Македонската репрезентација утринава на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ ги завршува подготовките во Скопје за првиот плејоф-натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Фудбалерот од средниот ред, Решат Рамадани, истакнува дека тимот е целосно фокусиран на предизвикот што следи. „Свесни сме за значењето на овој натпревар за нас. Ја знаеме вредноста што ја има овој дуел за Македонија и затоа ќе влеземе на теренот подготвени ...

Данска мора да забележи победа в четврток навечер против Македонија ако сака да ги одржи надежите за пласман на Светското првенство 2026. Не станува збор само за обичен натпревар, туку за бараж-дуел, кој ќе ги загуби и шансите дека може да биде дел од Мундијалот. Токму ова им прави голем притисок на данските фудбалери кои се сметаат за големи фаворити во пресрет на пресметката со нашиот национален тим. Според данскиот фудбалски експерт, ...

За сите навивачи и поддржувачи на македонската фудбалска репрезентација кои ќе присуствуваат на бараж натпреварот против Данска, закажан за 26 март 2026 година со почеток во 20:45 часот на стадионот „Паркен“ во Копенхаген, ги споделуваме следните важни информации: Фан зоната за македонските навивачи ќе биде лоцирана во „The Old Irish Pub“ и ќе биде отворена од 12:00 часот на денот на натпреварот. Организираното движење кон стадионот ќе ...

Нешто повеќе од 48 часа остануваат до одигрувањето на мечот меѓу Данска и Македонија во баражот за пласман на Светското првенство кое ова лето ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Вообичаено, селекторот на Данска Брајан Ример нема многу дилеми околу стартниот составот за меѓународен меч. Сепак, сега ситуацијата е малку поинаква. Неколку важни играчи се повредени има и суспендирани, па Ример е во дилема за тоа со кои 11 ќе го започне мечот на ...

Навивачката Фаланга кога секогаш и секаде ги бодри националните селекции на Македонија, ќе биде присутна и на стадионот „Паркен“ во Копенхаген. Повеќе од 1.000 македонски навивачи веќе имаат обезбедено билети за бараж дуелот за пласман на СП 2026 меѓу Данска и Македонија. Нашата навивачка група веќе некое време има убава традиција, а тоа е да одигра фудбалски натпревар против фановите на противнчката репрезентација. Така беше во Велс, така ...

1024 Донкастер – Порт Вејл (20:45) Донкастер ја има фаворитската улога во дуелот против Порт Вејл, а тоа се должи, пред сè, на пласманот на екипите на табелата. Домашните се во втората половина и во борба за опстанок, додека гостите го имаат „фенерот“. Очекувањата се дека на мечот од третата англиска лига ќе има голови и во двете полувремиња. Предлог тип: 1Х&13I13II (2.30) 1037 Олдам – Нотс каунти (20:45) Олдам и Нотс каунти играат во ...

Диего Армандо Марадона Јуниор даде интересно мислење за споредбата меѓу својот татко и актуелниот клучен играч на Наполи, давајќи исклучително висока оценка за Скот Мектоминеј. „По татко ми, Мектоминеј е најдобриот играч во историјата на Наполи. Во Наполи имавме Бог во ликот на Диего Армандо Марадона, но за мене Мектоминеј е Исус.“, изјави синот на легендарниот Марадона. Досега Мектоминеј има 11 гола и четири асистенции на 36 официјални ...

Во денови кога фокусот е ставен на подготовките за настапи на националните селелции, фудбалот е во „втор план“, барем кога се работи за Супер типот на Sport Life. Четири различни спорта се дел од понудата, а доминира хокејот дури со шест пресметки. Интересно е дека на сите шест меча, домаќините ја имаат фаворитската улога за победа и имаат зголемени коефициенти, а квотите се движат од 1.50 до 1.95. Се очекува на победи да се радуваат екипите ...

Македонската фудбалска репрезентација денеска ќе отпатува во Копенхаген, каде што в четврток ја очекува дуел против Данска во баражот за пласман на Светско првенство 2026. Голем е мотивот кај сите фудбалери затоа што имаат историска шанса да бидат првите кои успеале да ја одведат Македонија на завршница на еден Мундијал. Доколку ја елиминираат Данска, пред Македонија ќе има само уште една препрека за да се стигне до толкупосакуваниот пласман ...

Нови пет меча се дел од понудата со Квотите на денот во Sport Life. Квотите на петте предлози се движат помеѓу 1.70 и 2.50, додека заедно прават одличен тикет со квота од 38.2. Очекувањата се дека Камбур нема да загуби на гостувањето кај Емен, а доколку тоа се оствари и ако во првото полувреме нема повеќе од еден гол, тогаш квотата од 2.30 ќе биде добитна. Понудената квота од 1.70 за мечот на Донкастер и Порт Вејл ќе биде добитна само ако ...

Вториот светски тенисер, Јаник Синер, ја забележа и осмата последнователна победа по неочекуваниот поразот од Меншик во Доха. За Италијанецот ова беше втор триумф на турнирот во Мајами, со што стана последниот осминафиналист. Синер со максимални 2-0 славеше над францускиот тенисер, Корентин Мутет, и за 72 минути игра му дозволи на противникот да освои само пет гема. 33-тиот тенисер во светот, во првиот сет освои само еден поен, додека во ...

Најдобриот македонски фудбалер на 20. век, Дарко Панчев, во интервју за Флешскор зборуваше за многу фудбалски теми, а неизбежна беше и онаа најактуелната – бараж дуелот на Македонија против Данска за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. „Секогаш постои шанса, но играчите мора да веруваат и да се обидат, бидејќи немаат што да изгубат. Данска е фаворит и со улогата на фаворит, притисокот е врз нив и може да им биде тешко да ...

Лос Анџелес Лејкерс го претрпеа својот прв пораз по серија од девет последователни победи, откако на гостувањето кај Детроит Пистонс загубија со 113:110. Лејкерси на овој натпревар беа без повредениот Маркус Смарт, кој е исклучително важен во одбраната на тимот предводен од Џеј Џеј Редик, што Пистонси го искористија и стигнаа до вредна победа. Детроит до триумфот ги предводеше Џенкинс со 30 поени, осум асистенции и четири скока, додека Џејлен ...

Поранешниот тренер на Ливерпул и Борусија Дортмунд, Јирген Клоп, ги негираше гласините за можно негово назначување во Реал Мадрид, нагласувајќи дека е уморен од вакви вести. Од почетокот на 2025 година, Клоп работи како раководител на фудбалскиот оддел во Ред Бул, компанија чиј систем вклучува четири клуба. „Како треба да изгледа тоа? Реал Мадрид или Флорентино Перез ми се јавува и ме прашува: „Јирген, како си? Дали си заинтересиран?“ Или е ...

На Светското првенство во фудбал кое ќе се игра летово, ќе има четири земји дебитанти, а таа листа може да се прошири и со Македонија. Нашиот национален тим преку баражите може да се пласира на СП, и да им се придружи на Узбекистан, Јордан, Капо Верде (Зеленортски острови) и Курасао како дебитанти на Мундијалите. Освен Македонија, потенцијални дебитанти преку баражите се и Албанија, Косово, Суринам и Нова Каледонија. Познати се 42 учесници ...

Марјан Секуловски е нов тренер на Пелистер и ќе го води тимот до крајот на оваа сезона, официјално објави клубот вечерва. „ФК Пелистер повикува на обединување во последните два месеци од сезоната за исполнување на клупските цели. Нашата идеја е сите структури во клубот и градот да пулсираат исто за на последните девет натпревари оваа сезона Пелистер да биде оној вистинскиот. Затоа решението за излез од кризниот период го побаравме во нашите ...

Некогашниот капитен на Челзи и на англиската репрезентација, Џон Тери, се најде во центарот на вниманието поради негов коментар на социјалните мрежи со кој ја поддржува забраната за носење бурка во Велика Британија. Тери, кој се пензионираше пред осум години, ја поддржа објавата на поранешниот реформистички пратеник Руперт Лоу, кој ја основа својата политичка партија „Врати ја Британија“. Лоу сподели фотографија од жена што носи бурка во ...

Многумина неутрални би сакале малиот Комо да го видат во Лигата на шампионите, тимот на Сеск Фабрегас е во добра позиција првпат да игра во Европа и тоа веднаш во елитното натпреварување, но… Како потенцијални проблеми на хоризонтот се појавуваат стадионот и финансискиот ферплеј. Пред само две сезони, Комо беше во Серија Б, а сега е четврти во Серија А, пред Рома и Јувентус со кои се бори за место во Лигата на шампионите. Како домаќини играат ...

Натпреварот од англискиот Суперкуп во 2026 година, популарниот Комјунити шилд, нема да се одржи на стадионот „Вембли“ во Лондон, туку на „Милениум“ во Кардиф, главниот град на Велс, на 16 август. Како и обично, натпреварот ќе се одржи една недела пред почетокот на новата сезона во англиската Премиер лига. Шампионот и победникот на Купот ќе се натпреваруваат за трофејот. Традиционално, овој меч се игра на славниот „Вембли“, но канадскиот пејач ...

На натпреварот Коринтијанс – Фламенго од бразилската Серија А, холандскиот фудбалер Мемфис Депај се најде во центарот на голем скандал откако во финишот на мечот додека седеше на клупа, нешто чепкаше, а е шпекулира дека играл игри. Неприфатливото и непрофесионално однесување на Мемфис беше забележано од стручниот штаб и доби укор од помошниот тренер, по што го остави телефонот. Депај излезе од игра во 22-рата минута поради повреда. Прво беше ...

Реал Мадрид поднесе жалба против казната на својот играч Федерико Валверде, кој доби црвен картон и беше исклучен при победата од 3:2 против Атлетико Мадрид во Примера. Во 77-мата минута, Валверде беше отстранет од игра по прекршок над Алекс Баена на средината од теренот. Весникот „Марка“ објави дека судијата Хосе Монтеро му покажал директен црвен картон бидејќи „прекршокот е санкциониран како силен удар по нозете одзади“, што било наведено и ...

Ноќните кошаркарски возбудувања во НБА-лигата започнуваат точно на полноќ по македонско време и ќе траат сè до раните утрински часови. Во понудата на Sport Life може да се најдат сите 10 вечерашни натпревари, а според квотите, сигурни победи се очекуваат од Орландо, Атланта, Портланд и ЛА клиперс, екипи кои се големи фаворити на домашен терен. Сепак, најголемиот фаворит вечерва е екипата на Оклахома, која гостува кај Филаделфија со квота од ...

Малиот влог и големите квоти во Sport Life секогаш се добитната комбинација, а така беше и изминатиот викенд. Доказ за тоа се одлично одиграните тикети во Крива Паланка и Ѓорче Петров, кои донесоа големи добивки. Во скопската населба Ѓорче Петров беа одиграни само три меча, па со влог од 50 денари добивката беше фантастични 94.676 денари нето. Сите три натпревари беа одиграни домаќините да постигнат најмалку по три гола во првото полувреме, а ...

Ракометна Македонија е во исчекување на баражот за пласман на Светското првенство 2027 против Словачка, а Европската ракометна федерација веќе ја закажа и ждрепката за квалификациите за пласман на Европското првенство 2028. ЕХФ и официјално ги објави шеширите за ждрепката која ќе се одржи во четврток од 19 часот, а Македонија е во одлична позиција бидејќи се наоѓа во вториот шешир и ќе биде во група со два (условно) послаби противника. Заедно ...

Младата репрезентација на Македонија до 21 година влегува во нов предизвик од квалификациите за Европското првенство 2027 со две тешки гостувања. На 26 март во Емполи избраниците на Горан Станиќ ќе се соочат со Италија, а пет дена подоцна, на 31 март, ќе гостуваат во Ереван кај Ерменија. Нашата селекција веќе ги започна подготовките, со делумно подмладен состав и јасна цел, поконкурентни изданија и позитивен резултат. „Нè очекуваат две ...

Македонските фудбалери имаа специјални гости на последниот тренинг пред патот во Копенхаген и баражот против Данска. Од Фудбалската федерација на Македонија ги повикаа навивачите да им дадат поддршка на фудбалерите на тренинг, а на терените во Ново Лисиче се појавија и десеттици дечиња кои ги поздравија македонските фудбалери. На среќата на малите дечиња им немаше крај, а на овој момент сигурно долго ќе се сеќаваат. По неколкуте минути за ...

Екипата на Башкими прокнижи планирани три бода против „фенерџијата“ Шкупи, но до победата дојде многу потешко од очекуваното. Откако првото полувреме заврши без голови, следуваше шок во Куманово и водство од 2:0 за Шкупи со головите на Зибери во 49-тата и на Чајани во 51-вата минута. Во 72-рата минута следуваше и директен црвен картон за Никел Ор, а тоа како да ги освести кумановци, па направија комплетен пресврт за десет минути со играч ...

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе патува за Копенхаген на меч против Данска од квалификациите за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Напаѓачот Елмин Растодер игра во голгетерска форма за Тун, па него се очекуваат голови и во вторник на баражот против Данците. „Имаме нов селектор и тоа е дополнителна мотивација за нас. Македонија е одлична екипа, се игра само еден натпревар и се е можно. Се работи за ...

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за бараж-мечот против Данска во Копенхаген, а на многумина во мисли им е мечот во Палермо и победата над Италија. Токму херојот од тој натпревар, Александар Трајковски, верува дека Македонија може да направи нов успех. „Мислам дека со нов слеектор, со нова енергија и нова визија ќе се подготвиме добро. Знаеме колку е значаен овој натпревар за нас. Гледам многу добра енергија на тренингот ...

Екипата на Комо е најпријатното изненадување не само во италијанската Серија А туку и во Топ 5 лигите. Тимот кој до пред една и пол година играше во Серија Б, сега блеска во елитното италијанско натпреварување и по 30 одиграни кола е на четвртото место на табелата. Комо моментално е во најдобра форма и победи на последните пет меча во пренството, а со 57 бода е на позиција која води до пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Само ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.89
71%
1022
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
3.13
76%
1021
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.65
71%
1021
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.66
66%
1022
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
2.99
87%
1020
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
0.15
91%
1022
weather icon

Атина

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
60%
1014
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.3
66%
1017
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
4.35
62%
1020
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 13ᴼ
0.89
94%
1020
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.34
81%
1020
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
3.74
100%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Платина

53756.05

Цинк

0.00

Паладиум

39545.42

Алуминиум

3.48

Родиум

257205.97

Бакар

12.52

Рутениум

48965.59

Злато

131337.93

Калај

51.97

Иридиум

253540.09

Сребро

2072.63

Кобалт

45.39