
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Утре (19 јуни) од 16 часот, во Амфитеатар 1 на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ќе се одржи „Натпревар во раскажување“, во организација на Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“. Овој натпревар настојува да помогне децата да го развиваат јавното говорење и е дел од иницијативата за поттикнување на љубовта кон книгата и читањето. Бројни научни студии покажаа дека изобилството информации достапни преку интернет, компјутери, мобилни телефони и ...
Од денеска (18 јуни) до четврток (20 јуни), во „Котур кафе и филм“ во Скопје ќе има проекции на документарни филмови за правата на ЛГБТИ заедницата, во организација на Холандската амбасада во Македонија. Од 20 часот ќе бидат прикажани три наградувани документарни филма: „Нели и Надин“ (Шведска, Норвешка, Белгија), „Лесвиа“ (Грција) и „Мама беарс“ (САД). Првите два филма беа дел од минатогодишната селекција на фестивалот Македокс. Влезот е ...
Пијанистката Дуња Иванова на 24 јуни ќе одржи солистички концерт во Виена. На програмата се дела од јапонскиот композитор Рјуичи Сакамото и Ханија Рани од Полска. Дуња Иванова е магистерка по пијано и докторка на науки по филозофија. Има настапувано во САД, Франција, Босна и Херцеговина, Италија, Косово, Црна Гора и Албанија и на фестивалите Скопско лето, Охридско лето, Денови на македонска музика, филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ и други. ...
Музичарот и продуцент Драги Иванов го објави новиот сингл „Крута“. Иванов е автор на песната и сценарист на спотот кој е снимен во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје. Мирослав Илиќ направи колор и графички дизајн на спотот, Филип Методиев свири гитара на песната, а Мартина Баракоска синтисајзери и дел од оргулите. Драги Иванов има студирано музичка и електронска продукција на Беркли во Бостон. На домашната музичка сцена е ...
По 30 години музичка кариера, поп-пејачот Ѓоко Танески ќе одржи концерт во родниот Охрид, во Антички театар на 20 јули од 21 часот. Ќе го придружува Битолскиот камерен оркестар, а гости ќе му бидат Драган Мијалковски и продуцентот Никола Мицевски. Танески вели дека е среќен што конечно ќе му се оствари желбата да одржи свој концерт во родниот град. „Триесет години го чекав ова и конечно го дочекав. Не можам да поверувам дека толку поминаа откако ...
Германскиот електро бенд „Шилер“ ќе настапи со битолскиот камерен оркестар „IWConnect“ на настанот „Ѕвездена симфонија“, што ќе се одржи на 3 јули од 19 часот на Градскиот стадион во Битола. Со германскиот бенд ќе настапат и македонските поп-пејачки Агни Авшар и Наде Талевска. „Шилер“ е формиран во 1998, името го добил по германскиот поет и драматург Фридрих Шилер и има издадено 15 албуми. На истиот настан ќе настапат и Каролина Гочева, ...
„Парамаунт“ ќе снима римејк на големиот хит од 1980-тите „Офицер и џентлмен“, во кој Мајлс Телер ќе го замени Ричард Гир. Оригиналниот филм од 1982 беше номиниран за седум оскари и освои два, за најдобра машка споредна улога (Луис Госет Џуниор) и за најдобра песна. Телер ќе биде во фокусот на модерното раскажување на оваа приказна, која следеше питомец на американската авијација кој се пробива низ академијата и притоа се вљубува во локална ...
Вториот дел на „Опаку наопаку“ (Inside Out 2) постави рекорд на киноблагајните откако во првиот викенд од прикажувањето заработи 295 милиони долари на светско ниво. Компанијата „Пиксар“, која е дел од „Дизни“, објави дека тоа е најдоброто отворање на анимиран филм на сите времиња, што е опишано како голема победа за кината. Во Северна Америка, филмот оствари заработка од 155 милиони долари во првиот викенд. Продолжението го надмина и ...
Шведската кралица Силвија го пофали настапот на македонската оперска пејачка Миланка Новеска-Густавсон, која е добитник на кралската стипендија „Johanneslogen Erik“ и веќе три години живее во Шведска. „Настапив на церемонија во театарот на палатата Дротнингхолм, која беше организирана како прослава за нашите кралски стипендии. Луѓе кои работеле на проект во овој театар и покажале голем успех, професионалност и потенцијал за уште поголемо ...
„Лебдечки скали“ се нова атракција во туристичката понуда на Норвешка, на кои изгледа како луѓето да лебдат во воздухот. Скалата наречена „Стигул“ е долга 40 метри и виси 790 метри над фјордот во малото село Лоен на северозападот на земјата. „Можеби на повеќето луѓе малку ќе им треперат нозете. Гледано од блискиот висечки мост во Лоен, изгледа како луѓето да лебдат во воздухот“, рече Пер Хелге Бо, извршниот директор на компанијата „Лоен актив“. ...
Педесет години кариера на Влатко Стефановски ќе бидат претставени на изложба во Скопје, во рамките на 10. издание на фестивалот на музички документарни филмови Скопје синема сити. Изложбата ќе биде поставена во Мала станица, а отворањето е на 26 јуни. На изложбата ќе можат да се видат фотографии од Стефан Рајхл, Ангел Ситновски-Бојс, Огнен Ацевски и Немања Ѓорѓевиќ, како и архивите на музичкиот историчар Тошо Филиповски и Владимир ...
На 19 јуни во Европска куќа во Скопје ќе има интерактивна средба со еден од најзначајните современи француски писатели и лауреат на Гонкуровата награда, Матијас Енар. Настанот го организираат Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Антолог“ во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт. Романот „Бусола“, за кој Енар ја доби најпрестижната француска книжевна награда во 2015, е објавен од „Антолог“ во превод на ...
Едни од предводниците на новиот бран на македонската рок сцена „Луфтанза“ ќе му се придружат на „Фанк шуи“ на претстојното издание на фестивалот Егзит во Нови Сад. „Луфтанза“, кој неодамна го промовираше својот нов албум, доаѓа на Петроварадинската тврдина како еден од финалистите на годинашната регионална музичка награда ХЕМИ. Покрај нив, на Егзит ќе настапи и македонската раперска тројка Јанг Дади, Матеј Фолц и Зи Бомб. Егзит ќе се одржува од ...
Поп-пејачите Александар Тарабунов и Димитар Андоновски снимија заедничка песна насловена „Ќе преживеам“. Идејата за дуетот доаѓа по долгогодишните соработка и пријателство и е остварување на нашите дамнешни планови, но и најава за она што ќе следува од нас, велат тие. „Песната се создаде спонтано, додека лежев на плажа. Добив идеја за еден дел, потоа седнавме со Диме и буквално во еден ден идејата се претвори во музика и текст. Велат, кога нешто ...
Од 17 јуни (понеделник), во Кинотеката ќе се прикажат три филма во кои доминира актерската легенда Марлон Брандо. Ревијата е по повод стогодишнината од неговото раѓање. На 17 јуни од 20 часот ќе се прикаже „Да живее Запата!“ (1952), следниот ден е „Квемада – островот во пламен“ (1969), а на 22 јуни е проекцијата на „Апалуса/Југозападно од Сонора“ (1966). „Американски ловец, британски платеник и мексикански револуционер, во каква и да е улога, ...
„Се гордеам што станав светски шампион во бодибилдинг во конкуренција на јуниори до 23 години. На светскиот шампионат во Малага, Шпанија конкуренцијата беше голема затоа што учествуваа бодибилдинзи од стотина земји, но јас ги поминав сите селекции и на крајот се најдов во самото финале. Сите судии по бодибилдинг дадоа највисоки оценки за мене и мислам дека со право станав шампион на светот“ рече по освојувањето на титулата македонскиот ...
Папата Фрањо се сретна со повеќе од 100 комичари од целиот свет, вклучувајќи ги Вупи Голдберг, Крис Рок и Џими Фалон. На приемот во Ватикан, папата кажа дека комичарите имаат моќ да шират спокојство и насмевки во светот во кој луѓето се соочуваат со многу општествени и лични итни ситуации. „Вие ги обединувате луѓето зашто смеењето е заразно“, додаде тој. Папата прими 107 комичари од 15 држави, пред да учествува на самитот на Г7 во Пуља. „Вие ...
Продукциската куќа „Кафе де Анатолија“ настапи на фестивалот „Бумеранг“ на Малта. Били Естебан, основачот на продукцијата, вели дека е среќен што запознал многу колеги од Европа, со кои разговара за идна соработка. „Фестивалот имаше три главни сцени и секоја нудеше различно музичко патување. Првиот ден настапија локални ѕвезди на електронската музика, а останатите два дена познати музичари од оваа област на Европа, како ‘Скинтс’ и Џош Винк. ...
Американскиот рок бенд „Ар-И-Ем“ го имаше првиот настап во полн состав од 2007, откако сите четворица членови се собраа за приемот во Салата на славните за текстописци во Њујорк. Групата стана трио откако тапанарот Бил Бери ја напушти во 1997 по претрпен мозочен удар, а целосно се распадна во 2011. „Во тој период, не можевме да се согласиме околу ништо во музички поглед. Не можевме да се согласиме ни каде да одиме на вечера. Сега барем го можеме ...
Фановите на Селин Дион можат да видат како нејзините здравствени борби се одразиле врз нејзиниот живот во новиот документарен филм „Јас сум: Селин Дион“. Таа конечно најде начин да им се врати за настапите и се подготвуваше за ново шоу во Лас Вегас. „Работевме толку напорно за да го направиме ова шоу, затоа што се вратив“, вели пејачката со огромна насмевка и додава: „Ќе бидам на сцената. Не знам кога точно, но верувајте ми, ќе врескам гласно. ...
Поп-пејачката и харфистка во Операта Сара Мејс е сценарист на својот нов спот за песната „Хероина“, која, како што вели, им ја посвети на сите жени кои не се откажуваат од борбата. Во спотот учествуваат педесетина статисти. Меѓу нив, освен Сара Мејс со ќерка си Илина, се пејачките Лидија Кочовска и Тамара Тодевска со децата, виолинистката Ана Кондратенко, режисерката Тамара Котевска, актерките Наталија Теодосиева и Емра Куртишова, Атиџе Муратова ...
Утре почнува Европското фудбалско првенство во Германија, а мечевите ќе се играат на десет стадиони во десет градови. На отворањето во Минхен се среќаваат Германија и Шкотска, а финалето е еден месец подоцна во Берлин. Девет стадиони беа во функција и за Светското првенство 2006 во Германија. Ќе се играат 51 натпревар, на кои се очекуваат вкупно 2,7 милиони гледачи. ОЛИМПИСКИ СТАДИОН ВО БЕРЛИН – 70.033 ГЛЕДАЧИ Стадионот кој е домаќин на ...
Утре (14 јуни) од 20 часот, во кафулето „Ли“ во Скопје ќе биде промовирана книгата „Бајачките обреди како дел од македонската народна култура“ од Ана-Марија Бранѓолица, во издание на „Фуснота“. Книгата ќе ја промовира Душко Крстевски. Издавачот вели дека предмет на истражување во научниот труд на Бранѓолица е феноменот на баење како интегрален дел од македонската народна култура, а опсервацијата на баењето како магиски обред вклучува детално ...
Ѕвездите на „Куќата на змејот“ беа пречекани со големи овации од обожавателите на црвениот килим во Лондон, за премиерата на втората сезона на една од најпопуларните серии на Ејч-Би-О. Оливија Кук, Ема Д’Арси, Мет Смит и Фабиен Франкел беа дел од големата екипа која присуствуваше на премиерната проекција на новата сезона. На Ејч-Би-О ќе се прикажува од 16 јуни и ќе има осум епизоди. Втората сезона ќе го означи почетокот на Танцот на змејовите, ...
Тетово во наредните четири дена ќе биде домаќин на 13. издание на филмскиот фестивал „Воч аут“ (Watch Out). За оваа традиционална филмска манифестација и овојпат владееше голем интерес, па биле испратени 630 филмови од 81 земја од шест континенти. „Ова издание на фестивалот ги слави животот и надежта, истовремено истражувајќи ги неодминливите реалности и борбата за подобар живот. Фестивалот ги користи уметноста и културата да ги донесе овие ...
Збирката поезија „Координати на болката“ на Александра Спасеска ќе биде промовирана на 15 јуни (сабота) од 19 часот во дворчето на кафе-книжарницата „Илика“ во Скопје. Промотор ќе биде Катерина Шекутковска, а стихови ќе интерпретира актерката Александра Стојановска. „Прости песни (на кого помислуваш кога смртта мисли на тебе)“ беше нејзината прва објавена книга, во издание на „ПНВ публикации“ (2023). Спасеска лани ја доби наградата „Антев ...
Утре (13 јуни) во 19 часот, кај фонтаната „Лотус“ во Градски парк во Скопје е свечениот дел од отворањето на виртуелната изложба „Поместени граници“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Станува збор за традиционална изложба од годишната програма на ДЛУМ, но оваа година, целта е со иновативен уметнички пристап да се промовира новиот простор на ДЛУМ на улицата Илинденска во Скопје. Изложбата вклучува дела на етаблираните автори ...
Секогаш кога сме во авион и се подготвуваме да полетаме ги слушаме овие познати упатства: седиштето и масата во исправена положба, рачната торба под седиштето и мобилниот телефон на авионски режим. Но, ретко кој се запрашал зошто мораме да ги префрлиме телефоните на авионски режим и што навистина значи тоа. Авионскиот режим беше воведен поради загриженоста дека мобилните телефони би можеле да предизвикаат пречки кај авионските инструменти за ...
Младите рапери Јанг Дади, Матеј Фолц и Зи Бомб ја промовираа новата заедничка песна „Место“ во „Лабораториум“ во Скопје. „Место“ е продолжение на иницијативата #НаправиМесто на „Македонски Телеком“ и се надоврзува на нејзината главна идеја, но низ една нова, свежа и креативна перспектива. Во текстот се користат сегменти од делата на Горан Стефановски како инспирација да се создаде нов наратив. „Нашата генерација живее со истите проблеми како и ...
Африканските слонови можат да се обраќаат едни на други користејќи индивидуализирани повици налик на човечки имиња, покажа ново истражување. Познато е дека делфините се повикуваат меѓусебе имитирајќи го свиркањето на другиот делфин, а и папагалите се обраќаат едни на други на сличен начин, но слоновите одат чекор подалеку во меѓусебното идентификување. Тие учат, препознаваат и користат индивидуализирани повици како имиња за да им се обратат на ...