Во денешната Супер тип 16-ка доминира фудбалот со 12 меча со по пет различни комбинации, но има и интересни предлози од тенис, ракомет и евролигашка кошарка. Само тука може да најдете толку големи квоти за победи на многу фаворити и тоа се џокери со кои може да си ја зголемите потенцијалната добивка на тикетите. Има привлечни квоти за порази на Реал и Барса во кошарка, ако сте за Интер тогаш кецот за победа над Милан ќе ви биде супер, а има и ...

Раководството на Лидс јунајтед започнува со работа околу проширување на стадионот „Еланд Роуд“, со што овој објект би станал седми по големина фудбалски стадион во Англија. Градскиот совет на Лидс денеска ќе одржи состанок на оваа тема. Откако обезбеди промоција во Премиер лигата, Лидс планираат сериозна модернизација на својот стадион. Според информациите на „Дејли Мејл“, клубот има намера да го зголеми капацитетот на „Еланд Роуд“ од сегашните ...

Вкупна квота од 52.2 се нуди во денешните пет предлози како квоти на денот во обложувалниците Sport Life, а мечевите се атрактивни. Ако верувате дека на Џенова – Лацио ќе има барем по еден гол во двете полувремиња, уплатете во Sport Life, за оваа игра таму ви се нуди убава квота од 2.20. Квотата од 2.05 сигурно ќе ги заинтригира сите кои мислат дека Атлетик Билбао нема да загуби дома од Лас Палмас и притоа на мечот ќе има три или повеќе голови. ...

Смртта на Папата Франциск ја разгоре омразата меѓу навивачите на најголемите шкотски клубови Ренџерс и Селтик. Фановите на Ренџерс се протестанти и блиски до Велика Британија, додека навивачите на Селтик по вера се католици и поблиска им е Ирска отколку Англија. Навивачи на Ренџерс направија графит во кој испишаа порака со која ја слават смртта на Папата. Но, ова ги разлути поддржувачите на Селтик и тие веднаш одговорија. Го префарбаа ...

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, по победата на неговиот тим над Астон Вила од 2-1 со која се доближија до пласман во Лигата на шампионите, се радуваше како мало дете и ги објасни причините за таа експлозија од емоции. „Не сме навикнати на ова. Ливерпул обично постигнува голови во последните минути, но ние не сме навикнати на ова, затоа сум навистина среќен. Астон Вила е еден од најдобрите тимови во Европа во моментов. Фудбалот е ...

Лос Анџелес лејкерс израмни на 1-1 во серијата против Минесота тимбервулфс, додека Индијана пејсерс и Оклахома Сити тандер поведоа со по 2-0 против Милвоки бакс односно Мемфис гризлис во првото коло од НБА плејофот. Езерџиите победија со 94-85 во грд меч за гледање, со многу фаули (46) и промашени шутеви за три поени (двата тима заедно имаа 11 троки од 54 обиди). Тие беа решени да победат, и веднаш во првата четвртина направија 19 поени разлика. ...

Барселона се намачи, но на крајот ја победи Мајорка и тоа минимално со 1:0 во меч од шпанското првенство. Овој дуел е посебен затоа што Барселона упати неверојатни 40 шута кон голот на гостите, а постигна само еден гол. Дани Олмо е херојот на Барселона, откако погоди во првата минута од второто полувреме. Освен Олмо, овој меч го одбележа Жил Кунде. Францускиот интернационалец не беше на теренот, но токму тоа е нешто неверојатно. Кунде остана на ...

Барселона минимално со 1:0 славеше над Мајорка во меч од 33 коло на шпанското првенство. Со оваа победа каталонскиот гигант се зацврсти на чело на табелата и сега има 76 бодови, седум повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид кој за помалку од 24 часа го чека дуел против Хетафе. Домашниот тим доминираше на теренот, но на крајот победи со само еден постигнат гол. Клучниот момент беше на почетокот од второто полувреме. Во првиот напад од второто ...

Манчестер сити со 2:1 славеше над Астон вила во дуел на две екипи кои се борат за позиција која води излез во Лигата на шампиони за следната сезона во Премиер лига. Со оваа победа, Сити стигна до 61 бодови и скокна на третото место на табелата, додека Астон вила остана на 57 бодови и падна на дури седмото место. Сити прв се израдува на погодок и тоа по само седум минути игра, кога Бернардо Силва донесе голема радост за домаќините и водство од ...

Наполи ќе биде без еден од клучните играчи до крајот на сезоната. Повредата на Давид Нерес се покажа како посериозна од очекуваното и тој ќе отсуствува најмалку неколку недели, а до крајот на сезоната нема уште многу. Бразилскиот крилен напаѓач се здоби со повреда на тренинг во петокот. Во Неапол со нетрпение ја чекаа вести за тежината на неговата повреда, но навивачите и тренерот Антонио Конте нема причина за радост. Во медицинскиот билтен на ...

Градските ривали Милан и Интер, в среда ќе играат во меч кој треба да го даде финалистот во Купот на Италија. По првиот меч од полуфиналето, миланските ривали одиграа 1:1, а сега Интер ќе ја има улогата на домаќин што значи дека најголем дел од трибините ќе бидат „обоени“ во сина и црна боја. „За Милан е нормално да игра во финале на Купот. Мечот пртив Интер е најважниот за нас во моментов. Тоа е меч во кој нема фаворит, затоа што таа дадена ...

Еден од најстарите и најтрофејни клубови во Босна и Херцеговина, Слобода Тузла, се наоѓа пред колапс. Клубот кој е основан во 1921 година и е симбол на градот Тузла сега се соочува со најголемата криза во повеќе од едновековното постоење. Иднината на клубот е „на конец“, а навивачите се тие кои се последни во обид да го спасат постоењето на Слобода. Токму фановите под името Фукаре Тузла се огласија со соопштение преку социјалните мрежи. ...

Традиционално, во Шпанија трката за титулата е меѓу Барселона и Реал Мадрид. Каталонскиот гигант е лидер, но Кралскиот клуб сигурно нема лесно да го предаде тронот. Шпанскиот весник „Ас“, објави како би изгледала табелата во Примера дивисион доколку немаше интервенција на ВАР системот. интересно е тоа дека најголемата промена на табелата би била на врвот на табелата. Наместо водечката Барселона, на чело би бил Реал Мадрид и тоа со 76 бодови, ...

Во првиот меч од 31 коло на хрватското првенство, Вараждин на гостински терен славеше со 1:0 против Славен Белупо. На дуелот одигран во Копривница, пред околу 1.500 гледачи, моментот на одлука беше во 62 минута кога Димитар Митровски кога со шут од 15-тина метри го матираше домашниот голман. Митровски со овој погодок само потврди дека е во одлична форма. За него ова беше петти погодок сезонава, а има и една асистенција. Покрај Митровски, во ...

Бразилскиот фудбалер Рафиња блеска на теренот, но и покрај тоа што е еден од лидерите во тимот на Барселона, челниците на каталонскиот гигант размислуваат да го продадат на крајот од сезонава. Рафиња е фантастичен и речиси незадржлив за противничките одбрани. Има 30 голови и 23 асистенции во 48 меча, но и покрај овој биланс, Барселона размислува да го продаде и тоа за сума од 85 милиони евра. Бразилецот и минатото лето беше пред заминување од ...

Смртта на Папата значеше и одложување на многу мечеви во италијанскиот фудбал, како во Серија А така и во пониските лиги. Освен во Италија, на фудбалски план со смртта на Папата актуелни се и во Аргентина, земјата од каде што потекнуваше Папата Франциск. Клубот на Сан Лоренцо, кој гордо се фалеше дека Папата е нивен навивач, извади еден чуден податок и бројки кои тие ги толкуваат на нивен начин. Се верува дека бројот на членската карта на Папата ...

Реал Мадрид продолжува со жестокиот ритам на натпревари. По мечот во неделата, кога играа дерби-дуел против Атлетик Билбао и победија со погодок во 90+3 минута, следниот предизвик за Кралскиот клуб ќе биде дуелот против градскиот ривал Хетафе. Мечот се игра утре, а стартот е закажан за 21:30 часот. Според тренерот на Реал, Карло Анчелоти, токму времето на почеток на натпреварот претставува проблем. „Добро е што немаме долг пат, но можеше времето ...

Три меча ќе се одиграат ноќеска во НБА-плејофот, а многу интересно се очекува да биде во Лос Анџелес, каде што домашните Лејкерс се под притисок дека мора да победат против Минесота. Волците изненадија во првото коло и славеа на гости, па Лејкерс едноставно не смее да си дозволи вторпат да биде поразен пред своите фанови. Оклахома има историска сезона. Овој тим победи на 16 од последните 18 средби кои ги одигра, што само потврдува за одличната ...

На 88 години вчера наутро почина Папата Франциск. Цели 12 години тој беше на чело на Римокатоличката црква. Уште како надбискуп во Аргентина, Франциск отворено кажувал дека на фудбалски план негов омилен клуб му е Сан Лоренцо. Папата дури имал и членска карта како фан на Сан Лоренцо извадена во март 2008 година. Аргентинците се многу горди што токму Франциск беше првиот Папа од Јужна Америка, а посебно горди беа сите оние кои навиваат за Сан ...

Турскиот второлигаш Јени Малатјаспор има сезона за историја, на три кола до крајот имаат -21 бод. Овој ретко виден неуспех се должи на тоа што ФИФА им одзеде 18 поени поради неисполнување на финансиските обврски во три одделни случаи, а покрај тоа, Турската фудбалска федерација им одзеде уште 3 бода поради непојавувањето на нивниот прв натпревар против Пендикспор. Фудбалерите на Малатијаспор сезонава имаат 35 порази од 35 досегашни натпревари ...

Со дуелите Фенербахче – Париз и Панатинаикос – Анадолу Ефес, вечерва стартува разигрувањето за титулата во кошаркарската Евролига. Квотите во Sport Life ги фаворизираат домашните екипи. Ова се први мечеви од четвртфиналето, а се игра во три добиени. Во Sport Life има огромна понуда на игри, меѓу нив и да се обложите кои тимови ќе се пласираат на фајнал-форот. И тука фаворити од вечерашните парови се Фенербахче и Панатинаикос. Може да одиграте ...

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, на прес-конференцијата пред утрешниот лигашки меч со Хетафе, говореше за својата иднина во Кралскиот клуб. Постојано се шпекулира дека ќе биде сменет, можеби уште пред крајот на сезонава, и оти од јуни ќе стане селектор на Бразил. „Имам многу добри односи со клубот, тие знаат дека ова е тешка сезона. Јас сум среќен, задоволен, разбирливо под голем притисок, но тоа е секогаш случај во оваа фаза од ...

Анализата на одборот на судии потврдила дека голот кој Вардар го постигна за 1-1 на гостувањето кај Воска спорт викендов бил регуларен. Од Воска самоволно го напуштија теренот во знак на протест и сега ги чека тешка казна. „Одборот на судии во рамкитр на Фудбалската федерација на Македонија остануваат цврсто посветени на транспарентноста и отчетноста како основни вредности во работењето со единствена цел – развој на фудбалски систем базиран на ...

Погребот на Папата Франциск е закажан за в сабота во Рим, а донесена е одлука тој ден да не се играат фудбалски натпревари во Италија. Одложено е и дербито Интер – Рома, а според италијанските медиуми, има само две опции, или да се игра в недела наместо в сабота, или да не се игра викендов туку дури на 21 мај, кој е прв слободен термин за Интер, кој има обврски и во Лигата на шампионите и во Купот на Италија. Ако се игра в недела, Интер ќе има ...

Лидс вчера го прослави влегувањето во Премиер лигата, го обезбедија најмалку второто место во англискиот Чемпионшип, а остануваат уште две кола во кои може да продолжи една интересна традиција. Лидс е прв на табелата во второто по ранг натпреварување во Англија, а има ист број бодови со второпласираниот Барнли. Им останаа уште дуели со Бристол сити дома и гостување кај Плимут, на кои ако освои 6 бода, сигурно останува прв и како шампион на ...

Кошаркарската федерација на Македонија објави соопштение во кое потврди дека ‘бојкотот’ на судиите е ставен во мирување и направено е делегирање за мечевите од машкиот плејоф и плејаут кои ќе се играат утре. „Во текот на оваа седмица, а согласно роковите од Судиската организација, КФСМ ќе ги комплетира долговите кон судиите, со исклучок на Првата МТЕЛ лига (мажи). Преостанатите шест неисплатени кола од ова натпреварување ќе бидат исплатени ...

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер објави дека се продадени сите билети за дербито со Вардар 1961 кои беа пуштени во продажба преку интернет. Билетите беа пуштени на пладне, а само пет минути подоцна веќе не можеа да се најдат. Домашните ќе имаат огромна поддршка од трибините, натпреварот се игра в четврток (24 април) од 18.30 часот. Се покажа дека салата „Боро Чурлевски“ ќе биде претесна за сите кои ќе сакаат да го гледаат овој ...

Милан загуби од Аталанта на домашен терен со 0-1 во неделата, но се чини дека „црвено-црните“ со мислите беа насочени кон реваншот против Интер во полуфиналето од Купот на Италија. Екипата предводена од Сержо Консеисао е далеку од посакуваните резултати оваа сезона, па шансата за трофеј ја гледа токму во Купот, а Португалецот за лошите резултати ги обвини медиумите. „Откако дојдов и го освоив Супер купот, секојдневно се зборува за тренерите кои ...

Манчестер јунајтед по секоја цена сака налето да се ослободи од камерунскиот голман Андре Онана. Сепак, најпознатиот фудбалски инсајдер, Фабрицио Романо, тврди дека голманот нема намера да си замине од „Олд Трафорд“ и е решен да остане за да докаже дека има квалитет. Неговата плата во моментов изнесува 200.000 фунти неделно, а тој износ му го нудат и од Саудиска Арабија, без разлика дали би заминал како позајмен или неговиот договор ќе биде ...

Врвниот европски фудбал секогаш е повозбудлив кога е во комбинација со најголемите квоти во Македонија, а тие се во Бет билдерот на Sport Life. Во денешната понуда се трите најинтересни меча, по еден од Шпанија, Англија и Франција, а квотите достигнуваат дури и до 23.00. По две опции се на располагање за натпреварите на Барселона, Манчестер сити и ПСЖ. За дуелот помеѓу Нант и ПСЖ, двете опции имаат квота од по 15.00, додека Манчестер сити и ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
3.09
28%
1005
weather icon

Белград

24ᴼ / 23ᴼ
4.12
57%
1004
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
77%
1007
weather icon

Софија

34ᴼ / 34ᴼ
6.17
20%
1004
weather icon

Сараево

38ᴼ / 38ᴼ
7.71
23%
1000
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
73%
1008
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
5.81
27%
1004
weather icon

Тирана

31ᴼ / 31ᴼ
5.14
35%
1007
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
5.14
65%
1006
weather icon

Букурешт

37ᴼ / 35ᴼ
4.12
26%
1001
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.6
79%
1005
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
37%
1006
Currency

61.535

Currency

52.441

Currency

71.238

Currency

34.2452

Currency

38.4216

Currency

65.8439

Currency

7.32685

Currency

0.67241

Currency

0.35778

Currency

0.52473

Currency

1.31408

Currency

0.613

Алуминиум

2.57

Иридиум

146352.71

Кобалт

42.99

Никел

14917.50

Рутениум

24370.27

Калај

33.68

Сребро

1183.96

Злато

107236.00

Бакар

10.09

Паладиум

35848.08

Платина

44125.90

Родиум

176829.11

Цинк

2.67