Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Утрово во шаторите пред српскиот парламент, избувна пожар проследен со пукање, при што едно лице е рането, а едно е уапсено. Според неофицијални информации, вооружен маж, кој не бил дел од протестите, влегол во еден од шаторите и по расправија испукал неколку куршуми кон друго лице, кое е повредено во ногата и пренесено во Ургентен центар. Пожарот, кој наводно настанал од плинска боца, е пријавен во 10:17 часот и брзо бил локализиран. Снимките ...
Обвинителството за гонење на организиран криминал претпладнево извести дека е отворена постапка против повеќе лица осомничени за лихварство и перење пари. Според информации на Телма, станува збор за таканаречена аеродромска група, а со истрагата се опфатени и лица од Нерези. Првичните проценки се дека станува збор за шема со вредност од 2 милиони евра. Истрагата се разгорела пред десетина дена кога во Нерези и Карпош имаше полициска акција за ...
Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар- Скопје на 24 октомври ќе учествува на 17. Меѓународен театарски фестивал ЕТХОС во Анкара. Фестивалот се одржува од 16 до 26 октомври во главниот град на Турција. Годинава под мотото „Градот и театарот“, на фестивалот ќе учествуваат театарски уметници, амбасадори на културата, претставници на центри за култура и членови на граѓанските и невладини организаци од над 20 земји. Публиката ќе може да ги следи ...
ШК Алкалоид извојува нова победа на Европскиот клупски куп што се игра во Родос, Грција, по која со максимални шест бода се наоѓа меѓу водечките девет екипи на врвот на табелата, кои во натамошното разигрување, преку меѓусебни дуели, ќе го одлучат новиот екипен шампион на Стариот континент. Овојпат во дуелот од третото коло беше совладан германскиот претставник Шахфројнде Берлин, клуб што според просечниот рејтинг од 2.426 поени е една класа над ...
Претреси на повеќе локации во Скопје под раководство на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска спроведуваат полициски единици на МВР. Станува збор за лица осомничени за кривични дела лихварство и перење пари. „Под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици на МВР вршат претреси на повеќе локации во Скопје. Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека ...
Вработените во ЈП Комунална Хигиена Скопје и СУТКОЗ ќе ги преземат сите мерки кои им стојат на располагање согласно законите и колективните договори, ова била одлуката која вчера ја донеле синдикатите на состанокот поради состојбата во која се наоѓаат поради неисплатена септемврска плата. Од синдикатот на СУТКОЗ во соопштение до медиумите денеска информираат дека и покрај тоа што се доцни со исплатата на платата за месец септември, вработените ...
Во Лондон денеска се одржува 12-иот Самит за Западен Балкан, како дел од Берлинскиот процес кој ги здружува лидерите на земјите од регионот и Европската Унија со цел зајакнување на политичката, економската и инфраструктурната соработка и забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан. Домаќин на Самитот е британскиот премиер Кир Стармер, а учесници се премиерите на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на Србија, Ѓуро Мацут, ...
Од рано утрово, Киев е мета на балистички проектили од страна на руската армија, при што регистрирани се најмалку четири ракети и серија експлозии, главно од противвоздушната одбрана… Според градоначалникот Виталиј Кличко, ракетни остатоци предизвикале пожар и оштетиле возила во неколку окрузи на градот. Напади беа пријавени и во Запорожје и Каменске, како и врз пристаништето Измаил, каде што имало прекини во снабдувањето со електрична енергија. ...
Доналд Трамп изјави дека не сака залудна средба откако плановите за директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина беа ставени на чекање. Американскиот претседател во вторникот во Белата куќа јасно стави до знаење дека одбивањето на Москва да ги запре борбите по сегашната линија на фронтот останува клучна пречка, објави Би-би-си. Претходно, официјален претставник на Белата куќа потврди дека нема планови Трамп и ...
Проблемот со несобирањето на комуналниот отпад во Скопје ја алармира Владата, која на седница донесе заклучок за итен вонреден инспекциски надзор во ЈП „Комунална хигиена“. Според соопштението, инспекцискиот надзор ќе се врши во координација со МВР и неколку државни инспекторати, а ќе се испитуваат условите кои претставуваат опасност по здравјето на граѓаните… Истовремено, и Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка за евентуално ...
Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за случајот „Онкологија 1“, каде обвинети за несовесно лекување се онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски. Претходно, докторката Мери Пешевска призна вината и доби условна казна, откако беше утврдено дека биле злоупотребени нејзиниот факсимил и лозинка. На претходното рочиште сведочеа роднини на починати пациенти. Александар Гаќев, сопруг на една од пациентките, се откажа од отштетно ...
За вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица, информираат од Министерството за здравство. Вакцинацијата се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои шест се во Скопје. Сите заинтересирани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните категории население, како ...
Управата за финансиска полиција по насоки од Основното јавно обвинителство – Прилеп спроведе голема акција, поради сомнежи за злоупотреби со јавни набавки во вредност од околу 800.000 евра. Неофицијално, приведени се 27 лица, меѓу кои и раководни структури, а истрагата е насочена кон кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување. Од Обвинителството соопштуваат дека се преземаат истражни дејствија во моментов, а повеќе информации ...
По локалните избори – нова распределба на политичката моќ и поинаква мапа на влијанија. Победи, порази и нови калкулации, но и заедничка порака – ниска излезност и заморени гласачи. Што ја очекува политичката сцена по овие избори и дали се најавува нов циклус на промени? Анализа во „Директно“ со Катерина Синадиновска, Имер Селмани и Благојче Атанасовски. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или ...
Најмалку 6-мина меѓу кои и поранешна директорка на прилепската болница се приведени во рамки на истрага за злоупотреби со јавни набавки, потврдија за Телма од истрагата. Истрагата се одвивала речиси цела година во финансиската полиција, а опфатени се најмалку дваесетина лица. Денеска се приведени 6-мина во полициската станица во Прилеп. Според првичните информации од истрагата, опфатен е и сопственик на фирма преку која се вршеле спорните ...
Во вечерашната емисија Топ Тема дебата на кандитатите за градоначалници за општина Аеродром. Дејан Митески -Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Трајановски -Коалиција предводена од СДСМ се обвинуваа меѓу себе за тоа дали централната власт на СДСМ и или онаа на ВМРО-ДПМНЕ финансирала повеќе проекти во општината. Митевски рече дека Агенцијата за разузнавање не дала одобрение за изградба на детска градинка, а Трајановски истакна дека ...
Во вечерашната емисија Топ Тема дебата на кандитатите за градоначалници за општина Аеродром. Дејан Митески -Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Трајановски -Коалиција предводена од СДСМ се обвинуваа меѓу себо за тоа што пишува во нивните програми, а што всушност се остварува. Трајановски со програмата в раце на својот противкандидат рече дека ако 3% од ветувањата во програмата се оствариле и тој ќе гласал за Митески. Митески пак ...
На влезот во Старата битолска чаршија, во непосредна близина на дрвениот мост на реката Драгор, познат како Мост на вљубените, Општина Битола почна со изградба на спомен-обележје на естрадниот уметник Јонче Христовски. Изградбата на споменикот се врши со посебно решение за поставување спомен-обележја и скулптури, а инвеститори се Општина Битола и Стопанска банка АД Битола, која е и донатор на иницијативата. Во својот творечки живот овој пејач, ...
Пред една недела за врши јавниот повик ЈП Лисиче – Велес за чистење на езерото „Младост“, но ниту една фирма не се пријавила за да го исчисти ова вештачкото езеро од органските наслаги и исушената вегетација. За ова механичко отстранување на мртвите алги, трска и исушени дрвја има и одобрение од Министерството за животна средина. Телма репортажа: Изумира Велешкото езеро – се гуши во алги измешани со фекалии, а брегот смрди на сулфур А претходно ...
Денеска во 10:40 часот, по претходна пријава за лице кое сака да се самоубие, полициски службеници од СВР Куманово заедно со екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово спасија 34-годишно лице од кумановско, кое се обидело да се фрли од „Искрин мост“ во Куманово, информираше МВР. По преземени мерки, лицето е убедено да се откаже од намерата, по што е пренесено во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош. © 2020 Телевизија ...
Најновиот филм на режисерот Јани Бојаџи насловен „Утре наутро“ премиерно ќе биде прикажан на 19 ноември во киното Синеплекс во Скопје, а од 20 ноември ќе започне неговата дистрибуција низ кината во земјата. На денешната прес-конференција, на која беше промовиран трејлерот за филмот, режисерот Бојаџи истакна дека тој ги прикажува последиците со кои се соочуваат две семејства – македонско и ромско 18 месеци по настаните во Собранието од 27 април ...
Иако, според информациите од НОМАГАС, најголем дел од гасот кој влегува во земјава е руски, министерката за енергетика Божиновска тврди дека одлуката на Европската Унија за забрана за транзит на руски гас низ ЕУ и до трети земји не треба да не загрижува. Мерката треба да стапи на сила од први јануари. Но, Божиновска тврди – решение ќе се бара на ниво на ЕУ и не очекува земјава да извиси и да остане без гас. -Значи ќе има решение на ниво на ...
Обвинителството му замрзна имот на сопственикот на „Марковски компани“, Борче Марковски во Македонија и во Србија. „Марковски компани“ со години е најголемиот тендерџија во РЕК Битола. Во Србија е замрзнат имотот на неговата фирма „Хаза изградња“ со седиште во Нов Белград. Борче Марковски е еден од осомничените за злоупотреби со тендерот за дислокација на погонски станици од Осломеј во рудниците во РЕК Битола од 2024 година, вреден 106 милиони ...
Пробацијата и условниот отпуст, освен како решение за пренатрупаноста на затворите која е проблем со години, игра и важна улога во ресоцијализацијата на сторителите на кривични дела. Еден осуденик државата месечно ја чини 1.000 евра. Има 430 осудени лица со А третман и околу 330 кои имаат Б2 третман, а најголем дел од нив може да бидат на условен отпуст со препорака на секторот за ресоцијализација и директорите на затворите, смета директорот на ...
Поранешната директорка на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ е обвинета за сериозни злоупотреби на службената положба, фалсификување исправа и незаконски исплати во вредност од над 1,4 милиони денари. Битолското обвинителство соопшти дека поранешната директорка си исплатила неоправдани трошоци при службени патувања во Србија и во Унгарија, а на вработен неосновано му исплаќала надоместоци и дневници. Без тендер склучила договор за ...
Со двајца сведоци на обвинителството, поранешни членови на Управниот одбор на клиниката за Онкологија, продолжи судењето за екс директорите Нино Васев и Нехад Нухи, обвинети за злоупотреба, измама и проневера во службата. Начинот на кој се набавувала биолошката терапија на Онкологија беше во фокусот на прашањата на обвинителката. Поранешен член на УО на клиниката сведочеше дека не им било презентирано дека буџетот е пречекорен. Тогашниот ...
На Македонија, и покрај одреден напредок во реформите што ги спроведува, ѝ недостига вистински пробив за придвижување на европскиот пат, е ставот на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, европратеникот Томас Вајц. Тој во изјава за Европската новинска редакција наведува дека земјава сè уште е блокирана од Бугарија. „За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот што го блокираат нејзиниот напредок“, вели Вајц. Сепак, тој се ...
Левица бара поддршка за вториот круг на изборите од гласачите на СДСМ и на независните кандидати. Амар Мециновиќ, кој ќе се бори против Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ, во првиот круг освои 30.665 гласа. За да ја престигне бројката од 91.663 гласа што ја освои Ѓорѓиевски, ќе му треба силна поддршка. Од ВМРО ДПМНЕ, пак, ќе ја продолжат кампањата во истиот стил. Партиите ја почнуваат кампањата за вториот круг и со повици за масовен одѕив, откако се ...
Контејнерите низ главниот град со денови се преполни, а околу нив може да се забележи голема количина на ѓубре кое секојдневно сè повеќе се натрупува. Отпадот се шири по тротоарите и улиците, создава непријатен мирис и претставува ризик за здравјето на жителите. Граѓаните велат дека состојбата е алармантна и дека вакво нешто нема никаде во светот. „Се знае кој е виновен за состојбата со сметот. И ние имаме мал ден од вината, но сепак државата е ...
Бастјан, 13-годишно момче, го минува летото со своето семејство во куќа на езерото Фалкон. Таму ја запознава Шарлот, постара тинејџерка со која започнува едно суптилно и нежно пријателство кое постепено прераснува во нешто подлабоко. Филмот ја истражува тенката граница меѓу детството и адолесценцијата, првите чувства на љубов и стравот од непознатото, преку една магична, но и меланхолична приказна сместена во природата што крие и убавина и ...