
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Селин Дион зборуваше за животот со ретката невролошка состојба синдром на вкочанетост, велејќи: „Ништо нема да ме спречи“. Во интервјуто за француски „Вог“, канадската пејачка рече дека е добро, но дека има уште многу работа. „Одам ден по ден. Се надевам дека ќе се најде чудотворен лек за состојбата што влијаеше на моите пеење и секојдневен живот, но работам на прифаќање на ситуацијата“, вели Дион. Синдромот на вкочанета личност се карактеризира ...
Продажбата на електрични и хибридни возила ќе достигне нови рекордни бројки оваа година, и покрај забавениот раст на некои пазари, предвидува Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА). Според неа, 17 милиони вакви возила ќе бидат продадени во 2024, што е над 20% повеќе во споредба со лани. ИЕА вели дека најголем дел електрични автомобили ќе чинат исто колку бензинците до 2030, бидејќи цените паѓаат. Автокомпаниите се пожалија дека растот на ...
Колумбиската дизајнерка Ненси Гонзалес е осудена на 18 месеци затвор откако се изјасни за виновна за шверц на чанти направени од кожа на заштитени рептили. Гонзалес (71), која правеше чанти и за серијата „Сексот и градот“ и за Бритни Спирс, прекрши меѓународен договор со илегален увоз на чанти направени од кајмани и питони. И Колумбија и САД се потписници на Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива фауна и флора (ЦИТЕС), ...
На 17 мај во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица, Каролина Гочева ќе одржи концерт со репертоар со најголемите хитови, објави „Авалон“. Поп-ѕвездата одржа серија концерти низ Македонија, во клубови и во домови на култура, која започна на 1 март во Скопје. „Последниве години повеќе пораки добивам на 1 март отколку на мојот роденден“, рече Каролина на почетокот на скопскиот концерт, алудирајќи на нејзиниот хит „Први март“. 27 април во ...
В петок (26 април) од 20 часот, во бифето на Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе се одржи поетско-музичка вечер во чест на Светскиот ден на џезот. Настанот ќе биде уметничка фузија на музиката и пишаниот збор. Поезија ќе читаат студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, а џез ќе свират музичари од Факултетот за музичка уметност. Настанот е поддржан од Европска куќа во Скопје. Поетско-музичката вечер е во рамките на Студентската ...
Балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ е вечерва (23 април) на програмата на Танц фест Скопје, а ќе се изведе од 20 часот во Националната опера и балет (НОБ). Со оваа претстава завршува програмата „Паралели”. Претставата е инспирирана од истоимениот циклус поезија на Ацо Шопов. Потписници на кореографиите се Ивана Коцевска, на музика на Дарија Андовска за првиот дел под наслов „Раѓање“, Адријана Данчевска-Ровчанин, на музика на Александар ...
На 26 април излегува првата епизода од документарецот за американската рок група „Бон Џови“, насловен „Благодарам, добра ноќ“, во продукција на „Дизни“. Во фокусот е и ненадејното заминување на гитаристот Ричи Самбора од бендот, но фронтменот Џон Бон Џови вели дека нема проблеми со него. Всушност, тие заедно ја гледале серијата. „Само да бидам јасен поради историјата, никогаш немаше никаква борба. Никогаш не беше отпуштен. За жал, имаше некои ...
Култниот сараевски бенд „Бијело дугме“ на 11 мај тргнува на турнеја во чест на својот 50. роденден. Турнејата симболично ќе започне во Домот на млади во Сараево, каде што бендот го имаше првиот настап во 1974. Групата предводена од Горан Бреговиќ ќе свири 50 концерти во 50 градови. Во поставата ќе бидат Бреговиќ, двајца од тројцата пејачи Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ-Тифа, Ѓиѓи Јанкелиќ, Огњен Радивојевиќ и Зоран Реџиќ. Жељко Бебек, првиот ...
Битолскиот камерен оркестар ќе одржи концерт насловен „Рок симфонија“ на 28 април од 19 часот во Битола, во спортската сала „Боро Чурлевски“. Најголемите светски рок хитови во придружба на оркестарот ќе ги пеат Дани Димитровска, Ружица Милошевска-Брчиоска од групата „Ареа“, Јасна Димитровска, Ана Петановска и Сашо Паркет. Билетите се во продажба од денеска на повеќе локации низ Битола. Камерниот оркестар на Битола има организирано сличен ...
Италијанската техно ѕвезда Дебора де Лука ќе настапи на годинашниот Д фестивал, што ќе трае од 28 до 30 јуни. Тоа ќе биде нејзино прво гостување на овој фестивал. Де Лука потекнува од Неапол и е едно од заштитните имиња на издавачката куќа „Соламенте“. Комбинирајќи звуци на техно и минимал, Де Лука денес настапува по клубови и фестивали низ цел свет. Д фестивал полека ја оформува својата листа учесници, на која веќе се потврдени Лил Памп, Сама ...
Стотина деца од градинката „Младост“ во Тетово се собраа на градскиот плоштад за да го одбележат Денот на планетата Земја. Во изминатите денови, тие изработија најразлични маски од отпадни материјали. „Отпадот не е ѓубре“ беше и мотото на годинашново нивно одбележување на овој значаен ден, со што упатија порака до луѓето повеќе да се грижат за својата околина и дека сметот може и креативно да се употреби. „Со оваа манифестација сакаме да пратиме ...
Второто издание на единствениот македонски фестивал посветен на стрип културата Стрип трип ќе се одржи на 8 и 9 јуни во Младински културен центар во Скопје. Организаторите велат дека повеќе информации за гостите и настаните ќе има во следниот период, а засега е најавено одржувањето на првиот конкурс за најдобра стрип корица, чија тема ќе биде „самураи во твојот град“. Ланското прво издание на фестивалот опфати дискусии, презентации на најнови ...
Македонскиот средношколец Марко Павловски, кој престојува во САД, го организирал училишниот хор во средно училиште во сојузната држава Пенсилванија да ја изведат песната „Македонско девојче“. Една од најпознатите македонски песни ја изведуваат повеќе од 40-тина американски средношколци. Павловски, кој е од Скопје, е дел од YES програмата, која им овозможува на средношколци од Македонија да поминат една учебна година во САД, со целосна стипендија ...
В понеделник (22 април) од 19.30 во камерната сала на Филхармонијата ќе се одржи пролетен концерт на учениците од вокално-инструменталниот оддел на ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“. Ќе настапат 19 ученици од средното и од основното музичко училиште со дела од домашни и од странски композитори. „Сонуваме, патуваме, мечтаеме и раскажуваме со нашата најубава уметност, музиката. И оваа година на третото по ред издание на пролетниот концерт ќе настапат ...
На 25 април од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи Велигденски концерт со наслов „Божествен“. Оркестарот на Филхармонијата ќе свири едно од најпознатите дела на шкотскиот композитор Џејмс Мекмилан „Седумте последни зборови од крстот“. Во вториот дел од програмата ќе биде изведена Симфонијата бр. 4 насловена „Трагична“ од австрискиот композитор Франц Шуберт. Диригент на концертот е маестро Конрад ван Алфен од Холандија, а заедно со оркестарот ...
На 23 април од 20 часот, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт во Театарот во Велес, насловен „Џез лектира“. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин. Во март, оркестарот со оваа програма свиреше во Националната опера и балет. „На концертот Џез Лектира се осврнуваме на дел од творештвото на Каунт Бејси биг бендот. Вилијам Џејмс, познат како Каунт Бејси е американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор, познат и како кралот на ...
Главниот град на Грција, Атина е избран за град со најубав мирис во Европа, според ново истражување на Ејч-Еј-Вај-Пи-Пи (HAYPP). Истражувањето анализирало 30 главни градови во Европа, a биле земени во предвид повеќе фактори, вклучително и јавната чистота и процентот на цвеќарници, пекари и пaрфимерии. Раздвижените улични базари, аромата на свежи производи, билките, грчките деликатеси, баклавата и пекарите, му донесоа на градот оценка од 8,3 од ...
Филмот „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот се одржа од 10 до 14 април, по 22. пат. Филмот по вторпат е награден во САД, откако минатиот месец беше прогласен за највпечатлив филм на 30. издание на „Седона интернешнал филм фестивал“ во Аризона. „Калифорнија е центар на американската филмска индустрија, и секако дека ...
По 14 години, гостиварската рок-група „Ареа“ сношти (19 април) одржа акустичен концрет во Филхармонијата, и докажаа колку се добар и квалитетен бенд. Ни акустичноста на атмосферата не ја намали енергијата на Ружица Милошевска- Брчиоска, која е фронтмен на бендот во изминативе 33 години. Нејзината среќа се пренесе и на публиката, и на музичарите во текот на целиот концерт. Гитаристот Ивица Брчиоски, нејзиниот сопруг и коавтор на повеќето хитови ...
Научниците го идентификуваа можеби најголемиот рептил кој некогаш пливал во морињата – суштество долго повеќе од два автобуса кое живеело пред 202 милиони години покрај диносаурусите. Неговата фосилизирана вилица била пронајдена во 2016 на плажа во Велика Британија, а четири години подоцна, татко и ќерка пронашле друга слична вилица. Експертите сега велат дека вилиците припаѓаат на два рептила од видот ихтиосаур, кои можеле да бидат долги 25 ...
Ѕвездите на „Евтини приказни“ (Pulp Fiction) се обединија на филмскиот фестивал „TCM Classic Film“ во Лос Анџелес, каде што беа одбележани 30 години од неговото излегување. На специјалната проекција на филмот се појавија главните актери Џон Траволта, Семјуел Л. Џексон, Харви Кајтел и Ума Турман, како и Розана Аркет, Фил Ламар, Ерик Столц и Френк Вејли. „Евтини приказни“ беше номиниран за седум оскари во 1995, при што Квентин Тарантино и Роџер ...
Пиварницата „Хајнекен“ и американската компанија за облека „Бодега“ лансираа „глупав“ мобилен телефон, дизајниран да ги спречи младите да не губат време на смартфони. „Boring Phone“ е лишен од „дистракциите“ што ги имаат денешните смартфони и се користи првенствено за повици и СМС-пораки. Поради тоа, нема пристап до интернет и социјалните мрежи, со цел младите да се обесхрабрат да не бидат толку врзани за технологијата. Дизајнот на телефонот на ...
На 26 април, џез-гитаристот Владимир Четкар ќе одржи концерт во клубот „Челзи тејбл“ во Њујорк со своја авторска музика и аранжмани, а гостин ќе му биде диско музичарот Ди Си Лару. На 3 мај Четкар ќе настапи во Детроит. По настапите во САД, музичарот од Охрид ќе свири во Скопје, во клубот „Мош“ на 18 мај. Во Амeрика, Четкар ќе го доврши снимањето на неговиот нов студиски албум, кој ќе биде промовиран оваа година. Овој месец ќе се промовира и нов ...
Сараевскиот музичар, актер и писател Неле Карајлиќ вчера на Саемот на книга во Скопје го промовираше третиот дел од романот „Солунска 28“, кој кај нас е во издание на „Арс ламина“. Култниот лик од хумористичната серија „Топ листа на надреалисти“ и фронтмен на бендот „Забрањено пушење“ напиша трилогија за три генерации на едно српско семејство кое живее на улицата Солунска во Белград. Приказната започна на почетокот од 20. век, продолжи во ...
Тејлор Свифт ги изненади фановите со нов двоен албум, ден откако на интернет протекоа 16 песни од претходно најавениот албум „The Tortured Poets Department“. Најголемата поп-ѕвезда на денешнината го најави излегувањето на албумот на доделувањето на наградите Греми во февруари и песните почнаа да се појавуваат на социјалните мрежи уште во средата. Но, ноќеска, два часа по полноќ, Свифт ја објави втората половина од албумот со дополнителни 15 ...
Класичен џез, музичко-поетски перформанси и музика за биг бенд ќе има на годинашниот џез фестивал „Крај Вардарот џез“ во Скопје, чиј основач беше неодамна починатиот Мирко Попов, па ова петто издание ќе се одржи во негова чест. Фестивалот ќе се состои од пет настани во три вечери (20, 23 и 27 април) во Филхармонијата и во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје. На отворањето на 20 април во „Лабораториум“ ќе настапи домашниот ...
Оскаровецот режисер Мартин Скорсезе се подготвува за снимање на биографски филм за легендарниот американски пејач и глумец Френк Синатра, кого би го глумел Леонадро ДиКаприо. „Вараети“ објави дека Скорсезе ја одбрал Џенифер Лоренс да ја глуми втората сопруга на Синатра, холивудската дива Ава Гарднер. Според изворите на „Вараети“, правата на оставштината на Синатра ги поседува неговата ќерка Тина Синатра, која сѐ уште не дала согласност да се ...
Германскиот детски филм синхронизиран на македонски и албански јазик „Смрдушковци“, во режија на Јенс Милер и Тоби Генкел, од денеска (18 април) почнува да се прикажува во повеќе од 10 кина низ земјава. Во Скопје се прикажува во Кинотека и во кината Синеплекс, Милениум и Киноверзум, во Битола во Центарот за култура и во киното „Манаки“, а игра и во Неготино, Струга, Свети Николе, Кочани, Кичево и во кината Киноверзум во Велес и Штип. „Филмот се ...
Квентин Тарантино наводно се откажал од плановите да го снима филмот „Филмски критичар“, што требаше да биде неговиот десетти и последен филм во кариерата. Извор близок на Тарантино му го потврдил ова на сајтот „Дедлајн“, велејќи дека режисерот едноставно се премислил и дека ќе се врати на почеток за да размисли што ќе му биде последен филм. Тарантино (61) долго време кажува дека десеттиот филм ќе му биде и последен, при што двата дела на „Убиј ...
„Хенгинг Араунд“ е насловена новата претстава на Македонскиот народен театар (МНТ), која премиерно ќе се изведе на малата сцена на 19 април. Станува збор за праизведба на текстот на Љупчо Јованов, во режија на Бојан Трифуновски. Трифуновски вели дека Јованов го напишал текстот околу 2000 година. „На театарските сцени фали постмодерна на македонски јазик. Насоките на Македонскиот народен театар се да се популаризираат македонски автори, а јас ...