
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Разговорите за нов договор на Пари Сен Жермен и голманот Џанлуиџи Донарума се закочени и тоа може да значи дека летово ќе дојде до разделба. Италијанскиот голман е важна алка во редовите на тимот кој е актуелен европски и француски првак, но ако не падне договор а продолжување на соработката и по истекот на сегашниот договор кој важи до јуни 2026, ПСЖ ќе мора да го продаде Џиџи. Светците не сакаат да им се случи тој бесплатно да си замине, како ...
Лозана не ја оправда фаворитската улога во Скопје и загуби со 1:2 од Вардар. Тренерот Петер Цајдлер е разочаран, но секако неговиот тим нема да се предаде, затоа што следува реванш во Швајцарија. „Ова беше многу тежок меч за нас. Во текот на целиот дуел бевме нервозни. Направивме некои корекции, но мораше да одиграме многу подобро во одбраната. Се надевам дека ќе се корегираме во следните дена“, рече тренерот на Лозана Петер Цајдлер, кој додаде ...
Вардар го доби тоа што го посакуваше. Црвено-црните ја победија Лозана со 2:1 во Скопје, во првиот меч од второто коло од квалификациите за Конференциската лига. Тренерот на Вардар Гоце Седлоски е задоволен од резултатот, но знае дека ништо не е завршено и дека патникот за во третото коло ќе се знае по реваншот во Лозана. „Тоа што го најавивме дека ќе има добар меч го остваривме. Мислам дека заслужено победивме. Најавивме дека ќе играме ...
Еден од оние кои беше важна алка во тимот на Вардар, посебно во средниот ред беше Немања Босанчиќ. Искусниот 30-годишен Босанчиќ верува дека Вардар и во реваншот во Лозана може да одигра добар меч и да оди во следната фаза. „Седум дена се подготвувавме за овој меч. Одигравме добар меч, заслужено победивме. Имавме некои грешки и некои ситни детали треба да ги исправиме. Верувам дека може да одиме во следното коло. Ова е само прво полувреме, има ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, вечерва го одигра својот 74-ти меч во европските купови, дојде до 18-тата победа и има право да се надева дека ќе ја елиминира Лозана. Црвено-црните само двапати во историјата и тоа во далечната 1961/62 против Данфермлајн од Шкотска и против Копенхаген во 2016/2017 биле елиминирани, а победиле во Скопје. Против Шкотите, во Скопје било 2-0 за Вардар, но во Шкотска резултатот бил 0-5, па Вардар ...
Натпреварот помеѓу Раднички 1923 и Клаксвик мораше да биде прекинат во 38-та минута бидејќи се расипа еден од рефлекторите. Прекинот траеше неколку минути, а додека го поправаа рефлекторот кој откажа привремено, мораа на кратко да го згаснат и другиот, па целиот терен беше во тотален мрак, и навивачите ја искористија паузата за „забава“. Откако се поправи дефектот играта продолжи, а средбата заврши без голови. Погледнете: Prekid u Kragujevcu… ...
Вардар извојува минимална, но многу значајна победа од 2-1 над Лозана во првиот меч од второто квалификациско коло во Конференциската лига. Вардар ги израдува своите верни фанови на стадионот, и покажа дека воопшто не е инфериорен против фаворизираниот и противник со далеку поскап состав. Откако Вардар на пауза замина со предност од 1-0 со гол на Роџерс Мато, Лозана израмни со 58-та минута со убав гол на Диаките со кој гостите ја крунисаа ...
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во интервју за „Ел Мундо депортиво“ тврди дека повеќе сакал да го донесе Маркус Рашфорд отколку Луис Дијас и Нико Вилијамс. Барселона го потпиша Рашфорд на позајмица од Манчестер јунајтед со опција за откуп откако Вилијамс неочекувано ја одби Барса и го продолжи договорот со Атлетик, а Ливерпул сметаше дека понудата на Каталонците за Колумбиецот Дијас е недоволна. „Рашфорд пристигна во врвна форма. Тој ...
Вардар поведе со 1-0 во финишот на првото полувреме против Лозана, а стрелец беше Роџерс Мато кој на четврти меч по ред се запишува во листата на стрелци. Во првите регуларни 45 минути немаше голови ниту некакви многу зрели шанси, но публиката се крена на нозе во судиското продолжение од првото полувреме на овој меч од квалификациите во Конференциската лига. Македонскиот и швајцарскиот тим повеќе мислеа на одбраната отколку на нападот, а сега ...
Фудбалерите на украинската Олександрија одбија да се ракуваат со играчите на Партизан пред почетокот на дуелот од второто квалификациско коло од Конференциската лига. Украинците на терен излегоа со знамињата на нивната земја, а додека играчите на Партизан минуваа покрај нив, не им подадоа рака, туку само стиснати тупаници. На овој натпреварот кој се играше во полскиот град Катовице, Партизан победи со 2-0, а непријателскиот однос на Украинците ...
Американскиот новинар Иван Сидери со објава на социјалните мрежи откри дека Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо летово ќе настапат на кошаркарското Европско првенство, секој за својата репрезентација. Тоа значи дека Србија веднаш ќе се вброи во главните кандидати за освојувањето на трофејот, но кај нашиот северен сосед сè уште владее молк на оваа тема. Ниту од Кошаркарскиот сојуз, ниту од самиот кошаркар нема потврда дека Јокиќ ќе игра ...
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, изјави дека сака да ја води репрезентацијата на својата родна Португалија и тоа по можност на Светското првенство во 2030 година кое ќе се одржи во Шпанија, Мароко и Португалија како главни организатори, а по еден меч ќе се игра и во Уругвај, Аргентина и Парагвај. „Сакам да одам на Светското првенство или со португалската репрезентација или со друга земја. Но, мислам дека треба да биде Португалија! Не ѝ ...
Денеска и официјално станаа познати 16-те екипи кои ќе играат во регионалната АБА 2 лига. Македонија ќе ја претставуваат само два тима и тоа финалистите на плејофот, МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ. Минатата сезона имавме три тима, а така требаше да биде и сега, Куманово како третопласиран имаше шанса да влезе во второлигашкото јадранско друштво, но кумановци на крај сепак останаа без место во оваа лига. Први носители при ждрепката ќе бидат Цибона, ...
Ливерпул веќе ги ангажира Флоријан Вирц, Хуго Екитике, Милош Керкез, Џереми Фримпонг, но тоа нема да биде крај на трансферите за актуелниот шампион на Англија. Црвените притискаат за потписот и на Александер Исак, а најновите информации од Островот говорат дека и самиот фудбалер побарал од раководството да му дозволи трансфер. Сега Њукасл е во безизлезна ситуација и ќе мора да го продаде својот најдобар фудбалер, а Ливерпул планира да понуди ...
Саул Њигес по 17 години си замина од Атлетико Мадрид како вистинска легенда. Се очекуваше да потпише за турскиот Трабзонспор, сè беше договорено, но авионот со фудбалерот не полета, а трансферот пропадна во последен момент без објаснување. „Не се случи потпис поради некои семејни причини. Се надевам дека еден ден нашите патишта повторно ќе се спојат“, напиша Саул на социјалните мрежи, а медиумите веднаш започнаа да шпекулираат дека фудбалерот ...
Душан Тадиќ нема да потпише ниту за Атлетико Мадрид, ниту за Бенфика. Ова се последните информации кои ги лиферуваат медиумите во Србија. Иако првично се најавуваше сензационален трансфер во редовите на Јорганџиите, а потоа и во Бенфика, Србинот нема да потпише ниту во Шпанија, ниту во Португалија. Тоа би значело дека Црвена ѕвезда повторно е во пол-позиција за неговиот потпис, но и за рекордниот трансфер во Србија. Такви се најавите и од првиот ...
Со заминувањето на Лука Модриќ од Реал Мадрид, дресот со број 10 остана слободен, а раководството на клубот одлучи тој да му припадне на Килијан Мбапе, кој досега настапуваше со бројот 9 на грбот. Многумина сметаат ова е направено од маркетиншки причини, а очекувањата беа дека „десетката“ ќе му припадне на Арда Ѓулер. Сепак, Турчинот сè уште не е толку голема фудбалска ѕвезда за да ја задолжи „десетката“. „Не сум загрижен за тоа. Сакам само да ...
Раководството на Барселона го откажа патувањето во Јапонија и мечот против Висел Кобе поради неисплатените финансии од страна на организаторот, но само неколку часа подоцна од оваа најава, се случи пресврт. Авионот на Каталонците неколку часа подоцна ќе полета за Јапонија и мечот ќе се игра според планираното, во недела во 12 часот по европско време, откако целата договорена сума легнала на сметката на Барселона. Актуелниот шампион на Шпанија, ...
Sвездите на МЛС-лигата славеа над мексиканските ѕвезди со 3-1 во олстар-мечот во Остин, а иако требаше да настапат и Меси и Алба, тоа не се случи. Според правилата на МЛС-лигата, доколку играч не настапи на Ол-стар мечот, се соочува со суспензија, сепак, во случајот со Лионел Меси тоа можеби нема да се случи. Двајцата требаше да бидат стартери, но од Интер Мајами го известиле организаторот дека нивните фудбалери нема да настапат без да ...
Раководството на Манчестер јунајтед планира изградба на нов стадион, кој би се наоѓал веднаш до „Олд Трафорд“. Проектот е веќе готов, а изградбата би чинела околу две милијарди фунти, односно 2,3 милијарди евра. Сепак, навивачите на Црвените ѓаволи останаа затечени од плановите на раководствотото. Планот е воведување „лиценца за лично седиште“, што би чинело по 4.000 фунти. Тоа би значело дека секој навивач ќе може да закупи седиште на стадионот ...
Марио Балотели е фудбалер од кого се очекуваше да биде меѓу најдобрите во светски рамки. Сепак, тоа не се случи, па Балотели, кој играше за европски гиганти како Интер, Манчестер сити, Милан и Ливерпул, на крајот заврши да игра во екипи како што се Ница, Бреша, Монца, Адана, Сион, а последен пат го носеше дресот на Џенова. Во кариерата на Балотели има многу моменти кои ќе се паметат, а еден таков се случи точно пред 14 години. Додека го носеше ...
Баер Леверкузен е еден од клубовите кои го следат напаѓачот на Челзи, Рахим Стерлинг. Англискиот репрезентативец не се наоѓа во плановите на менаџерот Енцо Мареска, а клубот сака да го продаде за да го намали пренатрупаниот ростер. Фармацевтите би можеле да ја искористат ситуацијата и да го ангажираат искусниот офанзивец. Минатата сезона Стерлинг ја мина на позајмица во Арсенал, каде што не успеа да остави посериозен впечаток, постигна само еден ...
Фудбалерите на Интернасионал го победија Сантос со 2:1 на гостински терен во 16-тото коло од бразилската Серија А, а во центарот на вниманието беше ѕвездата на домашниот тим, Нејмар. Славниот Бразилец се врати во неговиот матичен клуб со надеж дека може да ја врати и формата во која се наоѓаше кога блеската во Европа. Сепак, тоа тешко му оди затоа што сезонава Нејмар постигна само еден гол на официјални натпревари. Веројатно затоа поранешниот ас ...
Фудбалерите на Барселона ќе го поминат главниот дел од подготовките за новата сезона на азиска турнеја, но деновиве се соочија со неочекувани проблеми и вистински скандал. Според „Марка“, Барселона била жртва на заговор во Јапонија и морала да го откаже пријателскиот натпревар против Висел Кобе. Барселона објави дека го откажува патувањето во Јапонија поради „сериозно прекршување на договорот“ од страна на промотерите D-DRIVE и Yasuda Group, кои ...
Реал Мадрид сериозно размислува да испрати понуда од 100 милиони фунти за шпанскиот ас Родри, пишуваат британските медиуми. Добитникот на „Златната топка“ и еден од најдоминантните дефанзивни средни играчи во светот се најде на врвот на списокот на желби на новиот тренер Чаби Алонсо, кој инсистира на засилување на средниот ред со играч од врвна класа. Интересот на мадридскиот гигант не е од вчера. Кралскиот клуб веќе некое време ја следи ...
Францускиот напаѓач Килијан Мбапе (26) објави во порака на својот „X“ профил дека го наследил легендарниот број што го носеше Хрватот Лука Модриќ во последните 13 сезони и дека тој е следната „десетка“ на Реал Мадрид. Имено, Мбапе ја одигра својата прва сезона во кралскиот клуб со бројот 9 на грбот, а десетка е бројот што го носи со години во француската репрезентација. Бројот на дресот што носи специфична тежина беше без сопственик кратко ...
Македонскиот прволигаш Шкупи се пофали со ново звучно засилување. Во Чаир пристигна Магаи Гаје кој игра во нападот. Се работи за фудбалер кој има искуство од англиската Премиер лига, како и од француската Лига 1, затоа што бил член на екипите на Евертон, Милвол, како и тимот на Стразбур во Франција. Сепак, факт е дека овој фудбалер од 2022 година наваму нема клуб, а последен пат има играно за грчкиот второлигаш Анагениси. Магаи ја започна ...
Џејкоб Вајли е повторно дел од сениорската репрезентација на Македонија. Американецот со македонски пасош без размислување го прифати повикот на селекторот Марјан Илиевски за повторно да заигра за Македонија. И тоа во вистинско време, кога и тоа како ни е потребен играч од таков калибар да го затвори рекетот и со својата физичка доминација да ја засили онаа внатрешна линија во селекцијата, која ова лето ќе игра претквалификациски мечеви за ...
Ракометарите на Вардар се екипираа на првиот собир под водство на овиот тренер Иван Чупиќ. Хрватот пред еден месец беше назначен за нов тренер, одлука која предизвика бурна реакција посебно кај легендарниот капитен Стојанче Стоилов. Поради одлуката Стоилов да не ја добие довербата да го предводи Вардар, легендарниот пикер си замина од Вардар и тоа по 14 години поминати меѓу црвено-црното семејство. Од Вардар преку социјалните мрежи најавија кои ...
Англискиот првак Ливерпул не се откажува од Александар Исаκ и покрај тоа што за 95 милиони евра го доведе Уго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт. Њукасл не сака да ја продаде својата најголема ѕвезда, но Ливерпул е подготвен да направи сè за да го донесе во своите редови и ќе понуди сума која значително ќе ја надмине границата од 100 милиони евра. Александер Исак од Њукасл побара неделна плата од 347.000 евра за да потпише нов договор во услови на ...