Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Јулијан Брант, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, кога ќе му истече актуелниот договор. Спортскиот директор на Борусија, Ларс Рикен, потврди дека договорот на офанзивниот играч од средниот ред нема да биде продолжен и дека 29-годишникот заминува како слободен играч. Рикен ова го изјави за германски „Скај Спорт“, откако Дортмунд го победи Келн во натпреварот од 24-тото коло од Бундеслигата. Одлуката ја ...

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва во Куманово ја совлада Белгија со 33:28 во квалификациите за пласман на еврошампионатот. Македонките во целост се реваншираа на Белгија за поразот од пред три дена (24:25). Голманката Андреа Илиќ со 12 одбрани и Марија Јанкуловска со осум погодоци се најзаслужните за победата. По шест гола запишаа Стефановска, Кирпијановска и Ива Младеновска. На табелата води Германија со 6 бода, Словенија ...

Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, го пофали настапот на тимот во осминафиналето на ФА Купот против Њукасл. Натпреварот се одржа вчеравечер на „Сент Џејмс Парк“ во Њукасл и заврши 3:1 во корист на „Граѓаните“. Омар Мармуш постигна два гола за Сити, а Савио додаде уште еден. – Беше фантастично. Кога се обидовме да создадеме комбинации, бевме многу ефикасни, особено Савињо и Доку. Тоа беше нашиот најдобар настап на овој стадион откако ...

Македонската женска ракометна репрезентација денес ја очекува значаен натпревар. Ривал на македонските ракометарки ќе биде селекцијата на Белгија која во средата во меѓусебниот дуел забележа победа на домашен терен со 26:25. За „црвено-жолтите“ неопходна е победа со што би ги задржале шансите за пласман на Европско првенство 2026. – Не очекува многу важен натпревар на којшто се надевам дека ќе се покажеме во многу подобро светло. Треба да сме ...

Натпреварот помеѓу Волфсбург и ХСВ во Бундеслигата, го обележа инцидентот што се случи по последниот судиски свиреж. ХСВ триумфираше по пресврт (2:1) и со тоа направи голем чекор кон опстанок, додека „Волците“ останаа на претпоследното место на табелата. Фудбалерите се судрија по натпреварот, додека лутите навивачи на теренот фрлаа пиротехника. Аналитичарот на „Скај Спорт Германија“, Дитмар Хаман беше многу директен по овој натпревар. „Имате ...

Тимот на Лос Анџелес лејкерс ноќеска ја победи Индијана во домашен натпревар од регуларната сезона на НБА со 128:117. Словенецот Лука Дончиќ беше најзаслужен за победата на домаќините со постигнати 44 поени, девет скока и пет асистенции. Лејкерси имаат скор од 38-25 (победи-порази) оваа сезона и се шести на табелата во Западната конференција. Индијана го претрпе осмиот пораз по ред и е на дното на табелата во Источната конференција. Тимот има ...

Кошаркарките на Вардар постигнаа нова победа во шампионатот откако попладнево во првиот дуел од 2.коло од „оролоџото“ на гости ја совладаа екипата на МЗТ Бела вода со 80:59 (21:16; 24:12; 16:13 и 19:18). Најдобар поединец на натпреварот беше Милица Николиќ со „дабл-дабл“ ефект 19 поени и 12 скока, а четири кошаркарки имаа двоцифрен број поени. За „црвено-црните“ ова беше 11.та победа во шампионатот. На другите од оваа рунда вечерва играат: ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Австралија, го повика тимот да продолжи да работи и покрај значајната предност во перформансите. Расел е уверен дека Мерцедес би можел да изгуби позиција ако не успеат да постигнат напредок во наредните трки. – Тимот дефинитивно треба да ја искористи ситуацијата додека условите се поволни. Иако мојот пристап кон оваа трка беше дека ако ја ...

Рексам водеше со 1:0 и 2:1 со головите на Сем Смит и Калум Дојл, но Челзи се врати со автогол на Артур Оконкво и гол на Џош Ачиампонг. Врексам во третата минута од надополнувањето на времето остана со играч помалку, Добсон беше исклучен поради остар старт. Алехандро Гарначо во 96-та минута и Жоао Педро во 125-та минута ги постигнаа головите за победа и пласман во четвртфиналето на натпреварувањето. Во 115-та минута, ВАР-от поништи гол на ...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, изјави дека не можел да ја утврди причината за неговата несреќа во квалификациите за Големата награда на Австралија. Четирикратниот светски шампион утрово го удри својот автомобил во првиот сегмент од квалификациите излетувајќи од патеката и завршувајќи во бариерите. – Ги притиснав сопирачките, а задната оска одеднаш се блокира целосно, без очигледна причина. Не знам зошто или како се случи. Ова никогаш не ...

Полскиот тенисер Камил Мајхшак се пласираше во второто коло од Мастерсот во Индијан Велс, откако го победи синоќа Французинот Џовани Мпечи Перикар со 6:3, 1:6, 7:5 по три сета. Мајхшак (АТП – 57) го победи 54-от играч на АТП листата по еден час и 47 минути. Во второто коло, Мајхшак ќе игра против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Мајхшак е закажан за в сабота. ФОТО: МИА Полскиот тенисер Камил Мајхшак се пласираше во ...

По голема битка, Атлетико (М) славеше над Реал Сосиедад со 3:2 во денешниот натпревар од 27-то коло на Ла Лига. Напаѓачот на домашните, Александар Сорлот, го постигна првиот гол на натпреварот во петтата минута. Играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Карлос Солер, израмни четири минути подоцна. Во 67-та минута, играчот од средниот ред Николас Гонзалез го донесе домашниот тим повторно во водство (2:1), но напаѓачот на Реал Сосиедад, Микел ...

Искусниот голман на Баерн, Мануел Нојер се повреди на вчерашниот натпревар од Бундес лигата против Борусија Менхенгладбах (4:1). Клубот објави дека 39-годишниот Германец има мало кинење на мускулот на листот. Според „Билд“, голманот ќе биде надвор од терените приближно две недели. Тоа значи дека Нојер дефинитивно нема да игра во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Аталанта (10 март), а голема е веројатноста да го ...

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетик во Билбао со 1:0 (0:0) во натпревар од 27-то коло на шпанската Ла Лига. Избраниците на Ханси Флик го скршија отпорот на Билбао дури во 68-та минута, а минималната победа ја остварија со голот на Ламин Јамал, кој постигна гол по асистенција од Педри. Јамал мајсторски успеа да го матира противничкиот голман од работ на шеснаесетникот. Барселона ја забележа 22-та победа во сезоната и ја задржа ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ верува дека Серена Вилијамс ќе се врати на турнејата. – Мислам дека ќе се врати. Не сум разговарал со неа, но мислам дека се очекува да се врати. Кога и каде, поединечно или двојки – не знаеме. Да бев на нејзино место, и јас би го чувал тоа во тајност. Сите се возбудени и дефинитивно е нешто што сите го очекуваат со нетрпение. Па ќе видиме. Вимблдон би бил добар избор. Би го избрал тоа како место за нејзино ...

Македонската женска фудбалска репрезентација денес славеше убедлива победа над Андора со 3:0. На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола головите ги постигнаа Галабовска, Мејер и Грозданова. Ова беше натпревар од квалификациската група за пласман на Светско првенство и прва победа за „црвено-жолтите“. Фото: миа МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Македонската женска фудбалска репрезентација денес славеше убедлива победа над Андора со ...

Во последниот денешен натпревар од 25-то коло од германската Бундеслига меѓу Келн и Борусија Дортмунд, гостите однесоа победа со 1:2. Првиот гол на натпреварот го постигна Серу Гираси. Напаѓачот на Борусија постигна гол во 17-тата минута. Кон крајот на првото полувреме, втората минута од продолжението, домашниот дефанзивец Јахмаи Симпсон-Пусеј беше исклучен поради црвен картон. Во второто полувреме, во 60-тата минута, напаѓачот Максимилијан ...

Екипата на Баер Леверкузен не успеа да победи на гостувањето кај Фрајбург денеска во рамките од новото Бундес лига коло, туку одигра само реми 3:3 и покрај фаворитската улога на овој меч. Водството се менуваше од домашно во гостинско, за да Гинтер во 86 минута му донесе бод на Фрајбург. Хофенхајм со 2:4, успеа да го совлада Хаиденхајм на негов терен, додека Маинц и Штутгарт одиграа исто така реми од 2:2. Ред Бул Лајпциг го победи Аугзбург со ...

Четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул се удри во заштитната ограда за време на првиот сегмент од квалификациите на трката во Мелбурн, која ја отвора сезоната 2026 во Формула 1. Инцидентот се случил во првиот брз круг на Холанѓанецот додека сопираше на првата кривина. Болидот излета од патеката и за заби во заштитната бариера. Според прелиминарните извештаи, причината е техничка неисправност, а не грешка на возачот. Самиот ...

Арсенал го победи Менсфилд Таун со 2:1 попладнево на гостински терен во осминафиналето на ФА Купот. Нони Мадуеке (41. минута) и Еберечи Езе (66.) постигнаа по еден гол за Лондонци. Вил Еванс го постигна единствениот гол за домаќините (50. минута). Арсенал е вториот тим што се пласираше во четвртфиналето на ФА Купот. Ливерпул претходно го победи Вулверхемптон Вондерерс со 3:1 во осминафиналето. Вечер играат Врексам – Челзи и Њукасл – Манчестер ...

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, зборувајќи на телевизискиот канал Око, ја прифати одговорноста за поразот (1:3) од Монако во 25-то коло од француското првенство. -Денешниот пораз не е вина на целиот тим. Само на тренерот. Мора да се подобриме, почнувајќи од мене, рече Енрике. Монако собра 40 бода и се искачи на 5. место на табелата во Лига 1. ПСЖ води со 57 бода. Фото: МИА МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: Поврзани вести: Тренерот на Пари ...

Женската македонска ракометна репрезентација утре ја очекува дуелот од квалификациите за Европското првенство 2026 против Белгија. Селекторот Кристијан Грчевски беше принуден да повика нова ракометарка. На националниот тим се приклучи Сара Стефановска, членка на романскиот тим Залау. Таа доаѓа на местото на Ивана Арсениевска, која се повреди. На првиот натпревар одигран во саботата македонските ракометарки загубија со 26:25. Утрешниот дуел се ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, го коментираше триумфот од 2:1 над Селта остварен синоќа во 27. коло од Шпанското фудбалско првенство. -Победата силно ја посакувавме и тоа беше нашата цел. Нема подобар начин да се прослави 124-годишната историја на најдобриот клуб во светот од овој. Во натпревар во кој се соочивме со многу тешкотии и бевме без стандардни играчи, мислам дека вреди да се напомене како сè се одвиваше и како моите ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ги искажа впечатоците за победата од 3:1 над Вулверхемптон во осминафиналето на ФА Купот. – Вулверхемптон имаше многу посед на топката, создаде една шанса и постигна еден гол, исто како и пред три дена. Создадовме повеќе шанси отколку во последниот натпревар и затоа успеавме да победиме денес. Робертсон е многу вреден играч. Прво, неговата игра, а второ, неговата личност. Ако треба да игра, секогаш влегува. На ...

Кралската шпанска фудбалска федерација и Шпанската професионална фудбалска лига објавија дека специјални микро камери ќе бидат тестирани на два натпревара од шпанското првенство. Тие ќе бидат инсталирани на судиите што ги водат натпреварите Валенсија – Алавес и Еспањол – Овиедо на 8 и 9 март. Видео и аудиоснимките направени од овие камери засега нема да се користат за време на телевизиските преноси. Фудбалските власти во моментов само ја ...

Сопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас, откри колку заработува аргентинскиот напаѓач Лионел Меси годишно. Фудбалерот игра за Интер Мајами од летото 2023 година и освои четири трофеи со клубот. – Причината зошто ми требаат спонзори од светска класа е затоа што фудбалерите се скапи. Јас му плаќам на Меси, тој вреди секој долар, но тоа е помеѓу 70 и 80 милиони долари годишно, изјави Мас за „Блумберг“. Сепак, сопственикот на клубот не навлезе во ...

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата на првата етапа од сезоната 2026 во Формула 1. Најдобриот круг на 28-годишниот Британец на квалификациите утрово во Мелбурн беше 1 минута 18,518 секунди. Тимскиот колега на Расел, Андреа Кими Антонели, заврши втор (+0,293 секунди), додека возачот на Ред Бул, Исак Ајар, заврши трет (+0,785 секунди). Меѓу првите шест беа и: Шарл Леклер (Ферари +0,809), Оскар Пјастри (Мекларен +0,862) и ...

Екипата на Еурофарм Пелистер избори пласман во полуфиналето на Купот откако попладнево во Битола го совлада Прилеп со 30:28. Ова беше трет натпревар за битолчани во три дена и по нерешениот дуел со ПСЖ во Лигата на шампионите остварија две победи денеска против Прилеп и вчера против Струга со 44:19. Дуелот против Прилеп беше „финале“ во групата Г, откако прилепчани вчера го совладаа Драчево Јуниор со 41:34. На денешниот дуел најефикасни во ...

Реал Мадрид го разгледува Јирген Клоп како водечки кандидат за тренерската позиција. Според „Sky Sports“, мадридскиот клуб го следи германскиот менаџер веќе неколку години и го цени поради неговата харизма и способност да ги води тимовите кон врвна форма на долг рок. Клубот е уверен дека тој е тренер способен да ги води „Лос Бланкос“ кон нови победи. Се забележува дека сè уште не се воделе официјални преговори, но доколку Клоп одлучи да се ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас се запиша во листата на стрелците синоќа на натпреварот против Торино во Неапол во 28. коло од Серија А. За Елмас ова е прв гол во дресот на Наполи во сезоната 2025/26. Наполи поведе во првото полувреме со голот на Алисон Сантос, Елмас зголеми во вториот дел, а Торино пред крајот успеа да намали на 2:1 преку Касадел. Наполи има собрано 56 бода и се наоѓа на 3. место во поредокот. Пред него се ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
0.51
82%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1032
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.14
92%
1032
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
66%
1030
weather icon

Тирана

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
67%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
87%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
83%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
1.38
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
3.09
90%
1030
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.279

Currency

8.2491

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Калај

46.54

Злато

130856.75

Родиум

295786.87