Португалецот во редовите на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, го повреди бутниот мускул на последниот првенствен натпревар против Астон Вила (1-2). Англиските медиуми шпекулираат денеска дека тој ќе биде надвор од терените најмалку три недели, а извори блиски до тимот велат дека ќе се врати за градското дерби против Манчестер Сити, кое е закажано за 17 јануари. Фернандеш со сигурност ќе пропушти следните пет дуели, а во шесте години колку ...

Актуелниот европски првак ПСЖ е заинтересиран за дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, објави денеска шпанскиот весник „Ел Насионал“. Според истиот извор, францускиот клуб е подготвен да му понуди на 32-годишниот дефанзивец профитабилен договор за да го убеди да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ на лето. Раководството на ПСЖ верува дека на младите играчи им е потребен лидер како Рудигер во соблекувалната. Рудигер има договор со Реал до ...

Поранешниот професионален покер играч Џејмс Борд е прв кандидат за преземање на англискиот фудбалски клуб Шефилд Венздеј. Најстариот клуб во светот, основан во 1867 година, е во банкрот од октомври, а одборот денес објави дека е постигнат договор со потенцијален купувач. Борд ја започна својата кариера работејќи за компании за коцкање пред да заработи 4,3 милиони долари играјќи покер. Сега тој раководи со Short Circuit Science, компанија која ...

Ракометниот клуб Вардар и десното крило Ален Ќосевски спогодбено го раскинување договорот. Тоа значи дека играчот е слободен во изборот на нов клуб. Ќосевски е дете на Вардар, кое има настапувано и во младинските селекции на клубот. Има настапувано и за екипата на Вардар Јуниор, а од 2019 година е дел од првиот тим. Во црвено-црниот дрес мина неколку сезони. Ќосевски беше дел од генерации кои испишуваа важни резултати во историјата на клубот, ...

Претседателот на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, Садетин Саран, е приведен во Истанбул во рамки на проширена истрага за дрога во која се вклучени истакнати личности од светот на забавата и медиумите во Турција Саран, кој има турско и американско државјанство, бил приведен во средата, само неколку часа откако форензичките тестови откриле траги од наркотици во неговите примероци од коса, објави државниот радиодифузен сервис ТРТ. Минатата ...

Поранешниот италијански репрезентативец, 35-годишниот Марио Балотели сè уште не се откажал од професионалниот фудбал и би можел да се врати на теренот во дресот на Ал Итифак од Обединетите Арапски Емирати, јавија денеска италијанските медиуми. Балотели е без клуб речиси една година, а неговиот последен ангажман беше во калчолигашот Џенова, за кој потпиша на крајот на октомври минатата година. Сепак, неговиот престој во Џенова беше многу ...

Иднината на Мохамед Салах во Ливерпул е неизвесна. Фудбалерот во моментов е на АФКОН со репрезентацијата на Египет, но пред заминувањето имаше несогласување со менаџерот Арне Слот. Пред да замине на АФКОН, Салах се извинил на соиграчите. Од таа причина спортскиот директор на клубот Марк Хјуз деновиве треба да има состанок со агентот на египетскиот репрезентативец. Според англиските медиуми, Салах не се согласува да биде резерва и тоа дава до ...

Парични казни во вкупен износ од 87.000 евра им изрече денеска кошаркарската Евролига на белградските ривали Партизан и Црвена Звезда за инцидентите на натпреварот од 15. коло во елитното натпреварување. Во натпреварот, одигран на 12 декември, Партизан ја победи Црвена Звезда со 79:76, а Евролигата објави дека „црно-белите“ се казнети со 59.000 евра, а „црвено-белите“ со 28.000 евра. Партизан е казнет затоа што, меѓу другото, навивачите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува милијардерот и поранешен сопственик на англискиот фудбалски прволигаш Тотенхем, Џо Луис (88), објави Белата куќа. Луис, кој живее на Бахамите, се изјасни за виновен за инсајдерско тргување во 2024 година и беше казнет со пет милиони долари, но поштеден од издржување затворска казна поради неговата поодмината возраст. Официјален претставник на Белата куќа изјави дека Трамп го одобрил ...

Во сериозни проблеми се наоѓа менаџерот на Ливерпул Арне Слот во пресрет на дуелот од Премиер лигата со последнопласираниот Вулверхемптон во сабота на „Енфилд“. По серијата слаби резултати „црвените“ сега имаат шест натпревари без пораз (четири победи и два нерешени дуела). Но, саботниот дуел со Вулверхемптон ќе биде вистински предизвик бидејќи Слот нема да може да смета на осум фудбалери. На листата на повредени се Конор Бредли (шанси да ...

Во редовите на повеќекратниот првак на Англија Манчестер Јунајтед се подготвуваат за нови имиња во средниот ред. Планот би требало да се реализира во летниот преоден рок, а целта е да се донесат двајца нови играчи. Во фокусот на вниманието се: Елиот Андерсон од Нотингем Форест, Адам Вартон од Кристал Палас, Карлос Балеба од Брајтон и Алекс Скот од Бурнемут. На ова се надоплува дека од клубот можно е да заминат Бруно Фернандеш, Касемиро и ...

Менаџерот на Манчестер Сити можно е да добие големо засилување во тимот во борбата за шампионската титула со Арсенал. Според англиските медиуми станува збор за репрезентативецот на Гана Ентони Семењо (25.години). Се очекува токму овој играч да биде ѕвезда на зимскиот преоден рок бидејќи покрај своите квалитети и игрите што ги прикажува во Буренмут, на располагање ќе биде достапен веднаш бидејќи неговата репрезентација не настапува на АФКОН. ...

Шесткратниот освојувач на Гренд слем трофеи и светски рекет број 1, Карлос Алкараз, објави крај на соработката со тренерот Хуан Карлос Фереро. – Многу ми е тешко да го напишам ова. По повеќе од седум години заедничка работа, Хуан и јас решивме да го прекинеме нашето партнерство. Ти благодарам што ми ги остварив соништата од детството. Го започнавме ова патување кога бев дете, а тој секогаш беше покрај мене, на и надвор од теренот. Стигнавме ...

Поранешниот германски селектор, Јирген Клинсман, оцени дека Германија има шанса да го освои Светското фудбалско првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. „Сè е можно. Германија е меѓу фаворитите, заедно со другите големи европски нации. Потоа, тука се и двете големи сили Бразил и Аргентина, кои исто така ќе имаат што да кажат“, изјави 61-годишниот Клинсман, кој како фудбалер ја освои светската титула во 1990 година. ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, на средбата со медиумите порача дека ФФМ во 2025 ја исполнила целата програма што ја најави на почетокот на неговиот мандат. Тој зборуваше за изборот на нов селектор, реформите во младинските категории, стабилизацијата на финансиското работење, судиските стандарди, инфраструктурните проекти и понатамошната реорганизација. Омерагиќ истакна дека во фудбалот е воведен нов ...

Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, потврди денеска дека Лиам Делап и Естевао се подготвени за претстојниот натпревар од Премиер лигата против Астон Вила. „Естевао се врати и ќе биде на располагање за натпреварот в сабота. Исто така и Делап. Двајцата се вратија“, рече Мареска на денешната прес-конференција. Враќањето на Делап е голем поттик за Челзи, бидејќи напаѓачот се враќа порано од очекуваното од повредата на рамото во ремито против Борнмут ...

Левиот бек на Лацио, Нуно Тавареш (25), би можел во зимскиот преоден рок да се пресели во редовите на саудиски Ал-Итихад, јавија денеска италијанските медиуми. Тавареш минатото лето пристигна во Лацио од Арсенал, првично на позајмица пред римскиот клуб да го откупи неговиот договор за пет милиони евра во јануари. Оваа сезона, португалскиот фудбалер одигра десет натпревари за Лацио, но три пати беше на клупата во последните пет натпревари од ...

Калчолигашот Рома го презентираше денеска планот за изградба на нов стадион, вреден 1.5 милијарди евра, кој ќе биде лоциран на периферијата на италијанската престолнина и потенцијално ќе биде домаќин на натпреварите на Евро 2032, чиј заеднички домаќини ќе бидат Италија и Турција. Градежната дозвола треба да ја одобри италијанската Влада, а изградбата треба да почне идниот декември и да трае две години. Планирано е стадионот да се гради на ...

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ нема да биде на располагање на својот тим за дуелот против Феникс. Тој сè уште има болки во левата рака по контактот со Богдановиќ кога се повреди и мораше да го напушти теренот. Неговото враќање на терен би требало да биде на дуелот со Хјустон на 25.декември (католички Божик). Дончиќ во моментов е најдобар стрелец и има просек од 34,1 поен по натпревар и се наоѓа пред актуелниот МВП Шеј ...

Американската милијардерка Марта Стјуарт (84) му се придружи на својот пријател, раперот Снуп Дог како малцински сопственик во велшкиот фудбалски клуб Свонси. Клубот не ги објави финансиски детали, а сопствениците на Свонси доцна синоќа ја пречекаа Стјуарт. „Со задоволство потврдуваме дека Марта, која изгради долга и успешна кариера како водечки американски експерт за домаќинство и животен стил, тргна по стапките на Снуп и Лука Модриќ и стана ...

Фудбалерите на Тунис ја совладаа Уганда со 3:1 во вечерашниот дуел од купот на африкански нации. Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато одигра 83-минути, но немаше некои посериозни шанси да го загрози голот на Тунис. Формалните домаќини многу подобро влегоа во натпреварот и уште од првата минута го притиснаа противникот. Стрелци на головите за Тунис беа Шкири во 10-тата и Ачури во 40-тата и 64-тата минута. Почесниот погодок за Уганда го постигна ...

Фудбалерот на Тотенхем, Мики Ван де Вен му се извини на Александар Исак за повредата што му ја нанесе. Напаѓачот на Ливерпул, кој на натпреварот со Тотенхем минатот викенд влезе како резерва веднаш по паузата, постигна гол по паузата, но во моментот на постигнувањето на голот, глуждот на Швеѓанецот заврши меѓу нозете на дефанзивецот на лондончани, кој направи старт. На Швеѓанецот му беше дијагностицирана повреда на глуждот, вклучувајќи ...

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, изјави дека е опседнат да обезбеди пласман на Светското првенство 2026, откако Италија ги пропушти двата последни мундијалски турнири. Италија не успеа да обезбеди директно место на Светското првенство 2026, но ќе има дополнителна можност преку европските плејоф натпревари. Избраниците на Гатузо во март во Бергамо ги очекува натпревар против Северна Ирска, а во другото ...

Тренерот на премиерлигашот Тотенхем, Томас Франк, застана зад својот дефанзивец Мики ван де Вен, откако стратегот на Ливерпул, Арне Слот, го обвини дека со неодговорен старт тешко го повреди напаѓачот Александар Исак. „Очигледно не се согласувам, зборуваме за дефанзивец кој ќе направи сè за да спречи тимот да прими гол. Топката се лизна на негова страна и тој прави сè што може за да го блокира ударот“, им рече Франк на новинарите. „За жал, ...

Фудбалерите на лондонски Арсенал се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп откако синоќа го совладаа градскиот ривал Кристал Палас на пенали со 8-7 во четвртфиналниот дуел на стадионот „Емирати“. Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1, а прашањето за победникот беше решено дури во осмата серија пенали. Трагичар во редовите на Кристал Палас беше Максенс Лакроа чиј удар од белата точка го одбрани Кепа Аризабалага, а ...

Ансу Фати со години не е тоа што требаше да биде како некогаш најголемиот светски талент.Од најголемиот талент во светот и „десетката“ на Барселона, тој дојде до точка каде што тимовите повеќе не го сакаат во својот состав. 23-годишниот офанзивен играч пристигна на позајмица од Барселона во Монако минатото лето. Не изгледаше лошо на теренот, постигнувајќи шест гола на 14 настапи, но клубот одлучи дека повеќе не го сака во своите редови. ...

Италијанскиот прволигаш Милан успеа по неколкумесечни преговори да издејствува спогодбен раскин на договорот белгискиот напаѓач Дивок Ориги (30), јавија денеска италијанските медиуми. Ориги пристигна од Ливерпул без обесштетување во летото 2022 година, но во дресот на Милан одигра само 36 натпревари во сите конкуренции, постигнувајќи два гола. По разочарувачката прва година во дресот на Милан, сезоната 2023/24, ја мина на позајмица во ...

Младиот напаѓач на Реал Мадрид, Бразилецот Ендрик Фелипе Мореира де Соуса, попознат како Ендрик (19), ќе го мине остатокот од сезоната на позајмица во Лион, објави вечерва францускиот клуб на социјалните мрежи. Ендрик ќе остане во Лион до јуни 2026 година, а францускиот тим нема да има опција да го откупи договорот. Како што е објавено, според договорот, Лион ќе плаќа 50 проценти од платата на играчот. Оваа сезона Ендрик одигра само три ...

Претседателот на шпанската фудбалска лига, Хавиер Тебас, го обвини денеска Реал Мадрид и неговиот претседател Флорентино Перез за поттикнување тензии во домашниот фудбал. „Мислам дека тензиите не ги поттикнува Барселона, ниту кој било друг клуб. Реал Мадрид е против сè – против Барселона, против судиите, против апсолутно сè“, рече Тебас во изјава за шпанскиот весник Спорт. Тебас оцени дека Реал пристапува на несоодветен и погрешен начин и ...

Раководството на актуелниот европски првак ПСЖ сака да потпише доживотен договор со тренерот Луис Енрике, објави шпанскиот весник „АС“. Шпанскиот стратег го презеде парискиот клуб во летото 2023 година и има договор до 30 јуни 2027 година. Под водство на 55-годишниот Енрике, францускиот клуб освои шест трофеи во 2025 година, вклучувајќи ги Лигата на шампиони, Суперкупот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп на ФИФА. По 16 натпревари оваа сезона ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
68%
1015
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
72%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
55%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.98
87%
1018
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
4.63
83%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
73%
1013
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
71%
1013
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
54%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
74%
1017
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
47%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
90%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Кобалт

3.86

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Алуминиум

3.19

Злато

144593.23

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Цинк

0.00

Калај

43.91

Иридиум

258288.78

Родиум

358480.82