Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа од 2:1 во сетови (46; 63 и 62) го почна настапот на ИТФ турнирот во Порторож што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа во првото коло со пресврт стигна до победата против Кајса Риналдо Персон од Шведска. Првиот сет и припадна на противничката со 6:4 во гемови, а Ѓорческа го доби вториот сет со 6:3, откако ривалката поведе со 1:0, а македонската тенисерка направи серија од четири гема ...
Виктор Вембањама е добитник на наградата „Меџик Џонсон“ за сезоната 2025/26, која се доделува на НБА играчот кој најдобро комбинира извонредност на теренот со подготвеност за соработка и харизма во односите со медиумите и навивачите, објави Здружението на професионални кошаркарски новинари (PBWA). Вембањама оваа сезона имаше просек од 25 поени, 11,5 скока, 3,1 асистенции и 3,1 блокади по натпревар и беше именуван за Ол-стар по втор пат во ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, наводно добил силна поддршка од играчите и покрај елиминацијата во четвртфиналето од Лигата на шампионите и би можел да остане на клупата и следната сезона, пренесува „Марка“. Според извештајот, фудбалерите на Реал Мадрид се за тоа 43-годишниот стратег да продолжи како главен тренер, бидејќи успеал да изгради силна врска со тимот откако ја презел функцијата. Неговата работа е позитивно оценета, како ...
Реал Мадрид сезоната ќе ја заврши без освоен трофеј. Јасно е дека цехот ќе го плати тренерот, во овој случај, тоа е Алваро Арбелоа. Реал испадна од шпанскиот Куп, во средата не успеа да се пласира во полуфиналето, во Лигата на шампионите, а извесно е дека во финишот на сезоната не може да ја достигне предноста од девет бода колку што изнесува предноста на водечката Барселона. „Една сезона без трофеј е неуспешна, две такви сезони е вистинска ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна своите сопернички на Европското првенство, кое ќе се игра во Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција во декември 2026 година. Македонските ракометарки се во групата Б во Клуж против селекциите на Норвешка, Романија и Швајцарија. Оваа група се смета за една од најсилните, бидејќи сопернички на Македонија ќе бидат домашната репрезентација на Романија, најсилната селекција во светото ...
Заврши воведниот сегмент во НБА плејинот. Филаделфија Севентисиксерс обезбедија место во плејофот, додека Голден Стејт Вориорс се во финалето на плејинот, благодарение на победите забележени изминатата ноќ. Филаделфија ги победи Орландо Меџик со 109:97 (28:24, 31:31, 20:19, 30:23), со што обезбеди учество во плејоф серијата против Бостон Селтикс, вториот најуспешен тим во Источната конференција, во регуларниот дел од сезоната. Филаделфија, ...
Десеттиот обид на Килијан Мбапе да ја додаде Лигата на шампионите во својата богата колекција трофеи заврши со неуспех во Минхен. Исто како и минатата сезона, неговата прва во дресот на Реал Мадрид, патот кон трофејот заврши во четвртфиналето. Кога француската ѕвезда одлучи да го напушти Париз, својот град и својата земја, освојувањето на Лигата на шампионите беше една од клучните причини, можеби и главната. Затоа, тој го избра навидум ...
Карлос Алкараз го заврши учеството на турнирот во Барселона, каде што го помина првото коло. Повеќекратниот Гренд слем шампион, и втор тенисер во светот се откажа поради проблеми со зглобот. Сè уште не е познато дали финалистот на неодамна завршениот Мастерс во Монте Карло ќе игра на следниот турнир од серијата 1000, кој исто така се игра во Шпанија, односно во Мадрид. Алкараз беше шампион на Барселона во 2022 и 2023 година, а минатата ...
Македонскиот ракометен тим Вардар 1961 го потврди новото засилување за следната сезона, а тоа ќе биде Мохаб Абделхак. Египетскиот десен бек доаѓа во редовите на вардарци директно од германскиот гигант Кил. Станува збор за 23-годишник кој има огромен потенцијал, а тоа го покажа и со настапите во Бундеслигата, како и за репрезентацијата на Египет чиј стандарден член е веќе неколку години. Поврзани вести: Македонскиот ракометен тим Вардар 1961 ...
Барселона поднесе втора официјална жалба до УЕФА во врска со судењето во четвртфиналето на Лигата на шампионите, во кое беа елиминирани од Атлетико Мадрид. Во клубот сметаат дека се оштетени од серијата судиски одлуки во двата натпревари од дуелот, кој заврши со вкупен резултат од 3:2 за мадридскиот тим. Ова е втор пат за нешто повеќе од една недела, Барселона, да се обрати до УЕФА, изразувајќи длабоко незадоволство од работата на судиите и ...
Лионел Меси донесе одлука и го купи шпанскиот третолигаш Корнеља. Овој клуб се наоѓа во Каталонија, поточно во делот каде што игра Еспањол, но е познат по својата голема школа, каде што, на пример, играле Џорди Алба, Давид Раја, Жерар Мартин… Идејата за оваа инвестиција е јасна – дополнително да се развие клубот и да се подигне на повисоко ниво, со посебен фокус на развојот на локалните таленти. Како што објави каталонски „Спорт“, токму ова ...
Стразбур изведе спектакуларен пресврт против Мајнц за пласман во полуфиналето, во Конференциската лига, каде од вечерва се уште Шахтјор, Рајо Ваљекано и Кристал Палас. Фудбалерите на Стразбур, со брилијантна игра ја надоместија негативата од два гола од Германија. Французите во реваншот го победија Мајнц со 4:0. Домашниот тим ја анулира таа негатива веќе во првото полувреме. Поведе со голот на Себастијан Нанаси во 26-та, а ја дуплираше ...
По реванш натпреварите од четвртфиналето на Лигата на Европа, комплетиран е списокот на полуфиналисти. Во првиот термин, Фрајбург повторно победи против Селта и се пласираше во полуфиналето, а на германскиот тим потоа му се придружија два англиски тима, Астон Вила и Нотингем Форест, односно португалскиот тим Брага. Астон Вила повторно беше подобра од Болоња. Во Боримнгем убедливо славеше со 4:0 и со вкупни 7:1 избори место во полуфиналето. ...
Поранешниот голман на Ливерпул, Арсенал и Јувентус, Алекс Манингер, загина во сообраќајна несреќа во четврток. Поранешниот голман на австриската репрезентација почина на 49-годишна возраст на необезбеден железнички премин, соопшти локалната полиција. Неговиот автомобил бил удрен од воз на локалната железница, а ударот бил толку силен што возот го турнал возилото стотици метри по шините. Лекарите ја прогласиле смртта на некогаш врвниот ...
Фудбалерите на Фрајбург ја декласираа Селта во реваншот со 3:1 и со вкупен резултат од 6:1 се пласираа во полуфиналето на Лигата на Европа. Се очекуваше шпанскиот тим да ја одбрани својата чест по рутинскиот пораз во Германија, но и во овој натпревар играше само еден тим. Селта беше поагресивна на почетокот, сакаше да постигне брз гол, но тоа беше прекинато од евроголот на Матановиќ. Сузуки успеа да ја удвои предноста до крајот на првото ...
И во следната сезона организацијата на играта на Еурофарм Пелистер ќе му биде доверена на словенечки среден бек. „Зелено-белите“ потпишаа двегодишен договор со Миха Котар, 27-годишен среден бек, кој во Битола доаѓа од првакот на Србија, Партизан. Котар е роден во Требње, поникна во матичниот Тримо Требње, афирмација доживеа во Словењ Градец, а во последните две сезони го носеше дресот на белградски Партизан. -Со ангажманот на Котар нашиот ...
Ден по натпреварот помеѓу Ливерпул и Пари Сен Жермен, беше објавено дека Уго Екитике ја скинал Ахиловата тетива на десната нога. Ливерпул, оваа информација на медиумите ја потврди во четврток. Ливерпул не објави ништо додека не беа извршени сите потребни проверки, но веста не е ништо подобра од онаа што во средата ја пласираа медиумите. Уго Екитике има скината Ахилова тетива на десната нога, потврдија прегледите и скенерот, велат од ...
Веќе некое време е познато дека Бернардо Силва ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната. Силва официјално го објави своето заминување во четврток, а се огласи и Манчестер Сити. „Граѓани, Кога дојдов пред девет години, следејќи го сонот на едно мало момче, сакав да постигнам успех во животот, да постигнам големи работи. Овој клуб и овој град ми дадоа многу повеќе од тоа, многу повеќе отколку што можев да се надевам. Она што го ...
На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ. Заедно со првиот човек на европскиот фудбал, во делегацијата се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации во УЕФА, како и Денис Бастари, раководител за развој на национални асоцијации во УЕФА. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ја истакна важноста на ...
Раководството на Реал Мадрид бара нов главен тренер кој ќе го замени Алваро Арбелоа. Според „Атлетик“, мадридскиот клуб разгледува четири кандидати. Јирген Клоп е високо ценет од раководството на клубот, но немало контакт меѓу двете страни. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го цени Зинедин Зидан, но се очекува тој да биде тренер на француската репрезентација. „Кралевите“ исто така ги разгледуваат опциите и Дидие Дешан, кој ќе ...
Хари Мeгваер ќе го пропушти натпреварот на Манчестер Јунајтед против Челси во Премиер лигата во сабота, откако Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) ја потврди неговата суспензија од еден натпревар и парична казнa. Aнглискиot репрезентативец беше исклучен со црвен картон при ремито 2-2 против Борнмут на 20 март, а од таборот на „црвените ѓаволи“ поднесоа жалба на одлуката. Сепак, ФА на Англија ја задржа својата одлука, па дефанзивецот ќе ...
Интер од Мајами, актуелниот шампион на американската професионална фудбалска лига МЛС, го назначи 62-годишниот Гилермо Хојос, долгогодишен пријател на најголемата ѕвезда на клубот и за многумина најдобриот играч на сите времиња, Лионел Меси, за нов тренер. Хојос досега беше спортски директор на клубот, а на тренерската позиција го замени Хавиер Маскерано, кој го напушти клубот во вторник од лични причини. Хојос бил ментор во Барселона на ...
На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ. Посетата претставува уште една потврда за одличните односи меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално, така и на лично ниво. Македонската „Куќа на фудбалот“ е високо ценета во рамки на европското фудбалско семејство, а присуството на Александар Чеферин дополнително ја ...
Едностраното раскинување на договорот на Џим Готфридсон од страна на ПИК Сегед предизвика сериозен правен и етички судир. Додека клубот се повикува на законски процедури, шведскиот ракометар најавува правна битка, што ја отвора дебатата за заштита на правата на спортистите во унгарскиот ракомет и иднината на играчот. Случајот започна кога унгарскиот клуб ПИК Сегед еднострано го раскина тригодишниот договор со шведскиот репрезентативец Џим ...
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ја започне својата 860 недела како еден од првите пет тенисери на АТП листата на 20 април 2026 година, и така ќе го урне и рекордот што претходно го држеше Рожер Федерер. Познатиот швајцарски играч помина дури 859 недели во светскиот врв во текот на својата богата кариера. Швајцарецот ќе има само уште 10 дена да го држи тој рекорд. Србинот наскоро ќе го надмине, со што ќе направи историја ...
Кошаркарите на ТФТ се пласираа во финалето, во АБА 2 лигата. ТФТ и во вториот натпревар ја совлада Сутјеска, за место во АБА лигата ќе се бори со Широки. По победата во првиот меч во Црна Гора, ТФТ и во реваншот убедливо ја победи Сутјеска 90-77. ТФТ одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната, буквално на Сутјеска не и дозволи ниту грам надеж дека може да го врати брејкот. Победата скопскиот тим ја најави во првата четвртина, која ја ...
Легендарниот голман на Баерн Минхен и германската репрезентација, Оливер Кан, го критикуваше Реал Мадрид по реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Баварците го победија Реал со 4:3 на „Алијанц Арена“ и со вкупен резултат од 6:4 поминаа меѓу четирите најдобри тима во Европа. Ден, по реваншот во Минхен, најмногу се зборува за реакцијата на играчите на Реал и обвинувањата против судијата, Славко Винчиќ. Во Мадрид веруваат дека ...
Фудбалскиот клуб Базел ги објави првите фотографии и нови детали за пожарот што избувна минатиот петок во соблекувалните на Сент Јакоб-Парк. Штетата е огромна, а поради инцидентот, лигашкиот натпревар против Тун, кој требаше да се игра минатиот викенд, исто така беше одложен. Во пожарот нема повредени, пишува „bluewin.ch“. „Целата опрема за фудбалерите, материјали за тренинг, тренерска опрема – сè беше изгубено“, изјави портпаролот на ...
Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, изјави дека Иран сигурно ќе учествува на овогодинешното Светско првенство, и покрај војната со Соединетите Американски Држави. Зборувајќи на форум на Си-Ен-Би-Си, Инфантино рече дека е важно Иран да учествува на Светското првенство иако неговото учество е доведено во прашање откако САД и Израел започнаа напади врз земјата. „Иранскиот тим дефинитивно доаѓа, да. Се ...
Реал Мадрид ја заврши сезоната во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“, доживеа елиминација од Баерн Минхен. По поразот во првиот меч, во Мадрид 1:2, во драматичниот реванш, Реал падна во финишот, Баерн победи со 4:3 со головите постигнати во 89-та и 94-та минута. Реал во Минхен, три пати водеше, минути го делеа од продолженија, но аматерскиот потег на Едуардо Камавинга,го смени текот на натпреарот. По неговото исклучување во 86-та минута, ...