Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Фудбалерот од средниот ред на Португалија, Бруно Фернандеш, го коментираше триумфот од 9:1 над Ерменија во домашниот натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2026 година. – Секогаш сакаме да победуваме на ист начин – да бидеме убедливи и да ја контролираме играта. Тоа не е секогаш можно, но денес бевме ефикасни и остваривме добра победа, што беше најважно. На крајот на краиштата, одиме на Светското првенство. Треба да работиме на ...
Селекторот на Англија, Томас Тухел, го предупреди Џуд Белингам дека „однесувањето е клучно“ откако ѕвездата на Реал Мадрид реагираше бурно на замената за време на натпреварот против Албанија, кој Англија го доби со 2:0. Инцидентот се случи на крајот од натпреварот, веднаш откако Хари Кејн го постигна својот втор гол, а реакцијата на ѕвездата на Реал Мадрид предизвика остар одговор од тренерот. Се играше 84-та минута кога Морган Роџерс беше ...
Фудбалската репрезентација на Италија доживеа тежок пораз на „Сан Сиро“, во последното коло, во квалификациите за пласман на СП. Азурите водеа против Нрвешка, на крајот загубија со 1.4. И пред почетокот на натпреварот беше јасно дека Италија има невозможна задача, да победи со девет голови разлика за да го освои првото место. Водеа Италијаните со голот на Еспозито, а откако во вториот дел Нуса изедначи, на азурите целосно потоанаа во ...
По вчерашните натпревари во квалификациите, пласман на Светско фудбалско првенство 2026 во Канада, Мексико и САД изборија Португалија и Норвешка. Тие се 31-от и 32-учесник на Мундијалот 2026. Во Европа, квалификациската рунда, вклучувајќи го и плејофот, трае од март 2025 година до март 2026 година. Пласман на СП 2026 досега изборија: Канада, Мексико, САД, Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Аргентина, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, ...
Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, се извини за поразот (1:4) од Норвешка во домашен натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2026 година. – Прво и најважно, мора да им се извиниме на нашите навивачи, бидејќи 1:4 е тежок резултат. Штета, бидејќи првото полувреме беше многу добро, бевме вистински тим, но најголемото разочарување е што второто полувреме не го достигнавме тоа ниво. Честитки до Норвешка, но ќе мора да ја градиме ...
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Лука Дончиќ, ги израмни рекордите на Вилт Чемберлен, Мајкл Џордан и Боб Мекаду. Во натпреварот одигран ноќеска против Милвоки (119:95) на гостински терен, Дончиќ имаше 41 поен, девет скока, шест асистенции, една украдена топка, две блокади и три изгубени топки. Дваесет и шестгодишниот Словенец стана четвртиот играч во историјата на НБА-лигата кој постигнал 40 или повеќе поени во 50 натпревари пред да наполни ...
Карлос Алкараз го победи Феликс Оже-Алијасим со 6:2, 6:4 и ќе се бори за својот прв трофеј на Завршниот Мастерс во Торино. Противник во финалето ќе му биде Јаник Синер. Канаѓанецот речиси и да немаше шанси да му наштети на Алкараз, кој му дозволи само една брејк шанса во текот на мечот. Феликс не ја искористи, додека првиот рекет на планетата во најголем дел ги реализираше своите шанси. Во првиот сет, прилично конфорни 6:2, во вториот, ...
Италијанската фудбалска репрезентација синоќа загуби од Норвешка со 1:4 на домашен терен во квалификациите за Светското првенство 2026. Франческо Еспозито го постигна единствениот гол за домаќините, додека Ерлинг Халанд (два гола), Антонио Нуса и Јерген Штранд Ларсен ги постигнаа головите за гостите. Норвешка е прва со 24 бода по осум натпревари. Италија заврши втора во Група И (18 бода по осум натпревари) и ќе игра во плејофот. Во паралелен ...
Зинедин Зидан ќе стане нов селектор на француската репрезентација по заминувањето на Дидие Дешам, објави „Ас“. Педесет и тригодишниот Зидан веќе има договор да ја преземе селекторската функција и затоа ги отфрлил сите други понуди, вклучително и оние од Реал Мадрид и Фенербахче. Исто така, се забележува дека 57-годишниот Дешам, кој го објави своето пензионирање од француската репрезентација по Светското првенство во 2026 година во јануари, ...
Селекторот на Португалија, Роберто Мартинез, се осврна на триумфот од 9:1 над Ерменија во нивниот последен натпревар од квалификациите за Светското првенство во 2026 година. – Игравме за да победиме со поддршка од нашите навивачи. Бевме вознемирени поради поразот во Ирска. Во натпреварот против Унгарија (реми 2:2 дома), бевме во одлична форма 45 минути, а потоа не можевме да завршиме. Беше тешко да се справиме со психолошкиот притисок и ...
Во клучната вечер од европските квалификации за Светското првенство 2026, неколку репрезентации ги решија своите судбини — со драматични резултати и голема неизвесност. Франција го потврди својот пласман на Мундијалот со убедлива победа од 4:0 над Украина. На „Паркот на принцовите“, Килијан Мбапе погоди двапати — првиот гол беше пенал, а потоа реализира и во 83. минута, додека Мајкл Олисе и Уго Екитикé ги зголемија предноста. Со овој триумф, ...
Португалија денес ја совлада Ерменија со убедливи 9:1 во последниот натпревар од групната фаза од квалификацискиот турнир за Светското првенство 2026. Натпреварот се одигра на „Естадио до Драгао“ во Порто. Жоао Невес и Бруно Фернандеш постигнаа по три гола за домаќините, Ренато Веига, Гонсало Рамос и Франциско Консеисао имаа по една реализација. Единствениот погодок за Ерменците беше дело на Едуард Спертсјан. Португалија освои 13 бода и ...
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ФИФА идентификуваше над 30.000 навредливи пораки на социјалните медиуми во 2025 година. Во извештајот за Меѓународниот ден на толеранција, ФИФА изјави дека, благодарение на својата Служба за заштита на социјалните медиуми, 11 прекршители беа пријавени до органите за спроведување на законот, а еден случај беше упатен до Интерпол. Прекршителите се лоцирани во Аргентина, Бразил, Франција, Полска, Шпанија, ...
Вториот светски тенисер Јаник Синер го победи Австралиецот Алекс де Минаур во полуфиналето на Завршниот АТП турнир во Торино. Мечот траеше 1 час и 53 минути и заврши со резултат 2-0, по сетови 7:5 и 6:2. Синер сервираше седум аса, не направи двојни грешки и реализираше три од 13 брејк топки. Де Минаур сервираше осум аса, направи две двојни грешки и не материјализираше ниту една од четирите шанси за брејк. Во финалето, 24-годишниот Италијанец ...
Македонската женска кошаркарска репрезентација вчеравечер загуби од Грција, но покажа дека може да се носи со посилните селекции. И покрај поразот (84:101) задоволство од играта на неговите избранички искажа селекторот Александар Ашаданов. – Најпрво, сакам да ѝ честитам на мојата екипа која покажа голем карактер, особено во третата четвртина кога тргна да се враќа од длабок минус и ниту еднаш не се предаде. Исто така честитки и до оваа ...
Лондонскиот клуб Тотенхем се подготвува за значаен трансфер – клубот е „одлучен да оди до крај“ за ангажманот на јапонската ѕвезда Такефуса Кубо, изјавуваат извори блиски до трансферот. Кубо игра за Реал Сосиедад, а во неговиот договор постои откупна клаузула од 60 милиони евра. Според податоците, Тотенхем би бил подготвен да ја исплати целата сума, со цел да го доведе креативниот офанзивец во Премиерлигата. Јапонецот се истакнал во Ла Лига ...
Македонската фудбалска репрезентација во вторник во Кардиф против Велс ќе го одигра решавачкиот натпревар за освојување на втората позиција во квалификациската група за пласман на Светскиот шампионат. Со оглед дека ова е дуел кој директно решава која од двете селекции ќе обезбеди место во баражот, УЕФА го делегираше еден од најдобрите арбитри во Европа. Главен судија е Холанѓанецот, Дани Макеле, а ќе му помагаат Хесел Стегстра и Јан де Фрис. ...
Фудбалерот на Манчестер сити и Норвешка, Ерлинг Халанд, ги искажа очекувањата за претстојниот квалификациски натпревар за Светското првенство 2026 против Италија. – Чувствувам огромна одговорност да ја одведам Норвешка на Светското првенство. Ова го кажав многу пати. Тоа е огромна одговорност и тоа е нешто кон кое работам откако се приклучив на репрезентацијата во 2019 година. Сега сме толку блиску… Не знам дали можете да го наречете историја ...
Раководството на Барселона размислува за нов напаѓач. Според „Мундо Депортиво“, Барселона сака да купи врвен напаѓач кој ќе го замени Роберт Левандовски, чиј договор истекува следното лето. Клубот верува дека неговите финансиски можности дозволуваат скап договор. Се очекува заминувањето на Левандовски да му обезбеди на клубот 40 милиони евра за трошоците за екипата, кои Барселона би можела да ги искористи за да го потпише играчот. ...
Ландо Норис и Оскар Пјастри водат голема борба за титулата во шампионатот во Формула 1. Двајцата се возачи на Мекларен и тоа ја прави борбата уште поинтересна. Моментално, Норис има предност од 24 поени, а до крајот на шампионатот остануваат уште три трки. Многумина мислат дека постои големо соперништво меѓу Норис и Пјастри надвор од патеката. Сепак, младиот Австралијанец го негираше тоа. – Ландо и јас одлично се согласуваме. Мислам дека ...
Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, зборуваше за клупската соработка со селекторот на Англија, Томас Тухел. – Тој беше главната причина зошто на крајот се приклучив на Баерн, пред сè. Ми се допаѓа неговата енергија, ми се допаѓа што сакаше да прави и како сакаше да игра. Значи, таков однос, од првата минута кога се запознавме, ме подготвува за добар пат. Мислам дека кога ја доби работата, ме виде како одличен лидер во тимот и некој што ќе ...
Лос Анџелес Лејкерси ноќеска го победија Милвоки со 119:105 на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата. Словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ со 41 поен го предводеше својот тим до триумфот. Лејкерси се четврти во Западната конференција на НБА. Милвоки е седми на Истокот. Резултати на другите три средби од НБА-лигата играни ноќта сабота кон недела: Минесота – Денвер — 112:123 Шарлот – Оклахома 96:109 Индијана – ...
Селекторот на италијанската репрезентација, Џенаро Гатузо, зборуваше за своите очекувања за натпреварот против Норвешка во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. За директен пласман на Светското првенство, Италија треба да победи со девет гола разлика. – Се подготвуваме за овој натпревар како и за секој друг; ќе играме со гордост и со сознанието дека се соочуваме со тим кој ни создаде многу проблеми пред шест месеци. Ако играме ...
Заслужи играчот на Арсенал, Букајо Сака да биде еден од најплатените играчи не само на неговиот тим туку и во целата Премиер лига. Офанзивецот е дете на клубот има статус на сериозен лик во соблекувалната, и нормално е да биде третиран како што треба. Новиот негов договор е веќе тема извесен период, а според информациите според истиот Сака ќе треба да заработува над 300.000 фунти неделно. Што секако го прави еден од најплатените во клубот, а ...
Управата на Њу Орлеанс пеликанс денес му додели отказ на Вили Грин. Четириесет и четиригодишниот тренер го водеше тимот од 2021 година. – Имам огромно восхитување и почит кон Вили Грин и сум навистина благодарен за сè што направи за нашата организација во текот на изминатите неколку години. Ова е тешка работа и овие одлуки не се донесуваат лесно, изјави сопственикот на тимот, Гејл Бенсон. Грин претходно беше асистент во Феникс (2019-2021) и ...
Кошаркарите на Маџари со одлично второ полувреме во дуелот со Работнички направија резултатски пресврт, и стигнаа до третата по ред победа во македонското првенство. Од друга страна Работнички ја прекина серијата од четири победи. Маџари кои по првото полувреме губеше со девет поени разлика (38:47) одигра извонредно во последните 10 минути и по 28:14 дојде до конечни 87:80. На првиот натпревар од 7. коло, МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ 80:67. ...
Најдобриот стрелец на финската фудбалска репрезентација Тему Пуки (35) го одигра последниот натпревар за репрезентацијата. Тој немаше среќа да се збогува со победа, згора на тоа, Финците доживеаа прилично непријатен пораз од Малта на домашен терен (0:1), но дури ни таков неуспех не го засени најемотивниот момент на натпреварот. Солзите на Тему Пуки на крајот од натпреварот беа, без сомнение, најсилниот впечаток со кој неговите сонародници го ...
Фудбалерите на Велс вечерва го победија Лихтенштајн со 1:0 на гостувањето во Вадуз. Велшаните се надеваа на триумф со најмалку шест голови разлика, но едвај стигнаа и до минимална победа. По овој резултат, на македонската репрезентација во Кардиф во вторник доволно ќе и биде и реми за да го освои второто место во Ј-групата и да оди во бараж за СП 2026 преку квалификациите. Во случај на чудо, односно Белгија да загуби од Лихтенштајн дома, ...
Бразил синоќа во Лондон го победи Сенегал со 2:0 во пријателски натпревар. Стрелецот на вториот гол, Касемиро зборуваше за улогата на селекторот Карло Анчелоти во развојот на Винисиус и Едер Милитао. – Секогаш се сложував многу добро со него. Кога дојде во Реал Мадрид по втор пат, го трансформираше Вини. Луѓето имаа сомнежи за Винисиус, но Анчелоти беше тој што ги трансформираше Вини и Милитао. Секогаш се сложуваше одлично со Бразилците. ...
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина обезбеди место во баражот за Светското првенство, а воедно останува и во игра за директен пласман на Мундијалот што следува. Избраниците на селекторот покажаа силен карактер и со важниот резултат успеаја да ја задржат шансата сами да го одлучуваат својот пат. Со бодовите кои ги освоија во последниот натпревар, БиХ го потврди барем минималниот цел – учество во бараж. Но амбициите не застануваат ...