Фудбалерите на Барселона направија неверојатен кам-бек против Бенфика во Лисабон во седмото коло од Лигата на шампионите. Иако по половина час губеше со 3:1, а во 68. минута со 4:2, Барса успеа да го сврти резултатот и да победи со 5:4! Јунак на чудесниот триумф беше Рафиња, кој ги врати Каталонците во игра во 64. минута и намали на 2:3, за да постигне гол во шестата минута од судиското надополнување за победа од 5:4 и еден од најголемите ...

Поранешниот фудбалер на Барселона, Рики Пуиг (25) покажа како изгледа неговата нога нешто повеќе од еден месец откако заработи тешка повреда на предните вкрстени лигаменти. Актуелниот играч на ЛА Галакси на почетокот на декември се здоби со тешка повреда, па дури одигра повеќе од 30 минути со скинати предни вкрстени лигаменти на мечот против Сиетл Саундерс (1:0). 25-годишниот подоцна мораше да оди на операција, а сега сподели фотографија на ...

Никола Јокиќ во последните години важи за најдобар кошаркар во светот, бидејќи во три од последните четири сезони беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА. Воглавно, Јокиќ за навивачите е препознатлив како опуштена личност која доста се забавува на теренот и ретко влегува во конфликтни ситуации, но на последниот натпревар на Денвер го видовме Србинот во поинаква верзија. Nikola Jokic expects accurate passing from the refs as ...

Двајца од фаворитите Александар Зверев (Германија) и Карлос Алкараз (Шпанија) се пласираа во четвртото коло на тенискиот шампионат на Австралија опен. Носителот број 2 Зверев по два часа игра го совлада Британецот Џејкоб Феарнли со 6:3, 6:4, 6:4. 23-годишниот Фернли, кој го елиминираше локалниот миленик Ник Киргиос во три сета во својот воведен меч, за прв пат играше во третото коло на Грен слем, но не можеше да го предизвика минатосезонскиот ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажаа своите импресии по нерешените 29:29 со Австрија. – Можеме да бидеме и задоволни и незадоволни од ремито со Австрија, затоа што постигнавме гол во самиот финиш, но промашивме пенал за водство на две минути пред крајот. Тоа е спортот, тоа е ракометот. Горд сум на момците, одиграа добар ракомет против силна Австрија која знае што сака во секој напад. Задоволен сум, во ...

Македонската ракометна репрезентација одигра уште еден одличен меч, овој пат против Австрија кој заврши без победник 29:29. Водството се менуваше во текот на мечот за двете репрезентации, се играше речиси гол за гол. На пет секунди до крајот на мечот Австрија имаше победа во рацете со погодокот на Хутечек. Остануваа уште пет секунди до крајт, Кире Лазаров побара тајм-аут, договорена акција, а потоа старт од центарот и „бомба“ на Кузмановски од ...

Нури Шахин е разрешен од тренерската функција во Борусија Дортмунд, објави „Sky Sport Germany“ на социјалната мрежа Икс. Според германскиот медиум, турскиот фудбалски специјалист дознал за отказот синоќа, веднаш по поразот од Болоња во натпреварот од 7. коло од Лигата на шампионите. Борусија загуби четири натпревари по ред. Тимот во моментов го зазема десеттото место во Бундеслигата, со 25 бодови. Минатото лето Шахин ја презеде тренерската ...

Карлос Алкараз лесно се пласираше во третото коло на Австралија опен откако го победи Јапонецот Јошихито Нишиока со 3:0, 6:0, 6:1, 6:4 за само 81 минута. Светскиот рекет број три имаше целосна доминација во текот на целиот меч и не мораше да спаси ниту една брејк топка. Во првите два сета Алкараз му даде вкупно еден гем на Нишиока. Загуби само 15 поени, има 26 винери и 6 неизнудени грешки. Третиот дел беше најрамноправен. Единствениот брејк ...

Светската ракометна федерација во соработка со домаќинот Хрватска ги објави цените за втората фаза од Светското првенство, а најскапи се во „Вараждин арената“ каде што игра Македонија. Цените на билетите за средбите во Вараждин се зголемени од 50 и 70 евра на 80 и 100 евра. Македонската селекција денес од 15:30 часот, Македонија ќе игра со Австрија. За разлика од Вараждин, во „Арената Загреб“, каде што ќе се играат натпреварите од втората ...

Турскиот клуб Фенербахче потпиша со едно од најголемите засилувања во својата богата историја. Имено, нов член на турскиот гигант ќе биде поранешниот дефанзивец на Пари Сен Жермен, Милан Шкриниар, кој денеска ќе пристигне во Истанбул и ќе ја комплетира преселбата во Фенербахче. Фенер веќе објави фотографија од словачкиот дефанзивец со дресот на Фенербахче, со што ги потврди информациите од турските медиуми за можното доаѓање на Шкриниар во ...

Абдукодир Хусанов и официјално е претставен како играч на Манчестер Сити. Момчето кое има само 20 години и игра за репрезентацијата на Узбекистан, според информациите на Островот пристигнал од Ленс за 40 милиони евра. Оваа година младиот дефанзивец одигра 16 натпревари за францускиот клуб, а договорот го врзуваше со Ленс до 2027 година. Тој во Франција пристигна пред година и пол од Белорусија, каде беше член на второлигашот Енергетик БГУ. ...

Италијанскиот фудбалер Федерико Бернардески (30) беше голема надеж на Јувентус. „Старата дама“ го купи за 40 милиони евра летото 2017 година од Фиорентина, а премалку е да се каже дека во тимот од Торино зажалија за оваа инвестиција. Always. Ready. Homemade Pt.2: Offseason with Federico Bernardeschi in Turin 🇮🇹 | All For One presented by @Bell Full Episode 📺: https://t.co/qx7FQOvK9o pic.twitter.com/pUd4nvB3HS — Toronto FC (@TorontoFC) ...

Фантастичен меч одиграа Бенфика и Барселона на кој беа постигнати вкупно 9 голови во ЛШ, а на крајот Каталонците заминаа дома со три бода откако славеа со 4:5. До 78-та минута Бенфика имаше водство од 4:2, но Барса не би била Барса доколку не игра на се или ништо. Овој пат беше се, постигнаа три голови од 78-ма до 96-та минута и заминаа со победа. Резултати ЛШ, вторник Аталанта – Штурм 5:0 Монако – Астол Вила 1:0 Атлетико Мадрид – Баер ...

Вечерта пред почетокот на натпреварот помеѓу Црвена звезда Белград и ПСВ Ајндховен дошло до навивачки судир во центарот на Белград, а видеата од општиот хаос ги преплавија социјалните мрежи. Zna li neko o čemu se radi?! pic.twitter.com/p2yN7aW3Cq — Bora (@BoraKonj) January 20, 2025 Двата тима се среќаваат вечерва во седмото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, а гостите имаат значително поголеми шанси за пласман понатаму. Со само три ...

Со натпреварот против Австрија попладнево во Вараждин, репрезентацијата на Македонија ќе ја почне Главната групна фаза на ракометниот Мундијал 2025. По одигрувањето на натпреварите во групи, Македонците пренесуваат еден бод, додека Австријците два во новоформираната Група-2. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер во полн состав тренираа и подготвени го дочекуваат следниот предизвик. Со евентуална победа македонската репрезентација ...

Ниту Аморим не успеа да ги смени работите во Манчестер Јунајтед, а сите мислеа дека проблемот е во Тен Хаг. „Црвените ѓаволи“ повторно разочараа, овој пат на домашен терен со пораз од Брајтон од 1:3. „Црвените ѓаволи“ го претрпеа четвртиот пораз во последните шест натпревари во Премиер лигата и уште еднаш ги разочараа своите навивачи. За Манчестер јунајтед ова беше 10-ти пораз сезонава по 22 одиграни натпревари. Тимот од „Олд Трафорд“ го ...

Еден од најголемите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон, потроши најголем дел од својата заработка од борбата против Џејк Пол. Тајсон, за потсетување, пред два месеци ја имаше првата професионална борба по речиси 20 години. Тој беше поразен од инфлуенсер 21 година помлад од него по осум рунди и одлука на судиите. Според информациите кои стигнаа во јавноста, Тајсон од таа борба заработил 20 милиони долари, а веќе потрошил 13 милиони долари. ...

Македонската ракометна репрезентација попладнево во 18 часот го игра третиот меч на СП во Вараждин. Противник е селекцијата на Гана, која важи за аутсајдер во групата, но и на овој меч. Македонија со реми или со победа ќе обезбеди пласман во следната фаза, каде би требало да вкрстиме со Франција, Австрија и Катар. Сепак, се освен победа би било рамно на сензација. – Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и ...

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Вараждин ја совлада Гвинеја со 29:20 (полувреме 14:10) во натпревар од 3. коло во групата Д на Светското првенство. Со овој триумф избраниците на селекторот Кирил Лазаров обезбедија пласман во Главната групна фаза на Мундијалот 2025. Македонија ја оправда фаворитската улога и заслужено ја запиша првата победа на планетарниот ракометен собир што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка и вкупно ...

Барселона синоќа ремизираше со Хетафе (1:1) во 20. коло од шпанското фудбалско првенство. Каталонците со овој примен гол го изедначија клупскиот анти-рекорд во Ла Лига. Имено, Барселона деветти натпревар по ред им дозволува на противниците да ја затресат мрежа. Последен пат тоа се случи во 2018 година под водство на тренерот Ернесто Валверде. Барселона е трета на табелата во Ла Лига со 39 бодови, пет бода помалку од лидерот Атлетико. Хетафе е ...

Победата на Холандија над Македонија од 37:32 во Вараждин беше одбележана со инциденти. Испровоцирани од двата црвени картони и лошото судење од страна на данските судии, македонските навивачи почнаа да фрлаат разни предмети на теренот, а Холанѓаните избегаа кон соблекувалната. Инцидентот не остана незабележан од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ), која изрече казни за се што се случи, како за Македонската ракометна федерација, за ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е оптимист во пресрет на утрешниот натпревар со Гвинеја во 3.коло на Д-групата на Светското првенство 2025. – Натпреварот со Гвинеја ни е од круцијално значење. Мораме да се мобилизираме и да го добиеме натпреварот. Нема да калкулираме воопшто, победата ни е потребна за пласман во втор круг. Можеби сме фаворити на хартија, но со оглед дека имавме две тешки и исцрпувачки дуели, ...

Ељиф Елмас се чини дека е пред заминување од Лајпциг. Според Скај, конкретен интерес за офанзивецот има клуб од Шпанија. Знаците во РБ Лајпциг и ретко користениот офанзивен играч Ељиф Елмас укажуваат на разделба. Двете страни бараат решение и следниот чекор за напаѓачот сега би можел да биде Шпанија доколку гласините се точни. Како што пишува Скај, ФК Валенсија од Примера дивизион фрли око на Елмас. Клубот кој е загрозен од испаѓање, кој ...

Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на овогодинешното Светско првенство од селекцијата на Холандија 32:37 (15:18), во второто коло од прелиминарната фаза на планетарното првенство. Прилично тензичен натпревар, полн со тензии со многу исклучувања за нашиот тим, одлуки на данските судии кои баш и не им се допаднаа на македонските навивачи, а сето тоа предизвика голема фрустрација кај споменатите македонски навивачи во ...

Отвореното првенство на Австралија одлучи да ги покрие ходниците на Род Лејвер арената со камери кои непрекинато ги снимаат тенисерите, па овојпат можеме да видиме ексклузивни содржини – како играчите се загреваат, разговараат по ходниците, се консултираат со тренерите и многу повеќе. Така, пред натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Хаиме Фариа, еден детал привлече големо внимание, бидејќи навивачите забележаа дека Ѓоковиќ се појави со превез за ...

Холанѓаните, предводени од легендарниот Швеѓанец Стафан Олсон, постигнаа три гола во последните три минути и славеа со 37-32, а судиските одлуки запалија искра на трибините во Вараждин, на кои доминираа навивачите на Македонија. Додека играчите се редеа за церемонијата за доделување на „Играч на натпреварот“, македонските навивачи почнале да фрлаат разни предмети кон Холанѓаните. Навивач на Македонија го плукнал селекторот Олсон според ...

Македонскиот голман Столе Димитриевски е член на Валенсија, а наскоро би можеле да имаме тројца играчи во Ла Лига. Според пишувањата на „Скај“, а ги пренесе новинарот Филип Хинзе, Валенсија го сака Елиф Елмас на шестмесечна позајмица. Имено, како што пишува, првичните контакти помеѓу Валенсија и Лајпциг се остварени, па нема да биде ништо чудно доколку биде постигнат договор па Елмас да стане соиграч на Димитриевски. Претходно, шпанскиот весник ...

Јувентус вечерва го победи Милан со 2:0 во домашен натпревар од 21. коло во италијанскиот фудбалски шампионат. Стрелец на првиот гол беше Самуел Мбангула во 59. минута. Пет минути подоцна Тимоти Веа го зголеми водството на домаќините. Јувентус ја прекина серијата од четири порази во сите натпреварувања и се искачи на четвртото место во Серија А со 37 бодови, додека Милан го претрпе првиот пораз на девет натпревари. Тимот има 31 бод и се наоѓа ...

Најголемиот трансфер во јануарскиот преоден рок доби официјална потврда, бидејќи Пари Сен Жермен го претстави Kвича Кварацхелиja (23)! За преселбата на Грузиецот од Наполи во ПСЖ се шпекулира со недели, а сагата заврши синоќа бидејќи Кварацхелија потпиша четири и пол годишен договор со клубот од Паркот на принцовите. На дресот ќе го носи бројот 7. Според информациите ПСЖ на Наполи ќе му плати 70 милиони евра. Le premier jour de Khvicha ...

Македонскиот ракометар Милан Лазаревски се осврна на поразот од Холандија вчеравечер во Вараждин на Светското ракометно првенство 2025. Македонија загуби со 37:32, во меч на кој „главната улога“ ја имаа судиите. – Единствено нешто што ги издвојува Холанѓаните е нивната брза полуконтра и контра. Не се физички супериорни. Транзицијата им е извежбана до перфекција и колку да се подготвуваш, едноставно тешко е да им се спротивставиш на натпревар. ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
38%
1020
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
51%
1020
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
63%
1023
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
51%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.39
74%
1019
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
3.09
74%
1024
weather icon

Атина

26ᴼ / 25ᴼ
1.54
54%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
0.51
83%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
5.14
38%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 18ᴼ
4.12
45%
1018
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
47%
1023
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
8.23
73%
1015
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.52

Иридиум

142688.65

Кобалт

42.99

Никел

14846.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.34

Сребро

1158.54

Злато

108349.81

Бакар

9.76

Паладиум

33502.38

Платина

40478.26

Родиум

176025.34

Цинк

2.60