Директорот на OpenAI Сем Алтман, во рамки на семинар во Stanford University, разговараше за иднината на компанијата, поточно главниот производ на кој работат, вештачката интелигенција и GPT големиот јазичен модел. Алтман беше доста актуелен минатата година по краткото губење на позицијата во компанијата од се’ уште непознати причини, а Елон Маск дури најави тужба против него за менување на правецот на компанијата. Според Алтман, во иднина можеме ...

Наредната главната надградба на Windows 11, која стандардно ќе биде достапна во есен, можно е да донесе една новина замислена да ја подобри безбедноста и приватноста на корисниците. Според информациите, при процесот на надградба на Windows 11 2024, кој ќе биде променет, на корисниците автоматски ќе им биде вклучена BitLocker функцијата која обично е опционална. BitLocker е решение од Microsoft кое е вградено во Windows уште од Vista, а ...

Се ближи WWDC 2024 конференцијата на која конечно ќе го видиме резултатот од работата на Apple со генеративна вештачка интелигенција изминатиот период. Тие ќе се приклучат на трендот на воведување на функции со ГВИ подоцна од другите, а iOS 18 и macOS 15 ќе бидат верзиите кои треба да им ги донесат овие нови функции на корисниците. Од тоа што досега можевме да прочитаме се верува дека Apple големо значење ќе даде на приватноста при воведувањето ...

По долго време на активно развивање и наметнување на нови функции секаде каде што е можно, Microsoft најави мала пауза на пуштањето на новини кај нивниот Copilot во Windows 11. Ова е резултат на мислењата од корисниците кои ги добиваат од компанијата и тие истакнаа дека ќе го подобрат корисничкото искуство врз основа на нив. Во меѓувреме, Copilot ќе продолжи да функционира во Windows 11 како што беше и досега. Дел од новините кои ги тестираат од ...

Passkeys се новиот начин за најавување на онлајн сервисите кој полека добива се поголема популарност, односно се поголем број на корисниците почнуваат да ги користат. Безбедноста, а и приватноста, доаѓаат од фактот што корисниците не мора да имаат и да внесуваат лозинка, па најавувањето се прави преку овој „клуч“ кој е зачуван на уредот на корисникот. Искористувањето на клучот, а и потврдата на идентитетот се прават преку биометриската ...

Скопје, 12.05.2024 – Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“. Овогодинешното издание имаше масовна посетеност, односно 1650 натпреварувачи застанаа на стартната линија. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот во Скопје владееше одлична атмосфера, со голема доза позитивна енергија, пропратена со популарни музички хитови, кои дополнително ги мотивираа учесниците во текот на трката. Благодарение на учесниците на трката, како и на ...

Во бета верзиите од Windows 11, достапна е новина поврзана со Старт менито, нешто што одамна немаме видено, а последна новина која ја доби ова мени беше можноста за избор колку апликации или предлози ќе се прикажуваат. Новата можност која се тестира е наречена „Start Companions“, односно придружници на старт менито, а во основа се работи за додавање на „виџети“. Овие „виџети“ може да се додадат од едната или другата страна на менито, а се во ...

WhatsApp слободно може да се каже дека е една од најактивно развиваните апликации, барем од овој вид. Meta редовно пушта новини кај апликацијата која ја купи пред 10 години, а сега истата добива и освежување на дизајнот. Главната разлика ќе се забележи кај Android верзијата од WhatsApp која ја добива главната лента на долната позиција, нешто што се најавува со месеци, а одамна е случајот кај iOS верзијата. Со тоа корисниците добиваат унифицирано ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секоја година го одбележува 11 мај – Денот на културата во сообраќајот со цел подигнување на свеста на сите учесници во сообраќајот за законско, етичко и толерантно однесување, со што ќе се постигне и поголема безбедност на сообраќајот на патиштата. Денот на културата во сообраќајот се одбележува ширум светот од 11 мај 2015 година кога во Унгарија, со поддршка на Светската здравствена ...

Скопје, 09.05.2024 – Оваа недела (09.05.2024), ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10 км“ на која ќе учествуваат 1653 натпреварувачи од 16 земји. Стартот на трката ќе биде во 09:00 часот на булевар „Илинден“ во близина на Фонтана „Лотос“ и на истото место ќе биде и целта на трката. Ќе се трчаат 10 километри по булевар „Илинден“ , Ул. Никола Парапунов и по дел од булевар „Партизански одреди“. Во периодот од 09:00 часот до 11:00 часот ...

Членот на карате клубот „Макпетрол“, Петар Заборски, во сабота ќе има меч за трето место на Европскиот карате-шампионат што се одржува во Хрватска. На турнирот за сениори во Задар, што се одржува од 8 до 12 мај, претставникот на најтрофејната македонска екипа во елиминацискиот дел забележа три победи. Во полуфиналето Заборски загуби од Иван Мартинац од Хрватска, а во борбата за бронзата ќе се соочи со Тијаго Дуарте од Португалија. Ангела ...

Стандардно за овој период од годината, Google оваа недела го претстави својот најнов смартфон од средната класа, односно Pixel телефонот со ознаката „а“ на крајот. Претставен е Pixel 8a и како и неговите претходници, ќе им ги донесе дел од ланските најдобри карактеристики на корисниците за пониска цена од таа на главните модели кои обично ги претставуваат во октомври. Pixel 8a го донесува ланскиот и моментално најдобриот чип од Google, Tensor G3 ...

Корисниците на Windows 10 кои дури сега би сакале да го надградат својот компјутер на Windows 11, ќе ја добијат најновата верзија од Windows 11 при инсталацијата. Ова е нешто што би мислеле дека е стандардно и дека нема потреба да се истакне, но досега не беше тоа случајот. Microsoft на корисниците им ја пушташе претходната верзија од Windows 11, односно таа од 2022 година. Корисниците по инсталацијата на Windows 11 добиваа уште една надградба, ...

Заврши „Let Loose“ настанот на Apple и како што се очекуваше, на него беа претставени нови iPad модели, како и нова Magic Keyboard и целосно ново Apple Pencil Pro. Главното внимание од настанот оди кон новата iPad Pro генерација која ги донесува сите претходно неофицијално најавени новини. За почеток, остануваат двата модели, 11 инчен iPad Pro и за нијанса поголем 13 инчен iPad Pro. Двата модели се редизајнирани, па тие сега се доста тенки со ...

На „Let Loose“ настанот денеска, Apple ги претстави сите очекувани нови производи кои беа неофицијално најавувани. Главни слободно може да се каже дека се новите iPad Pro со двоен OLED екран и М4 чипот, заедно со нова Magic Keyboard и Apple Pencil Pro, но одлична надградба доби и iPad Air. Точно како што беше најавено, iPad Air сега има две големини, па покрај стандардната 11 инчна верзија, сега корисниците можат да изберат и поголема, 13 инчна ...

Apple за денеска го закажа нивниот „Let Loose“ настан на кого се очекува да бидат претставени нови iPad модели, а заедно со нив се очекува претставување и на ново пенкалце и нова тастатура за таблет компјутерите. Главното внимание треба да го привлечат двата нови iPad Pro модели кои треба да бидат надградени со OLED екрани, нешто што доста треба да го подобри корисничкото искуство. Овие два уреди се очекува да добијат и одреден редизајн, па ќе ...

Скопје, 07.05.2024 Вечерва (07.05.2024) караванот „Не е до нив, до тебе е“ патува до својата крајна станица во Drunken Monkeys во Скопје, во 21:00 часот. Диџеј Мац и актерот Бојан Кирковски ви ја закажуваат последната средба и како и досега, ветуваат одлична атмосфера, со добра музика и урнебесна смеа. Дојдете во Drunken Monkeys за да уживате во настапот на Бојан Кирковски и да се потсетите на најважната граѓанска должност, преку моќта на ...

Стартап Македонија во соработка со универзитетот за информатика “Св. Апостол Павле” беа организатори на овој настан, најголем од ваков тип во државата. На почетокот на настанот, односно во петокот беа презентирани околу 20 идеи од страна на младите професионалци пред менторите и останатите учесници на настанот. Се гласаше за подобрите идеи, едни идеи продолжија понатаму и се работеше на изнапѓање на нивно бизнис решение, додека пак остатнатите ...

На бензинската станица на „Макпетрол“ во Визбегово од денес е во употреба брз полнач за електрични возила. Овој уред е прв од десетте нови брзи полначи што во партнерство со ЕВН ќе бидат поставени на фреквентни локации ширум Македонија. – ЕВН ги направи најраните напори за развојот на електромобилноста во Македонија. Во последните седум години поставивме околу 40 полначи за електрични возила на јавни површини во 17 градови низ земјата. Нашите ...

Еден од најпознатите сервиси за чување на лозинки Bitwarden, кој и ние го препорачуваме, претстави нова апликација, овој пат за генерирање на еднократни кодови за дво-факторска автентикација. Дво-факторската најава на сервисите овозможува доста поголемо ниво на безбедност, а корисниците покрај својата лозинка, внесуваат дополнителен код кој го добиваат од апликација и е единствен за таа најава. Се препорачува користење на апликации, наместо ...

Македонските карате-репрезентативци, членови на „Макпетрол“, моментно се на еднонеделни подготовки во Струга. Претставниците на скопскиот клуб ја темпираат формата за претстојното Европското сениорско првенство, закажано за периодот од осми до 12 мај во Задар, Хрватска. – „Макпетрол“ е носечкиот клуб во сениорска конкуренција на македонската репрезентација. Во составот имаме искусни, прекалени и квалитетни спортисти, а тие ќе бидат и најбројни ...

Додека се чека поголема интеграција на генеративната вештачка интелигенција, односно Gemini, во Google Chrome, овој прелистувач доби големо подобрување на начинот на кој функционира лентата за адреси, односно „omnibox“ лентата, како што се нарекува. Google најави дека после подолго време без посериозни промени во начинот на функционирање на лентата, како и функционирање на основа на класичен код, истата сега добива машинско учење. Со ова се ...

Скопје, 30 април 2024 г. – Телефоните се постојано во нашите раце, но дали сте размислиле колку често тие доаѓаат во рацете на други луѓе? Без разлика дали е за да се забавува детето, да се покаже нешто смешно на пријател или за да се даде телефонот на поправка, ние често ги даваме нашите скапоцени уреди на други лица. Секој пат кога го правиме тоа, ризикуваме тој некој да има преголем пристап до нашите податоци, а тоа отвора врата за ...

Новите европски закони кои стапија на сила во март оваа година и кои се одговорни за отворањето на iOS за алтернативни продавници за апликации, алтернативни платежни системи и слично, сега ќе важат и за iPadOS. Европската Унија донесе заклучок дека и iPad уредите од Apple влегуваат во категоријата која подлежи под овие закони, па од компанијата ќе мораат да го усогласат iPadOS во наредните шест месеци. Ова значи дека корисниците на iPad во ЕУ ќе ...

Македонски Телеком ja почна 2024 година со силен финансиски раст на крајот на првото тримесечје. Успешното работење продолжува како резултат на фокусот на модернизацијата и ширењето на мрежата, пионерството во воведувањето нови технологии и посветеностa на најдоброто корисничко искуство. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 4,4 проценти споредено со минатата година, а нето добивката е во пораст од ...

За наредната iPhone серија, односно iPhone 16, се најавува дека ќе донесе мали измени во големината на екраните кај четирите модели. Ова неколку пати досега е достапно како гласина, а сега Сони Диксон има и слика со точните големини, наводно. Од тоа што може да се види од сликата, промени ќе има кај Pro моделите, односно тие добиваат зголемување на екраните. iPhone 16 Pro наводно ќе има екран со големина од 6,3 инчи, што е за 0,2 повеќе од ...

Најновата „опционална“ надградба на Windows 11, која за сите корисници ќе биде достапна идниот месец, со себе донесува нешто што одамна веќе се очекува. Microsoft ќе почне да прикажува реклами преку Старт менито, а тие ќе бидат во форма на препорачани апликации. Сепак, треба да сме среќни што не се работи за класични реклами кои сериозно би го нарушиле корисничкото искуство, па истите само ќе бидат тука да им откријат на корисниците апликации ...

Скопје, 29.04.2024 – Минатата среда на првиот круг Претседателски избори, 49,93% од населението го оствари правото на глас и постапи одговорно кон најважната граѓанска обврска. Вкупно 905.958 граѓани знаат дека нивниот глас е нивното најмоќно оружје и единствено средство за изразување на нивните убедувања и очекувања, односно 905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“. Секој од овие 905.958 гласа, директно влијае во формирањето на ...

Можноста за симнување на само една апликација во исто време на Android преку Play Store е нешто што одамна чекаме да биде променето. Google конечно им овозможи на корисниците да можат да симнуваат повеќе од една апликација паралелно, а за почеток може да се симнуваат две апликации. Според информациите, планирано е да се овозможи симнување на до пет апликации во исто време, но таа информација е неофицијална, па не може да знаеме дали ќе се ...

После месеци на шпекулирање и наводно одложување, Apple конечно ја закажа датата кога ќе ги претстави новите верзии од нивните iPad таблет компјутери. Претставувањето ќе биде идната недела, односно 7 мај, а настанот ќе биде еден час порано од обично, во 18:00 часот по македонско време. Главната новина поради која ова претставување е доста важно е очекувањето дека Apple ќе почне да користи OLED панели кај iPad Pro серијата, а се надевам дека тоа ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
34%
1017
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
8.75
28%
1014
weather icon

Загреб

29ᴼ / 27ᴼ
3.09
48%
1011
weather icon

Софија

26ᴼ / 23ᴼ
2.06
35%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
4.85
25%
1017
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 23ᴼ
0.51
70%
1012
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
8.23
30%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
1.03
30%
1014
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
0.0
34%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.6
33%
1019
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
4.63
32%
1013
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 26ᴼ
7.72
50%
1016
Currency

61.535

Currency

52.8734

Currency

71.3664

Currency

34.4288

Currency

38.3702

Currency

65.9997

Currency

7.39114

Currency

0.65805

Currency

0.35911

Currency

0.52581

Currency

1.28795

Currency

0.60346