Со победата остварена ноќеска на гостински терен 138:83, тимот на Кливленд кавалирс ја доби серијата со Мајами хит во 1. коло на плејофот од НБА-лигата. Кавалирс ги елиминира жешките од Флорида со максимални 4:0. Во четвртфиналето Кливленд ќе се соочи со поуспешниот од пресметката Индијана – Милвоки (3:1 моментален резултат во серијата прв до четири победи). На вториот натпревар одигран ноќта понеделник кон вторник, Голден Стејт вориорс на свој ...

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за дисциплински мерки против клубовите ФК Воска Спорт АД и ГФК Гостивар АД поради неодиграни натпревари од последните две кола во Прва МФЛ. – ФК Воска Спорт АД се казнува со одземање на 9 (девет) бодови и парична казна во износ од 25,000.00 евра за неодигрување на натпреварот од 29. коло во Прва МФЛ; – За неодигрување на натпреварот од 30. коло, ФК Воска Спорт добива казна, одземање на ...

Англиските прволигаши Манчестер Јунјатед и Тотенхем ќе играат во финалето во Лига Европа на 21 мај во Билбао. Ова е епилогот од вечерашните реванш полуфинални натпревари во кои Манчестер јунајтед го елиминираше Атлетик Билбао со вкупен резултат 7-1, додека Тотенхем го исфрли норвешки Бодо/Глимт со вкупен резултат 5-1. Манчестер Јунјатед ја задржа предноста од првиот дуел во Билбао од 3-0, совладувајќи го вечерва Атлетик со 4-1 пред своите ...

Фудбалерите на Челзи и Бетис ќе играат во финалето во третото по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на конференции. Откако минатата недела триумфираше на гостувањето во Шведска над Ѓургарден со 4-1, лондонски Челзи рутински го завери пласманот во финалето со минимална победа на вечерашниот реванш на домашен терен од 1-0. Единствениот гол го постигна Девсбери – Хол во 38 минута. Противник на Челзи во дуелот за трофејот во ...

Македонската машка ракометна репрезентација ја мина првата од двете последни пречки на патот до пласман на Европското првенство 2026, откако вечерва ја совлада Естонија на гостински терен со 36-17 пред завршниот евроквалификациски дуел против Литванија в недела во Скопје. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров доминираа од самиот почеток на денешниот дуел во Талин и триумфот во ниту еден момент не беше доведен во прашање. Македонија уште од ...

За време на прославата на навивачите на Пари Сен Жермен (ПСЖ) по квалификацијата во финалето на Лигата на шампионите, автомобил се удри во публиката, при што беа повредени најмалку три лица, од кои едно е во критична состојба. Според „Ле Паризиен“, по вториот гол на ПСЖ, започнале прослави на стадионот „Парк де Принс“, како и на околните улици, каде што се собрале навивачи кои не успеале да добијат билети за големиот натпревар против Арсенал. По ...

ПСЖ се пласираше во финалето на ЛШ, каде на 31 мај ќе се сретне со Интер, кој ја елиминираше Барселона. Французите по втор пат го совладаа Арсенал овој пат со 2:1, па со вкупни 3:1 заминаа во финале. Тренерот на ПСЖ, по мечот, саркастично одговори на критиките пред се кои се многу чести во Англија, каде велат дека француската лига е далеку испод нивото на англиската. -Знаете, ние играме во селска лига. Селска лига? Затоа ги победивме сите ...

Тетовска Шкендија по петти пат во клупската историја ја освои шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево во дерби натпреварот од 31. коло го совлада Работнички со 2-1 и стекна недостижна предност пред второпласираниот Силекс на две кола до крајот на сезоната. Латифи ја донесе Шкендија во водство во 5. минута, пред Тамба да ја зголеми предноста во 33 минута. Почесниот гол за Работнички го постигна Далеј од ...

Играчот од средниот ред на Барселона, Гави, испрати остра порака по контроверзниот пораз на неговиот тим во Лигата на шампионите против Интер. По елиминацијата на Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, Гави упати енергичен повик на социјалните мрежи, повикувајќи ги своите соиграчи и навивачи да останат обединети. Играчот од средниот ред ја изрази својата фрустрација поради овој пораз, изјавувајќи дека критичарите на ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) продолжува со интензивна постапка за утврдување на неправилностите поврзани со натпреварот од 28. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Кожуф и ФК Башкими. По добиени сознанија и укажувања од раководителот на одделот за безбедност и заштита на интегритетот во рамки на ФФМ, веднаш беше отпочната постапка, а изјавите од службените лица на натпреварот (главен судија, тројца помошници, контролор на судии, делегат на ...

ПСЖ и на реваншот го совлада Арсенал и обезбеди финале против Интер на 31-мај во Минхен. По оние 1:0 во Лондон, Парижаните беа подобри со 2:1, а не реализираа и пенал. Фабиан Руиз и Хакими погодија за ПСЖ, додека почесниот погодок за Арсенал беше дело на Сака. Иако не беше возбудлив како синоќешниот меч, сепак и оваа полуфинална пресметка донесе многу возбудувања. Ова е само добра најава за одличен фудбал и финале. ПСЖ против Интер ќе се бори за ...

Вчерашниот ден беше тежок за сите навивачи на Барселона бидејќи овој клуб испадна од Европа во двата најважни спорта за клубот и навивачите, имено фудбалот и кошарката. Imagina el nivel de complejo que tienen para poner estas pancartas en Valdebebas. "¡GRAZIE INTER!" Son lo más ridículo que existe. Xd pic.twitter.com/QSHOb80Rcd — Vetta 🆇 (@Vettaverso) May 7, 2025 За неколку часа, соништата на Барселона беа разбиени. Кошаркарскиот тим прво беше ...

Историски успех остварија вечерва ракометарите на Еурофарм Пелистер во младинска конкуренција, обезбедувајќи пласман на завршниот турнир во Лигата на шампиони. До пласманот на јунскиот фајналфор младинците на Еурофарм Пелистер дојдоа со победа (37-36) над домаќинот Динамо во Букурешт со која го освоија првото место на квалификацискиот турнир што се одржа во романската престолнина. По одигрувањето на четвртфиналните групи познати се и ...

Херојот на Интер, Фратези го постигна голот за победа од 4:3 против Барселона во полуфиналето на ЛШ. Веднаш по мечот се вклучи во емисијата, мега популарното фудбалско шоу на ЦБС каде домаќини се Тиери Анри, Џејми Карагер и Мика Ричардс. Фратези рече дека срцето ќе му излезе од градите од возбуда, дека треперел целиот, но потоа доби прашање од Тиери Анри, кое повеќе беше како констатација, кој вели дека не видел човек на кој му трепери срцето, ...

Фудбалскиот клуб Кожуф преку соопштение на социјалните мрежи ги отфрли обвинувањата по повод натпреварот против Башкими, кој го доби кумановскиот тим со 1-2. Од снимките се гледа сомнително однесување на домашните играчи при вториот гол на гостите при резултат 1-1. -Во рамките на 28-коло од ВМФЛ на градскиот стадион во Гевгелија се одигра натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими кој заврши со резултат 1:2. По завршувањето на натпреварот во ...

Фудбалскиот клуб Башкими преку соопштение реагираше на најавите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и министерот за спорт, Борко Ристовски за казни, по вчерашниот контроверзен гол против Кожуф во дуел од Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) на гостинскиот тим во Гевгелија. Оттаму велат дека мечот против Кожуф бил чист, и дека со голема заслуга ги освоиле трите бода. „Загрижени и огорчени поради оркестрираните напади врз нашиот ...

Сите оние кои што синожа во директен пренос го следеа мечот помеѓу Интер и Барселона (4:3), веднаш по голот на Чалханоглу од пенал за 2:0, на екраните можеа да го забележат Франческо Ачерби како бесно гестикулира со рацете кон фудбалерите на Барселона. Причината поради која дефанзивецот на Интер беше бесен ја дознавме по мечот, бидејќи режисерот на тој натпревар во преносот не го покажа моментот, а не реагираше ниту судијата, ниту пак некој од ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски преку социјалните мрежи најави дека на фудбалските клубови Кожуф и Башкими најверојатно ќе им биде одземена дејноста за спорт, што значи дека ќе бидат елиминирани од понатамошни настапи во Втората лига. Најавата доаѓа по вчерашните случувања, откако фудбалерите на Кожуф намерно им дозволија на противниците да постигнат гол за победа и да останат во трка за директен пласман во Првата лига – Ќе ги почекаме ...

Барселона е огорчена од судењето на Шимон Марчињак во синоќешниот реванш од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, а Полјакот е особено критикуван што не реагирал веднаш пред голот што го спаси Интер од пораз и испаѓање во третата минута од судиското продолжение. Имено, Интер напаѓаше во тој момент, но играчот на Барселона, Жерар Мартин, пресретна додавање кое се упатуваше кон опасната зона каде што беше Дамфрис. Another footage of ...

Вистински срамен меч одиграа Кожув – Башкими, а според начинот на кој се однесуваа фудбалерите на Кожув и голот на Башкими, јасно е дека станува збор за местенка. Јавноста е згрозена, но и ФФМ, иако од кумановскиот тим тврдат дека нема ништо сомнително, односно дека мечот не е наместен. Се огласија и од ФФМ: Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) со длабоко разочарување и огорченост го следеше натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими од ...

Интер се пласираше во финалето на Лигата на шампионите откако ја победи Барселона со 4-3 по продолженија во синоќешниот спектакуларен реванш од полуфиналето на домашен терен. Интер така се пласираше во финалето со вкупен резултат 7:6, каде што ќе се соочи со подобриот од ПСЖ и Арсенал, кои вечерва ќе го играат реваншот во Париз откако францускиот тим го доби првиот натпревар во Лондон со 1:0. Иако многумина мислеа по првиот натпревар помеѓу ...

Барселона синоќа беше на еден чекор од пласман во финалето на Лигата на шампионите, а имаше и навивачи на Интер кои не веруваа во чудесниот пресврт на италијанскиот клуб. Имено, откако Рафиња постигна гол во 88-та минута за водство на Барселона од 3-2, голема група навивачи на Интер го напуштија стадионот. Некои го направија тоа од лутина, некои од страв од сообраќајни метежи, но колку и да се трудат, ќе можат да си простат што си заминаа пред ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од Полска со 22-18 (14-8) во првиот меч од баражот за пласман на Светското првенство 2025 година. Нашите ракометарки можат да бидат задоволни од резулатот, со оглед на тоа дека во еден момент губеа и со 10 разлика (22-12). Но со серија од 6-0 нашите ракометарки стигнаа до активен резултат и можност со помош на домашната публика да се пласираат на Мундијалот. Со осум гола, најефикасна за ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше вознемирен од неколку судиски одлуки во поразот на неговиот тим од Интер со 4-3, што ги спречи Каталонците да стигнат до своето прво финале на Лигата на шампионите по една деценија, по голот во продолжението што го постигна италијанскиот резервен играч Давиде Фратеси. Флик го критикуваше полскиот судија Шимон Марчињак, кој имаше многу работа во реваншот на стадионот „Џузепе Меаца“ од полуфиналето на ...

Италијанскиот клуб Интер го победи импозантниот тим на Барселона и се пласираше во финалето на Лигата на шампионите во вторникот вечерта, и иако тренерот Симоне Инзаги беше разбирливо импресиониран од своите противници, тој рече дека не би ги менувал своите играчи за никого друг. По нерешениот резултат 3-3 во првиот натпревар од полуфиналето, беше тешко да се предвиди дека реваншот на „Меаца“ ќе биде ист како и претходниот, но двата тима одиграа ...

Каков фудбалски спектакл на “Џузепе Меаца” со 7 голови или вкупно 13 на двомечот помеѓу Интер и Барселона. Вечерашниот реванш понуди неверојатни моменти, водство на Интер од 2:0, па потоа пресврт на Барса во вториот дел за 3:2, а кога многумина ги видоа Каталонците во финале, Ачерби погоди за 3:3 во 93-та. Во судиското надополнување Фратези погоди за 4:3, а потоа Сомер со неколку фантастични интервенции не дозволи гол на Барса и Интер се ...

Првиот човек на европската куќа на фудбалот им кажа во лице на Италијанците дека имаат срамна фудбалска инфраструктура. Чеферин беше во Милано, даде интервју за Спорт Медиасет, а едно од прашањата беше поврзано со фактот дека „Сан Сиро“ не доби можност да биде домаќин на финалето од Лигата на шампионите. -Мислам дека фудбалската инфраструктура во Италија е срамна“, порача Чеферин. И продолжи на ист начин: -Вие сте една од најголемите фудбалски ...

Ламин Џамал ќе остане во Барселона до 2030 година! Новата ѕвезда на светскиот фудбал ќе ги стави своите иницијали на петгодишен договор кога ќе наполни 18 години, како што објавија шпанските медиуми. Барса успеа! Од почетокот на оваа година, каталонскиот гигант работеше брзо и сериозно на можни продолжувања на договорите со своите најважни играчи од првиот тим, па договорите ги обновија Гави, Педри, Араухо, Кубарси, Мартинез… Но, бомбата ...

Фудбалерите на Жирона извојуваа синоќа важна победа во битката за опстанок во шпанското првенство, совладувајќи ја минимално Мајорка на домашен терен со 1-0. За Жирона ова беше прва победа во Ла Лига по пауза од 11 натпревари, а македонскиот репрезентативец Бојан Миовски имаше скромна минутажа, влегувајќи од клупата за резерви во 87 минута. Победничкиот гол го постигна Стуани во 10 минута. Победата.прва од почетокот на февруари, ја искачи Жирона ...

Фудбалерите на Интер и Барселона вечерва ќе ги одмерат силите во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, а средбата на европските гиганти привлекува големо внимание. „Нероаѕурите“ имаат предност на домашен терен и поволен резултат од првиот дуел кога беше 3:3, но мала предност ѝ се дава на Барселона, која игра феноменален фудбал оваа сезона под водство на Ханси Флик. Тие веќе го освоија Купот на Шпанија и Суперкупот, додека во Примера ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Белград

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
82%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
0.51
72%
1027
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
5.14
60%
1025
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
4.49
77%
1025
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
91%
1029
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.24
72%
1017
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
58%
1020
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
44%
1022
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.24
89%
1024
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
0.89
77%
1026
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
6.17
82%
1021
Currency

61.6117

Currency

53.5431

Currency

69.9606

Currency

34.8127

Currency

38.0334

Currency

66.1643

Currency

7.52102

Currency

0.66196

Currency

0.3488

Currency

0.52486

Currency

1.27263

Currency

0.60225