Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Македонските ракометни судии Даниело Божиновски и Виктор Начевски се можеби пред најголемиот предизвик, затоа што РФМ ги делегираше за судии на претстојниот ракометен Супер Куп во Кавадарци. Двата најтрофејни македонски клуба,Е.Пелистер како актуелен шампион, и Вардар 1961, како освојувач на Купот, в среда ќе водат битка за првиот трофеј во сезоната. Натпреварот во салата „Јасмин“ е закажан за 19:00 часот, а се очекува вистински ракометен ...
Убава вест за сите во таборот на каталонската гордост, секако и за фановите на еден од најголемите клубови во светот. Имено Барселона конечно доби дозвола да се врати на својот „Камп Ноу“. Каталонските медиуми пренесуваат дека УЕФА ѝ дала дозвола на Барселона да ги игра натпреварите од лигашкаѕта фаза во Лигата на шампионите на својот „Камп Ноу“. Сепак, постои голема веројатност Барселона да нема време да го подготви стадионот за првото коло ...
Бразилецот Антони се расплака по враќањето во Севилја, раскажа колку му било тешко во последните 40 денови додека престојувал во хотел пред конечно да се реализира неговиот трансфер од Манчестер јунајтед во Бетис. Антони ќе биде адутот на Бетис и во новата сезона, но овој пат не како позајмен играч од Манчестер јунајтед. Шпанскиот клуб успеа да го откупи неговиот договор од Манчестер јунајтед по долги преговори. Трансферот изнесуваше 25 милиони ...
Селекторот на Германија, Алекс Мумбру, е отпуштен од болница и ќе ја продолжи својата рехабилитација во хотел во Финска, што е одлична вест за кошаркарската репрезентација. Тој беше итно хоспитализиран еден ден пред почетокот на Евробаскетот, поради акутен панкреатитис. Сепак, Германија, и покрај неговото отсуство, одигра одлично во групната фаза. Избраниците на Алан Ибрахимагиќ, кој привремено го презеде кормилото на селекцијата, остварија ...
Најтрофејната ракометарка во историјата, трикратната олимписка шампионка Катрин Лунде потпиша договор со спрскиот првак, Црвена звезда. „Со нетрпение очекувам повторно да почнам со тренинзи и натпревари. Ќе биде возбудливо во овој новиот тим“, рече 45-годишнината голманка, инаку седумкратна освојувачка на Лигата на шампионите и освојувач на 12 златни медали на големи натпреварувања (СП, ЕП и ОИ) со норвешката репрезентација. Лунде се смета за ...
Фудбалските репрезентативци на Португалија се собра за прв пат по трагичната смрт на Диого Жота, а ѕвездата Рубен Невеш му оддаде особено трогателна почит на својот близок пријател и соиграч кој почина на 28-годишна возраст, пишува „Дејли Мејл“. Жота и неговиот брат Андре загинаа во сообраќајна несреќа на почетокот на јули. Оваа недела, Португалија ги игра своите први натпревари по трагедијата, а како дел од квалификациите за Светското првенство ...
Темпераментниот аргентински стручњак Хорхе Сампаоли се враќа во Атлетико Минеиро, потврдуваат аргентинските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до клубот. Според весникот „Ла Насион“, искусниот тренер прифатил профитабилен договор вреден 3,5 милиони долари годишно (нето), што е околу 3.000.000 евра, што ќе го направи втор најплатен менаџер во Бразил, веднаш зад Абел Фереира од Палмеирас (околу 5.000.000 евра). Неговото враќање доаѓа во ...
Завршницата на преодниот рок беше особено возбудлива во Њукасл, кој го во фото-финиш комплетираше трансферот на напаѓачот Јоан Виса. Виса пристигна од Брентфорд како дополнителна опција во нападот, откако клубот, малку порано, го сруши клупскиот рекорд со трансферот на Ник Валтемаде од Штутгарт за 85 милиони. И двајцата ќе имаат задача да го компензираат заминувањето на Александар Исак во Ливерпул за 150 милиони евра. Повеќе од една третина од ...
Според пишувањето на весникот „Марка“, следната операци се смета за „фундаментална“ за „блауграна“ во рамките на спортското планирање и истата се состои од продолжување на договорите на фудбалерите Френки де Јонг и Ерик Гарсија. Според весникот, каталонскиот клуб започнал контакти за продолжување на договорите на именуваните играчи пред неколку месеци. Преговорите се одвиваат споро, но одат во добра насока, па од Барселона се се оптимисти дека ...
Францускиот кошаркар Алекс Сар ќе го пропушти остатокот од Евробаскетот поради повреда. Француската федерација потврди дека 20-годишникот ќе отсуствува неколку недели поради повреда на листот. Сар се повреди на натпреварот против Словенија (103:95), а веќе го пропушти и натпреварот со Израел. Тој имаше просек од 9,5 поени, 4,5 скока и една блокада во два настапи на Евробаскетот. Тој игра за Вашингтон и имаше просек од 13 поени, 6,5 скока, 2,4 ...
Македонската фудбалска репрезентација во Скопје ги продолжува подготовките за претстојните натпревари. Првиот на 4.септември со Саудиска Арабија во Прага (пријателски) и на 7.септември со Лихтенштајн во Скопје (квалификации за СП 2026). – Имаме навистина позитивна серија, кога нешто е добро не би требало да се менува и треба да продолжиме да работиме како и досега. Добро се подготвуваме, ќе ни биде од корист и пријателскиот натпревар против ...
Словенечката кошаркарска репрезентација се пласираше во осминафиналето на Евробаскетот 2025 со победа над Исланд денеска од 87:79. На крилата на неверојатниот Лука Дончиќ, кој го заврши натпреварот со 26 поени, Словенците со две победи се сигурни патници во елиминациската фаза. Исланд денеск апокажа дека е респектабилен состав кој се до последната минута од мечот беше комплетно во игра дури и за победа. Во вториот меч одигран попладнево немаше ...
Литванската кошаркарска репрезентација доживеа голем удар на Евробаскетот – плејмејкерот Рокас Јокубаитис го заврши учеството на турнирот поради повреда на коленото. Јокубаитис се повреди вчера против Финска. Веднаш беше изнесен од паркетот, а по дополнителните прегледи, медицинскиот тим на Литванија потврди дека тој повеќе нема да настапува на првенството. Според информациите што ги објави „Баскетњуз“, талентираниот плејмејкер наскоро ќе ...
Од клубот од Автокоманда информираат дека шампионскиот трофеј ќе биде подигнат пред реванш средбата со Хановер во рамки од баражот за групната фаза од Европската лига на ЕХФ. „РК Алкалоид ја продолжува европската сезона со реваншот во Европската лига на ЕХФ. ТСВ Хановер-Бургдорф од Германија ни гостува во Скопје, а натпреварот се игра во салата „Автокоманда“ на шести септември од 19:30 часот. Воедно, нашиот тим пред дуелот ќе го добие и пехарот ...
Лина Ѓорческа ја оправда улогата на трета носителка на тенискиот турнир во романскиот град Слобозија, кој се игра на земјени терени и за награден фонд од 40 илјади американски долари, без проблеми изборувајќи се за пласман во второто коло. Ѓорческа, неделава 282. на ВТА-листата во поединечна конкуренција, на стартот славеше со 6-3, 6-2 по 88 минути игра против Романката Симона Огеску (1036.). Слњдна противничка на најдобрата македонска ...
Поранешниот германски репрезентативец Илкај Гундоган (34) го напушти Манчестер сити, ќе ја продолжи кариерата во Галатасарај, објавија клубовите. Гундоган потпиша двегодишен договор со Галатасарај, ќе заработува 4,5 милиони евра по сезона, откако го носеше дресот на „Граѓаните“ вкупно осум години во два наврати. Германскиот играч од средниот ред играше за Сити од 2016 до 2023 година, а потоа и минатата сезона. Вкупно, тој одигра 358 натпревари ...
Ајмерик Лапорт, по осум години, се врати во Атлетик Билбао, но ситуацијата со трансферот се искомплицира. Дефанзивецот потпиша тригодишен договор со баскискиот клуб, но Ал Наср задоцни со документацијата, па трансферот не помина навреме низ TМС. ФИФА и ФФ на Шпанија сега ја разгледуваат документацијата и ги бараат причините за доцнењето на клубот од Саудиска Арабија. Трансферот на францускиот фудбалер со шпански пасош сега официјално пропадна, ...
Сензационална вест од Турција. Шампионот Галатасарај го доведе репрезентативниот голман Угурџан Чакир од Трабзонспор за 33 милиони евра. Галатасарај го сакаше светскиот шампион Аргентинецот Емилијано Мартинез од Астон Вила и не успеаја да го добијат. Го сакаа и Бразилецот Едерсон од Манчестер сити, него пред нос им го „украде“ градскиот ривал Фенербахче. Кога извисија за Мартинес и Едерсон, челниците на Галатасарај се налутија и го отворија ...
Португалскиот фудбалер Томаш Хандел е нов играч на Црвена звезда. Преодниот рок во Србија трае до 15 септември, а вечерва на полноќ истекува рокот на УЕФА за пријавување на играчите со кои клубовите ќе настапат во Лига Европа. Овој 24-годишен дефанзивен играч од редот за врска во Белград дојде од Виторија Гимараеш во трансфер вреден три и пол милиони евра, како што објавија медиумите. Црвено-белите го потврдија доаѓањето на Португалецот на ...
Крај на својата осумгодишна соработка, објавија денеска Данил Медведев и неговиот тренер Жил Сервара, само неколку денови по инцидентот што рускиот тенисер го предизвика во првото коло на УС Опен. Медведев загуби со 3-6, 5-7, 7-6(5), 6-0, 4-6 од Бенџамин Бонзи во натпревар во кој 29-годишниот Русин го вербално нападна судијата и го искрши својот рекет по дуелот. Сервара, кој беше прогласен за тренер на годината во 2019 година, му помогна на ...
Сензационална вест од Турција. Шампионот Галатасарај го доведе репрезентативниот голман Угурџан Чакир од Трабзонспор за 33 милиони евра. Галатасарај го сакаше светскиот шампион Аргентинецот Емилијано Мартинез од Астон Вила и не успеаја да го добијат. Го сакаа и Бразилецот Едерсон од Манчестер сити, него пред нос им го „украде“ градскиот ривал Фенербахче. Кога извисија за Мартинес и Едерсон, челниците на Галатасарај се налутија и го отворија ...
Алкалоид со негатива од 10 гола се враќа од првиот квалификациски дуел против фаворитот Хановер за пласман во групната фаза во Европската лига, откако на гостински терен беше совладан со 37-27. Реваншот е закажан за 6. септември во салата во Автокомнда, актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп со поддршка од домашната публика ќе има шанса да се покаже во подобро издание и секако да ја поправи реализацијата. На оваа средба, Алкалоид реализираше ...
Челниците на Баер Леверкузен, немаа трпение со Ерик тен Хаг. Му врачија отказ на Холанѓанецот по само 62 дена. Тен Хаг го водеше Баер на три официјални натпревари, вкупно 27 минути. Ниту еден тренер во историјата на Бундес лигата не добил отказ толку бргу. По тоа Тен Хаг ќе биде запишан во историјата. Но, Баер ќе мора да го испплати Холанѓанецот, бидејќи договорот еднострано е раскинат. „Билд“, објави дека Тен Хаг ќе добие обесштетување од ...
Николче Новески, поранешниот македонски репрезентативец и долгогодишен капитен на германски Мајнц, станува дел од тимот на Фудбалската федерација на Македонија. Новески е назначен за раководител на скаутинг службата, со задача да ја координира и развива стратегијата за следење и идентификување на млади таленти со македонско потекло ширум Европа и светот. Оваа активност е дел од новите приоритети на ФФМ, со цел да се прошири базата на фудбалери ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД. Ѓоковиќ го победи Германецот Јан-Ленард Штроф со 6:3, 6:3, 6:2, за помалку од два часа игра. Србинот играше речиси беспрекорно, беше конзистентен од самиот почеток, сервираше брилијантно, уште подобро ритенрнираше и напаѓаше, и рутински ја оствари победата. Ова е негова најлесна победа досега во Њујорк, иако побара медицинска помош за време на ...
Џејми Карагер има необична теорија зошто Рубен Аморим сè уште не е отпуштен од Манчестер јунајтед и покрај низата катастрофални резултати на „Олд Трафорд“. Поранешната ѕвезда на Ливерпул верува дека харизмата, шармот и добриот изглед на Аморим му помагаат на португалскиот тренер да ја задржи својата работа, пишува „Дејли Мејл“. Зборувајќи за „The Overlap Fan Debate“, Карагер го објасни својот став. „Постои голема желба Жозе Мурињо да се врати во ...
Најскапото засилување на Ливерпул, напаѓачот Александар Исак зборуваше за своите амбиции со новиот клуб. „Црвените“ го објавија трансферот на 25-годишникот од Њукасл во понеделник, 1 септември, во договор вреден 145 милиони евра, што е рекорден трансфер во историјата на Премиер лигата. – Се чувствувам неверојатно. Имав долг пат за да стигнам до тука. Но, неверојатно сум среќен што сум дел од овој тим, овој клуб и сè што тој претставува. За да ...
Македонската репрезентација ги започна подготовките за претстојните натпревари, контролен против Саудиска Арабија ( 4септември, Прага) и Лихтенштајн (7 септември, Скопје) од квалификациите за Светското првенство. Бојан Миовски, кој пред само два дена го реализираше својот голем трансфер во шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс, ги сподели своите очекувања од новата страница во клупската кариера, како и очекувањата од натпреварите до националниот тим. ...
Џанлуиџи Донарума е последното засилување на Манчестер сити, во летниот преоден рок, потврди англискиот клуб во објава на социјалните мрежи. Донарума, до неодамна голман на Пари Сен Жермен, пристигна во синиот дел на Манчестер во трансфер вреден околу 35.000.000 евра. Сити евтино помина бидејќи Донарума влезе во последната година од договорот. Пари Сен Жермен, не сакаше да дозволи по завршувањето на сезоната тој да замине без обесштетување, што ...
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, триумфираше на Големата награда на Холандија, 15-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1, прва по летната пауза. Во Зандворт, Австралијанецот ја забележаосвои својата седма победа оваа сезона, а деветта во кариерата, откако водеше од почетокот до крајот. Најблиску до Пјастри беше миленикот на локалната публика Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул, додека Исак Хаџар од Рејсинг Булс беше на трето место, ...