Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Бесмислениот тренд на фрлање дилдо на натпревари од ВНБА лигата продолжи и синоќа на натпреварот помеѓу Чикаго и Атланта, а бројни обложувачи изгубија пари поради тоа. Имено, откако на 30 јуни еден навивач фрли дилдо на натпревар од ВНБА лигата помеѓу Атланта и Голден Стејт, тој бесмислен и сексистички чин стана популарен, па на идентичен начин привремено беа прекинати и натпреварите помеѓу Чикаго и Голден Стејт, како и Лос Анџелес и Индијана. ...
По убедливиот пораз од Карабах од 5:1 (вкупни 6:1) и елиминацијата од квалификациите за ЛШ, фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Шкендија ја чека нов предизвик и битка за групната фаза од Лига Европа. На 21-ви август во Скопје ќе го одигра првиот меч против Лудогорец од Бугарија. Бугарскиот тим беше поразен синоќа на гостувањето кај унгарски Ференцварош со 3:0, а првиот меч заврши без голови 0:0. Реваншот помеѓу Шкендија и Лудогорец ќе ...
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Илиевски, за средбата со Унгарија очекува подобро издание на неговите избраници во однос на мечот со Романија. – Унгарците се една атлетска екипа, која што игра брза и модерна кошарка. Екипа каде сите играчи шутираат од сите позиции. Нивниот играч Војвода, е со најголема возраст, и е клучен играч во таа репрезентација. Сето она кое што треба да го направиме, е да ја спречиме таа нивна ...
Италијанскиот новинар Матео Морето тврди дека македонскиот голман Столе Димитриевски е на радарот на турскиот тим Фенербахче. Наводно Жозе Мурињо во него гледа замена за Ливаковиќ, кој веќе неколку сезони е неприкосновена „единица“ на турскиот гигант. Како што е познато, во Валенсија нашиот голман нема иднина, односно нема да биде прв избор, па можеби Фенербахче е добра опција. Освен Фенер, за Димитриевски наводно е заинтересирана и Џенова. ...
Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер не е оптимист дека неговиот тим може да се надева на борба за врвот во претстојната премиерлигашка сезона. – Работиме напорно и тука има одлична атмосфера. Сакаме да бидеме успешни, правиме сè што можеме за да бидеме успешни. Понекогаш чувствуваме дека не е доволно добро во последно време и не им дадовме на нашите навивачи толку колку што сакавме. Се чувствувам како да е речиси како нов почеток и се ...
Фудбалерите на Шкендија претрпеа убедлив пораз со 5:1 на гостувањето кај Карабах и со вкупни 6:1 се елиминирани од првакот на Азербејџан. Ова беше реванш натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Македонскиот првак поведе во 10.минута со голот на Фабрис Тамба, но домашните брзо дојдоа во водство. Прво Клисман Цаке постигна автогол во 16.минута за 1:1, а Кади две минути подцна погоди за водство од 2:1. Карабах ја зголеми ...
Навивачите на Манчестер Јунајтед се на воена нога со клупското раководство. Откако неодамнешното поскапување на влезниците веќе предизвика протести и незадоволство, сега навивачите ги удвоија своите поплаки поради нов удар врз нивниот џеб. Имено, клубот ја зголеми цената на пивото на Олд Трафорд и тоа до 51 процент. Навивачите во саботата, за време на пријателскиот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Фиорентина (1:1), ги пречека непријатно ...
Фудбалерите на Шкендија вечерва го играат реванш дуелот од третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите. Нивни домаќин е првакот на Азербејџан екипата на Карабах. На прес конференцијата тренерот на тетовчани Јетон Беќири изјави: – Очекувам уште еден тежок натпревар. Карабах е квалитетен состав. Ние ќе дадеме максимум и ќе се обидеме да постигнеме гол. На првиот дуел нашиот противник беше подобар ривал, а ние голот го примивме по наша ...
Италијанската Рома вчера го претстави новиот трет дрес за претстојната сезона, а неговиот изглед ги воодушеви навивачите како никогаш досега. Германскиот бренд Адидас, кој е снабдувач на опрема за клубот од Олимпико, создаде вистинско ремек-дело – прекрасен бел дрес со зелени и златни детали. На дресот, наместо класичниот грб, е испишана скратеницата „ASR“, што значи AS Roma, логото на Адидас е поставено на десната страна од градите, а на јака ...
Барселона го совлада Комо со 5:0 и го освои пехарот „Жоан Гампер“, меч кој редовно се игра пред почетокот на новата сезона, чиј домаќини се токму каталонците. Сепак, покрај убедливата победа, на социјалните мрежи хит е Рашфорд и неговото промашување. Како што е познато пред Рашфорд дојде како ново засилување во нападот на Барса пред новата сезона. Rashford has arrived. 🔥 pic.twitter.com/fBzsJE1Miz — Hater Central (@TheHateCentral) August 10, ...
Светската кошаркарска федерација (ФИБА) отвори истрага против Македонската кошаркарска федерација поради националистичките скандирања за време на натпреварот Македонија – Романија одигран во саботата во Куманово. -Во оваа фаза собираме релевантни извештаи поврзани со инцидентот и сме во тесна координација со вклучените национални федерации како и со локалните власти и органите за спроведување на законот, изјавил претставник на ФИБА. Непримерното ...
Голманот на Кристал Палас, Дин Хендерсон, е пресреќен за победата (2:2, 3:2 на пенали) над Ливерпул во синоќа во „ФА Комјунити Шилд“. – Неверојатно е. Излеговме на теренот знаејќи дека тие се фаворити, имаат неверојатни играчи, тие се одличен тим. Два трофеја за три месеци. Неверојатно чувство. Нека продолжиме приказната. Ги сакам големите моменти. Го сакам тој притисок, изјави Хендресон за британските медиуми. Дваесет и осумгодишниот голман ...
Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ е еден од најдобрите играчи во средината на теренот на сите времиња, кој најголем печат оставил во Реал Мадрид. Но, она што не сте го знаеле е дека играчот од средниот ред има и свој „двојник“ кој неодоливо потсетува на најдобриот хрватски фудбалер на сите времиња. Се работи за капитенот на словачка Петржалка, Лукас Гаспаровиќ, кој е речиси идентичен со Лука Модриќ, што го препознаа и навивачите на турскиот ...
Шпанскиот фудбалер Алваро Мората предвреме го напушти Галатасарај, објави истанбулскиот клуб. Триесет и двегодишниот Мората играше во Турција како позајмен фудбалер од Милан. За предвремениот прекин на позајмицата, Милан ќе му плати на Галатасарај пет милиони евра. Во исто време, Мората се откажа од долгот кон него во износ од 651,6 илјади евра. Договорот за изнајмување беше пресметан до јануари 2026 година. Неговиот договор со Милан важи до 30 ...
Високиот советник на инвестициската компанија РедБирд (која поседува контролен пакет акции во Милано) Златан Ибрахимовиќ помогнал во трансферот на играчот од средниот ред на Бриж, Јашари, објави „Hln.be“. View this post on Instagram A post shared by AC Milan (@acmilan) Ибрахимовиќ го следел напредокот на преговорите со 23-годишниот Швајцарец. Кога дојдоа до ќорсокак, поранешниот играч на Милан го повика Јашари за да го убеди да се пресели во ...
Новата сезона на англиската Премиер лига ќе донесе еден интересен новитет, бидејќи капитените на екипите повеќе нема да носат капитенски ленти со боите на виножитото на натпреварите. Со тоа ќе биде прекината традицијата што трае осум години, бидејќи таквите ленти беа присутни на терените во Премиер лигата од 2017 година. 🚨BREAKING NEWS: The Premier League have announced they are banning rainbow laces and rainbow captains armbands for the ...
Тренерот ПСЖ, Луис Енрике, им кажа на своите играчи пред тренингот во четврток, 7 август, дека новата сезона ќе биде потешка од претходната. Сепак, шпанскиот фудбалски стручњак е убеден дека неговиот тим ќе биде посилен од мината сезона. -Ќе бидеме уште посилни оваа сезона. Сите ќе сакаат да нè победат, бидејќи сме европски шампиони, ги цитира новинарот Фабрис Хокинс зборовите на Енрике на неговата страница на социјалната мрежа X. Во сезоната ...
Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“. Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање, направија инцидент со националистичките извикувања. Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека ќе ги санкционира евентуалните националистички испади, како што реагираше брзо по испадите на мала група навивачи на кошаркарскиот натпревар ...
Јувентус и Интер важат за најголеми ривали во Италија, а мечевите кои се играат помеѓу овие два тима се нарекуваат „Дерби на Италија“. Како што е познато, ривалитетот е голем, па однесувањето на фудбалерите на двата тима и нивните изјави со големо внимание се следат. Еден таков невнимателен потег направи Кепрен Турам, Французин кој игра за Јувентус, а како што е познато неговиот брат Маркус Турам игра за Интер. Тие се синови на легендарниот ...
Стартот на Првата фудбалска лига во Македонија е в петок (8.август), а со почетокот на новиот шампионат на натпреварите ќе биде применувана и ВАР технологијата. Досега ВАР системот во Македонија се применуваше само на Националната Арена „Тодор Проески“ и тоа на меѓународни натпревари. Едно од првите ветувања на претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ со неговото доаѓање на оваа функција беше дека домашниот шампионат ќе биде „збогатен“ со примена на ...
Обвинителството отвори истрага за националистичките скандирања од страна на помала група навивачи за време на кошаркарскиот меч Македонија-Романија одигран во саботата во Куманово. Како што е познато, на овој меч одредени навивачи скандираа против Албанците, а овие немили настани во текот на вчерашниот ден и денеска беше осуден од страна на КФМ, бројни функционери, спортисти, па и премиерот Мицкоски. Од Обвинителството велат дека е издадена и ...
Најмладиот македонски шаховски Интернационален мајстор, Емил Ристески, победи на турнирот „Обербанк Челенџер Опен“ што минатата седмица се играше во Линц, Австрија. Илиевски кој е член на ШК Алкалоид, со биланс од шест победи и три реми го освои првото место на табелата освојувајќи 7,5 поени од 9 партии. Ристески трофејот го обезбеди со две победи против директните конкуренти за првото место, ИМ Лукас Лајш (2.417) и ВМ Гералд Хертнек(2.440), кои ...
Хрватот Лука Модриќ денеска и официјално беше претставен како играч на Милан. По 13 години откако му истече договорот со Реал Мадрид хрватскиот репрезентативец ја смени средината и во новата сезона ќе го носи дресот на уште еден великан на европскиот фудбал. По претставувањето на прес конференцијата Модриќ се појави да ги поздрави навивачите на Милан. – Минимална цел е пласман во Лигата на шампионите, но Милан сака да освојува трофеи, тоа е ...
Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ ја отстрани една од своите најпознати тетоважи, која се наоѓаше на левата страна од неговото тело. „Само Бог може да ми суди“ пишуваше на левата страна од телото на Ибрахимовиќ, но прочуениот Швеѓанец сега се погрижи таа тетоважа да биде отстранета со ласер. За време на отстранувањето, доживеал силни болки, што може да се види и во видеото кое го објави на Инстаграм. Инаку, неговото тело е ...
Њукасл му испрати на Лајпциг нова официјална понуда за напаѓачот Бенџамин Шешко, објави инсајдерот Фабрицио Романо на социјалната мрежа X. Англискиот клуб сега е подготвен да плати 80 милиони евра за 22-годишниот Словенец, како и да плати уште 10 милиони евра во бонуси. Играчот сè уште не донел одлука каде сака да ја продолжи кариерата. Манчестер јунајтед, исто така, сака да го доведе словенечкиот репрезентативец во своите редови. Шешко игра за ...
Со доаѓањето на новиот претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Томе Главчев, веднаш беше најавено дека ќе биде сменето името на федерацијата, односно од Кошаркарска федерација на Северна Македонија, во Македонска кошаркарска федерација. Тоа беше одлучено на седницата на Управниот одбор одржана пред крајот на месец јуни оваа година. Иако се уште на сајтот стои КФСМ, па и на социјалните мрежи, сепак првиот човек е направен. Нема ...
Екипата на РК Алкалоид ги почна подготовките за новата сезона. Ракометарите фаќаат ритам на тренирање во „Автокоманда“, има осум нови играчи кои му се приклучија на тимот, а впечатоците од актуелниот состав и очекувањата за следната сезона ги сподели тренерот Кирил Лазаров. – Целата стратегија, поставеноста на клубот е од година во година да се прави чекор напред. Не сакаме тие чекори да бидат крупни, туку да одиме постепено и да го развиваме ...
Шкендија утре вечер со почеток во 20 часот против Карабах го игра првиот меч од 3.квалификациско коло во ЛШ. Секако дека Карабах е фаворит, ама само на хартија, бидејќи досега шампионот на Македонија се покажа во одлично светло особено против романски ФЦСБ. Доколку успее Шкендија да го елиминира Карабах, тогаш во последното коло пред групната фаза, односно плеј-офот ќе се соочи со подобрииот од двомечот Лудогорец и Ференцварош. Со оглед на тоа ...
Прес-службата на Интер Мајами презентираше ажурирани информации за состојбата на напаѓачот Лионел Меси. – Резултатите од прегледот потврдија лесна повреда на мускулот на десната нога. Одлуката за неговото враќање на теренот ќе зависи од неговата клиничка состојба и одговорот на третманот, се вели во соопштението. На 3 август, 38-годишниот Аргентинец беше заменет во 11-тата минута од натпреварот од Лига купот против Некакса (2:2, 5:4 на пенали). ...
Ракитиќ објави фотографија на која се наоѓа во прегратка со Модриќ, а во описот на фотографијата напиша: „Не знаат каква среќа имаат, брате @lukamodric10!! Среќно, секогаш со тебе!!! Ти благодарам, брате, за посетата.“ View this post on Instagram A post shared by Ivan Rakitic (@ivanrakitic) Ракитиќ додаде и стихови од песната „Sara perché ti amo“, што во превод значи „Затоа што те сакам“. Овој хит е воедно и омилена песна на навивачите на ...