
Скопје
33ᴼ /
33ᴼ



Официјално започна со функционирање на Find My Device мрежата која Google ја најави за време на Google I/O 2023, односно минатата година. За почеток оваа нова Android функција ќе им биде достапна на корисниците од САД и Канада, но наскоро може да ја очекуваат останатите корисници во светот. Тоа по кое посебно се истакнува Find My Device и се разликува од досегашната можност за откривање на локацијата на Android смартфоните, е функционирањето со ...
WITCON е конференција со главен фокус на спој помеѓу технологијата и бизнис заедницата. По втор пат, оваа година повеќе од 20 говорници ќе ја споделат својата експертиза на различни теми од овие две категории. Преку панел дискусии говорниците од индустријата ќе ги споделат своите искуствата на актуелни теми во ИТ индустријата во последната година, бизнис предизвиците со кои компаниите се соочуваат и искуствата од нивните успешни приказни. Низ ...
Скопје, –04.2024 – „Не е до нив, до тебе е“ е моќна кампања во која никој ништо не ветува, а сепак секој делува за поголема одговорност пред својата граѓанска должност. Благодарение на оваа кампања, секој од нас ќе се запраша каков е нашиот став кога станува збор за гласање и зошто толку малку внимание посветуваме на правото на глас. Дел од познатите личности од македонската јавна сцена, со задоволство прифатија да бидат дел од кампањата “Не е ...
Учениците кои посетуваат настава во основните училишта во Кавадарци ќе се стекнат со знаења за врсничко насилство. Оваа активност е дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Со цел поефикасна реализација, општината и компанијата потпишаа меморандум за соработка. На „Крени глас против врсничко насилство“ досега се приклучија 20 општини. Работилници се одржаа во над 40 училишта, а на нив учествуваа неколку илјади ученици. Истите се во ...
Со освоени вкупно 11 медали, од кои пет златни, четири сребрени и две бронзени, карате клубот „Макпетрол“ е прворангиран на државниот плејоф-турнир за сениори. Скопскиот тим е најуспешен на ова натпреварување на кое учествуваа 33 екипи од Македонија. На овој собир право на учество имаа само освојувачите на одличја на државното првенство за сениори што се одржа минатата недела. Турнирот имаше изборен карактер за влез во македонската сениорска ...
Скопје, 8 април 2024 г. – Во текот на повеќе од 50 години соработка, Samsung Electronics и Corning Incorporated ја покажаа отвореноста и посветеноста на Samsung работејќи на иновативни материјали за екрани што им нудат на корисниците на Galaxy уредите исклучителна издржливост и јасност. Со неодамнешниот паметен телефон Galaxy S24 Ultra, таа соработка достигна ново ниво со користење на заштитното стакло Corning® Gorilla® Armor. Достапно исклучиво ...
Во најновата бета верзија од Phone апликацијата од Google достапна е мала новина која ќе им го олесни на корисниците процесот на откривање чиј е непознатиот број кој ги бара. За истото е додадено ново копче кое се притиска на непознат број во историјата на повици, копче кое овозможува да се пребара бројот на интернет, со Google Search на пример. Од ова се гледа дека целта на оваа новина е да се откријат бизнис броевите, што значи дека не е ...
Марк Гурман во неговиот најнов неделен билтен, продолжува со најавата дека Apple ќе претстави нови iPad уреди во мај. Таблет компјутерите првично беа најавувани за крајот на март или почетокот на април, но наводно е дојдено до одложување поради производствениот процес на новите OLED панели. Гурман сега дава и поточен период за тоа кога може да се очекуваат новите уреди, а тоа е неделата од 6 мај, односно втората недела во месецот. Тоа што се ...
Елон Маск, стандардно преку сега неговата мрежа X, најави дека Tesla ќе влезе на пазарот на такси со автономни возила. Tesla Robotaxi сепак не е нешто за кое првпат се слуша, а Маск со години најавува ваква можност. Сега од компанијата ќе презентираат повеќе информации за Robotaxi, а според најавата од страна на Маск тоа ќе се случи на 8 август оваа година. Во претходните најави од Маск се најавуваше и можноста сопствениците на Tesla автомобили ...
Анализа на бројот и вредноста на онлајн трансакциите Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба во 2023 година на Народната Банка на Република Северна Македонија, вредноста на вкупните трансакции направени кон интернет продавниците од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 39.929,2 милиони денари или 649,3 милиони евра, односно бележи пораст ...
Скопје, 8 април 2024 г. – Дојде ерата на мобилната вештачка интелигенција, а раните корисници веќе уживаат во придобивките на најновата иновација. Поттикнати од вештачката интелигенција, Samsung направи значајни ажурирања на апликацијата Try Galaxy за да ги понуди функциите Превод во живо (Live Translate), Помош за разговор (Chat Assist), Помош за белешки (Note Assist), Помош за фотографирање (Photo Assist) и Пребарување со заокружување на ...
Скопје, 07.04.2024 – „Не вреди да гласаш“, „Нема ништо да се смени“, „Еден глас ништо не менува“, „Сѐ ќе биде исто“… И така до недоглед, може да се набројуваат изговори кои нѐ делат од иднината што ја посакуваме и која можеме сами да ја креираме, затоа не е до нив, до тебе е – гласај без изговори. „Не е до нив, до тебе е“ е моќна кампања во која никој ништо не ветува, а сепак секој делува за поголема одговорност пред својата граѓанска должност. ...
Повеќе од три илјади учеснички застанаа на старната линија Скопје, 07.04.2024 – Денеска се одржа 12. издание на „Авицена Женска Трка“. Овогодинешното издание беше најмасовно досега, со најголем број на учеснички, односно 3.420 припаднички на женскиот пол застанаа на стартната линија. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот во Скопје владееше неверојатна атмосфера со позитивна енергија, благодарение на учесничките на трката, како и на посетителите, ...
Скопје, 05.04.2024 Оваа недела, 07.04.2024 ќе се одржи 12. издание на „Авицена Женска Трка“. Стартот и целта на трката ќе биде во 10:00 часот од булевар „Илинден“, во близина на фонтана „Лотос“, додека должината на самата трка е 3 километри. Пред самиот почеток, во 09:40 часот, предвидено е и загревање со аеробик вежби. Во периодот од 09:00-11:00 часот ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“. Утре на официјалната фејсбук страница ...
Во Canary верзијата од Edge прелистувачот, Microsoft тестира нова можност која е наменета за „гејмерите“, иако тие не се единствените кои може да имаат корист од истата. Се работи за нова опција која е додадена во System and performance делот во прилагодувањата која овозможува корисниците да ограничат колку RAM ќе може да користи Edge. Ограничувањето ќе биде од 1GB, па се до меморијата која е достапна на компјутерот. Две можности ќе им бидат ...
Како што направи Netflix минатата година, оваа година крај на можноста за споделување на лозинката ќе стави и Disney+. Дека вакво нешто се планира веќе можевме да прочитаме, а сега ги имаме и точните месеци кога истото ќе почне да се применува. Disney+ веќе нема да може да се користи од корисници кои не живеат заедно, односно кои не се дел од истото домаќинство, почнувајќи од јуни оваа година. За почеток „забраната“ ќе биде пуштена во неколку ...
Скопје, 05 април 2024 г. – Samsung Electronics подготви специјална понуда во која клиентите кои ќе ги купат паметните телефони Galaxy S24, Galaxy Z Flip5, Galaxy S23 или Galaxy S23 FE ќе добијат пакет подароци, кој вклучува фитнес нараквица Galaxy Fit3 и безжични слушалки Galaxy Buds FE. Со купувањето на Galaxy S24 Ultra, Galaxy S24+ или Galaxy Z Fold5, клиентите добиваат пакет подароци, кој содржи таблет Tab A9 4/64 Wi-Fi, фитнес нараквица ...
Apple оваа година го откажа развојот на својот електричен автомобил, уште пред тој воопшто официјално да биде потврден дека постои. Информациите во главно доаѓаа од неофицијални извори, меѓу кои и секогаш информираниот Марк Гурман. Сега Гурман тврди дека „наредната голема работа“ која од компанијата ја разгледуваат е развојот на автоматизирани уреди за домаќинствата, односно роботи. Според него, Apple разгледува два нови можни уреди на кои би ...
Скопје, 04.04.2024: Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го одржа своето Годишното собрание во присуство на членовите, поддржувачите, партнерите и соработниците. Претседателката на АЕТМ, Д-р Нина Ангеловска го отвори Собранието и им посака добредојде на присутните, а поздравно обраќање имаше и Дерик Фефер, Службеник за приватниот сектор во УСАИД Северна Македонија. Во својот поздравен говор, Претседателката на АЕТМ упати благодарност ...
Во кодот од Google Chrome за Android апликацијата „се крие“ информација за можна нова функција која би ја добил овој прелистувач. Засега се верува дека оваа новина ќе биде достапна само на Android верзијата од Chrome, а истото може да се очекува најрано со верзијата 125, односно во мај. Новата функција во кодот е наречена „Tab Declutter“ и од самото име може да се заклучи за што се работи. Истата ќе биде доста корисна за корисниците кои имаат ...
Минатата година првпат излегоа информациите дека Apple работи на систем кој ќе им овозможи ажурирање на софтверот на iPhone без потреба телефонот да биде изваден од кутијата, односно истата да биде отворена. Овој систем е замислен да се користи во продавниците од компанијата, а ќе овозможи корисниците да ја добиваат најновата верзија од iOS кога ќе го отворат телефонот, наместо да чекаат истата да се инсталира. Ова е одлична можност и ...
Microsoft минатата година најави дека веќе нема да ја ажурира старата WordPad апликација и дека истата ќе биде тргната од некоја наредна верзија од Windows 11. Сега од компанијата ја имаат и конкретната верзија од Windows 11 кога се планира тргањето на WordPad, а тоа е наредната поголема надградба на системот, односно Windows 11 24H2. Оваа надградба се очекува да биде пуштена во есен, поточно некаде во октомври како и секоја година. Со тргањето ...
OpenAI им овозможи на сите корисници да можат да го користат нивниот „четбот“, ChatGPT, без разлика дали сакаат или не сакаат да направат корисничка сметка, нешто што досега беше услов за користење. Ова е одлично за корисниците кои сакаат да го пробаат ChatGPT, но не сакаат да губат време за креирање на сметката, а посебно што за истата е потребно да се внесе и телефонскиот број. Ова за корисниците кои внимаваат на приватноста може да е проблем. ...
Qualcomm уште минатата година започна со тестирања на нивниот нов Snapdragon X Elite чип кој е повеќе од добредојден во светот на Windows компјутерите. Овој ARM чип ќе донесе компјутери со перформанси и потрошувачка како MacBook серијата од Apple, со што конечно ќе видиме вистинска и сериозна конкуренција на овој план. Минатата година споредбата беше направена со М3 чипот од Apple, па Qualcomm истакна дека нивниот Snapdragon X Elite е побрз. Ова ...
Се ближи одржувањето на WWDC 2024 конференцијата на која ќе ја видиме целосно работата која Apple ја прави со генеративната вештачка интелигенција. Од компанијата доцнат со воведувањето на овие функции, па се смета дека е доста клучно оваа година да се приклучат на трендот започнат од OpenAI, Microsoft, Google и другите. Од тоа што може да се види од неколкуте трудови кои ги објавија од компанијата, можно е да очекуваме класичен Apple настап. ...
Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, се проширува и во Валандово. Градоначалникот на општината, Перо Костадинов, и членката на управниот одбор и директорка во компанијата, Марија Јосифовска-Спасовска потпишаа меморандум за соработка со цел поефикасна реализација на активностите. Во нивни рамки, учениците ќе се здобијат со знаења преку работилници против булинг, а ќе биде испечатен и доставен и ...
Arc е прелистувач кој беше претставен минатата година на macOS, а во меѓувреме стана достапен и на Windows. Се разликува од повеќето други прелистувачи на пазарот, па слободно може да се каже дека е првиот кој на пазарот донесува нешто ново. Сепак, јас би додал дека овој прелистувач на е баш за секого, иако донесува уникатен начин на функционирање. На моменти Arc е некако сложен и непотребно ги комплицира одредени функции кои се едноставни кај ...
Microsoft за корисниците на нивниот основен Microsoft 365 пакет најави неколку новини кои досега им беа достапни само на корисниците на поскапките пакети, односно на Microsoft 365 Personal и Family. Овој пакет беше претставен пред една година и на корисниците им овозможува 100GB простор на OneDrive, Outlook.com без реклами, пристап само до веб верзиите од Office апликациите, но сето тоа за само 2 долари месечно. Корисниците на Microsoft 365 ...
Научници од Aston University од Обединетото Кралство успеаја да испратат податоци преку оптички кабел 4,5 милиони пати побрзо до просечните брзини кои ги имаат корисниците во денешно време дома. Оваа споредба е направена за да се добие претстава за колку голема брзина се работи, но сепак не е потребна со оглед на тоа што максималните брзини не се потребни во домашни услови и во главно прават разлика во поврзувањето на операторите. Како и да е, ...
Во најновата бета верзија од Windows 11, поточно Build 22635.3420 од Windows Insider програмата, Microsoft тестира мала промена кај долната лента од системот. Поточно, копчето за „виџетите“, кое ја прикажува и временската прогноза, ќе биде поставено на десната страна од лентата кога корисниците ќе изберат Старт менито да е на левата страна. Оваа промена ќе овозможи да копчето продолжи да ги прикажува деталите од временската прогноза, како и ...