Баерн Минхен продолжува да ја потврдува својата доминација во европскиот фудбал. Под водство на тренерот Венсан Компани, баварскиот гигант ја запиша 16. победа во низа, со што официјално влезе во историјата на клубот и се наметна како една од најсилните екипи во Европа оваа сезона. Последниот триумф дојде на гостувањето кај Пари Сен Жермен, каде Баерн славеше со 2:1. Тимот предводен од Компани покажува впечатлива конзистентност, контролирајќи ги ...

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, го коментираше триумфот од 2:1 над ПСЖ синоќа во 4. коло од Лигата на шампионите. -Знаевме дека сме способни за ова. Треба да останеме смирени, но тоа ќе ни даде самодоверба. Н етреба да не зафати еуфорија. Тимот го направи тоа добро. Моравме да се браниме со десет играчи, а тимот повторно одговори, покажувајќи дека сме способни да се адаптираме и да испорачаме резултати, изјави Компани за ...

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, не е задоволен од изданието на неговиот тим на синоќешниот дуел со Ливерпул. Реал загуби на „Енфилд“ со 1:0 во четвртото коло од Лигата на шампионите, Куртоа беше еден од најдобрите на теренот спасувајќи го својот тим од повисок пораз. – Реал мора да игра подобро. Во натпревари како денешниот, малите детали одлучуваат сè. Треба да останеме смирени. Пред нас е Олимпијакос, а тоа ќе биде уште еден тежок ...

Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка (Белорусија), објави дека ќе игра егзибициски натпревар против Ник Кирјос (Австралија). -Се случува. Сабаленка против Кирјос. „Битка на половите“, напиша белоруската тенисерка на социјалните мрежи. Мечот ќе се одржи во Дубаи на 28 декември 2025 година. Триесетгодишниот Кирјос моментално е рангиран на 652. место на АТП ранг-листата. Во својот последен натпревар во поединечна конкуренција, тој загуби од ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, го коментираше триумфот од 1:0 синоќа над Реал Мадрид на домашен терен во четвртото коло од Лигата на шампионите. – Беше одличен настап против тим кој загуби само еднаш оваа сезона. Можевме да играме уште подобро. Уште една победа против многу добар тим. Тие се во одлична форма во моментов. Беше одличен натпревар – мислам дека со сигурност можеме да кажеме дека ова е нашиот најдобар натпревар во сезоната. Момците ...

Кошаркарите на ТФТ го претрпеа првиот пораз во АБА 2 лигата откако вечерва на домашен терен минимално загубија од Хелиос со 83:84. Резултат по четвртини: 23:24; 18:12; 24:25 и 18:23. Во изедначен натпревар гостите од Словенија стигнаа до вредна победа. Македонскиот претставник на полувреме водеше 41:36, а во последната четвртина „влезе“ со предност од 65:61. Екипата на ТФТ и во последните 97 секунди имаше три разлика 81:78, но завршницата им ...

Во УЕФА денеска беа одредени противниците за лигашката фаза од квалификациите за Светското првенство во женска конкуренција, кое ќе се одржи во Бразил во 2027 година. Македонската женска фудбалска репрезентација ќе го бара своето место во баражите преку групата Ц3, каде противници ќе ни бидат Унгарија, Азербејџан и Андора. Натпреварите од оваа фаза ќе се играат во март, април и јуни 2026 година. Победниците од шесте групи во Лига Ц, како и двете ...

Екипата на Наполи одигра нерешено 0:0 вечерва со Ајнтрахт Франкфурт на домашен терен во натпревар од 4.коло од Лигата на шампионите. Домашниот тренер Антонио Конте во стартниот состав го имаше македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, кој беше од најдобрите играчи во својот тим, но играчите на Наполи немаа среќа да ја затресат мрежата на гостинскиот голман. На вториот дуел одигран во Прага, Арсенал со 3:0 го совлада домаќинот Славија. Головите за ...

Фудбалерите на Ливерпул го победија Реал Мадрид со 1:0 во четвртото коло од Лигата на шампионите. „Црвените“ aпсолутно ја заслужија победата, создадоа поголем број шанси, но поголемиот дел од натпреварот немаа решение за Тибо Куртоа, кој беше неверојатен меѓу стативите. Во првото полувреме, тој со одлични одбрани во два наврати ги запре обидите на Собослај и спречи водство на Ливерпул. Домашниот тим бараше пенал кога топката го погоди Чуамени во ...

Баерн Минхен продолжува да ја демонстрира својата доминација во европскиот фудбал. Германскиот шампион го совлада Пари Сен Жермен со 2:1 на гостински терен, запишувајќи ја 16. победа во низа од почетокот на сезоната. Баварците влегоа силно во мечот и поведоа уште во 4. минута преку Луис Дијас, кој го искористи лошото поставување на одбраната на ПСЖ. Истиот фудбалер во 32. минута ја удвои предноста на гостите по нова грешка на Маркињос, со што ...

Јувентус продолжува со разочарувачките настапи во Лигата на шампиони и по четири одиграни кола сè уште нема победа. Италијанскиот гигант одигра само 1:1 против Спортинг Лисабон во Торино, и покрај тоа што имаше повеќе од играта и шанси за победа. Јувентус губеше против Спортинг во Торино, Душан Влаховиќ израмни во 34-тата минута, но Старата Дама немаше сила за целосен пресврт. Со овој резултат, Јуве останува закован на дното од групата, со само ...

Американката Аманда Анисимова ја постигна првата победа на завршниот турнир кај тенисерките што се игра во Ријад. Таа ја совлада сонародничката Мидлтон Кејс со 2:1 во сетови (4:6; 6:3 и 6:2). Така двата денешни меча од второто коло од групата Б завршија со пресврт откако Елена Рибакина ја совлада Ига Швјонтек со 2:1 во сетови (3:6; 6:1 и 6:0). По ваквиот денешен епилог мечот од 3.то коло меѓу Анисимова и Швјонтек ќе решава за полуфиналето, каде ...

Легендарниот кошаркар, а сега тренер Василис Спанулис, останува селектор на грчката репрезентација. Ова во вторникот официјализираше Кошаркарскиот сојуз на Грнција. Спанулис им донесе бронза на Грците од овогодинешниот Евробаскет. Тоа беше и првиот медал на Грција на големо натпреварување од 2009 година. Затоа во националниот Сојуз веднаш му понудија нов договор. Во исто време, легендарниот Грк ќе продолжи да работи во вицешампионот на ...

Екипата ТФТ попладнево го игра дуелот од 3.коло од АБА 2 лигата, а во Скопје гостува словенечката екипа Хелиос. По стартните две победи за екипата на ТФТ предизвик е да се продолжи со максималниот учинок. Сепак ритамот на натпревари предизвикува мали проблеми во тимот. – Дуелот со Хелиос ќе ни биде четврти во десет дена. Ова темпо на натпревари и заморот кај играчите наметнува пред се да останеме здрави и да избегнеме евентуални повреди. Хелиос ...

Македонската машка кадетска ракометна репрезентација во завршното трето квалификациско коло го совлада денеска домаќинот Луксембург со 25-17 (13-9) и со тоа обезбеди пласман на Европското првенство 2026. За да го освои првото место во квалификациската група која се играше во Луксембург на македонските кадети попладнево им беше неопходна победа над домаќинот, откако претходно денеска Финска ја совлада Грција со 29-25. Избраниците на селекторот ...

Канадскиот напаѓач Џонатан Дејвид би можел да го напушти Јувентус во зимскиот преоден рок, откако изразил незадоволство од својата улога во тимот. Според италијанските медиуми, 25-годишниот напаѓач не е задоволен од минутажата и позицијата што ја има во составот на „старата дама“. Дејвид пристигна летово од Лил како слободен играч и потпиша договор на пет години, но засега не успеа да се наметне како прв избор во нападот. Во досегашниот дел од ...

Фудбалерот на Наполи, Кевин Де Брујне, објави дека е опериран. – Здраво на сите, како што сите знаете, ќе правам пауза некое време. Добрата вест е дека операцијата помина совршено. Веќе сум повторно во акција! Ви благодарам за сите пораки! – напиша 34-годишниот Белгиец на социјалните мрежи. Играчот ја заработи повредата во 8. коло од италијанското првенство против Интер (3:1). Во 33-тата минута, Де Брујне реализираше пенал и веднаш се зграпчи за ...

Младата ѕвезда на Барселона и шпанската репрезентација, Ламин Јамал, реши да започне наплата за автограми, со што предизвика поделени реакции кај фановите. Јамал потпиша договор со специјализирана платформа за спортски сувенири, преку која неговите потписи ќе се продаваат по одредена цена. Со тоа, тој се приклучува на малата група европски фудбалери што комерцијално го ограничуваат својот потпис. Од клубот нема официјален став, но одлуката на ...

Двата денешни натпревара од Првата фудбалска лига завршија со победи на гостинските екипи. Во дербито во Ѓорче Петров, Струга ја совлада домашната екипа на Македонија ЃП со 2:0. Головите за победникот ги постигнаа Флориан Рочи во 32.минута и Басиру Компаоре во 62.минута од пенал. На вториот дуел во Скопје гостите од Кавадарци Тиквеш славеа победа со идентични 2:0 и по три натпревари без победа стигнаа до третиот триумф во шампионатот. На вчера ...

Селекторот на бразилската репрезентација, Карло Анчелоти, не е загрижен за напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, по неговата лута реакција на заменувањето во поразот од Барселона со 2:1 во шпанското првенство. Дваесет и петгодишниот фудбалер доби повик во репрезентацијата за пријателските натпревари против Сенегал (15 ноември) и Тунис (18 ноември). -Имам добар однос со Винисиус, како и со другите играчи. Разговарав со него, му кажав сè што ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, ги отфрли критиките упатени кон неговиот тим за променливите изданија во тековната сезона. -Со победа вечер против Ајнтрахт можеме да се вратиме на вистинскиот пат во Лигата на шампионите. Знаеме дека се соочуваме со силен противник, но сите противници се силни на ова ниво. Имаме амбиции да се натпреваруваме на европската сцена. Слушаме многу критики од почетокот на сезоната, но штом сме лидери во Серија А, ...

Тренерот на Баерн Минхен, Винсент Компани, ги сподели своите очекувања за претстојниот натпревар против ПСЖ во Лигата на шампионите. – Кога зборуваме за ПСЖ, важно е да се разбере дека не можете да се фокусирате само на еден играч. Тимската работа на ПСЖ е она што ги прави толку силни во секоја фаза од играта. Треба да веруваме во себе и да играме најдобро што можеме. Се соочуваме со бранителот на трофејот во Лигата на шампионите и еден од ...

Јанис Адетокумбо и Јусуф Нуркиќ со звукот на сирената им донесоа победи на своите екипи, Милвоки Бакс, односно Јута Џез, во НБА лигата. Јанис погоди за победа во Индијанаполис, а Нуркиќ во Бостон. Милвоки Бакс славеа на теренот на еден од најголемите ривали во лигата, Индијана Пејсерс. Адетокумбо е омразен лик во Индијанаполис од декемви 2023 година, кога постигна рекордни во кариерата 64 поени, а потоа ги обвини домашните кошаркари дека му ја ...

Барселона е заинтересирана следното лето да го потпише фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд. Според „Ел Национал“, каталонскиот клуб има намера да му го понуди на премиерлигашот играчот од средниот ред Дани Олмо, како и парична отштета за 25-годишниот напаѓач. Олмо долго време е интересен за менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола. Халанд има 13 настапи оваа сезона, постигнато 17 гола и една асистенција. Тековниот договор на Халанд со Манчестер ...

Арсенал подготви рекорден договор за својата најголема ѕвезда Букаја Сака, кого „топџиите“ сакаат да го задржат во клубот до летото 2030 година. Дваесет и четиригодишниот Сака има договор со Арсенал до летото 2027 година, а „топџиите“ сакаат да го продолжат неговиот договор за уште три сезони. Според англиските медиуми, претставници на Арсенал и Сака се сретнале неколку пати во последните недели, а раководството на клубот јасно стави до знаење ...

Сопствениците на Фиорентина го отпуштија Стефано Пиоли. „Виолетовите“ со Пиоли на клупата не забележаа ниту една победа во првите 10 рунди во Серија А. Фиорентина под Пиоли освои само четири поени и се наоѓа на последната позиција на табелата. Кога пристигна во средината на јули оваа година, потпиша договор до јуни 2028 година, па Фиорентина веројатно скапо ќе ја плати оваа непланирана разделба. Помеѓу Фиорентина и Милан, кого го водеше 240 пати ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на денешната нова ВТА листа бележи мал пад од четири позиции и сега се наоѓа на 205.то место. Таа има освоено 358 поени. Ѓорческа за следната недела е пријавена да настапи на турнир во Португалија. Магдалена Стоилковска има пад за 19 места и се наоѓа на 1.464 место со 3 поени. На врвот на ВТА листата се наоѓаат осумте најдобри тенисерки кои настапуваат на завршниот турнир во Ријад: Арина Сабаленка, Ига ...

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, во уперлативи зборуваше за својот поранешен играч, Флоријан Вирц, кој сè уште не не може да се снајде во Ливерпул, откако две сезони блескаше во Баер Леверкузен. Баер во сезоната 2023/24 ја освои двојната круна под водство на Алонсо, со напомена дека стигна до титулата во Бундеслигата без пораз. Вирц постигна 18 гола и 20 асистенции во сите натпреварувања таа сезона и беше прогласен за најдобар играч во ...

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) вечерва на гала свеченост во Скопје ги прогласи најдобрите за минатата натпреварувачка сезона, доделувајќи ги признанијата за најдобра ракометарка на Катерина Дамјаноска од ЖРК Ѓорче Петров и за најдобар ракометар на Филип Кузмановски од Еурофарм Пелистер. Во гласањето на навивачите на официјалната Фејсбук страница на РФМ, признанијата во двете категории ги понесоа Теодора Гулицоска и Никола Митревски. ...

Бразилскиот напаѓач на Реал Мадрид, Ендрик (19), е пред привремено заминување од клубот откако не успеа да го импресионира тренерот Чаби Алонсо. Иако беше поврзуван со позајмица во Премиер лигата, каде што интерес покажаа Манчестер Јунајтед и Астон Вила, 19-годишникот најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Лион, Франција, пишува специјализираниот фудбалски поратал „Goal.com“. Ендрик се врати на теренот минатиот викенд по петмесечна пауза ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1022
weather icon

Загреб

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
94%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -3ᴼ
1.03
67%
1023
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.42
94%
1024
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
0.55
96%
1022
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.6
78%
1019
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
87%
1019
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
93%
1020
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
100%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.34
93%
1022
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.6
76%
1021
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Калај

43.93

Злато

139515.92

Родиум

258813.51

Цинк

3.04

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.95

Сребро

2159.01

Иридиум

145787.60

Платина

64479.52

Бакар

11.07

Паладиум

54591.97