
Скопје
29ᴼ /
29ᴼ



Хорор филмот „Супстанца“ на француската режисерка Корали Фаржа доби десетминутни овации на синоќешната светска премиера на Канскиот фестивал. Филмот е во конкуренција за Златна палма. „Супстанца“ е вториот филм на Фаржа, а прв на англиски јазик. Таа е авторка на сценариото, продуцентка и монтажерка. Главните улоги ги играат Деми Мур, Маргарет Квали и Денис Квејд, кој се приклучи на екипата по смртта на Реј Лиота, кој бил прв избор за таа улога. ...
Британскиот комичар Џими Кар ќе гостува со своето стендап шоу во Скопје на 29 ноември, објави „Авалон“. Настапот во Филхармонијата е дел од неговиот нов серијал „Laughs Funny“, кој следува по успешната турнеја „Terribly Funny“. Педесет и едногодишниот Кар ја почнал комичарската кариера во 1997 и во изминатите две децении е водител на популарни забавни емисии на британската телевизија „Ченл 4“. Паралелно настапува како стендап комичар и е првиот ...
Светскиот ден на хармониката ќе се одбележи денеска (20 мај) и во Скопје со гала концерт во Музејот на македонската борба за самостојност, со почеток во 20 часот. Влезот е слободен. Во организација на здружението „Љубители на класична музика“, кое е членка на Светската унија на хармоникашите, на концертот ќе настапат реномирани домашни музичари и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје од класата на професорката Зорица Каракутовска. ...
Иако е важно луѓето од сите возрасти да внесуваат доволно протеини, уште поважно е да им се даде приоритет како што старееме. Потребата за протеини се зголемува со возраста бидејќи мускулната маса се намалува, а протеините се важни за нејзино одржување. Важно е да внимавате како го зголемувате внесот на протеини бидејќи додека некои извори на протеини се корисни за здравјето на срцето, други можат да го зголемат ризикот од срцеви заболувања кога ...
На 18 октомври во Филхармонијата, концерт ќе одржи виолинистот Ара Маликијан, објави продукцијата „Прагма“. Маликијан е виолинист со ерменско потекло роден во Либан, се школувал во Германија, а подоцна се преселил во Шпанија. Свирел во над 40 земји и има освоено бројни награди на меѓународни натпревари. Има снимено 28 албуми за период од 25 години. Во својот репертоар, освен неговите авторски композиции, вклучува и преработки на песни од Дејвид ...
Националниот џез оркестар ќе одржи нов концерт на 1 јуни, во Македонскиот народен театар, на кој гости ќе бидат Џон Рајли на тапани и диригентот Зиги Фајгл, двајцата од САД. Рајли (69) настапувал со бројни славни имиња на џезот, како Мајлс Дејвис, Дизи Гилеспи, Џон Скофилд, Вуди Херман и Стен Гец. Билетите се продаваат на билетарницата на МНТ или на онлајн страницата на театарот. Студентите и пензионерите ќе можат да набават билети со попуст од ...
Калиопи најави промоција на нов албум со песни на македонски, кој изминатиов период го работеше во Македонија и во Швајцарија, со продуцентот Ромео Грил. За една од песните од албумот, таа ќе снима спот во Охрид, во вторник, на 21 мај. На социјалните мрежи, таа ги повиќа охриѓани да ѝ се придружат на снимањето, а сите заинтересирани можат да се пријават на Инстаграм профилот Калиопи менаџмент. Промоцијата на албумот е на 29 мај напладне во ...
Битолскиот кларинетист Горан Бојчевски, кој 23 години живее и работи во Љубљана, магистрираше на признатиот Универзитет Моцартеум во Салцбург во Австрија со највисока оцена во класата на професорот Алоис Брандхофер, кој е прв кларинет на Берлинската филхармонија. Бојчевски вели дека му недостасуваат Македонија и неговата родна Битила, но не жали што како многу млад решил да замине од дома и да си го исполни сонот. Во Словенија живее од 2001. „На ...
Денес, (18 мај) од 12 до 16 часот, во „Hera Happy Friendly Dogs” во скопската населба Долно Нерези спроти црквата „Св. Пантелејмон“ ќе се одржи настанот „Фестивал на кучиња“ (Dog Fest), замислен како дружба на сите љубители на кучиња. „Ќе има едукација за сопствениците, забавни игри за милениците и подароци на голем простор специјално опремен со реквизити за кучиња, а настанот ќе трае четири часа. Добредојдени се сите сопственици со нивните ...
Во Ликовниот салон во Велес е отворена патувачката изложба „Калиопа – Австрија-Македонија“. На десетина паноа се претставени жени од Австрија и Македонија кои со делата што ги создале и оставиле се значајни имиња во историјата на уметноста во двете земји. Изложбата ја организира Австриската амбасада и ја отвори амбасадорот Мартин Памер. „Калиопа, најстарата и најмудра од античките музи, е претставничка на епската поезија, науката и филозофијата. ...
„Фуриоза: Сага за Лудиот Макс“ ја имаше светската премиера на 77. Кански филмски фестивал во присуство на екипата на филмот. Меѓу нив беа и главните актери Крис Хемсворт и Ања Тејлор-Џој. Двајцата беа доста емотивни по завршувањето на проекцијата, по која уследија шестминутни овации од публиката. Ова беше една од најсчекуваните премиери во Кан. Снимањето се одвиваше во Австралија од јуни до октомври 2022, а во кината ќе игра од 23 мај, кога е и ...
Популарната годишна ревија на „Викторијас сикрет“ ќе се врати оваа есен по шест години пауза. Производителот на долна облека објави на Инстаграм дека шоуто се враќа, без да го наведе точниот датум и најави некои промени во неговиот формат. На шоуто познато по екстравагантни сценски поставки, сложени костими и градници вредни милиони долари настапуваа најпознатите светски модели, како Адријана Лима, Наоми Кембел и Бела Хадид, проследено со ...
Денеска (17 мај) во 20 часот, во Даут пашин амам во Скопје почнува 17. издание на Фестивалот за современа музика „Модоарс“. На отворањето ќе настапат тројца пијанисти: Ервин Леитер од Унгарија и Леонид Петрески и Стефанија Јонческа-Тонски од Македонија. Ќе се изведат дела од класичната и современата музика, меѓу кои и „Турски марш“ од Моцарт, „Ероика варијации“ од Бетовен и Скерзо бр. 4 од Шопен. На 30 мај е концертот на гитаристите Дејан ...
Повозрасните луѓе кои не се пребирливи со јадењата се чини дека имаат подобро ментално здравје од оние кои се на поограничени диети, според ново истражување. Истражувањето ги следело навиките за исхрана на речиси 182.000 постари возрасни лица во Британија. Студијата беше невообичаена зашто наместо да се фокусира на здравствените ефекти од одредена диета, ја испитуваше врската помеѓу храната што ја сакале и не ја сакале поединците и нивните ...
Курт Елиот, еден од најдобрите џез вокали на сите времиња, двократниот добитник на Греми награда, сношти беше гостин на концертот на Националниот џез оркестар во МНТ во Скопје. Елинг има вкупно десет номинации за Греми награди, од кои има освоено две за најдобар вокален џез албум во 2009 и во 2021. Гоце Стевковски, директорот на Националниот џез оркестар вели дека концертот бил вистинско доживување за љубителите на џезот. „Секој момент од ...
Композиторот Никола Мицевски ќе одржи концерт со проектот „Нова ера“ на 18 мај во „Јавна соба“ во Скопје (21 часот). Минатата година, Мицевски со истиот проект одржа концерти во Филхармонијата, Центарот за култура во Битола и во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот” во Велес. Мицевски вели дека му е драго што со своите колеги сега ќе свири во поинтимен амбиент. Проектот „Нова ера“ е спој на различни жанрови: филмска музика, етно, рок ...
Саурон добива моќ во првиот трејлер за втората сезона на „Господар на прстените: Прстените на моќта“, што ќе има премиера на 29 август на стриминг платформата на „Амазон“. Трејлерот полн со акција се фокусира на подемот на страшниот и моќен негативец за време на втората доба на Средната Земја. Саурон (Чарли Викерс) се маскира во елф за да му помогне на Селебримбор (Чарлс Едвардс) во создавањето на прстените на моќта. Во исто време, многумина од ...
Денеска (16 мај) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот „Искра“. Како солист ќе настапи еден од најуспешните црногорски и европски виолинисти Роман Симовиќ, кој е концерт-мајстор во Лондонскиот симфониски оркестар, Марински театарот и Минхенската филхармонија. Симовиќ ќе го свири Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Димитриј Шостакович. На програмата се и Адаџото за гудачкиот квинтет во Ф-дур од австрискиот композитор Антон ...
Во уникатен амбиент, на сцена која личеше на дневна соба, кантавторката Мијата со својот бенд и со неколкумина гости сношти одржа концерт во малата сала на Филхармонијата, во рамките на Скопски градски фестивал. Највпечатлива гостинка беше нејзината мајка Драгица Мијатовиќ, за која Мијата рече дека ѝ ја всадила љубовта кон пеењето. „Не знаев дали ќе издржам да го допеам ова со мајка ми“, рече пејачката, која со мајка си ја отпеа народната „Чешма ...
Краткометражниот игран филм „Мала шега“ на режисерот Трифун Ситниковски влезе во официјалната селекција на Филмскиот фестивал во Оденсе, Данска. „Мала шега“ е во продукција на „ДНФ филмс“, копродуциран од ИРЛ од Македонија и „Изван фокуса“ од Хрватска. Филмот раскажува приказна за тинејџерска љубов и авантура, а главните улоги ги толкуваат Јана Никодиновска и Марко Илиевски. Продуцент и монтажер е Гоце Кралевски, а копродуценти се Сашка ...
Првенците на Софиската опера и балет, Марта Петкова и Никола Хаџитанев, ги играат главните улоги во балетот „Заспаната убавица“ од Чајковски, кој ќе се изведе вечерва (15 мај) во Националната опера и балет на 42. Мајски оперски вечери. Ќе диригира Најер Нагуи од Египет, главниот диригент на оркестарот на операта во Каиро, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, а сценограф и костимограф е Миодраг ...
По големиот успех на Евровизија викендов, Марко Пуришиќ попознат како Бејби Лазања влезе на официјалната британска топ-листа на синглови. Неговиот хит „Рим тим таги дим“ дебитираше на 70. место. Бејби Лазања е само вториот хрватски пејач кој успеал да оствари ваков успех. Во 1959 година, легендарниот Иво Робиќ бил на 23. место со песната „Утро“ (Morgen). „Рим тим таги дим“, со која Лазања заврши на второто место на Евровизија во Малме, се најде ...
Кардиологот и пасиониран планинар Сашко Кедев го искачи четвртиот највисок врв на светот Лоце, кој се наоѓа на границата на Тибет и Непал. Висок 8.516 метри, Лотсе е вториот врв од групата 8.000 метри што Кедев го совлада оваа сезона. На 5 мај, тој го искачи и врвот Макалу (8.463 метри) заедно со уште тројца планинари и четворица шерпаски водичи. Од 14-те врвови во светот повисоки од 8.000 метри, Кедев досега ги има искачено десет, вклучувајќи ...
Градскиот мешан хор „Вардар“ од Скопје освои златен медал и прво место на 23. издание на меѓународниот хорски фестивал Мајски музички свечености во Бијељина, Босна и Херцеговина. Скопскиот хор, со кој диригира маестра Јасмина Ѓорѓеска, победи во конкуренција од повеќе хорови од регионот. „Уште еднаш докажавме дека кога душата пее, лимити не постојат. Се потврди нашата заемна соработка со маестра Јасмина Ѓорѓеска, под чие водство хорот покажа ...
„Мато Наполетано“ од Скопје се најде на 16. место во годишниот избор на 50-те најдобри пицерии во Европа. Годинашната церемонија се одржа во Мадрид. „Уживајте во автентичната италијанска кујна, од појадок до вечера, вклучувајќи аперитиви, ручек и закуски, сето тоа во прекрасен амбиент. Ова е суштината на ‘Мато Наполетано*, ресторан и пицерија што нешто повеќе од две години од отворањето се етаблираше како главно место за уживање во италијанските ...
Регионално стручно жири ќе го избере добитникот на музичката награда „Милан Младеновиќ“, која се доделува на 21 септември, на денот кога е роден фронтменот на култната група „Екатарина Велика“. Наградата е востановена со цел да се поттикне музичкото творештво кое се карактеризира со вредностите својствени на уметничкото наследство на Младеновиќ, а се доделува за најдобра песна од поранешна Југославија. Во 2022 оваа награда ја доби младата ...
Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ ќе одржат и втор концерт во Филхармонијата на 2 јуни, откако се распродаде првиот, на 1 јуни, објави „Авалон“. Македонскиот и српскиот гитарист, кои долги години соработуваат, ќе го свират заедничкиот албум „Трета мајка“, кој „Авалон“ неодамна го реобјави на винил по 20 години. На албумот гостува бугарскиот кавалџија Теодосиј Спасов. „Трета мајка“ содржи десет композиции кои се инструментални верзии на ...
Националниот џез оркестар имаше успешен настап на Албанија џез фест во Тирана како претставник на Македонскиот културен центар во Тирана. Настапи и џез групата „Сетстет“ под етикетата на „ПМГ џез“. „Директорот на Албанија џез фест, Бесим Петрела, за нашите музичари од Националниот џез оркестар рече дека се генијални и се заблагодари што свиреа во нивниот град“, велат од МКЦ Тирана. Оркестарот во својот репертоар има различни стилови, од класичен ...
Македонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски и после 30 години од премиерата инспирира нови режисери насекаде низ светот. Деновиве, во Нов Зеланд режисерката Лорен Тејлор во интервју за „НЗ Хералд“ изјави дека нејзиното дебитантско дело „Месечината е наопаку“ е инспирирано токму од македонскиот филм. Таа кажува дека „Пред дождот“ првпат го гледала кога ималa 17 години и работела во едно кино во Бруклин, предградие на главниот ...
„ОпенАИ“ објави дека лансираше нов модел со вештачка интелигенција наречен ГПТ-40, како и ажурирања кои вклучуваат нова десктоп услуга и унапредувања на способностите на неговиот гласовен асистент. Шефицата на технолошкиот оддел на компанијата Мира Мурати кажа дека новиот модел е чекор напред во вештачката интелигенција. „Новиот модел ќе биде побрз и бесплатен за сите корисници. Гледаме во иднината на интеракцијата помеѓу нас и машините. Сметаме ...