
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Бразилецот Џоване Елбер постигна 139 гола за шест сезони во дресот на баварскиот гигант Баерн, сега е амбасадор на клубот, а во интервју за шпанскиот „Ас“ се осврна на повеќе теми, меѓу кои и разликите во фудбалот од времето кога тој настапуваше и сегашноста. Елбер смета дека Светското клуско првенство е одлично искуство, особено за јужноамериканските тимови кои уживаат бидејќи не секогаш имаат можност да се натпреваруваат против врвните ...
Десниот бек на Манчестер сити, Кајл Вокер, кој минатата сезона настапуваше како позајмен играч во Милан, се договорил со Евертон за едногодишна соработка. Според информациите, 35-годишниот англиски репрезентативец и раководството на Карамелите постигнале принципиелен договор, а сега останува клубовите да утврдат дали трансферот ќе биде постојан за симболична сума или ќе се реализира како позајмица до истекот на договорот со Сити, кој завршува за ...
Раководството на кошаркарската федерација откри со какви проблеми се соочува А тимот во моментов. Некои од повозраните играчи не биле расположени да се појават на мечевите во август, но ќе се направат напори и тие да убедени да имаат пократок летен одмор, и да помогнат на важните мечеви летово. „Се молиме со играчи да дојдат во националниот тим. Ако не чувствуваме обврска да се игра за својата земја, џабе ни е. Има такви кои вртат грб на ...
Марјан Илиевски беше промовиран во нов селектор на машката сениорска кошаркарска репрезентација. Некогашниот кошаркар кој има и сериозно тренерско искуство, е 17-тиот селектор кој го имала Македонија, и го наследува Александар Јончевски на кого договорот му беше истечен. „Му благодарам на раководството што му укажаа чест и на моите стручни соработници. Очекувам од сите да бидеме вклучени и да си пружиме рака. Клубовите мора да извршат влијание ...
Шест Бет билдер комбинации од мечевите на Светското клупско првенство со квоти од 13.0 до 20.0 се наоѓаат во денешната понуда на Sport Life. На најголемата квота од 20 може да одиграте ако ваш фаворит е Ривер плејт против јапонскиот тим Урава редс. За добивка потребно е Ривер даде барем два гола, да изведе минимум три корнери во прво полувреме, да упати барем по три шута во рамки на гол во двете полувремиња, а Урава да има повеќе картони. И кај ...
Поранешниот дефанзивец на Јувентус и италијанската репрезентација, Леонардо Бонучи, објави фотографија со фудбалерката на Манчестер сити и англиска репрезентативка, Стефани Хотон, врз која стартуваше жестоко на добротворен натпревар во Манчестер. Бонучи доби силни критики за грубоста кон колешката. После мечот тие се фотографираа и инцидентот го оставија зад себе, а најдоа простор и за хумор. „Таа е сè уште жива“, стои во описот на ...
3545 Куресаре – Тамека (17.00 часот) Ова е меч од естонската фудбалска лига, и тоа помеѓу два тима кои се борат за опстанок и моментно се претпоследна и трета позиција од долу на табелата со по 13 бода од 16 меча. Особено во криза е домашниот тим, кој врза четири порази по ред во претходните четири кола. Тамека има две победи во последните три кола и малку се одлепи од дното. Тоа е тим кој е малку поефикасен од Куресаре, но и прима малку повеќе ...
Во насока на целосна и професионална имплементација на ВАР технологијата во избраните домашни натпреварувања, Фудбалската федерација на Македонија успешно започна со обука на техничкиот кадар кој ќе работи како оператори за повторување на снимка (Replay Operators). По претходна селекција, осум технички едуцирани и подготвени кандидати беа избрани да ја започнат специјализираната обука. Во периодот од 2. до 5. јуни ја посетија интензивната ...
Откако Црвена ѕвезда беше елиминирана во два натпревари од полуфиналето на Суперлигата на Србија, по натпреварот во Суботица, на кој Спартак ги надигра Црвен-белите со 93-77, тренерот на белградскиот евролигаш, Јанис Сферопулос, се повлече од социјалните мрежи. Тој беше активен на „Икс“, (поранешен „Твитер“), но веднаш по натпреварот го деактивираше својот профил. Искусниот грчки стручњак им се извини на навивачите на прес-конференцијата по ...
Денешните пет предлози на Sport Life како Квоти на денот прават вкупен коефициент 51, па лесно може да ја пресметате можната добивка ако ги ставите на ист тикет. Квота од 2.30 се нуди за играта дека ќе има победник на мечот Грузија – Португалија од младинското ЕП и притоа дека двата тима ќе дадат гол. Доколку верувате дека Борусија Дортмунд во двете полувремиња против Флуминенсе ќе постигне од еден до два гола, искористете ја поволноста на Sport ...
Махмуд Ахмед Хасан, попознат по прекарот Трезеге, стана трагичар на египетскиот тим Ал-Ахли откако не реализира пенал со кој африканскиот гигант можеше да го победи Интер Мајами на Лионел Меси во првиот натпревар од Светското клупско првенство. Мечот заврши 0-0, а египетските медиуми објавија дека Трезеге добил казна од клубот, но не поради утката, туку поради нешто друго. Според извештаите, Трезеге бил казнет затоа што не ги следел наредбите ...
Зголемените квоти кои секој ден ги нуди Sport Life во својата Супер тип понуда се магнет за играчите, овие џокери се одлична можност за подобрување на потенцијалната добивка, особено кога има голем број привлечни и атрактивни мечеви со големи фаворити како денеска. Ретко кој не би сакал квота од 1.54 за победа на Интер, 1.63 за Ривер или 1.68 за триумф на Дортмунд во ситуација кога во билтенот и додатокот квотите за победи на трите денешни ...
Македонските клубови ги добија можните ривали за попладневната ждрепка за европските купови. Во првото квалификациски коло од Конференциската лига ќе имаме три претставници и тоа Вардар, Работнички и Силекс. Ждрепката е од 16 часот. Вардар може да се падне со Дуделанж од Луксембург како најнезгоден ривал, а другите три опции му се словенечки Копер, Сутјеска од Црна Гора и Ла Фјорита од Сан Марино. Силекс ќе оди на Дечиќ (Црна Гора), Петроклуб ...
Антоан Гриезман и Ерика Чоперена по четврти пат станаа родители, ја добија четвртата ќерка која се родила завчера на 15-ти јуни, а верувале или не, дека малата Шаи е прва нивна ќерка која не е родена на 8-ми април. Миа во 2016, Амарон во 2019 и Алба во 2011 година, се родија на 8-ми април. Сепак и датумот на кој се роди Шаи е важен за нив, раѓањето на Шаи се случи само неколку часа пред годишнината од бракот на нејзините родители. Антоан и ...
Оклахома Сити тандер поведе против Индијана пејсерс со 3-2 во финалето на НБА лигата и дојде на чекор од првата титула во клупската историја откако се преселија во Оклахома. Петтиот меч заврши со победа на Тандер од 120-109, а заслужни за тоа беа Џејлен Вилијамс со 40 (личен плејоф рекорд) и Шај Гилџиус-Александер со 31 поен (имаше и 10 асистенции). Уште од Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг кога играа заедно за Кливленд, не беше видено во големо ...
Бока јуниорс и Бенфика одиграа 2-2 во најинтересниот натпревар досега на Светското клупско првнство кое се игра во САД. Аргентинскиот тим водеше со 2-0, но успеа да победи, а за да им биде уште поболно ремито, головите за португалскиот тим ги постигнаа Аргентинците кои беа исвиркувани во текот на целата средба. Најпрвин погоди Анхел Ди Марија, а во финишот на 2-2 израмни Николас Отаменди. Разликата беше во тоа што Ди Марија не славеше и покажа ...
Даниеле де Роси сè уште важи за главен фаворит за клупата на Парма, но раководството на клубот веќе започнало преговори и со холандскиот стратег Марк ван Бомел, пренесуваат италијанските медиуми. Парма е во потрага по нов предводник откако Кристијан Киву неодамна го напушти клубот за да се врати во Интер. Де Роси брзо се наметна како приоритетна опција, но сè уште нема целосен договор меѓу двете страни. Парма воспоставила првичен контакт и со ...
Реал Мадрид постигна договор со мароканскиот репрезентативец Брахим Дијас за продолжување на неговиот договор до летото 2030 година. Преговорите меѓу клубот и играчот траеја последниве две седмици, а сега се во завршна фаза. Иако неговиот актуелен договор важи уште две години, Дијас веќе дал согласност да потпише нов долгорочен ангажман со Кралскиот клуб, а официјалната потврда се очекува наскоро. Во сезоната што заврши, Дијас запиша 52 настапи ...
Кошаркарите на Спартак Суботица направија сензација и се пласираа во финалето на Суперлигата на Србија, откако во вториот полуфинален натпревар го совладаа фаворизираниот тим на Црвена ѕвезда со убедливи 93-77. Ова е првпат од сезоната 2010/11 тимот на Црвена ѕвезда да не се најде во големото финале, што го прави триумфот на Спартак уште повпечатлив. Најефикасен во победничкиот тим беше Лука Церовина со одлични 24 поени, додека Душан Милетиќ ...
Поранешниот италијански репрезентативец Чиро Имобиле му e понуден на Милан, јавуваат медиумите на Апенините. Напаѓачот, кој моментално е дел од турскиот Бешикташ, има силна желба да се врати во Серија А и ги поттикнал своите агенти да стапат во контакт со неколку клубови. Имобиле, освојувач на Златната копачка за сезоната 2019/20, смета дека неговото време во Истанбул завршило и сака повторно да облече дрес на клуб од Серија А. Освен со Милан, ...
Италијанскиот гигант Милан сериозно размислува за размена со Барселона, во која би биле вклучени двајца од највредните играчи на двата клуба, Рафаел Леао и Роналд Араухо. Според пишувањата на весникот „Мундо Депортиво“, Росонерите се подготвени да го понудат португалскиот напаѓач во замена за уругвајскиот дефанзивец на каталонскиот клуб. Барселона сè уште го има колумбискиот репрезентативец Луис Дијас како приоритет за засилување на нападот, но ...
Македонскиот прволигаш Работнички продолжува активно да се подготвува за настапите во квалификациите за Конференциската лига, како и за новата сезона во домашното првенство. Ново име во тимот од Дебар Маало е Бразилецот Калани Алмеида, кој потпиша двегодишен договор со клубот. Калани Карилјо Дос Сантос Алмеида има 23 години и игра во нападот. Во Македонија доаѓа од Словенија, каде настапуваше за екипите на НК Горица и НК Томлин. Претходно, ...
Македонската таеквондо натпреварувачка Милијана Рељиќ освои нов медал на престижниот меѓународен турнир одржан во Инсбрук, Австрија, со што направи значаен чекор напред на патот кон Олимписките игри во Лос Анџелес 2028. Со новите освоени поени, Рељиќ значително ги зголемува своите шанси за олимписка норма, а успехот претставува уште една потврда за нејзиниот континуиран напредок на меѓународната сцена. „Ова е радост и гордост за целиот наш ...
Италијанскиот репрезентативец и член на Виртус Болоња, Акиле Полонара, е соочен со нова и тешка животна борба откако му е дијагностицирана миелоидна леукемија, објави неговиот клуб. Полонара, кој пред две години помина низ операција за отстранување тумор на тестисите, сега се соочува со уште посериозна здравствена состојба – малигно заболување на коскената срж. „Клубот Виртус информира дека Акиле Полонара во изминатите недели беше подложен на ...
Шпанските правосудни органи испратија силна порака против фудбалското хулиганство и расизмот, изрекувајќи затворски казни за четворица навивачи на Атлетико Мадрид, кои учествуваа во инцидент пред градското дерби со Реал. Истражните органи докажаа дека осудените лица биле дел од групата што постави кукла обесена на мост во Мадрид, облечена во дрес на Реал Мадрид со името на Винисиус јуниор, чин што беше окарактеризиран како поттикнување на расна ...
Италијанскиот калчолигаш Комо и официјално го претстави хрватскиот репрезентативец Мартин Батурина како ново засилување. Талентираниот играч од средниот ред доаѓа од Динамо Загреб, а трансферот е вреден 17 милиони евра, со дополнителни 5 милиони во форма на бонуси. Дваесет и двегодишниот Батурина потпиша договор на пет години со клубот кој ова лето е исклучително активен на трансфер-пазарот. Во сезоната што заврши, Батурина одигра 45 натпревари ...
Македонскиот шампион Шкендија продолжува со засилувањата за претстојните европски предизвици, а ново име во тимот е добро познатиот Ендрит Красниќи. Играчот за врска потпиша нов договор со тетовскиот клуб и повторно ќе го носи дресот на тетовскиот клуб. Красниќи веќе има едно успешно поглавје во Шкендија, во сезоната 2023/24 одигра 32 натпревари, при што постигна шест голови и подели 13 асистенции. По една година во редовите на косовскиот клуб ...
Серијата се враќа во Оклахома и сега домаќинот сигурно ќе сака да стигне до предност и да направи голем чекор кон титулата. Шеј Гилгес-Александер блескаше на минатиот меч против Индијана, играше симултанка во последната четвртина и донесе брејк, а вечерва по полноќ ќе ја има и поддршката од своите фанови. Оклахома сити тандер влегува како сериозен фаворит за триумф ако се погледнат квотите, но во НБА секако ништо не е сигурно, посебно кога е во ...
Украинскиот Шахтар Донецк своите домашни натпревари во првите две квалификациски кола од европските купови за сезоната 2025/2026 ќе ги игра на стадионот „Стожице“ во словенечката престолнина Љубљана. Шахтар треба да го игра првото квалификациско коло во Лигата на Европа, а потоа второто коло од Лигата на Европа или од Конференциската лига. Како што е познато, поради руската инвазија на Украина, Рударите мораа да се преселат и најчесто играат ...
Барселона се подготвува за враќање на реновираниот стадион „Камп ноу“, а првиот натпревар каде што навивачите ќе можат делумно да ја тестираат реновираната арена се очекува да биде натпреварот од Купот „Жоан Гампер“. На трибините ќе биде дозволено да влезат 25.000 гледачи, што е малку помалку од една четвртина на капацитетот што ќе биде кога ќе завршат градежните работи. Противник на Барселона во натпреварот од Гампер купот најверојатно на 10 ...