Скопје
-6ᴼ /
-6ᴼ
1106 Бристол – Плимут (20 ч.) Меч од ЕФЛ трофејот во Англија. Бристол е во четвртата лига, каде што има пет порази по ред и е во долниот дел од табелата. Плимут е во третата лига, но исто така има ужасна низа од пет порази (четири во првенството и еден во Купот). Во последните шест години овие два ривали на седум од последните девет меѓусебни дуели одигра со максиум два гола. Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.85) 1110 Донкастер – Брентфорд ...
Ракометарите на Вардар имаат перфектен старт на новата сезона. Во 11 меча во домашното првенство Црвено-црните имаат исто толку победи, а имаат и две победи во двата досегашни дуели во ЕХФ Европската лига, второто по ранг натпреварување на Стариот континент. Вардар вечерва го има третиот предизвик во Европската лига, и тоа на гости кај Кристијанстад. Шведскиот тим има победа и реми на гостински терен и сега на свој терен се мотивирани да стигнат ...
Квотите на денот најчесто се резервирани за фудбалските возбудувања, но овојпат во комбинацијата од пет средби има и понуда од кошарката и од тенисот. Доколку сите пет понудени комбинации се одиграат заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 43.17. Точно два квота е опцијата на дуелот меѓу Барнски и Линколн сити да има повеќе голови во второто полувреме. МК донс на свој терен игра против Свиндон, а тука опцијата е да биде ...
Светската фудбалска федерација (ФИФА) пронајде нов начин да заработи дополнителни пари на Светското првенство во 2026 година. Одлучено е да се продаваат паркинг места во близина на стадионите, а ценисте се изгор скапи, па се движат од 75 до 175 долари по натпревар. Споредбено, цената на паркирањето ќе биде повисока од просечната цена на билетите за натпреварите на некои претходни првенства. Во исто време со почетокот на продажбата на билети по ...
Фудбалот и кошарката доминираат во денешната понуда на Супер типот, а има и еден тениски дуел. Лоренцо Мусети кој во саботата по три часа играње во финалето на АТП турнирот во Атина загуби од Новак Ѓоковиќ, сега е во улога на аутсајдер против Де Минаур. За триумф на Де Минаур квотата е 1.47. На кошаркарскиот паркет во фокусот се мечевите од Евролигата. Дербито е меѓу Дубаи и Црвена ѕвезда, а за победа на Дубаи, коефициентот е 1.90. домашниот ...
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, нема да експериментира во преостанатите два квалификациски натпревари за Светското првенство и сака само да постигне две победи Панцерите да може да се пласираат на Мундијалот кој следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Во последните два меча, Германците прво ќе гостува кај Луксембург в петок, а потоаја пречекаат Словачка на 17 ноември. Со евентуални две победи, Германија без да зависи од ...
Нови фудбалски скандал во Турција. Судот во Истанбул му одреди притвор на претседателот на клубот Ејупспор, Мурат Озкај, како и на седуммина судии обвинети дека влијаеле на конечниот резултат на спортски натпревари. Освен овие, Фудбалската федерација на Турција (ТФФ) до дисциплинската комисија проследи имиња на дури 1.204 фудбалери поради сомнеж дека се вмешани во обложување. Потегот на федерацијата беше опишан како „превентивен“. Од повеќе од ...
Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс стигнаа до шестата победа во последните седум кола, откако утрово славеа над ослабениот Шарлот со 121:111. Лука Дончиќ со 38 поени беше најдобар на теренот и предводник на Лејкерси до триумфот. Словенецот погоди пет тројки и неколку атрактивни потези, а навивачите посебно беа воодушевени кога реши да забие со двете раце, што предизвика овации на трибините. Клучниот период во мечот беше третата четвртина која ...
Легендарниот француски фудбалер и тренер, Зинедин Зидан, на добротворен натпревар во Тулон изјави дека наскоро повторно ќе работи како тренер. Популарниот Зизу е без работа откако во 2021 го напушти Реал Мадрид. „Повторно ќе бидам тренер, наскоро“, потврди поранешниот француски фудбалски велемајстор и некогашен најдобар и најскап играч на светот. Зидан кој е поранешен капитен на француската репрезентација, и одигра 108 меча зза националниот ...
Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго Гоес, би можел да се пресели во англиската Премиер лига. Според некои информации, Челзи веќе започнал разговори со Реал Мадрид во врска со евентуален трансфер на Бразилецот. Лондонскиот клуб е подготвен да го купи Родриго уште во јануари, а не им е проблем да почекаат и на крајот од сезоната. Родриго сезонава е резервист во Реал Мадрид и не е задоволен од улогата. Реал не прифаќа позајмица на 24-годишникот туку ...
Хрватскиот тренер Иван Јуриќ, кој денеска беше сменет од функцијата тренер на Аталанта, за една година е отпуштен од дури три клуба. Лани во ноември беше принуден да си замине од Рома, потоа го избркаа од Саутхемптон, каде што беше на клупата од декември 2024 до април 2025, а еве сега и од Аталанта. Тимот од Бергамо го водеше само на 15 натпревари (на повеќе од половина натпревари тимот одигра нерешено). Во овие три клуба имаше само 23% победи. ...
Дополнителниот турнир од африканските квалификации за пласман на Светското првенство 2026 ќе се одржи во Мароко, а репрезентацијата на Нигерија во полуфиналето ќе игра против Габон. Другата двојка ја сочинуваат Камерун и ДР Конго. Репрезентацијата на Нигерија веќе пристигна во Мароко, а фудбалерот на Фулам, Алекс Ивоби, на социјалните мрежи објави видео од хотелот во којшто се сместени. Alex Iwobi shared the conditions outside his hotel room in ...
Историскиот момент и првото учество на двајца Италијанци на завршен тениски Мастерс, изгледа премногу ги возбудува љубителите на тенисот во оваа земја, па денеска во салата во Торино се случија две трагедии, починаа две лица. На еден 70-годишен и еден 78-годишен човек, им се слоши додека гледаа врвен тенис, а подоцна починаа во болница. Едниот колабирал за време на мечот на Тејлор Фриц и Лоренцо Музети кој Италијанецот го загуби убедливо. ...
Македонската фудбалска репрезентација денеска го имаше првиот собир и веднаш се фати за работа, вечерва беше одржан првиот тренинг во рамки на подготовките за пријателскиот меч со Летонија в четврток во Скопје, и гостувањето кај Велс на 18-ти ноември од последното коло во квалификациите за Светско првенство. Тренинзи на дождливото време во Скопје може да бидат од полза за играчите, бидејќи големи се шансите вакви услови за игра да имаме на ...
Еден од најдобрите фудбалери во Првата македонска лига, Роџерс Мато од Вардар, на мечот со Тиквеш се здобил со скршеница на коска во стапалото и ќе мора да паузира минимум еден месец. Ова е голем проблем за Вардар, Мато е прв стрелец на Црвено-црните. Првиот човек на клубот, Миленко Неделковски на своите социјални мрежи, објави дека Мато го чека пауза од 4-6 недели. Олеснителна околност е што сега следи репрезентативна пауза, а наредните два ...
Информацијата дека Лионел Меси синоќа бил на „Камп Ноу“ во Барселона, изненади многумина, вклучувајќи го и раководството на Барселона. Ни претседателот Жоан Лапорта ни неговите соработници не знаеле за посетата. Меси на Инстаграм објави фотографии од неговото прво појавување на „Камп Ноу“ после четири години. Сега најголемиот стадион во Европа е реновиран, а Меси жали што барем засега нема да заигра таму. Меси и сонародникот и тимски колега, ...
Кошаркарските возбудувања во НБА-лигата продолжуваат со девет полноќни натпревари, кои се дел од понудата на Sport Life. Она што е интересно, домашните екипи се фаворити само на четири меча, додека на останатите пет се очекува победа на гостите. Според квотите во Sport Life, најголем фаворит е Детроит за домашна победа над Вашингтон. Квотата за Пистонси е 1.17, а големи фаворити за домашен триумф се и кошаркарите на Феникс со квота од 1.37. Иста ...
Аргентинскиот интернациоланец Диего Кастањеда го продолжи договорот со Вардар и ќе остане во Скопје најмалку до летото 2028 година. Дваесет и седумгодишното лево крило пристигна во редовите на актуелниот освојувач на Купот на Македонија летоска од црногорскиот ОФК Петровац и првично потпиша договор само за оваа сезона. Сепак, се чини дека ги задоволи вкусовите на луѓето задолжени за спортскиот дел во Вардар, па неговиот договор е продолжен за ...
Флоријан Вирц минатото лето се пресели од Баер Леверкузен во Ливерпул за 116 милиони фунти, но на „црвените“ не им оди според планираното оваа сезона. Англиската легенда, Гери Невил, беше брутално искрен во својот подкаст и го нападна Германецот. „Вирц е проблем. Ајде тоа да го кажеме како што е. Тоа е проблем. Тој чини преку 100 милиони фунти и искрено, реков пред неколку седмици дека Керкез изгледа како мало дете на теренот. Сега Вирц ...
Жозе Мурињо доби отказ од Фенербахче и тренерската кариера ја продолжи во Бенфика, екипата која ги елиминираше Турците од Лигата на шампионите. Фудбалската јавност беше бесна од ваквиот трансфер, а Португалецот за отказот си наплати и 15 милиони евра. „Специјалниот“ во Истанбул беше сместен во луксузен апартман во хотелот „Четири сезони“ (Four seasons), а сега пристигнала и фактурата за неговиот престој. На хотелот му се должи 747.000 евра, па ...
Македонската репрезентација до 19 години од 12. до 18. ноември во Португалија ќе учествува на квалификациски трунир за пласман во елитна фаза квалификации за пласман на ЕП. Нашата репрезентација е во исклучително тешка група со домаќинот Португалија, силната Белгија и селекцијата на Естонија. Селекторот на македонската репрезентација, Ерхан Селими за натпреварите во Порто ќе смета на следните фудбалери: Илоски Давид (АП Брера Струмица), ...
Италија во ноемврискиот прозорец на ФИФА ќе игра против Молдавија и Норвешка во обид да стигне до првото место во групата, но јасно е дека шансите за такво нешто се мали и ќе мора да се задоволи само со втората позиција и место во баражот. И за овој собир, Гатузо нема да може да смета на Федерико Кјеза, кој повторно го одби повикот, а селекторот на Италија тоа го објасни пред новинарите. „Често разговарам со него. Мора да ја почитуваме неговата ...
Атлетико Мадрид и официјално има нов мнозински акционер, откако четворица членови на раководството одлучија да ги продадат своите акции на инвестицискиот фонд „Аполо спортс капитал“. Детали околу трансакцијата не се откриваат, но се проценува дека сума е помеѓу 2,5 и три милијарди евра. Според информациите од „јорганџиите“, оваа промена нема да има никакво влијание во раководењето на клубот и нема да донесе промени на раководните позиции во ...
Интер и Милан се пофалија со историски договор и конечно купување на култниот стадион кој едните го нарекуваат „Сан Сиро“, а другите „Џузепе Меаца“. Двете екипи се обврзаа да им исплатат на градските власти 197 милиони евра за стадионот и за земјиштето наоколу се со цел да градат нов стадион. Договорот беше потпишан и стадионот по 77 години веќе не е во сопственост на локалната самоуправа, но само еден час подоцна следуваше шок. Јавното ...
По завршувањето на спортските викенд возбудувања, секогаш има голем број обложувачи кои задоволно ги тријат рацете од заработката на добитните тикети. Еден посебно интересен тикет кој беше уплатен во саботата е во Битола, каде што се погодени 12 комбинации, па само со 50 денари влог, добивката изнесува 149.833 денари. Интересно е дека 11 од 12-те дуели се од англиските лиги. Погодени се победите на Евертон, Вест хем, Нотингам форест, Манчестер ...
Шкендија со убедливи 7:2 славеше над Македонија Ѓорче Петров во меч од 13 коло на Прва фудбалска лига на Македонија. Ништо поинаку не беше и на вториот дуел кој се играше денеска, во Кратово, Силекс со 5:1 го победи Шкупи. Уште пред да започнат двата денешни натпревари, победниците беа познати. Македонија ЃП е во „нокдаун“, па на гостувањето во Тетово замина со младинскиот состав. Покрај деветмината младинци, во стартниот тим беа и двајцата ...
Кога Македонија игра против селекција од врвна класа како што е Велс, одбраната на нашата селекција најчесто го има главниот збор, а таму стандарден е Никола Серафимов. Полн со самодоверба е Серафимов, а тоа и не е без основа ако се знае дека Македонија во овие квалификации нема ниту еден пораз. Пред мечот со Велс, нашата селекција ќе одигра контролен дуел против Летонија во Скопје, а потоа следи главното, дуелот во Кардиф. „Прво имаме ...
Вељко Пауновиќ очекува да дебитира на селекторското место на Србија. Тој беше назначен за предводник на националниот тим на местото на Драган Стојковиќ-Пикси, кој си замина по поразот од Албанија во Лесковац со 0:1. По тој пораз од Албанија, Србија остана само со теоретски шанси да се надева дека може да се избори за место на Мундијалотт кој следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Пауновиќ имаше долго излагање пред српската јавност, ...
Во пресрет на пријателскиот меч на Македонија, против Летонија во Скопје и квалификациската средба против Велс во Кардиф, напаѓачот Лука Станковски, најавува дека очекува позитивни резултати од двата дуели. Секако многу поважен ќе биде натпреварот против Велс во гости, кога ќе се крои табелата во квалификациите за СП 2026 и ќе се знае дали Македонија или Велшаните ќе бидат втори на крајот. „Тоа ќе биде клучен меч за нас. Се надевам дека ќе го ...
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, го коментираше тешкиот пораз од 3-0 против Манчестер сити признавајќи дека неговиот тим треба да го подобри настапот, но истовремено изрази незадоволство од поништениот гол во дербито на „Етихад“. „Неделата започна многу добро, но заврши многу лошо. Сепак, гостување кај Сити е тежок натпревар за секој, вклучително и за нас. Минатата сезона успеавме да победиме тука затоа што поведовме со 1-0 по статична акција, ...