Ерик Тен Хаг повеќе не е тренер на бундеслигашот Баер. Одлуката ја донесе бордот на акционери на клубот од Леверкузен. – Ова не беше лесна одлука. Никој не сакаше да го преземе овој чекор. Сепак, последните неколку недели покажаа дека е невозможно да се создаде нов и успешен тим со таква структура. Цврсто сме убедени во квалитетот на нашиот тим и сега ќе направиме сè што е можно за да го развиеме клубот, изјави спортскиот директор на Баер, Симон ...

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, се осврна на вчерашниот пораз од Удинезе во 2.коло на Серија А. „Нероазурите“ на домашен терен загубија со 2:1, иако први имаа водство. – Треба да ја пронајдеме нашата мотивација, нашиот ентузијазам и нашата желба за настап што ја имавме пред неколку дена. Денес се мачевме да создадеме игра, бевме невнимателни и не се стремевме кон совршенство. Сето ова влијаеше на исходот. Епизодата со пеналот ни предизвика ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска реализира рекордна донација на спортска опрема за екипите од младинските категории во натпреварувачкиот систем на ФФМ. Вкупно 42 екипи кои настапуваат во Супер младинската лига, Втората и Третата младинска лига добија по 44 комплети опрема (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци), како и по 30 фудбалски топки. Вкупно 1.848 деца се опфатени со оваа донација, чија вредност изнесува околу ...

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар од денес е посилен за двајца нови играчи. – Фахад Азиз Бајо и Муса Раматан се најновите аквизиции на нашето раководство, со кои ќе атакуваме на највисоки дострели во актуелната натпреварувачка година, објави ФК Вардар. Бајо кој потпиша на две години е напаѓач од Уганда, има 27 години, минатото беше дел од Вишков од Чешка, Ашдод и Бнеи Сакнин од Израел. Дваесет и тригодишниот Раматан кој потпиша ...

Фудбалерите на Вардар го совладаа попладнево Шкупи на гостувањето во Струмица со 4-2 во воведниот натпревар од 4 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Вардар до третата победа оваа сезона дојде со головите на Данев (16), Омерагиќ (36), Закариќ (45+4) и Спахиу (90+4), додека головите за Шкупи ги постигнаа Матиќ (1, автогол) и Дестани (38). Вардар е лидер на табелата со 10 бодови, додека Шкупи остана на последното место без освоен бод. ...

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е нов фудбалер на Глазгов Ренџерс, објави попладнево шкотскиот гигант. Миовски доаѓа во Ренџерс од редовите на шпанска Жирона во која мина една сезона, а со клубот од Глазгов потпиша четиригодишен договор. „ Фудбалскиот клуб Ренџерс денеска со задоволство го објавува потпишувањето на договорот со Бојан Миовски“, се вели во клупското соопштение. Финансиските детали од договорот не се објавени, но според ...

Шампионот на Македонија во фудбал, тимот на Шкендија ги доби противниците во групната фаза од Коференциската лига на УЕФА. Денешната жрепка одлучи противници на тетовскиот тим да бидат Слован Братислава од Словачка, Рајо Валјекано од Шпанија, Јагелонија од Полска, Дрита од Косово, Шелбурн од Ирска и АЕК Ларнака од Кипар. ПРОТИВНИЦИ НА ШКЕНДИЈА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА НА УЕФА -Слован Братислава (дома) -Рајо Валјекано (гости) -Јагелонија (дома) -Дрита ...

Жозе Мурињо е отпуштен од турскиот клуб Фенербахче, само шест натпревари по почетокот на новата сезона. Последната капка за португалскиот тренер се покажа како пораз од Бенфика во среда вечерта, поради што Фенербахче не успеа да се квалификува во групната фаза од Лигата на шампионите. Во соопштението на X профилот на Фенербахче пишуваше: -Нашиот професионален фудбалски тим се раздели со Жозе Мурињо, кој е главен тренер од сезоната 2024-2025. „Му ...

Челзи и Манчестер Јунајтед се договорија за долгоочекуваниот трансфер откако лондонскиот клуб се согласи на подобрени услови од Јунајтед за потпишувањето на аргентинскиот напаѓач Алехандро Гарначo. Челзи веќе потроши над 290 милиони евра за време на летниот преоден рок, а Гарначо ќе се придружи на тимот на Енцо Мареска заедно со напаѓачите Жоао Педро, Лиам Делап, Естевао и Џејми Гитенс. Челзи мораше да плати околу 45 милиони евра за ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се враќа во Наполи. Неколку угледни италијански медиуми објавија дека се е готово и дека за утре се закажани медицински прегледи. Откако ќе ги помине медицинските прегледи, Елмас ќе потпише договор кој гласи едногодишна позајмица од 2 милиони евра, и опција за откуп на договорот во висина од 16 милиони евра. Секако ова се добри вести и за селекторот Милевски, бидејќи во септември Македонија ја чека ...

Попладнево се одржа жрепката за Лигата на шампионите, сезона 2025/2026, втора сезона по ред во нов систем, наместо претходно познатиот групен систем. Сега жрепката донесе ни донесе многу интересни мечеви. На пример, ПСЖ, бранителот на тројефот ќе игра против Барселона и Баерн Минхе, Реал Мадрид ќе игра против Манчестер Сити, Ливерпул и Јувентус, Барселона освен со ПСЌ ќе игра и против Челзи и Њукасл, Интер против Ливерпул, Арсенал и Борусија ...

Фудбалерите на Шкендија загубија вечерва на гостувањето во Разград од Лудогорец со 4:1 (2:1, 2:0) по продолженија и со вкупен резултат од 5:3 претрпеа елиминација од Лига Европа со што настапите на европската сцена ќе ги продолжи во Конференциската лига. Македонскиот првак конфузно го отвори реванш натпреварот од плејофот во Лига Европа што бугарскиот тим максимално го искористи и веќе на средина од првото полувреме успеа да ја надомести ...

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека натпреварот од 4. коло во Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкупи и ФК Вардар ќе се одигра на 29 август (петок) на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток во 16:30 часот. Ова доаѓа откако Комисијата извршила увид и констатирала дека стадионот во Чаир не ги исполнува условите за мечевите од Првата македонска фудбалска лига. Па, така ФК Шкупи ...

Фудбалерите на Шкендија вечерва од 19:30 часот во Разград го играат реванш натпреварот против бугарски Лудогорец од плејофот за пласман во второто по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на Европа. Македонскиот шампион допатува на реваншот во Бугарија со предност од 2-1 од првиот натпревар што се одигра минатиот четврток на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Љатифи и Ибрами беа стрелци за Шкендија, откако Дуарте му донесе ...

Неколку часа пред денешната жрепка за Лигата на шампиони, УЕФА објави дека терминот за почеток на финалето ќе биде поместен од 21:00 на 18:00 часот, почнувајќи од оваа сезона. Финалето на Лигата на шампионите оваа сезона ќе се игра на 30 мај следната година во Будимпешта, а УЕФА верува дека поместувањето на почетокот на натпреварот за три часа порано ќе го подобри искуството за навивачите и играчите, а воедно ќе им овозможи на градовите домаќини ...

Четвртолигашот Гримсби Таун го направи најголемиот подвиг во клупската историјата, откако синоќа со по изведување пенали 12-11 (2-2, 2-0) го елиминираше Манчестер јунајтед во второто коло од англискиот Лига Куп. Нискобуџетниот клуб од источниот брег на Англија ја најави сензацијата веќе во првото полувреме во кое обезбеди предност од 2-0. Домашниот тим поведе во 22 минута со голот на Чарлс Вернам, а само осум минути подоцна Тајрел Ворен постигна ...

Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола доби официјална потврда од УЕФА и на 9. септември ќе биде домаќин на квалификацискиот натпревар за Европското првенство, во кој репрезентацијата на Македонија до 21 година ќе се соочи со селекцијата на Италија. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со Општина Битола во период од речиси 40-на денови реализира инвестиција вредна околу 150.000 евра, со што стадионот доби значителни ...

Фудбалската федерација на Македонија, преку Комисијата за натпревари, ја информира јавноста дека ФК Шкупи е должен да пријави алтернативен стадион за одигрување на натпреварот од 4. коло во Прва МФЛ против ФК Вардар закажан за 29. август во 16:30 часот. Согласно извршената инспекција и извештајот за инфраструктура, утврдено е дека стадионот во Чаир не ги исполнува минималните услови за организација на натпревари од Прва МФЛ, поради: – недоволно ...

Селекторот на македонската одбојкарска репрезентација Јошко Миленкоски изрази задоволство од изборениот пласман на Европското првенство 2026. Македонските одбојкари синоќа ја победија Грузија со 3:0 и си обезбедија четврто учество во низа на континенталниот собир. – Пласманот на Европското првенство е награда за напорната работа во текот на долгото жешко лето. Бевме под притисок да ја победиме Грузија убедливо без изгубен сет. Тие не се воопшто ...

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, денес го објави списокот на играчи за претстојните натпревари од јужноамериканските квалификации за Светското првенство. Бразил во септември ќе игра против Чиле и Боливија, а ова е втор список на Анчелоти откако ја презеде селекторската функција. Она што ги изненади многумина е тоа што ниту еден од четворицата играчи на Реал Мадрид – Винисиус Жуниор, Родриго, Едер Милитао и ...

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија (4. септември, стадион „Викторија Жишков“, Прага) и Лихтенштајн (7. септември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за Светско првенство 2026. Двајца дебитанти се наоѓаат меѓу 26-те повикани фудбалери на кои ќе смета нашиот предводник. Играчот од средниот ред на Шкендија, Решат ...

Фудбалската репрезентација на Македонија на почетокот на септември ја очекуваат два натпревари, пријателски против Саудиска Арабија во Чешка, а потоа и квалификациски дуел за СП 2026 со Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Селекторот Благоја Милевски повика двајца дебитанти, Решат Рамадани од Шкендија и Елмин Растодер од Тун. Неколкумина играчи не се повикани поради проблеми со клубовите, а дел и од оние што се на ...

По пријава на делегатот на натпреварот ФК Пелистер – ФК Шкупи, Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија го предаде ФК Пелистер на понатамошна постапка во Дисциплинската комисија. Пријавата се однесува поради навредливо скандирање на дел од навивачите на натпреварот Пелистер – Шкупи против Албанците, одигран во рамки на 3. коло од Прва МФЛ, објави денес ФФМ. Натпреварот се одигра вчера во Кавадарци и заврши со ...

Тренерот на Интер, Кристијан Киву, ги искажа впечатоците по синоќешниот натпревар со Торино. Интер во првото коло од новата сезона во Серија победи убедливо со 5:0. – Се обидовме да пристапиме кон првиот натпревар во најдобра можна состојба. Психички, момците ги оставија настаните од минатата сезона зад себе, демонстрирајќи го својот вистински потенцијал. Од првиот ден, сите веднаш се вратија во реалноста, работеа под голем притисок и никогаш не ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот го пофали младиот и талентиран Рио Нгумора кој го постигна победничкиот гол на синоќешнито натпревар со Њукасл. На асистенција од Мохамед Салах, 16-годишниот Рио погоди во 90+10. минута и му донесе три бода на својот тим. – Не одигравме како што посакуваме. Им дозволивме да не загрозат по нафрлени топки. Ја немавме контролата на играта. Сепак благодарение на 16-годишниот Рио Нгумора победивме. Тој постигна одличен ...

Осум дена притвор доби 43 годишниот родител од Скопје, кој вчера на фудбалскиот натпревар на фудбалерите од генерација 2009-2010 година меѓу клубовите „Шкупи“ и „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип физички напдна двајца малолетни фудбалери. Судијата на претходна постапка и воедно и портпарол на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев за МИА потврди дека на лицето А.А од Скопје му е одредена мерка притвор од осум дена, по што по скратена ...

Врз основа на собраните изјави, службени извештаи и пријавата доставена од Комисијата за млади категории во рамки на ФФМ, Првостепената дисциплинска комисија на ФФМ отвори и заврши неколку дисциплински постапки во согласност со Дисциплинскиот правилник. Најтежок инцидент се случи на крајот од натпреварот, кога играчот на ФК Шкупи 1927 со број 9, Абдуљи Леарт, физички го нападна противничкиот играч, нанесувајќи му сериозни повреди. Согласно член ...

Министерот за спорт Борко Ристовски кој го следеше синоќешниот натпревар на македонската репрезентација против Грузија, по победата им честите на нашите одбојкари и ги награди со премија. – Ви благодариме за се што правите за Македонија, некои подолго, некои сега почнуваат. Ние како министерство секогаш ќе стоиме зад успешни федерации, зад успешни приказни во спортот. Во разговор со претседателот на Федерацијата, на негов предлог, одлучивме да ...

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице осомничено дека извршило грубо насилство на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, вчера за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“. Со дејствијата, според Обвинителство, тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Брегалница“, нанесувајќи им телесни повреди, а освен тоа, кај ...

Бугарската фудбалска федерација го прифати барањето на Лудогорец за одложување на прволигашкиот дуел против Берое пред реваншот против Шкендија во плејофот за групната во Лига Европа. Лудогорец требаше в понеделник да му гостува на Берое во рамки на 6 коло од бугарското првенство. „Лудогорец има важен реванш натпревар од плејофот на Лигата на Европа против македонската Шкендија на 28 август во Разград, во кој мора да надомести негатива од 1:2 од ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1024
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
92%
1024
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
0.72
70%
1025
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.49
92%
1026
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 0ᴼ
2.06
90%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.45
84%
1022
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
93%
1023
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
83%
1026
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
0.45
92%
1024
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
3.6
93%
1024
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Злато

139515.92

Паладиум

54591.97

Иридиум

145787.60

Бакар

11.07

Кобалт

58.42

Платина

64479.52

Алуминиум

2.95

Цинк

3.04

Калај

43.93

Родиум

258813.51

Сребро

2159.01

Рутениум

29192.88