Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Финалето на Купот на Македонија меѓу ФК Вардар и ФК Струга Трим Лум ќе се одигра на 21. мај (среда) 2025 година, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Продажбата на билети започнува денеска и се одвива електронски преку платформата на ФФМ, eticket.ffm.mk. Цената на билетите е 100 денари (јужна и северна трибина) и 50 денари за западна трибина (наменета за навивачите на ФК Вардар). Поддржете го вашиот клуб и уживајте во вистински ...
Тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров го пофали тимот по пласманот во финалето на ЕХФ Европскиот Куп. На двомечот со норвешкиот претставник Рунар Сандефјорд, Алкалоид иако ослабен поради неколку повредени играчи, демонстрираше истрајност, борбеност, трпеливост и сосема заслужено се избори за историски успех. – Горд сум на тимот за тоа како ги одигра овие два натпревари со сериозно квалитетен противник. Во отсуство на нашите носители на играта ...
Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо ја ангажираше приватната готвачка Марта Гарсија и ѝ плати неверојатен милион евра за услугата. Имено, познатата инфлуенсерка која е позната и по прекарот Букие, доби неверојатна понуда што изненади многумина. View this post on Instagram A post shared by Boukie (@_boukie_) Букие ги споделува своите вештини на социјалните мрежи, каде што ја следат околу половина милион луѓе, и каде што го привлече ...
Име: Зинедин. Презиме: Зидан. Каков фудбалер беше тоа. Еден од најголемите, најдобрите играчи на сите времиња. Она што Французинот го правеше на теренот најдобро може да се опише со три збора – пишување фудбалска поезија. Навистина, Зизу беше поет меѓу фудбалерите. Елегантен како лебед, брз како гепард, со компјутер во мозокот. Тој освои сè што може да се освои. Тој беше европски и светски шампион со Франција. Со Јувентус, двапати беше шампион ...
Килијан Мбапе испиша историја во дресот на Реал Мадрид. Кралскиот клуб направи пресврт против Мајорка во среда навечер, во 36-то коло од шпанското првенство, и ја одложи прославата на титулата на Барселона за најмалку 24 часа, а францускиот напаѓач го постигна првиот од двата гола на домашниот тим. Мбапе е во одлична форма на крајот од сезоната, постигнувајќи шест гола во последните три лигашки натпревари (три во „Ел Класико“) и сега има 40 гола ...
Македонската ракометна репрезентација денеска и гостува на Естонија во претпоследниот квалификациски дуел за пласман на Европското првенство 2026 година. Селекторот на репрезентацијата, Кирил Лазаров го одреди составот за дуелот кој почнува од 18 часот, а на кој потребна ни е задолжителна победа доколку сакаме пласман на завршницата на континенталното натпреварување. На првиот натпревар во Скопје нашите ракометари остварија тешката победа со ...
Судот на Канарските Острови отвори кривична постапка против дефанзивецот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, и тројца негови поранешни соиграчи од младинскиот тим на мадридскиот клуб, објави „Марка“. Фудбалерите се обвинети за снимање и дистрибуција на видео со порнографска содржина на кое се појавува малолетно девојче без нејзина согласност. Покрај Асенсио, обвиненија се покренати и против Андрес Гарсија, Хуан Родригез и Феран Руиз. Се забележува ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги рангираше пресметките меѓу македонските ракометни ривали Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 во Топ 5 дербија во Европа. Според Медија тимот на ЕХФ, македонското ракометно дерби е петто најголемо на Стариот континет. Првото место на ранг-листата е резервирано за пресметките меѓу Барселона и Кил, по што следува полското дерби меѓу Киелце и Висла Плок. На третото место е унгарското дерби меѓу Веспрем и Пик ...
Барселона е на прагот да ја освои 28-та титула шампион на Шпанија, а тоа може да се постигне веќе вечерва или утре. На три кола до крајот на првенството, тие имаат предност од седум бода во однос на Реал Мадрид, а два бода се доволни за официјално да ја потврдат титулата, а би можеле да станат шампиони уште вечерва доколку Реал не ја победи Мајорка дома. Со оглед на тоа што се очекува победа на Реал, пореално е дека Каталонците ќе ја освојат ...
Некогаш големиот и успешен италијански клуб Сампдорија следната сезона ќе биде во третата лига за прв пат во својата историја. Сампдорија испадна од Серија Б во вторник вечерта благодарение на ремито 0-0 против Јуве Стабија, со што италијанскиот гигант се спушти на табелата. Играчите на Сампдорија не го криеја разочарувањето на своите лица на клупата во ноќта што ќе остане запаметена во историјата како европски вицешампион на клубот во 1992 ...
Веќе во својата прва сезона на чело на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим е блиску до соборување на рекорд што го држи легендарниот Алекс Фергусон. Сепак, се работи за негативен таков. Доколку „црвените ѓаволи“ не успеат да ја прекинат својата лоша серија на резултати во првенството и не успеат да победат против Челси во петок (21:15 часот), Португалецот ќе се искачи на врвот на „црна“ листа. Тоа би бил осмиот последователен натпревар без триумф ...
Повредата што ја претрпе напаѓачот на Нотингем Форест, Таиво Авонији, која се случи во неделата на натпреварот од 36-тото коло од Премиер лигата против Лестер Сити, доведе до медицински комплицирана состојба. За потсетување, Авонији се удри од статива за време на еден од нападите. Имено, тој започна со лизгање кон центаршут од десно, што заврши со судир на средниот дел од телото со рамката на голот. BREAKING: Taiwo Awoniyi is in an induced coma ...
Флоријан Вирц е еден од најбараните играчи во Европа во финишот на оваа сезона. Според нови информации, Пеп Гвардиола исто така ја сака младата ѕвезда на Баер во Премиер лигата. Менаџерот на Манчестер Сити наводно води тајни преговори со 22-годишниот германски плејмејкер, кој сепак би претпочитал трансфер во новиот германски шампион. Голема борба е за еден од најперспективните таленти во Бундеслигата. Флоријан Вирц, победникот на Бундеслигата во ...
Трошоците за организирање на патувањето на пријателите и роднините на играчите на Манчестер Јунајтед до финалето на Лигата на Европа против Тотенхем во Билбао на 21 мај ќе ги сносат самите ѕвезди на „црвените ѓаволи“, објави Би-Би-Си. Според изворот, на секој играч му биле дадени по два бесплатни билети за натпреварот. Тие исто така ќе можат да купат уште 10 билети за решавачкиот натпревар. Раководството на клубот е заинтересирано да се погрижи ...
Манчестер Сити најверојатно ја загуби својата најголема клупска желба, Флоријан Вирц, и се сврте кон доведување на најдобриот играч на Милан, Тијани Рејндерс. Тимот на Пеп Гвардиола се подготвуваа за живот без Кевин Де Брујн, најважниот играч на клубот и „моторот“ на играта, кој го објави своето заминување на крајот од сезоната. Најдоа замена за Де Брујн на „Етихад“, но таа веднаш „испари“ бидејќи Флоријан Вирц одлучи да се пресели во Баерн ...
Еден од најдобрите македонски фудбалери, Иван Тричковски и официјално стави крај на својата професионална играчка кариера. По завршувањето на сезоната со АЕЛ Лимасол, Тричковски (38) реши да ја заврши својата блескава кариера. 🦁 Το Διοικητικό Συμβούλιο της ΑΕΛ ανακοινώνει την έναρξη συνεργασίας με τον Ivan Trickovski 👇👇👇https://t.co/VFF3eiVf6x — AEL Limassol FC (@aelfc_official) May 13, 2025 По настапот на Европското првенство во 2021 ...
Кошаркарскиот клуб Партизан синоќа потврди дека тројца негови играчи учествувале во инцидент пред ноќен клуб во Белград, наведувајќи дека кошаркарите биле физички нападнати. Haos ispred noćnog kluba "Bank" rano ujutru u ponedeljak pic.twitter.com/FBR7wbKMNR — sportsscandals (@sportsscandals1) May 5, 2025 „КК Партизан потврдува дека тројца играчи на црно-белите се нашле во центарот на инцидент што се случил недалеку од добро познат белградски ...
Мерките за штедење на сите нивоа во Манчестер Јунајтед се видливи и во најновата одлука на клупското раководство со која играчите ќе имаат право на само два бесплатни билети за финалето на Лигата на Европа. Исто така, играчите ќе можат да купат максимум десет билети за финалето против Тотенхем, кое е закажано за 21 мај во Билбао на стадионот „Сан Мамеш“, објавија денеска британските медиуми. Бесплатните билети се откажани за вработените во ...
Познатиот италијански експерт за трансфери Фабрицио Романо ја потврди денеска информацијата за смена на клупата на Реал Мадрид. Чаби Алонсо седнува на Реал Мадрид, а според информациите на италијанскиот новинар, договорот е веќе постигнат и шпанскиот стратег ќе потпише тригодишен договор, до 2028 година. Алонсо ќе го почне својот мандат по заминувањето на Карло Анчелоти, а планот е да го предводи тимот веќе на Светското клупско првенство на ...
Повеќе изгледа како да оди на гала вечер или на црвениот тепих на Оскарите отколку како да стои на теренот до инијата од фудбалскиот терен. Но, кога го води својот еквадорски клуб од Премиер лигата, Барселона СЦ, Сегундо Кастиљо импресивно и елегантно се облекува, поради што стана хит на социјалните мрежи. 42-годишникот стана вирален во март откако носеше впечатливи смокинзи покрај теренот на два од значајните натпревари на неговиот тим во Копа ...
Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ќе стане најплатен тренер во светот откако во јуни ќе го напушти Реал Мадрид и ќе седне на клупата на фудбалската репрезентација на Бразил, објавија шпанските медиуми. Според весникот „АС“, Анчелоти ќе заработува 770.000 евра месечно, односно 9,2 милиони евра годишно. Ова ќе го направи најплатен тренер во светот. Досега тоа беше Томас Тухел, кој заработува шест милиони евра годишно како селектор на Англија. ...
Иако Лука Модриќ освои сè што може да се освои со гигантот од Шпанија и стана една од легендите на Реал, тоа не беше доволно за претседателот на клубот да размислува за негов нов договор. Покрај фактот дека Карло Анчелоти ќе ја напушти клупата, Реал очигледно подготвува експресно заминување за Модриќ, кој очигледно се надеваше дека нема да дојде до тоа. Шпанците веќе ја подготвија „десетката“ за ново засилување, бидејќи играчот за врска на Баер ...
Вистинско лудило, ова е идеален опис на првото полувреме од Ел Класико што Барселона и Реал го играат во 35-то коло од Примера. Не е грешка – резултатот на полувреме е 4:2. И во првите 15 минути, не изгледаше дека ќе биде така. Килијан Мбапе постигна два гола за 14 минути, првиот во петтата, вториот во 14-тата. И се чинеше дека Барселона е во нокдаун. Но… Врати Гарсија во 19-тата минута. Па Ламин Јамал во 32 за 2:2. И потоа Рафиња погодува за ...
Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, ќе ги предводи сите 600 вработени во клубот за да го гледаат финалето на Лигата на шампионите против Интер во живо на 31 мај, кое ќе се игра на стадионот на Баерн Минхен. -Горди сме што сме едно семејство, семејството Пари Сен Жермен, гордо претставувајќи го Париз и Франција на големата сцена. Затоа сите наши вработени ќе имаат можност да го бодрат нашиот тим во живо на стадионот во Минхен во ...
Ракометарите на Вардар синоќа направија голем чекор кон враќање на шампионската круна во македонската Суперлига, совладувајќи го големиот ривал Пелистер со 35-34 во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Во исклучително неизвесен натпревар, полн со пресврти и тензија, одлучувачкиот момент се случи во последните секунди, кога Дмитро Хориха погоди со вистинска „бомба“ од десет метри, оставајќи го без шанса голманот Никола Митревски. Со овој погодок, ...
Добри вести доаѓаат за навивачите на Реал Мадрид пред денешното „Ел Класико“ против Барселона (16:15 часот), а се однесуваат на еден од нивните најдобри играчи, Винисиус Жуниор. Според шпанските медиуми, раководството на клубот му понудило на Бразилецот нов договор, а тој се согласил да остане во најтрофејниот европски клуб. Двете страни ќе ги формализираат деталите од соработката по завршувањето на тековната сезона, а Винисиус ќе инкасира 100 ...
Барселона се среќава со Реал Мадрид во последното издание на „Ел Класико“ во сезоната 2024/2025. Натпреварот е од 35-то коло на Ла Лига, а конечниот резултат во голема мера би можел да го разјасни исходот од битката за шампионската титула. Каталонците се лидери на табелата и имаат убедлива предност од четири бода пред вечниот ривал, што ги надминува границите на самиот натпревар во неговите историски перспективи и го прави клучен за првото ...
Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, кој се смета за сигурен кандидат, ќе ги донесе со себе најдоверливите луѓе кои моментално работат со него во Баер Леверкузен. Вчера шпанскиот стручњак објави дека ќе ги напушти „аспирините“ на крајот од сезоната. Претходно во текот на денот, реномираниот шпански весник „Марка“ објави дека Алонсо ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид и ќе го замени Карло Анчелоти, кој ќе ја преземе репрезентацијата на ...
Лондонски Арсенал го договори првото летно засилување, а Мартин Зубименди ќе им се придружи на „Топџиите“ на првиот ден од преодниот рок. Фабрицио Романо го потврди ова денес со неговото препознатливо “Here we go”, што значи дека работата е завршена кога станува збор за овој трансфер. Зубименди, кој има 26 години, пристигнува во Арсенал од Реал Сосиедад и ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред, каде што „топџиите“ имаа многу проблеми во ...
Тренерот на Милан, Серхио Консеисао, се огласи по победата на неговиот тим од 3-1 против Болоња во натпреварот од 36-тото коло од италијанската Серија „А“. -Не е ова најдобрата игра на Милан. Победивме тим против кој беше тешко да се игра, рече Консеисао. Со успехот, „росонерите“ привремено ја намалија разликата од зона „Европа“ на три бода. Интересно е што двата тима ќе се сретнат повторно за неколку дена во големото финале на турнирот во Купот ...