Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Откако ја победија Англија во неверојатен натпревар, аргентинските фудбалери се појавија на теренот со политичка порака. Џовани Ло Селсо се појави на теренот со транспарент на кој пишуваше „Фолкландски Острови (Малвини) се Аргентина“. Потоа му се придружија и голем број други фудбалери во прославата со овој транспарент. Навивачите на трибините, секако, уживаа. Овие острови се дел од британската прекуокеанска територија, а Аргентина исто така ...
Историјата на спортот е полна со неверојатни случајности, но приказната што ги спојува Лионел Меси и шпанскиот чудо од дете Ламин Јамал ја надминува дури и имагинацијата на најкреативните холивудски сценаристи. 19-годишната фотографија, која неодамна го преплави интернетот, го прикажува Меси без брада и долга коса како бања бебе старо само неколку месеци во пластична када. Тоа бебе не е никој друг туку Ламин Јамал, момчето против кое ќе игра ...
Иако на дуелот со Аргентина направи катастрофални грешки, сепак Томас Тухел нема да биде сменет. Германецот се најде на мета на жестоки критики од англиската јавност по поразот од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство, но неговата позиција како селектор засега останува сигурна. Англиската фудбалска асоцијација, предводена од извршниот директор Марк Булингам, продолжува да го поддржува германскиот стручњак, кој треба да ја предводи ...
Вечерва од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, Шкендија ќе се сретне со Европа од Гибралтар, во реванш дуел од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Јасно е дека ова за тетовци ќе биде само формалност со оглед на тоа дека на првиот меч, и тоа како гости, славеа со 0:5 па така вечерва избраниците на стратегот Артим Положани ќе се “загреваат“ за двомечот со словенечкиот Браво во втората квалификациска рунда. ...
По феноменалниот пресврт против Англија и победата од 2:1, Аргентина се пласира во второто последователно финале на Светското првенство, но по натпреварот во Атланта, еден необичен детаљ привлече внимание. Снимките од ESPN го покажуваат Нико Гонзалез како му ги покажува на Лионел Меси упатствата што голманот на Англија ги имал за аргентинските изведувачи. Реакцијата на Меси станала моментален хит, бидејќи капитенот на Аргентина практично сè ...
Патот кон ФИБА Евробаскет 2029 продолжува со ждрепката за втората рунда од претквалификациите, која ќе се одржи денеска (четврток, 16 јули) со почеток во 12:45 часот во Минхен. Во оваа фаза ќе бидат распоредени 12 репрезентации, меѓу кои и Македонија, која обезбеди пласман како победник во својата група од првата рунда. Заедно со нашиот национален тим во ждрепката ќе се најдат уште Бугарија, Словачка, Норвешка, Австрија, Белгија, Кипар, ...
Аргентина ќе се бори за својата четврта титула на Светското првенство, и втора по ред, откако „гаучосите“ го обезбедија своето место во финалето на Светското првенство во 2026 година со победа од 2-1 над Англија во полуфиналето. Лионел Меси повторно беше херој на својот тим, бидејќи имаше две асистенции и ја предводеше Аргентина до голем триумф. Капитенот на „гаучосите“ не можеше да го избегне прашањето за споредбата со Диего Марадона, една ...
Англија загуби од Аргентина со 2:1 во полуфиналето на Светското првенство. Избраниците на Томас Тухел поведоа во 55-тата минута со голот на Ентони Гордон, но дозволија Аргентина да се врати и да стигне до финалето преку Фернандез во 85-тата минута и Лаутаро во втората минута од судиското продолжение. Директен виновник за поразот беше Тухел, кој се повлече откако поведе, внесе двајца стопери и ѝ ја предаде иницијативата на Аргентина. “Не ...
Англија остана без финале на Светското првенство, а по драматичниот пораз од 2:1 од Аргентина, Џуд Белингам беше во центарот на вниманието, но не поради играта. Недолго по последниот свиреж на судијата, на социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како Џуд Белингам, ѕвездата на Англија и Реал Мадрид, го удира репрезентативецот на Аргентина, Валентин Барко, одзади, по тилот, додека „Гаучосите“ го славеа пласманот во финалето. ...
Аргентинската репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство по драматичен триумф над Англија, а по завршувањето на натпреварот, во соблекувалната на „гаучосите“ се одигра „третото полувреме“. Со две асистенции на 39-годишниот волшебник Лео Меси, го победија Гордиот Албион со 2:1 и се пласираа во финалето на Светското првенство. По завршувањето на возбудливиот натпревар, во соблекувалната на Аргентина следеше неописливо ...
Македонската ракометарка Елена Ѓорѓиевска е нов член на Ц.Звезда. Ова клуб кој што во новата сезона влегува со големи амбиции. Ѓорѓиевска доаѓа кај “црвено – белите“ да ја засили десната бековска линија. Секако со тоа да го зголеми и севкупниот квалитет на тимот. Искусната македонска ракометарка има богато интернационално искуство. Во минатата сезона беше дел од турскиот состав Одунпазари, а претходно играше и за екипата на Будуќност, со ...
Она што се најавуваше со денови,секако и од наша страна, попладнево е и официјално. Имено Муарем Муарем е новиот стратег на ФК Скопје, тимот кој се врати во елитната лига на Македонија. По разделбата со Алелсандар Таневски, раководството на клубот од Автокоманда се одлучија клупата да му ја доверат на Муарем, кој во изминатите 2-3 години беше тренер на Гостивар, Башкими и Работнички. Скопје со одбрани зборови го претстави својот нов тренер: ...
Силекс утре од 20 часот на стадионот на ФФМ, ќе го одигра реваншот од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции против Динамо Минск. Познато е дека кратовци на овој меч влегуваат со предност од 1:0, обезбедена на првиот дуел кој се одигра минатиот четврток во Стара Загора. Четата на стратегот Александар Васоски, не само што победи против реномираниот тим од Белорусија, туку се претстави во одлично издание. На денешниот прес по повод ...
Балканска работа. Овде се е нешто специјално, ние сме “мајстори“ работите да ги свртиме во некоја посебна конотација. Имено поразот на Франција од Шпанија (2:0) во полуфиналето на Светското првенство предизвика бројни реакции, а меѓу оние што се огласија беше и поранешниот српски репрезентативец Владимир Штимац, кој е познат во својата земја како голем непријател на тамошнуте власти. Поранешниот српски кошаркар ја искористи елиминацијата на ...
Светскиот шампион Аргентина ја победи Англија во полуфиналето на Светското првенство со резултат од 2:1 и со тоа се пласираше во финалето на Мундијалот вторпат по ред. „Гордиот Албион“ последен пат играше во финалето на Светското првенство во 1966 и повторно не успеа да дојде до мечот за светската круна. Од самиот почеток беше јасно дека нè очекува исклучително тежок и борбен натпревар. Веќе во третата минута прва искра на средината на ...
Машката младинска кошаркарска репрезентација на Македонија за играчи до 20 години ја оствари и втората победа на Европското првенство од Б дивизијата, кое се одржува во Словачка. Со голем пресврт во второто полувреме, вечерва нашите млади кошаркари дојдоа до победа од 67:57. Во првиот дел видовме многу подобра партија на Азербејџасн, кој во првиот период направи разлика од 25:16, ние се вративме за момент во вториот период, но главната ...
Себастијан Миње поднесе оставка од функцијата селектор на репрезентацијата на Хаити. Фудбалска федерација на Хаити ја објави оставката на тренерот три недели по елиминацијата на тимот од Светското првенство во 2026 година. Двете страни го прекинаа своето партнерство со меѓусебен договор. Миње е селектор на репрезентацијата на Хаити од март 2024 година. Под негово водство, тимот се квалификуваше на Светското првенство по вторпат во својата ...
Шпанската фудбалска репрезентација е во ново финале, а по Лигата на нации, Европското првенство, можат да го освојат и Светското првенство. Шпанците целосно ја надиграа и ја победија Франција со резултат од 2:0, а сега имаат шанса да го повторат успехот на своите претходници, кои во 2010 и 2012 година (па, тие освоија трофеи и во 2008 година) на Европското и Светското првенство. Фудбалерот од средниот ред на Шпанија и Барселона, Педри, е во ...
Битката за второто место во финалето на Светското првенство 2026 по првите 45 минути не ни овозможи да видиме погодок кој ќе им отвори пат на Англија или Аргентина кон битка со Шпанија в недела во Њујорк. Момците на Тухел и Скалони почнаа внимателно, но уште по првите десетина минути се разгоре битката на теренот со бројни меѓусебни конфронтации и нервоза, која можеби и не дозволи да гледаме подобар фудбал. Важноста на натпреварот си го ...
По повеќе од 14 години, машката У16 ватерполо репрезентација на Македонија повторно ќе настапи на официјално меѓународно првенство. Во периодот од 16 до 19 јули, нашите млади ватерполисти ќе ја претставуваат државата на Балканското првенство во Солун, Грција. Овој настап има историско значење бидејќи претставува враќање на македонското ватерполо на меѓународната сцена и важен чекор во развојот на новите генерации репрезентативци. Иако ...
Касинос Аустриа Интернатионал Македонија инвестира во проекти што оставаат трајна вредност за локалната заедница. Со донација од 6.690.600 денари, компанијата целосно го реконструираше мултифункционалното спортско игралиште во рамките на ООУ „Гоце Делчев“во Виница, создавајќи современ, безбеден и функционален простор за спорт и рекреација. Во рамки на реконструкцијата, дотраената асфалтна подлога беше заменета со современа гумирана тартан ...
Тетовска Шкендија утре на реваншот во Скопје против Европа од Гибралтар треба да го потврди своето место во втората рунда од квафификациите за Конференциската ЛИга. Вечерва избраниците на Положани го одработија официјалниот тренинг на Националната арена и најавија дека се подготвени за уште една победа. Тетовска Шкендија утре на реваншот во Скопје против Европа од Гибралтар треба да го потврди своето место во втората рунда од ...
Некогаш беа сила во Европа и Франција. Некогаш пред три децении, во летото 1995 година играа против Вардар во фудбалска лига, а сега ќе играат во регионална или шеста по ранг лига во својата земја. Францускиот фудбал беше потресен од шокантни вести откако Бордо беше административно исфрлен од Регионална лига 1, кој претставува шести ранг на натпреварувањето во Франција, со одлука на DNCG. Одлуката предизвика неверица кај навивачите, со оглед ...
Ла Фиорита, клуб од Сан Марино кој минатата година му беше ривал на Вардар во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, испиша историја ова лето во европските купови, секако во негативна конотација. Европската клупска сезона 2026/27 штотуку започна, а веќе е испишана историја каква што никогаш порано не е запишана. За прв пат откако се играат европски клупски натпреварувања, еден клуб го заврши својот настап во Европа веќе во првата ...
Шпанската фудбалска репрезентација со нетрпение го очекува финалето во недела во Њујорк, кое би можело значително да се промени. Иако сè уште не е потврдено од ФИФА, се очекува паузата на полувремето да трае до 30 минути, повеќе од двојно од вообичаената должина, според каталонскиот весник „Мундо Депортиво“, повикувајќи се на англиски медиуми. ФИФА планира да го искористи тоа време за втората половина од церемонијата на затворање на ...
Шпанија веќе е во финалето на Светското првенство, а Ламин Јамал не криеше против кого сака да игра во натпреварот за титулата. Младата ѕвезда на Барселона рече дека сонува за финале против Лионел Меси и Аргентина. „Да се соочиме со Лео Меси во финалето на Светското првенство би било фантастично. Се надевам дека ќе се случи“, рече Јамал. За да стигне до таков судир, Аргентина мора да ја победи Англија во полуфиналето на стадионот во Атланта. ...
Веројатно сте виделе разни видеа и најави дека во среда целиот свет ќе ја поддржува Англија и против Аргентина. Тоа, секако не е вистина, но социјалните мрежи се користат за вакви шеги. Шкотланѓаните, на пример, многу сериозно ја сфатија својата обврска да ја поддржуваат Аргентина. Иако ќе ви кажат дека не е вистина дека секогаш навиваат само против Англија и дека тоа е само затоа што имаат историски врски со голем број земји, тоа не е ...
Англија и Аргентина ќе се сретнат во полуфиналето на Светското првенство вечерва од 21 часот. Ова е жесток дуел помеѓу две земји кои не се сакаат, најмногу поради војната на Фолкландските Острови во 1982 година. Непријателството помеѓу Аргентинците и Англичаните е отворено нагласено во нивните медиуми, а потпретседателката на Аргентина, Викторија Виљаруел, имаше нешто да каже на оваа тема. „Денес играме против узурпирачки пирати. Ова не е ...
Вардар вчера во Куопио одигра добар натпревар во реваншот против КуПС во рамките на 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Успеа да победи со 2:3, во меч во кој имаше и продолженија, но сепак тоа не беше доволно за минување во следната фаза. Бекот на Вардар, Михаил Маневски со кус коментар по елиминацијата во квалификациите во Лигата на Шампионите, а во пресрет на двомечот со Рига во 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции. ...
Лионел Меси го промени начинот на кој влијае на играта на ова Светско првенство, а неверојатната статистика покажува дека тој речиси половина од времето на теренот го поминува пеш. Додека Аргентина се подготвува за полуфиналето со Англија, податоците откриваат како напаѓачот се прилагодил да доминира над противниците и да заштеди енергија за клучните моменти што го одлучуваат натпреварот. Според неодамнешниот извештај на Би-Би-Си, Меси ...