
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Вечерва (6 јуни) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи традиционалниот концерт „Младите доаѓаат“, на кој ќе свират млади музички таленти, а ќе диригира Ангел Спироски (фото). На концертот настапуваат ученици од музичките училишта од Скопје, Струга, Охрид и Битола: Марија Џуклеска, Андреј Наумоски и Виктор Србиноски на виолина, Летиција Кондратенко на контрабас, Ана Матеска на флејта, Ева Малиновска на виолончело, Александар Ристовски на ...
Со африканска вечер се отвора 23. издание на Офф-фест во Скопје, кое ќе се состои од четири вечери и осум концерти. Фестивалот ќе трае до 9 јуни, а учесниците доаѓаат од Нигер, Јужна Африка, Холандија, Етиопија, Франција, Шпанија, Полска, Македонија и Србија. Отворањето е во 20 часот во Националната опера и балет со концертот на Бомбино, гитаристот од Нигер кој е еден од најзначајните претставници на таканаречениот пустински блуз. „Неговата ...
Седумдесет години поминаа откако француската модна куќа „Диор“ последен пат одржа ревија во Шкотска. Брендот сега ја претстави новата летна колекција во градините на шкотскиот замок Драмонд. Многу познати дами седеа во првите редови на ревијата, а шоуто не го пропуштија ниту познатите амбасадорки на брендот, како актерките Џенифер Лоренс, Ања Тејлор-Џој, Розамунд Пајк и Мејзи Вилијамс. Се одржа раскошно шоу за 550 гости. Слики од последното шоу ...
Хрватска до 2027 година ќе добие целосно нова тркачка патека која ќе ги исполнува сите критериуми и стандарди на Формула 1 и ќе може да биде домаќин на најголемите авто-мото трки на светот. Проектот добил одобрение од соодветните државни органи и наскоро треба да почне неговата реализација, објави „Индекс“. Патеката „Croatia Ring“ ќе се гради кај Слуњ, гратче близу Карловац. Проектот целосно ќе бида финансиран од приватни инвеститори од Хрватска ...
Утре (6 jуни) од 19 часот, во Театарот за деца и младинци во Скопје ќе се игра премиерата на претставата „Хајди“, работена според романот на Јохана Шпири. Режијата е на Драгана Гунин, а драматизација на Драгана Лукан-Николоски. Претставата е наменета за децата над шест години. „‘Хајди‘ е приказна за надежта и пријателството, за убавината на природата и чувството на слобода која таа ни ја дава. И покрај тоа што станува збор за приказна која се ...
Каролина Гочева ќе одржи концерт во Гостивар на 15 јуни во објектот „Европа гарден“. Пролетната турнеја низ Македонија таа ја започна во Скопје на 1 март и потоа одржа концерти во Струмица, Битола, Крива Паланка, Охрид, Куманово и Велес. „Последниве години повеќе пораки добивам на 1 март отколку на мојот роденден“, рече Каролина на почетокот на скопскиот концерт, алудирајќи на нејзиниот хит „Први март“. Билетите за концертот во Гостивар ги има ...
Килијан Марфи не завршил со Томи Шелби и откако освои Оскар за „Опенхајмер“ ќе се врати во Бирмингем за да снима филм „Пики Блајндерс“ како продолжение на хит-серијата. „Нетфликс“ и официјално даде зелено светло за долго најавуваниот филм, во кој Марфи ќе биде главен актер и продуцент. Сценариото го напиша креаторот на серијата Стивен Најт, а снимањето треба да почне подоцна оваа година. Деталите за дејството и за актерската екипа засега се ...
Рокерот Мик Џегер опиша како се чувствува откако на 80 години се врати на турнеја, пеејќи, танцувајќи и трчајќи во концертните сали и на стадионите. „Исто е како кога бев на сцената на 78 години“, рече фронтменот на „Ролинг стоунс“ ден откако пееше на преполн концерт во Бостон. „Потребни беа неколку концерти за да влеземе во ритам, но сега сме супер. Се чувствувам добро”, додаде тој Џегер, кој ќе наполни 81 година на 26 јули, сè уште е во добра ...
Панк легендите „Секс пистолс“ ќе се обединат за неколку концерти, но без пејачот Џони Ротен. Стив Џонс, Глен Метлок и Пол Кук, кои беа дел од оригиналната постава, објавија дека ќе одржат два добротворни концерта на 13 и 14 август во Лондон, при што како фронтмен ќе им се придружи англискиот пејач Френк Картер. „Бев пресреќен кога ми се јавија. Многу сум возбуден што ќе бидам дел од ова“, изјави 40-годишниот Картер, кој моментално го предводи ...
Битолчани имаа можност во живо да го слушнат препознатливиот далматински мелос од изворни хрватски изведувачи на музичкиот настан во Офицерскиот дом, каде што на Денот на државноста на Хрватска се одбележаа и 30 години постоење на Хрватскиот културен центар (ХКЦ) и Македонско-хрватското друштво „Марко Марулиќ“ во Битола. Настапија женската клапа „Фреција“ од Јелса на Хвар и вокалната група „Ангелини“ во придружба на тамбурашкиот оркестар на КУД ...
Илон Маск и официјално дозволи да се објавуваат порнографски и насилни содржини на социјалната мрежа Икс, но тие ќе бидат блокирани за корисниците помлади од 18 години и за оние кои ќе изберат дека не сакаат да ги гледаат, Компанијата вчера ги објави новите правила со кои се формализира она што може да се види на платформата. Икс, порано Твитер, и досега не им забрануваше на своите корисници да објавуваат содржини за возрасни. Сепак, оние кои ...
Од возобновувањето на литературниот клуб „Искра“ во Штип помина половина век и членовите го одбележаа големиот јубилеј со литературни читања и доделување признанија на личности кои дале придонес во опстојувањето и развојот на клубот. „Се сеќавам на тоа време пред половина век кога кај повеќе млади ентузијасти се јави желба по третпат да се отвори клубот кој од разни причини пред тоа згаснуваше, откако беше основан веднаш по Втората светска ...
Калиопи ќе одржи концерт во Охрид на 2 август, во Античкиот театар од 21 часот, објави продукцијата „Пргама“. Претходно, таа со својот бенд ќе одржи уште едне концерт на отворено, на Хераклеја во Битола на 20 јули. Голем концерт во Скопје е најавен за 19 октомври во салата „Борис Трајковски“. Минатата недела, Калиопи го промовираше новиот албум кој едноставно е наречен „Албум“, со кој прослави 40 години соработка со продуцентот Ромео Грил. ...
Францускиот филм „Втор чин“ во режија на Кантен Дипје, со Леа Сејду и Луј Гарел во главните улоги, ќе има специјална проекција во Скопје, на 5 јуни во киното Синеплекс. Светската премиера беше во мај на Канскиот фестивал (фото), а оваа проекција е дел од Гала филмската вечер „Кан во Скопје“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје. „Дипје исклучително вешто ги заобиколува клишеата, спротивставувајќи се на ...
„Суперхикс“ ја комплетираше листата гости кои ќе настапат на неговиот голем славенички концерт, што ќе се одржи на 29 јуни во паркот кај салата „Расадник“ во Кисела Вода. Најавен како повеќечасовен бесплатен музички спектакл, на концертот ќе гостуваат „Фолтин“, „21 век“, Дани Димитровска, Мите Димовски, Камерниот оркестар од Битола, Гоце САФ, „Ред 18“ и српската група „Ја, Дека и Зека“. Исто така, ќе се појават и поранешни членови на групата. ...
Македонски пејачи и диџеи ќе настапат на првиот „Урбан ФМ фестивал“, што ќе се одржи на 9 јуни во скопскиот Градски парк на локацијата „Вембли“ од 17 часот. „Фестивалот ќе има за цел да внесе нова авангардна културна содржина во Скопје и да ја запознае широката публика со музичката креативност. На отворено ќе можат да се слушнат бројни жанрови на музика“, велат од „Урбан ФМ“, кое го организира фестивалот по повод својот прв родеден. Од радиото ...
Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана утре, (28 мај) на Мајските оперски вечери (МОВ) ќе ја изведе камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ. Оперската претстава ќе се изведе во 20 часот во Националната опера и балет (НОБ). „Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Соколовиќ, српска композиторка ...
Дваесет и третото издание на Офф-фест носи осум концерти и два документарни филма. Фестивалот на музика од светот ќе се одржува од 6 до 9 јуни во Националната опера и балет (НОБ), Младинскиот културен центар (МКЦ) и Кинотека на Македонија. „Фестивалот има еден базичен концепт кој не се менува, а тоа е да биде фестивал на големи ѕвезди на светската музика“, вели Оливер Белопета од Скопскиот џез фестивал (СЏФ). Додаде дека Офф-фест има традиција ...
Од денес (31 мај) до 2 јуни студентите од Факултетот за драмски уметности (ФДУ) го организираат филмскиот викенд „Хај-Фај“. Станува збор за нова меѓународна филмска платформа направена од студенти за студенти. Од ФДУ велат дека платформата ќе служи како отскочна даска за промоција на студенти од филмски катедри при нивното прогресирање кон професионалци. Програмата за овој прв настан е поделена на официјална филмска програма со студентски кратки ...
Денес (1 јуни) во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи фестивалот за јапонска култура, Сакура фестивал, во чест на 30-годишнината од воспоставувањето на македонско-јапонските дипломатски односи. Слоганот на ова издание на фестивалот е „Расцути ја иднината“ , поврзано и со самото име на фестивалот Сакура (црешов цвет) и повикува кон градење на поодржлива иднина за сите. Мотото потекнува од јапонскиот израз „мотаиниа“ кој значи: „немој да ...
Целата публика во Филхармонијата сношти (1 јуни) беше на нозе откако Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ го отсвиреа „Пајдушко“, во гитарска верзија. 20 години откако е издаден албумот „Трета мајка“ на македонскиот и на српскиот гитарист кој живее во Лос Анџелес со преработки на македонски народни песни, „Авалон“ се сети да го реиздаде на винил. Оттаму повод за фантастичниот концерт сношти, и оној што следува вечерва (2 јуни) во истата сала, во ...
Ѕвездата на „Марвел“, Џереми Ренер ја доби првата улога во филм, после несреќата при чистење снег во 2023. Ренер ѝ се приклучи на ѕвездената постава за третиот дел од крими-комедијата „Нож во грб“ (Knives out), со Даниел Крег, Глен Клоуз, Ендру Скот, Кери Вашингтон и Џош О’ Конор, Педесет и двегодишниот актер, кој глумеше и во „Одмаздници“, скрши повеќе од 30 коски и имаше повеќе операции, откако ненамерно беше прегазен од неговиот шесттонски ...
„Сони мјузик“ е во преговори за купување на музичкиот каталог на рок групата „Квин“, на кој се хитови како „Боемска рапсодија“. Според „Блумберг“, „Сони“ преговара со купувач кој потенцијално би можел да плати 1 милијарда долари. Ако каталогот се продаде, тој ќе ги опфати песните на „Квин“ и целата интелектуална сопственост, вклучувајќи ги правата на логоа и музичките спотови. Преговорите за продажбата се водат од минатата година. Во преговорите ...
На 4 и на 5 јуни од 19 часот во киното „Фросина“ во МКЦ во Скопје ќе се одржи фестивал за мјузикл за деца и млади, кој го организира Детскиот културен центар „Карпош“. Фестивалот започнува на 4 јуни со „Приказната за генијалната Матилда“ на македонски јазик од Студиото за детски и младински мјзуикли „Бродвеј јуниор“ од Скопје. На 5 јуни фестивалот продолжува со мјузиклот „Кралот Лав“ од Интернационалното училиште QSI од Скопје. „Веруваме дека ...
Најголемо изненадување на новиот албум на Калиопи, „Албум“ е дуетот со Слаткаристика. Овој необичен спој со голем аплауз го подравија присутните на промоцијата на албумот, со кој Калиопи прослави 40 години соработка со продуцентот Ромео Грил. Хип-хоп музичарот вели дека му е голема чест што таа го поканила заедно да ја испеат песната „Казна“. „Комуницирам со Калиопи 15 години, навистина ја ценам. Ова ми е всушност прв дует со наша пејачка во ...
Гитарата на која свирел Џон Ленон стана најскапиот инструмент од „Битлс“ што некогаш бил продаден на аукција. Акустичната гитара „Фрамус“ со 12 жици е пронајдена на поткровје откако се претпоставува дека била загубена повеќе од 50 години, рекоа аукционерите. Продадена е за 2,9 милиони долари преку телефонска понуда во кафулето „Хард Рок“ во Њујорк. Со оваа гитара, Ленон свиреше песна во филмот „Помош“ (Help) од 1965 година. Се користеше и на ...
Од 28 до 30 јуни, на повеќе сцени на отворено во Дојран, ќе се одржи традиционалниот „Д фестивал“, со домашни, балкански и странски музичари, објави на прес конференција „Пасворд продукција“. „Имаме пораснато многу генерации за овие 14 години, имаме донесено над 400 музичари досега. ‘Д фестивал’ стана еден познат туристички бисер, и ја негува културата. Годинава, еднa од нашите главни акции е ‘Не биди дедо’. Со купени 4 влезници, петтата се ...
Винилите се повторно во мода, на мое големо задоволство, и на задоволство на повеќето дискофили, рече Влатко Стефановски на промоцијата на реизданието на заедничкиот албум со српскиот гитарист Мирослав Тадиќ и бугарскито кавалција Теодосиј Спасов, „Трета мајка“. заедничкиот албум „Трета мајка“, кој „Авалон“ неодамна го реобјави на винил по 20 години. На албумот гостува и Теодосиј Спасов кој поради обврски нема да дојде на скопските концерти. ...
Сараевската поо-рок група „Црвена јабука“ ќе одржи концерт во Охрид на 9 август, во Античкиот театар, објави продукцијата „Прагма“. Бендот минатата година одржа два концерта во Скопје во Филхармонијата, и еден во салата „Јане Сандански“ како и во Битола и во Штип. На новиот албум на групата е преработена песната „Ако умрам ил загинам“ од Јонче Христовски. Фронтменот групата „Црвена јабука“, Дражен Жериќ- Жера лани во Скопје рече дека таа песна ...
Денес (30 мај) во 19 часот во Галеријата Матица, ќе се отвори изложба на триесетина досега неизложувани дела од сликарот Владимир Георгиевски, кој почина во 2017. Изложбата на дела „Остуство присуство“ на дела од различни фази од неговото творештво е во чест на 82 години од неговото раѓање, а се организира во соработка со неговото семејство. Ќе трае до 24 јуни. Георгиевски е роден 1942 во Скопје. Во 1963 завршил Училиште за примена уметност во ...