Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Барселона и Ал-Хилал му испратиле понуди на Хари Кејн за трансфер, но тој ги одбил, сака да остане во Баерн Минхен. Капитенот на англиската фудбалска репрезентација му соопштил на раководството на германскиот шампион дека е подготвен да го обнови договорот со клубот со којшто е врзан до следното лето. Кејн (33) му се приклучи на Баерн од Тотенхем пред три сезони за 100 милиони евра и веќе постигна 146 гола и имаше 31 асистенција во 147 ...
Португалските медиуми тврдат дека Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригес конечно би можеле да се венчаат овој викенд во иконскиот дворец Кинта да Регалеира во Синтра, Португалија, а церемонијата е закажана за в сабота, 1 август. Најавите остануваат непотврдени, никој ни потврди ни негираше. Ако свадбата се случи, списокот на гости би можел да создаде глобален спектакл. Невестата претпочитала тоа да не биде ...
Босанскиот тинејџер Керим Алајбеговиќ, кариерата ќе ја продолжи кариерата во италијанскиот гигант Јувентус. Јуве изненадувачки ги победи сите ривали за да го доведе репрезентативецот на БиХ. Повеќе извори тврдат дека Алајбеговиќ е на чекор од потпишување на договор со Јувентус и дека фиксната сума која Старата дама ќе ја плати е 33 милиони евра, плус бонуси, па целиот договор на крајот може да изнесува 40 милиони евра. Сè уште има детали за ...
Спартак Варна објави официјално дека се разделиле со тренерот Ѓоко Хаџиевски, по барање на 71-годишниот македонски стратег и екс селектор. „Раководството на ФК Спартак Варна ги информира своите навивачи дека, на изрична молба на главниот тренер, Ѓоко Хаџиевски, од денес, неговиот договор со клубот ќе биде раскинат. Одлуката е лична на г-дин Хаџиевски и беше соопштена на раководството по победата во дербито во Варна против Черно Море. Кога го ...
Тетовска Шкендија утревечер од 20 часот во Скопје го игра реванш натпреварот од квалификациите за Конференциската лига против НК Браво и се надева на пласман понатаму иако го загуби првиот меч во Словенија со 1-2. Тренерот на македонскиот вицепрвак, Артим Положани, верува дека негативата може да биде надоместена. „Браво е квалитетен тим и типичен претставник на словенечкиот фудбал. Ќе треба да дадеме и повеќе од максимум за да ја оствариме ...
Италијанскиот фудбалски клуб Бреша кој бепе со 114 годишна традиција, престана да постои. Така клубот во кој играа великани и ѕвезди како Роберто Баџо, Пеп Гвардиола, Андреа Пирло, Марио Балотели, Сандро Тонали и други, замина во историјата. Судот во Бреша нареди судска ликвидација на клубот од Ломбардија. Пресудата го потврдува пропаѓањето на еден од најпрепознатливите ентитети во италијанскиот фудбал, преоптоварен со долг од речиси 20 ...
Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварес пред себе ја има најнеизвесната трансфер сапуница ова лето. По јавното појавување на Аргентинецот во медиумите за време на Светското првенство, кога кажа дека неговото време во Атлетико е завршено и сака нов предизвик, ситуацијата се замрси дополнително и во моментов излезот е далеку. Ставот на Атлетико е јасен – Хулијан не може да се пресели во Барселона по никоја цена, а Аргентинецот сè уште не ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, испрати писмо до раководителите на 211 национални фудбалски федерации во кое ги повикува да го поддржат создавањето нова комерцијална структура за организацијата. Тој им понудил до 35 милиони евра доколку ги поддржат неговите планови за реструктуирање на комерцијалните операции. Вчера беше објавено дека ФИФА планира да создаде нова подружница, ФИФА Форвард Ентерпрајзис, за управување со комерцијалните ...
Реал Мадрид ги започнал преговорите со Манчестер сити за ангажман на Родри, објави познатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо. Според информациите, претседателот на Кралскиот клуб, Флорентино Перес, веќе дал зелено светло за реализација на трансферот, а раководството на Реал е подготвено да понуди меѓу 50 и 60 милиони евра за шпанскиот репрезентативец. Сепак, се очекува Манчестер сити да побара значително поголема сума, иако договорот на ...
Душан Влаховиќ е пред една од најважните одлуки во кариерата, а според шпанската „Марка“, српскиот напаѓач приоритет ѝ дал на Барселона, иако има богата понуда од Бешикташ. Во моментов Влаховиќ е слободен играч, а турскиот гигант му понудил годишна плата од 10 милиони евра, плус бонус од уште пет милиони евра. Сепак, Србинот засега не ја прифатил понудата. Причината е јасна – Влаховиќ сака да почека како ќе завршат разговорите со Барселона ...
Иднината на Винисиус е решена – бразилската ѕвезда ќе остане во Реал Мадрид и следната сезона, со што се става крај на бројните шпекулации за негов можен трансфер. Според „Скај спортс“, Кралскиот клуб нема никаква намера да го продаде Винисиус и е уверен дека наскоро ќе постигне договор со неговите претставници за продолжување на соработката. Во изминатиот период сериозен интерес за Бразилецот покажуваше Арсенал, кој внимателно ја следеше ...
Брахим Дијас повторно би можел да го напушти Реал Мадрид бидејќи конкуренцијата во тимот станува сѐ посилна, а неговата минутажа би можела дополнително да се намали. И покрај промената на тренерот, доаѓањето на Бернардо Силва и очекуваниот трансфер на Јан Диоманде значително ќе ја отежнат борбата на мароканскиот репрезентативец за место во стартниот состав. Според „Тутоспорт“, Јувентус веќе работи на негов ангажман. Спортскиот директор Рики ...
Иднината на Хари Кејн повторно е во центарот на вниманието откако во последните месеци англискиот голгетер беше поврзуван со неколку европски гиганти, меѓу кои и Барселона. Сепак, според најновите информации на Фабрицио Романо, Баерн Минхен нема намера да се раздели со својот најдобар напаѓач и веќе во август ќе започне преговори за продолжување на договорот. Раководството на баварскиот клуб сака што е можно побрзо да постигне договор со ...
Најдобриот стрелец во историјата на бразилската репрезентација, Нејмар, официјално стави крај на настапите во националниот тим. По елиминацијата на Бразил од Норвешка во осминафиналето на Светското првенство, искусниот напаѓач и дефинитивно потврди дека повеќе нема да го носи жолтиот дрес. Нејмар успеа да постигне гол во својот последен натпревар за репрезентацијата, погодувајќи за водство од 2:1, но тоа не беше доволно Бразил да избегне ...
Лионел Меси уште еднаш покажа дека семејството му е поважно од каква било финансиска понуда откако одбил неверојатни 1,5 милијарди евра за да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија. Претседателот на Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили, откри дека клубот испратил рекордна понуда до аргентинската ѕвезда по неговото заминување од ПСЖ. „Му понудивме 1,5 милијарди евра, но тој ја одби нашата понуда затоа што неговото семејство сакаше да живее во Мајами“, ...
Челзи продолжува со засилувањата пред стартот на новата сезона, а најново име на „Стемфорд бриџ“ е искусниот напаѓач Дени Велбек. Иако лондонскиот клуб веќе има дури 38 сениорски фудбалери, а за почетокот на сезоната може да регистрира само 25, раководството не запира со новите трансфери. Познатиот трансфер-инсајдер Фабрицио Романо потврди дека договорот е комплетиран и дека 35-годишниот Велбек ќе потпише договор со Челзи до летото 2028 ...
Фудбалерот кој беше прогласен за најдобар на неодамна завршеното Светско фудбалско првенство, Шпанецот Родри, е во фокусот на трансфер-пазарот. Играчот кој го носи дресот на Манчестер сити, сега е цел на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, но многу веројатно е дека францускиот гигант испаѓа од трката за доведување на овој важен играч. Според пишувањата на Дијарио АС, од ПСЖ се обиделе да направат директен контакт со Родри за да го убедат да ...
6732 Слован Братислава – Иберија (20:15 ч.) Словачкиот првак беше убедлив на првиот меч на гости и победи со 2:0, па вечерва формално пред своите навивачи треба да го обезбеди местото во следната фаза. Иберија е тим кој сака да игра офанзивно, но едноставно Слован е пресилен за неа и тешко дека ќе може да му парира, но гостите од Грузија сигурно ќе сакаат достојно да се простат од квалификациите во Лигата на шампионите. Предлог тип: ...
Жозе Мурињо започна да ги исполнува своите замисли во тимот на Реал Мадрид. Португалскиот стратег летово беше назначен за нов тренер на Кралскиот клуб и доби „одврзани раце“, барем кога се работи за тактиката, формацијата и тоа кои играчи ќе добијат доверба да бидат на теренот. Мурињо веќе имал разговор со еден од фудбалерите на Реал, кому му објаснил дека во новата сезона нема често да смета на неговите услуги. Според информациите на ...
Фудбалот доминира, но има и четири тениски мечеви во денешната понуда на Супер типот во Sport Life, каде што може да се најдат многу комбинации со зголемени коефициенти. Од тениската понуда, Мусети да слави над Вукиќ е со квота од 1.45, а Фриц не би требало да има проблеми против Мајчрзак и квотата за негова победа е 1.33. Возбудливо се очекува да биде на пресметката меѓу Алекс де Минаур и Стефанос Циципас, каде што за пораз на Гркот има ...
Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ИФАБ), телото одговорно за Правилата на играта, издаде појаснување во врска со употребата на ВАР-технологијата за време на Светското првенство во 2026 година, отворајќи нова дебата за една од најконтроверзните судиски одлуки на турнирот. Во појаснувањето издадено од ИФАБ се наведува дека ВАР може да се користи во случаи на погрешна идентификација на играч кој е жолт, но не и за преиспитување или ...
Пет натпревари од европските купови кои се играат денеска се дел од понудата во Квоти на ден, а доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 43.52. Копенхаген на свој терен е голем фаворит против Полесија и домаќинот треба да постигнува меу еден и три погодоци во двете полувремиња за да биде добитна комбинацијата што носи квота од 2.35. Точно два коефициент е комбинацијата да има еден ...
За Вардар завршија европските предизвици за ова лето. Македонскиот првак на два пати доживеа болна елиминација. Најпрво Вардар беше исфрлен од квалификациите во Лига на шампиони, откако загуби од КуПС од Финска со вкупен резултат 3:4 во двомеч кој траеше 210 минути. Црвено-црните на ист начин синоќа беа елиминирани и од квалификациите во Конференциската лига и повторно во двомеч кој траеше 210 минути против летонска Рига. Вардар дома загуби ...
Вардар го заврши настапот на европска сцена за ова лето. Црвено-црните синоќа загубија на гости кај Рига со 5:2 во меч кој се играше 120 минути. По 90 минути Вардар водеше со 2:1, а на тоа ако се додаде и поразот на македонскиот првак на свој терен со 2:3 во првата средба, значи вкупниот резултат беше 4:4, па мораше да се играат продолженија. Во дополнителните 30 минути, Рига беше доминантна и постигна четири голови за убедлива победа од 5:2. ...
Светскиот фудбал се соочува со огромна криза. Според „Скај Спортс“, европските репрезентации и националните асоцијации водат сериозни разговори за потенцијален бојкот на Светското првенство доколку претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, продолжи со својот план за продажба на дел од ФИФА на приватни инвеститори. Планот на првиот човек на ФИФА да префрли дел од сопственоста на чадор организацијата на светскиот фудбал на приватни инвеститори ...
Тренерот на Вардар, Кристијан Фабијани, беше задоволен од борбеноста на тимот и тактичката поставеност на гостувањето кај Рига. Црвено-црните загубија 2-5 по продолженија и испаднаа од европските купови. „Три минути нè делеа од посакуваниот резултат. На терен стоевме перфектно, екипата доста беше координирана и имаше ред во играта. Тактички ги затворивме сите приоди на противникот иако игравме скоро 80 минути во регуларниот дел со играч ...
Европската фудбалска федерација УЕФА остро реагираше на најавите дека ФИФА размислува да продаде малцински удели на Светското првенство на приватни инвеститори, велејќи дека таков потег би претставувал преминување на линија што управните тела на фудбалот не смее да ја преминуваат. „Ова ја преминува границата што управните тела на фудбалот никогаш не треба да ја преминат. УЕФА го сфаќа ова исклучително сериозно. Истото треба да го направат и ...
Мануел Нојер (40) за прв пат проговори за конкретен датум за неговото пензионирање. Капитенот на Баерн ќе ја започне својата 21-ва сезона во Бундеслигата (16 со Баерн, 5 со Шалке), која ќе му биде последна по што ќе следува повлекување. Нојер откри дека бил многу блиску до одлука за повлекување уште летово, но атмосферата во тимот го мотивирала да остане уште една година. „Не играм со идејата дека ова е мојот последен натпревар, на кој било ...
Тренерот на Милан, Португалецот Рубен Аморим, објасни како планира да го користи Лука Модриќ во претстојната сезона, откако 40-годишниот хрватски играч од средниот ред го продолжи договорот со Росонерите до летото 2027 година. „Тој е играч од врвно ниво, сакаме да ја контролираме топката, и ако има некој на светот кој навистина може да помогне во контролата на поседот, тоа е Лука. Не е важно дали е брз тркач, тој брзо размислува. Јас сум на ...
Македонскиот фудбалски првак Вардар е елиминиран од Рига во квалификациите во Конференциската лига, и со тоа завршуваат европските настапи за Црвено-црните во 2026/2027. Вардар исто како и против КуПС во квалификациите во ЛШ, испадна после продолженија, и повторно со домашен пораз, и добиен меч на гости во 90 минути пред да дојде до голем пад во дополнителните 30 минути. Вечерва во главниот град на Летонија, вардарци по 90 минути игра имаа ...