
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Сите три земји од поранешна Југославија, Србија, Хрватска и Словенија влегоа во финалето на „Евровизија“, по учеството во првата полуфинална вечер на 68. по ред музичко натпреварување кое годинава се одржува во Малме, Шведска. Од 15-те земји учеснички, во финалето влегоа десет, а освен Теја Дора од Србија, Бејби Лазања од Хрватска и Вероника од Словенија, в сабота во финалето одат и: Португалија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Ирска и ...
Младата поп-пејачка Марија Спасовска ја промовираше новата песна, „Минато“. За неа, Спасовска вели дека е модерна аренби песна која со задоволство ја испеала. Таа е автор на музиката и на текстот. Аранжманот е на Никола Мицевски, а спотот го режираше Горан Симјаноски. „Драго ми е што со мене во спотот се појавува моделот Андреј Димовски и што напишав модерна аренби песна по ој вкус“, вели пејачката. Пред една година, таа ја промовираше песната ...
„Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на 13. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Дубјук, Ајова (САД). На фестивалот, кој се одржа од 24 до 28 април, беа прикажани над 150 филмови од целиот свет, а филмот „Лена и Владимир“ го промовираа актерот Тони Наумовски и режисерот Алексов (фото). Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и Филмскиот центар на Србија. ...
Со првото полуфинале, вечерва од 21 часот во Малме започнува 68. Избор за песна на Евровизија. Македонија не учествува втора година по ред, а за пласман во финалето се борат 15 земји. Од земјите од регионот, втора по ред настапува Србија, а седма Хрватска. Од членките на големата петорка ќе се претстават Велика Британија и Германија, како и домаќинот Шведска. В четврток е второто полуфинале, а финалната вечер е в сабота. Шведска седум пати беше ...
Дебитантскиот игран филм на Гоце Цветaновски, „Бизнисот на задоволството“, е добитник на наградата „Сребрено реми“ на Меѓународниот филмски фестивал во Хјустон (WorldFest-Houston International Film Festival). Фестивалот со 57-годишна традиција е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Меѓу режисерите кои таму биле наградени се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер ...
Додека аеродромите во Доха и Сингапур се натпреваруваат за титулата најдобар на светот, еден друг аеродром се фокусира на поинакво постигнување. Меѓународниот аеродром „Кинсаи“ во Јапонија нема изгубено ниедно парче багаж точно 30 години. Седмиот најпрометен аеродром во Јапонија, кој ги опслужува регионите Осака, Кобе и Кјото, се отвори во септември 1994 и оттогаш ништо не се изгубило таму. Низ него годишно поминуваат меѓу 20 и 30 милиони ...
Плажа на Сардинија наскоро ќе стане туристичка дестинација која ќе нуди и склучување брак на нудистичка плажа. Плажата Бенас, која се наоѓа на половина пат до западниот брег на Сардинија, ќе нуди „природни“ свадби откако локалните власти одлучија да им дозволат на паровите да ги кажат своите завети таму. Луиџи Тедески, градоначалникот на најблискиот град Сан Веро Милис, рече дека властите ја добиле идејата кога една германска двојка ги прашала ...
Објавен е првиот трејлер за научно-фантастичната драма „Мегалополис“, чиј режисер, сценарист и продуцент е легендарниот Френсис Форд Копола. „Мегалополис“ е приказна за архитект кој по една катастрофа сака повторно да го изгради Њујорк како утопија. Копола почнал да го развива филмот уште во почетокот на 1980-тите, а снимањето наводно чинело 120 милиони долари. Копола вложил свои пари во филмот, во кој глумат Адам Драјвер, Џанкарло Еспозито, ...
Една од најуспешните шведски поп-групи „Роксет“ најави враќање на сцената со нова пејачка, пет години по смртта на Мари Фредриксон. Основачот на дуото Пер Гесле објави дека закажале турнеја во Австралија во 2025, но дека ова не значи повторно измислување на „Роксет“. „Смртта на Мари тешко нѐ погоди сите, беше болна долго време, од 2002. Бевме подготвени за тоа, но беше многу тешко и не знаев како навистина да продолжам“, вели Гесле. Тој додаде ...
Каролина Гочева за Велигден имаше два настапа во родната Битола во еден ден. Поп-ѕвездата во моментов е на турнеја низ Македонија со своите најголеми хитови. Гочева имаше два настапа во хотелот „Епинал“ и ни изјави дека ѝ е традиција Велигден да го помине дома, во својата Битола. „За Велигден сум редовно во Битола затоа што ми е омилен празник и затоа што, како што ние сакаме да кажеме, ‘за Велигден е најубо во Битола‘. Годинава повторно се ...
Со огромен и долг аплауз, синоќа во театарот „АРТурбина“ во Тирана беа поздравени актерите од скопскиот Албански театар, кои на покана од македонскиот Културно-информативен центар во Тирана ја изведоа претставата „Диво месо“ од Горан Стефановски, во режија на Мартин Кочовски. „Тиранската публика на вистински начин ги почувствува духот на Горан Стефановски во неговиот текст и неговите модерност и актуелност. Благодарение на маестралната игра на ...
Блокбастерот „Марвелите“ е најголемото филмско промашување за 2023 година, покажа анализата на сајтот „Дедлајн“. Имајќи ги предвид продукцијата и маркетингот, „Дизни“ потрошил 455 милиони долари на овој филм, а на киноблагајните остварил минус од 237 милиони долари. Првиот филм со оскаровката Бри Ларсон, „Капетанка Марвел“, заработи над една милијарда долари во 2019. „Дизни“ севкупно изгубил 628 милиони долари минатата година откако имаше четири ...
Повеќе од милион луѓе се собраа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро за бесплатниот концерт на Мадона, со кој ја заврши турнејата со најголемите хитови „Прослава“. Се проценува дека на концертот дошле 1,6 милиони луѓе. Многумина од нив биле таму со часови пред да почне концертот, а некои и со денови со цел да фатат добро место. Концертот се следеше и од терасите на крајбрежните станови, а побогатите фанови беа закотвени со десетици бродови во ...
Меѓународниот аеродром Дубаи, кој е најпрометен на светот за меѓународни патувања, ќе ги пресели своите операции на вториот аеродром во градот во следните десет години, во проект вреден речиси 35 милијарди долари. „Градиме нов проект за идните генерации. Дубаи ќе биде аеродром на светот, негово пристаниште и негов глобален центар“, изјави водачот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум. Во исто време беше објавен компјутерски приказ на ...
Четвртата сезона на популарната серија на „Нетфликс“, „Емили во Париз“, ќе биде поделена во два дела. Премиерата на првиот дел е на 15 август, а на вториот на 12 септември. Овој период екипата е преселена во Рим, каде што се снимаат некои сцени. Претходните три сезони се снимаа во Париз и низ Франција. Четвртата сезона почна да се снима во јануари годинава. „Емили во Париз“ имаше премиера во октомври 2020. Главната улога ја игра Лили Колинс, ...
Во Малме се засилени безбедносните мерки во пресрет на Евровизија бидејќи е најавено дека паралелно со големиот музички настан ќе се одржат и демонстрации. Полицијата и организаторите кажаа дека се добро подготвени и се надеваат на „радосен настан“. Малме, третиот по големина град во Шведска, се подготвува за еден од најголемите безбедносни предизвици во историјата на земјата, додека некои бараат исфрлање на Израел од настанот поради војната во ...
Популарноста на францускиот деликатес жабjи батаци го загрозува постоењето на одредени видови жаби, реагираа еколошки активисти со писмо до францускиот претседател Емануел Макрон. Писмото го потпишаа 557 активисти од Франција и Германија, во кое велат дека 4.070 тони замрзнати жабји батаци се увезуваат во Европската Унија секоја година, што е рамно на 80-200 милиони жаби, во зависност од големината на видот. Според нив, само во Франција се јадат ...
Активисти кои спречија отворање рудници се меѓу годинашните добитници на престижната еколошка награда Голдман, со која веќе 35 години им се оддава признание на неуморните борци за заштита на животната средина. Седумтемина добитници доаѓаат од Бразил, Австралија, Индија, Шпанија, САД и Јужна Африка. Марцел Гомеш (Бразил) водеше сложена меѓународна кампања која директно ја поврза најголемата светска компанија за пакување месо „ЈБС“ со илегалното ...
Турските автори и илустратори Гизем Ѓозде Учар и Угур Алтун ќе бидат гости на претстојното шесто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца Литера. Фестивалот ќе се одржува од 15 до 18 мај во Младински културен центар во Скопје. Дел од нивните дела ќе бидат изложени за време на фестивалот, а тие ќе одржат и работилници. Во рамките на Литера ќе се одржи и саем на литература за деца, на кој македонските издавачи ќе имаат ...
Во Загреб почна изградбата на велосипедска магистрала долга над 20 километри. Означувајќи го почетокот на градежните работи, градоначалникот Томислав Томашевиќ изјави дека првата етапа од проектот е вредна 263.000 евра и дека треба да биде завршена за три месеци. „Се надеваме дека патеката ќе биде отворена за неколку месеци. Магистралата е долга 22,3 километри, од кои 1.200 метри ќе поминуваат под железнички вијадукт“, изјави Томашевиќ. Оваа ...
Името на Бијонсе ќе влезе во историјата на Франција. Според британскиот весник „Тајмс“, пејачката е една од 40-темина луѓе кои се вклучени во речникот „Ларус“. Наведена како именка во речникот, до името на Бијонсе стои „американска аренби и поп пејачка“. Оваа година се додадени повеќе од 150 нови зборови во речникот. Карин Жирак-Мариние, раководителката за речници и енциклопедии во „Ларус“, изјави дека „многу од зборовите одразуваат развој или ...
„Рено“ го претстави својот нов хибриден џип наречен „симбиоз“. Станува збор за семеен џип со средни димензии, кој за главен конкурент го има „нисан кашкаи“. Од „Рено“ велат дека „симбиоз“ го оживува духот на „рено 16“ од 1960-тите и „еспејс“ од 1980-тите, фокусирајќи се на практичноста. Дизајниран е да ја пополни празнината меѓу компактниот СУВ „каптур“ и поголемиот „острал“ во понудата на бензинските и хибридните модели на оваа француска ...
Рајан Гослинг и Емили Блант беа номинирани за Оскар оваа година: таа за „Опенхајмер“, тој за „Барби“. Сега кога ривалството „Барбенхајмер“ е зад нив, тие се здружија во новиот блокбастер „The Fall Guy“, во кој преовладува типичниот британски хумор. „The Fall Guy“, кој е базиран врз истоимената американска ТВ-серија од 1980-тите, е љубовно писмо до каскадерите. Но, играњето каскадер можеби не бил очигледниот избор за Гослинг, кој признава дека не ...
Сара Џесика Паркер го најави почетокот на снимањето на третата сезона на „И едноставно така“, продолжение на серијата „Сексот и градот“. Актерката објави фотографија од сценаријата за првата и втората епизода и на објавата ги означи колешките Кристин Дејвис (Шарлот) и Синтија Никсон (Миранда), заедно со некои од новите актери, како Никол Ари Паркер, Сарита Чудхури и Катерина Таненбаум. „Се вративме“, кажа Дејвис. Пред да заврши втората сезона ...
Членовите на „Линкин парк“ размислуваат за обединување, седум години по смртта на харизматичниот фронтмен Честер Бенингтон, открија извори блиски на американскиот рок бенд. Менаџерската агенција на групата почнала да прима понуди за можна турнеја во 2025 година, за што добила зелено светло од пејачот и гитарист Мајк Шинода, гитаристот Бред Делсон и басистот Дејв Фарел. Засега нема назнаки кој би го заменил Бенингтон, кој изврши самоубиство на 20 ...
За мускулите, сексот е само уште еден тренинг. И како и повеќето тренинзи, колку повеќе кондиција имаме, толку попријатно може да биде. Американските научници препорачуваат и вежбање пред секс за полесна возбуда. „Важно е да се запамети дека сексот е движење, а секое движење е вежба. Ако сакате да имате задоволувачки секс, веројатно ќе имате корист од движењето на вашето тело надвор од спалната соба“, рече Деби Хербеник, директорка на Центарот ...
„Хрватски гитарски квартет“ ќе одржи концерт во Скопје на 28 мај, во Филхармонијата од 20:30 часот. Членови на квартетот се Зоран Дукиќ, Петрит Чеку, Марое Брчиќ и Твртко Шариќ и сите се ученици од класата на Дарко Петрињак. Првиот концерт го одржаа во 2016, а под името „Хрватски гитарски квартет“ почнаа да настапуваат во 2020. Ја добија наградата „Орландо“ за нивниот концерт на Летните игри во Дубровник во 2017. Во 2020, квартетот во соработка ...
„Дизни“ го објави првиот трејлер за новиот анимиран филм „Муфаса: Кралот лав“, приквел на филмот од 2019. Новиот филм го режираше оскаровецот Бери Џенкинс и ги следи растењето и подемот на Муфаса, таткото на Симба, како и неговата потрага по судбината и односот со братот Така, кој со тек на годините му стана непријател. Гласот на Муфаса го позајмува Арон Пјер, а во екипата се и Сет Роген, Били Ајхнер, Мадс Микелсен, Доналд Гловер, Кит Дејвид, ...
Некогашниот пејач на „Бијело дугме“, Жељко Бебек (78), ќе одржи славенички концерт во Охрид на 18 јули во Античкиот театар, објави продукцијата „Сцена“. Овој концерт е дел од неговата прослава на 50 години кариера. Минатата година, Бебек со својот бенд одржа концерт во Филхармонијата во Скопје со репертоар од негови соло песни и хитови кои ги пеел во „Дугме“. Во бендот, гитара свири неговиот син Звонимир. Бебек минатата недела објави дека нема ...
Композиторот Александар Масевски е вокал во својата нова песна „Лесно“, во која соработува со Влатко Стефановски. Масевски е автор и продуцент на песната, Стефановски свири гитара, а видеото го изработи поп-пејачот Игор Митровиќ, кој инаку работи како графички дизајнер. „Во принцип, ‘Лесно’ е инструментална тема која нема за цел да го ‘нападне’ слушателот и бескрупулозно да го привлече неговото внимание, туку, напротив, суптилно да ги разбуди ...