Турскиот второлигаш Јени Малатјаспор има сезона за историја, на три кола до крајот имаат -21 бод. Овој ретко виден неуспех се должи на тоа што ФИФА им одзеде 18 поени поради неисполнување на финансиските обврски во три одделни случаи, а покрај тоа, Турската фудбалска федерација им одзеде уште 3 бода поради непојавувањето на нивниот прв натпревар против Пендикспор. Фудбалерите на Малатијаспор сезонава имаат 35 порази од 35 досегашни натпревари ...

Со дуелите Фенербахче – Париз и Панатинаикос – Анадолу Ефес, вечерва стартува разигрувањето за титулата во кошаркарската Евролига. Квотите во Sport Life ги фаворизираат домашните екипи. Ова се први мечеви од четвртфиналето, а се игра во три добиени. Во Sport Life има огромна понуда на игри, меѓу нив и да се обложите кои тимови ќе се пласираат на фајнал-форот. И тука фаворити од вечерашните парови се Фенербахче и Панатинаикос. Може да одиграте ...

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на прес-конференцијата пред утрешниот лигашки меч со Хетафе, говореше за својата иднина во Кралскиот клуб. Постојано се шпекулира дека ќе биде сменет, можеби уште пред крајот на сезонава, и оти од јуни ќе стане селектор на Бразил. „Имам многу добри односи со клубот, тие знаат дека ова е тешка сезона. Јас сум среќен, задоволен, разбирливо под голем притисок, но тоа е секогаш случај во оваа фаза од ...

Анализата на одборот на судии потврдила дека голот кој Вардар го постигна за 1-1 на гостувањето кај Воска спорт викендов бил регуларен. Од Воска самоволно го напуштија теренот во знак на протест и сега ги чека тешка казна. „Одборот на судии во рамкитр на Фудбалската федерација на Македонија остануваат цврсто посветени на транспарентноста и отчетноста како основни вредности во работењето со единствена цел – развој на фудбалски систем базиран на ...

Погребот на Папата Франциск е закажан за в сабота во Рим, а донесена е одлука тој ден да не се играат фудбалски натпревари во Италија. Одложено е и дербито Интер – Рома, а според италијанските медиуми, има само две опции, или да се игра в недела наместо в сабота, или да не се игра викендов туку дури на 21 мај, кој е прв слободен термин за Интер, кој има обврски и во Лигата на шампионите и во Купот на Италија. Ако се игра в недела, Интер ќе има ...

Лидс вчера го прослави влегувањето во Премиер лигата, го обезбедија најмалку второто место во англискиот Чемпионшип, а остануваат уште две кола во кои може да продолжи една интересна традиција. Лидс е прв на табелата во второто по ранг натпреварување во Англија, а има ист број бодови со второпласираниот Барнли. Им останаа уште дуели со Бристол сити дома и гостување кај Плимут, на кои ако освои 6 бода, сигурно останува прв и како шампион на ...

Кошаркарската федерација на Македонија објави соопштение во кое потврди дека ‘бојкотот’ на судиите е ставен во мирување и направено е делегирање за мечевите од машкиот плејоф и плејаут кои ќе се играат утре. „Во текот на оваа седмица, а согласно роковите од Судиската организација, КФСМ ќе ги комплетира долговите кон судиите, со исклучок на Првата МТЕЛ лига (мажи). Преостанатите шест неисплатени кола од ова натпреварување ќе бидат исплатени ...

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер објави дека се продадени сите билети за дербито со Вардар 1961 кои беа пуштени во продажба преку интернет. Билетите беа пуштени на пладне, а само пет минути подоцна веќе не можеа да се најдат. Домашните ќе имаат огромна поддршка од трибините, натпреварот се игра в четврток (24 април) од 18.30 часот. Се покажа дека салата „Боро Чурлевски“ ќе биде претесна за сите кои ќе сакаат да го гледаат овој ...

Милан загуби од Аталанта на домашен терен со 0-1 во неделата, но се чини дека „црвено-црните“ со мислите беа насочени кон реваншот против Интер во полуфиналето од Купот на Италија. Екипата предводена од Сержо Консеисао е далеку од посакуваните резултати оваа сезона, па шансата за трофеј ја гледа токму во Купот, а Португалецот за лошите резултати ги обвини медиумите. „Откако дојдов и го освоив Супер купот, секојдневно се зборува за тренерите кои ...

Манчестер јунајтед по секоја цена сака налето да се ослободи од камерунскиот голман Андре Онана. Сепак, најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, тврди дека голманот нема намера да си замине од „Олд Трафорд“ и е решен да остане за да докаже дека има квалитет. Неговата плата во моментов изнесува 200.000 фунти неделно, а тој износ му го нудат и од Саудиска Арабија, без разлика дали би заминал како позајмен или неговиот договор ќе биде ...

Врвниот европски фудбал секогаш е повозбудлив кога е во комбинација со најголемите квоти во Македонија, а тие се во Бет билдерот на Sport Life. Во денешната понуда се трите најинтересни меча, по еден од Шпанија, Англија и Франција, а квотите достигнуваат дури и до 23.00. По две опции се на располагање за натпреварите на Барселона, Манчестер сити и ПСЖ. За дуелот помеѓу Нант и ПСЖ, двете опции имаат квота од по 15.00, додека Манчестер сити и ...

Десното крило на Олимпик Марсеј, Луис Енрике, од наредната сезона ќе биде дел од членот на Серија А, Интер. Фудбалерот и клубот од Милано веќе ги договориле личните услови, па сега останува само уште раководството на Марсеј да ја прифати понудата, која изнесува 24 милиони евра фиксно и дополнителни четири милиони евра бонуси. Иако можеби е рано, сепак од Интер сакаат да дојдат до потписот на Енрике уште на почетокот на летниот трансфер-период за ...

Шведскиот дефанзивец во редовите на Манчестер јунајтед, Виктор Линделеф, не беше дел од поставата која го направи епскиот пресврт против Лион во Лигата на Европа и официјално според записникот беше резерва. Сепак, тој воопшто и не бил на стадионот бидејќи морало итно да замине поради драма која се случувала во неговиот дом, а случката за медиумите ја откри неговата сопруга Маја. „Еден час пред мечот ме повика дадилката и ми рече дека се во ...

1104 Манчестер сити – Астон вила (21:00) Како што најави и самиот Пеп Гвардиола, финалето на сезоната за Манчестер сити ќе биде дуелот против Астон вила. Можеби овој меч не е решавачки, но е еден од најважните за пласманот во Лигата на шампионите, не само за Граѓаните, туку и за гостите од Бирмингам. Манчестер сити е петти со 58 бода, еден помалку од Њукасл и минус два од Нотингам форест, додека Челзи и Астон вила се на шестата и седмата ...

Манчестер сити вечерва ја пречекува Астон вила во меч од Премиер лигата, но и во директна битка за влез во „петката“, која ќе ја претставува Англија во Лигата на шампионите следната сезона. Едно од прашањата на прес-конференцијата пред мечот беше поврзано за Морган Роџерс, фудбалер кој беше дел од Манчестер сити, но не забележа ниту еден официјален настап, а сега блеска во Астон вила. „Тој беше дел од втората екипа, а понекогаш тренираше и со ...

Натпревари од четири различни спорта се дел од понудата со зголемени квоти во Супер типот на Sport Life. Половина од 16-те натпревари, или осум, се од фудбалот, па според бројот, следува кошарката со четири меча, три дуели се од тенисот и еден натпревар е од хокејот. Понудата започнува во 12:30 часот со два тениски натпревари, а првиот фудбалски меч се игра во 18 часот. Најголемо внимание привлекуваат зголемените квоти за победи на Валенсија, ...

Редовен играч на Sport Life од Пробиштип навистина може да жали за убавата добивка која му избега за само еден меч. Храбриот играч на тикетот има дури 24 натпревари, сите одиграни на голови, 2+ или 3+, а на крајот успеа да погоди 23 од нив. Тикетот е уплатен за само 20 денари, а добивката изнесува 354.943 денари, кои му избегаа само поради мечот од втората норвешка лига помеѓу Алесунд и Мјондален. Потребни беа минимум три гола, што често се ...

Пет натпревари од врвните европски фудбалски лиги се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 50.9, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.40. Од екипите на Валенсија и Еспањол се очекува да одиграат ефикасен меч, но за да биде добитна квотата од 2.25 потребно е да постигнат помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме. ПСЖ на 29 меча оваа сезона во Лига 1 нема пораз, ...

Бразилскиот напаѓач од Вулверхемптон, Матеус Куња, е една од желбите на Рубен Аморим за летниот трансфер период. Тој беше дел од екипата на Вулвс која победи на „Олд Трафорд“ во неделата со 0-1, но иако не постигна гол против Манчестер јунајтед, сепак, и самиот најави дека е време да оди чекор напред. „Јасно кажав дека сакам да направам чекор напред во кариерата. Сакам да се борам за титулите, за важни работи. Имам потенцијал.“ – рече Куња после ...

Шпански „Релевао“ најавува дека Карло Анчелоти и дефинитивно си заминува налето и нема да ја чека одлуката на раководството. Како што пишува медиумот, Италијанецот е свесен дека елиминацијата од Арсенал ја прелило чашата, па веќе стапил во контакт со Фудбалскиот сојуз на Бразил и ќе ја преземе репрезентацијата на „кариоките“. Планот на Анчелоти е најпрво да се одмори од фудбалот, а кон крајот на летото да се пресели во Бразил, што би било во ...

Двете гостински екипи успеаја да направат брејк на синоќешните натпревари од НБА плеј-офот, па сега и двете серии се израмнети, 1-1. Никола Јокиќ дојди до трипл-дабл од 26 поени, 12 скока и 10 асистенции, но и тоа не беше доволно за да спречидомашен пораз од ЛА Клиперс со 102-105. Леонард со 39 поени беше предводник на гостите, па сега серијата се сели во Лос Анџелес. Клучен период за победата на Клиперси беше втората, која ја добија со 21-30 и ...

Фудбалскиот клуб Го Ахед Иглс вечерва испиша историја, бидејќи за првпат во своето постоење го освои Купот на Холандија. Во финалето, Орлите играа со АЗ Алкмар, а финалето кое се играше во Ротердам, беше одлучено на пенали. Во регуларниот дел беше 1-1, а Го Ахед Иглс даде гол за спас од пораз во 99-та минута од пенал. Го Ахед Иглс четири пати бил првак на Холандија, но последен пат пред дури 92 години, а ова им беше второ куп финале по ...

Бетис предводен од славеникот Иско (гол и асистенција) кој денеска наполни 33 години, без проблем ја победи Жирона со 3-1 и сега каталонскиот тим чиј член е Бојан Миовски, има низа од четири порази едноподруго и се наоѓа на само три бода над опасната зона која води во втората шпанска лига. Жирона во минатата сезона беше хит, се бореше за титула, играа во Лига на шампиони, но сега пак се оние старите како порано и им се заканува испаѓање. Вечерва ...

Ал-Итихад кој пред две сезони беше првак на Саудиска Арабија, е блиску до освојување на титула и оваа сезона. Вечерва тимот на тренерот Лоран Блан за кој играат Бензема, Канте, Фабињо, Диаби, Ауар, Данило Переира, го победи Ал-Етифак со 3-2 и на пет кола до крај има шест бода пред актуелниот првак Ал-Хилал. Во следното коло Бензема и другарите играат со Ал-Наср на Кристијано Роналдо, и ако освојат три бода и на тој меч на 7-ми мај, тешко дека ...

Португалската фудбалска легенда Луис Фиго, прогнозира дека Пари Сен Жермен ќе биде освојувач на трофејот во Лигата на шампионите. „Тешко е да се каже со сигурност кој ќе освои. Според мене, ПСЖ ќе ја освои Лигата на шампионите. Имаат константност од резултати и физички се одлично подготвени во моментов“, вели поранешниот фудбалер на Барселона, Реал Мадрид и Интер. Барса и Интер ќе играат еден против друг во полуфиналето. „Имаат многу различни ...

Светскиот рекордер во скок со стап, Швеѓанецот Арманд Дуплантис, е прогласен за спортист на годината на гала церемонијата „Лауреус“ која се одржува вечерва во Мадрид. Лани наградата му припадна на Новак Ѓоковиќ кој е рекордер со пет вакви признанија, а годинава кандидати за наградата покрај атлетичарот Дуплантис беа уште тенисерот Карлос Алкараз, пливачот Леон Маршан, велосипедистот Тадеј Погачар и Формула 1 пилотот Макс Ферстапен. Тим на ...

Победата на Барнли од 2-1 против Шефилд јунајтед вечерва, и дефинитивно значи дека Барнли и Лидс како две најдобри екипи од Чемпионшип влегуваат во Премиер лигата и следната сезона ќе бидат дел од англиската елита. На Шефилд му требаше победа за да ги задржи шансите за директен влез во Премиер лигата, а Лидс чекаше нивен пораз или реми против Барнли за да го почне славјето. Барнли експресно се враќа во Премиер лигата од која испадна минатата ...

Најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, при посетата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид беше воодушевен и истакна дека ова е најубавиот стадион на светот, и дека ги сакал таму еден ден да одигра тениски меч. Ѓоковиќ кој синоќа присуствуваше на мечот Реал Мадрид – Атлетик Билбао и бурно го прослави голот на Федерико Валверде со кој Кралскиот клуб победи со 1-0, вечерва во главниот град на Шпанија ќе ја додели наградата ...

По повод смртта на папата Франциск, преку социјалните мрежи се огласи и фудбалската икона Лионел Меси. „Еден посебен Папа, близок, Аргентинец. Почивај во мир Папа Франциск. Ти благодарам што светот го направи подобро место. Ќе ни недостасуваш“, напиша Меси. Меси исто како и папата, е Аргентинец, а ги поврзува и фудбалот. Папата беше голем љубител на фудбалот, навиваше за клубот Сан Лоренцо. Инаку, папата поради даден завет, уште од јули 1990 ...

Ако се суди според првите мечеви во нивните серии, вечерва треба да биде многу интересно на средбите во Денвер и Њујорк од плејофот во НБА лигата. Њујорк никс води со 1-0 против Детроит, а Пистонс ќе се обиде да се реваншира и да направи тоа што испушти да го направи на првиот дуел. Детроит водеше со осум поени разлика после три четвртини, но Никс со серија од 21-0 направија пресврт и на крај победија дури и убедливо со двоцифрена разлика. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.03
44%
1007
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
94%
1008
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
67%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
47%
1007
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
1.76
61%
1005
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 14ᴼ
0.0
88%
1011
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
3.13
38%
1006
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
50%
1007
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.57
73%
1006
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
3.6
44%
1002
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
7.2
87%
1006
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.06
65%
1006
Currency

61.535

Currency

52.5103

Currency

71.238

Currency

34.2452

Currency

38.4216

Currency

65.8439

Currency

7.32685

Currency

0.67241

Currency

0.35778

Currency

0.52473

Currency

1.31408

Currency

0.613

Алуминиум

2.57

Иридиум

146352.71

Кобалт

42.99

Никел

14917.50

Рутениум

24370.27

Калај

33.68

Сребро

1183.96

Злато

107236.00

Бакар

10.09

Паладиум

35848.08

Платина

44125.90

Родиум

176829.11

Цинк

2.67