Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ би можела да укине околу 100 домашни летови неделно следното лето поради зголемените даноци и аеродромските такси кои ја оптоваруваат профитабилноста, изјави денеска извршниот директор на авиокомпанијата, Карстен Шпор. „Без намалување на оперативните трошоци во Германија, новите укинувања ќе бидат неизбежни“, изјави Шпор за весникот „Велт ам Зонтаг“, наведувајќи дека се разгледуваат рутите од Минхен до ...
Холандските разузнавачки служби АИВД и МИВД ја намалија размената на информации со своите американски партнери, наведувајќи ја како причина политичката ситуација во САД и загриженоста поради политизацијата на разузнавачкиот сектор и почитувањето на човековите права, објави денеска весникот „Де Волкскрант“. Директорите на АИВД, Ерик Акербум и МИВД, Питер Рисинк потврдија дека станале „поселективни“ во соработката со ЦИА и НСА. „Вистина е дека ...
Од 43 милиони евра за реформите до јуни 2025 земјата добива само 16 милиони за три реформски закони и тоа во Министерство за дигитализација, потврди во последниот извештај Европската комсија во делот за Македонија. Сите останати реформи или не се спроведени, или преземените мерки и реформски проекти и закони не се признаени од страна на ЕУ. И тоа во извештајот јасно се наведува минситерство, по минситерството.. За транспорт е наведен Планот за ...
Нови сознанија за постоењето на праисториската наколна населба во Дојранското Езеро. Последните археолошки истражувања кои завршија пред неколку дена даваат нови информации за животот во оваа населба, занимањата, навиките и секојдневниот живот на нејзините жители. Археологот Зоран Рујак вели дека фасцинира досегашниот материјал што излегол од населбата, како и начинот на кој таа била организирана. Самиот феномен дека овде постои наколна населба ...
Кина е подготвена за нови трговски разговори со САД „што е можно поскоро“, објавија денеска кинеските медиуми. Информацијата се појави во медиумскиот простор во позадина на обидите на Пекинг и Вашингтон да избегнат нова ескалација на царините. Информацијата беше објавена по видео-конференција помеѓу кинескиот вицепремиер и главен трговски преговарач Хе Лифен и американскиот министер за финансии Скот Бесант. Кинеските медиуми објавија дека ...
Во домашни услови низ земјава денеска гласаат вкупно 8.851 болни или немоќни граѓани, како и 442 лица во Домовите за стари лица на територија на цела држава. Во Општина Ново Село утринава гласањето на болните и немоќни лица привремено е прикинато, поради техничка грешка на редните броеви на носители на советничките листи на гласачкото ливче. Во оваа општина пријавени се околу 400 болни и немоќни лица, за случајот информирана е Државна изборна ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно се врати од Вашингтон со празни раце. Откако прво најави па потоа пак се предомисли Доналд Трамп одлучи да не им ги продаде на Украинците фамозните крстосувачки ракети „Томахавк“. Освен што им се потребни за сопствената одбрана, Трамп се согласи со Путин дека тоа ќе претставува голема ескалација. Тие се многу можно оружје, но и многу опасно, а тоа може да значи ескалација, знаете, значи дека ...
Во денот за изборен молк гласаат затворениците и притворениците во македонските затвори. Телма го посети избирачкото место 2536 во затворот Идризово.Затворениците поделени. Едни очекуваат промени за подобар живот, а други не веруваат на ветувањата на кандидатите за градоначалници, искажани во изборната кампања. Од новите градоначалници, искрено не очекувам нешто многу бидејќи за тоа се потребни огромни финансиски средства. А, за реализација на ...
Протести на повеќе од 2.600 локации наречени „Без кралеви“ (No kings) се закажани да се одржат денеска низ сите 50 американски држави, масовна мобилизација против политиките на претседателот Доналд Трамп за имиграција, образование и безбедност, за кои организаторите велат дека ја туркаат земјата кон автократија. Вториот ваков протест од ваков обем, во градовите, предградијата и малите градови низ САД по сличните во јуни, се смета за мерка за ...
Гласачите во Скопје ќе гласаат за една советничка листа помалку. ДИК поништи цела листа откако е утврдено дека на неа е кандидирана почината личност. Партијата што ја поднела листата ќе добие и кривична пријава. Починатата не била избришана од избирачкиот список, па од ДИК за случајот дознале вчера, по допрен глас. По тоа, прибавиле и писмен доказ – извод од матична книга на умрени. Утврдено е дека не се исполнети условите од Изборниот законик, ...
Моја другарка пред зграда ја нападнаа неколку кучиња. Таа и ден денес има трауми. И мене ме фаќа страв кога ќе се сетам на тоа, раскажува една скопјанка, која неодамна повторно се соочила со слична ситуација, кога група кучиња и излегле пред пат, успеала да собере храброст, им викнала и тие се разбегале. „Моја другарка пред зграда ја нападнаа неколку кучиња. Таа и ден денес се уште има трауми од тоа. Мене кога ќе ми текне на таа ситуација се ...
В понеделник почнуваат интервјуата со кандидатите за македонски судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Комисијата за избор на кандидати соопшти дека задутре ќе одржи состанок во просториите на Уставниот суд по што ќе ги спроведе интервјуата кои ќе се одвиваат на англиски и на француски јазик. На конкурсот се пријавија 20 кандидати, а првиот филтер го поминаа 11 кои ќе бидат интервјуирани. „Поради зголемување на транспарентноста ...
Економијата на ЕУ во првата половина од 2025 година оствари подобри резултати од очекуваните, со што, и покрај скромниот раст, се очекува таа да остане отпорна и континуирано да создава работни места поддржани од силната домашна побарувачка, поволните услови за финансирање и силниот европски пазар на трудот, наведува претседателот на Еврогрупата, Паскал Донохју во Извештај доставен до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во пресрет ...
Иран објави дека повеќе не е обврзан со ограничувања на својата нуклеарна програма, откако денеска истече меѓународниот договор што ја регулира таа програма, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. Отсега натаму, „сите одредби (од договорот), вклучително и ограничувањата на нуклеарната програма на Иран и поврзаните механизми, се сметаат за комплетни“, се вели во соопштението. Спогодбата, потпишана во 2015 година од Иран, ...
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро не сака да има проблеми со САД, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп. Трамп ја даде изјавата откако беше објавено дека американските сили заробиле две лица од брод за кој се тврди дека превезувал дрога во Карипското Море. Бродот беше погоден од американски напад, во кој беа убиени две лица. Вчерашниот напад беше најновиот во кампањата за борба против трговијата со дрога што ја објави Трамп. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува поранешниот конгресмен Џорџ Сантос, кој отслужуваше седумгодишна затворска казна за измама и кражба на идентитет, наредувајќи го неговото итно ослободување. Во објава на социјалните мрежи, Трамп напиша дека Сантос бил „ужасно малтретиран“. „Затоа штотуку потпишав помилување со кое веднаш ќе се ослободи Џорџ Сантос од затвор. Среќно, Џорџ, и имај прекрасен живот!“, додаде тој. Поранешниот ...
Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта. Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка. Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се ...
Портпаролот на германската влада Стефан Корнелиус ја опиша средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски како конструктивна, откако украинскиот лидер имаше телефонски разговор со европските лидери, вклучувајќи го и германскиот канцелар Фридрих Мерц, по средбата со Трамп, објави ДПА. Мерц и другите европски лидери наводно ја поздравиле „тесната трансатлантска соработка“ и ја нагласиле потребата ...
Тече гласањето за Локалните избори 2025. Денеска, на ден пред одредениот датум за изборите гласаат 2162 затворениците, лицата во домашен притвор, 8851 болни и немоќни лица и 442 лица во старските домови. Во казнено – поправните домови, според Избирачкиот список, треба да гласаат 2162 затвореници. Најмногу во КПД Идризово 938, во затворот во Шуто Оризари 391, во штипскиот затвор 237, во прилепскиот 119. Во своите домови ќе гласаат и лица кои се ...
Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека за време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната кампања. Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето какви било информации, фотографии, аудио и ...
Локалните избори на 19 октомври 2025 година ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1 832 415 граѓани запишани во Избирачкиот список. На Локалните избори 2025 има вкупно 309 кандидати за градоначалници, што е зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299. Најмногу кандидати за градоначалници – 683 имало на ...
Осмите Локални избори во Македонија што ќе се одржат в недела ќе ги мониторираат 1451 домашни и странски набљудувачи. ДИК акредитираше 807 домашни и 644 странски набљудувачи. Акредитирани за следење на изборите се и 12 странски новинари. Најмногу домашни набљудувачи има Здружение за развој на општествено-социјални иновации „ВАКЕ УП” – Скопје – 549. Изборите ќе ги набљудуваат и МКЦ-Битола 23, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи, ...
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека Израел е посветен на договорот за прекин на огнот со Хамас и ќе продолжи да го почитува и исполнува својот дел од планот, откако висок функционер во палестинската милитантна група изјави дека Хамас не може да се обврзе на разоружување. Хамас треба да ги ослободи сите заложници во првата фаза. Тоа не го стори. Хамас знае каде се телата на нашите заложници. Хамас треба да биде ...
-Во истрагата што Обвинителството за организиран криминал и корупција ја спроведува против полициските службеници во врска со инцидентот во Кочан, активно се обработува и анализираат доказите собрани во врска со предметниот инцидент. На крајот од постапката, јавното обвинителство ќе донесе одлука, за која јавноста ќе биде навремено информирана. Надлежното јавно обвинителство презема дејствија во роковите утврдени со закон, велат од ...
Според податоците на Евростат, помеѓу 2015 и 2024 година цените на куќите и становите во Европската Унија пораснале просечно за 53%. Но, поскапувањето не е секаде исто. Рекордер е Унгарија со пораст од 209,5%, односно куќа која во 2015-та вредела 100.000 евра, лани стигнала до 309.500 евра. Во Литванија цените на семејни недвижности пораснале за 135%, а во Португалија за 124,4%. Најмал раст е измерен во Финска, за десет години изнесува 1,4%. © ...
Британскиот принц Ендрју повеќе нема да ги користи своите титули, вклучувајќи ја и титулата Војвода од Јорк, по „разговорот кој го имал со кралот“. „Заклучивме дека продолжението на обвиненијата против мене ја попречуваат работата на неговото височество и кралското семејство“ – се вели во изјавата на принцот Ендрју испратена до медиумите. Тој ќе остане принц, но ќе престане да ја носи титулата Војвода од Јорк, која ја добил од својата мајка, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и шефот на украинската држава, Володимир Зеленски разговараат зад затворени врати за обидите за завршување на руската агресија врз Украина. Зеленски допатува во Белата Куќа еден ден по вчерашниот двочасовен разговор меѓу Трамп и Путин, кој американскиот претседател го оцени како многу позитивен и добар дијалог. Трамп најави и нов самит со Путин во Будимпешта, без да ја прецизира датата на која би се одржала ...
Како бројните натпреварувачи во изборната трка ги испраќаа пораките до граѓаните? Кои теми беа во фокус, а кои за де-фокус? Каде изборите може да завршат во недела, а каде ќе се чека градоначалник во втор круг? За овие и други прашања, вечерва во Топ Тема анализа на Елена Ивановска Мукоска со Александар Кржаловски од МЦМС, Бесим Небиу, аналитичар и Борјан Ѓузелов, политиколог. © 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее ...
Кампањата не донесе иновација во настапот на кандидатите и мислам дека тоа се должи и на фактот дека недостасува неизвесност, смета Бесим Небиу, политички аналитичар, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ. „Кога не е неизвесно, кога знаеме кој ќе победи, мислам дека политичките, посебно оние кои што се фаворити, нема потреба премногу да ветуваат, бидејќи знаат дека ќе победат на избори. И ќе победат и со помалку ветувања и со повеќе ...
Нема голема неизвесност, она што може да го забележиме компаративно во споредба со претходните локални и други изборни циклуси, е дека политичките партии се многу поспособни да организираат кампања, да го максимизираат својот изборен резултат, тоа што го ветиле да го испорачаат, рече политикологот Борјан Ѓузелов во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. „За главните четири блока тоа е заокружен процес. Мислам дека сите имаат програми, ...