и голем број фотографии со отпадоци на социјалните мрежи како реакција на граѓаните. Состојбата е непроменета и утрово. Граѓаните се жалат дека иако редовно ги подмируваат своите сметки сепак услугата не ја добиваат, а главниот град е пред еколошка катастрофа. Преполни контејнери, смрдливи улици и хаос кој никој не го расчистува. Додека градот се ...
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Tвоја Mакедонија освоиле 33 градоначалнички места во првиот круг од локалните избори што се одржаа на 19 октомври. Kоалицијата ВРЕДИ победила во 4 општини во првиот круг, СДСМ освоила градоначалници во 3 општини и НАИ, исто така, во 3 општини. Државната изборна комисија ги соопшти официјалните резултати од првиот круг од изборите, на кои се избраа советите во 80 општини и во Градот Скопје. Градоначалници се избрани во 43 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп на тензичен состанок во Белата куќа со украинскиот лидер Володимир Зеленски инсистирал Киев да ги прифати руските барања за завршување на војната, предупредувајќи дека Путин ќе ја уништи Украина доколку не се согласи. Според извештаите кои ги објавија неколку американски медиуми, Трамп викал изразувајќи незадоволство од воените позиции и политиката. Зеленски, кој во Вашингтон дојде со надеж за добивање ...
Во Газа се уште е на сила кревко примирје, еден ден откако договорот се соочи со првото големо искушение. Помина повеќе од една недела од почетокот на предложеното примирје под покровителство на САД, со цел да се стави крај на двегодишната војна во малата енклава. Во неделата, Израел се закани дека ќе ги запре испораките на хуманитарна помош во Газа, а неговите сили убија десетици лица во нападите, откако милитантите на Хамас беа обвинети за ...
Европските земји членки на НАТО активно се подготвуваат за можна војна со Русија, изјави директорот на Надворешната разузнавачка служба на Русија, Сергеј Наришкин, на состанокот на Советот на шефови на безбедносни агенции и специјални служби на земјите од Заедницата на независни држави во Самарканд. – Секако ги гледаме нашите европски сојузници во НАТО како се подготвуваат за војна со нашата земја. Поставена е задача брзо да се обезбедат со сите ...
Mакедонската Влада полека, но сигурно, ги спроведува агендите поврзани со малцинствата, безбедносните прашања, коридорите и другите прашања, со што има одреден напредок, но засега се уште ни недостига вистински пробив за напредок на европскиот пат, изјави известувачот на Европскиот парламент за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. – Северна Македонија се уште е блокирана од Бугарија. За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот што ...
Исланд за првпат во својата историја откри комарци на сопствена територија. Три примероци се пронајдени во текот на овој месец во Кјос, рурална долина во близина на фјордот Хвалфјордур, објави исландската национална телевизија. Комарците ги пријави Бјорн Хјалтасон, ентузијаст за инсекти, во група на Фејсбук. Примероците потоа се проследени на анализа во исландскиот Институт за природна историја, каде ентомологот Матијас Алфредсон потврди дека ...
Шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев, изјави дека Бугарија е подготвена, доколку е потребно, да обезбеди воздушен коридор за авионот на рускиот претседател Владимир Путин на пат кон Будимпешта, за средба со американскиот претседател Доналд Трамп. „Кога се прават напори за постигнување мир, логично е да се обезбедат сите потребни услови за постигнување на таа цел“, рече Георгиев, одговарајќи на прашања од Бугарското национално радио. ...