Резиме Болничките капацитети сѐ повеќе се полнат. Двајца возрасни пациенти на Инфективната клиника се на респираторна поддршка, а најмалиот пациент на Клиниката „Козле“ е бебе родено пред три недели. Вирусот на грип е најприсутен во Скопје, Тетово, Куманово и Охрид, додека Берово, Пехчево и Делчево не бележат ниту еден случај. Грипот чиј пик се очекува кон крајот на овој или почетокот на идниот месец, веќе ја зеде првата жртва. Со потврдено ...

Во Косово почнува примената на Законот за сообраќај и Законот за странци. Косовските срби со барања за ново одлагање на примената. Од 16 јануари во Косово започнува строга примена на Законот за сообраќај, според кој возилата со странски регистарски таблички не можат да учествуваат во сообраќајот во Косово повеќе од три месеци или врз основа на овластување, потврди за Радио Слободна Европа заменик-директорот на косовската полиција за Северниот ...

Еден потенцијален начин за смирување на моменталната политичка тензија меѓу Данска и САД во врска со идниот статус на Гренланд би можела да биде мисијата „Арктичка стража“ предводена од НАТО. Идејата беше изнесена кога амбасадорите на воената алијанса се состанаа во Брисел на 8 јануари за да разговараат за неодамнешното изразување интерес на Белата куќа за потенцијално преземање на автономната данска територија - при што Вашингтон не ја ...

Паузата на иселенички визи за Соединетите Американски Држави (САД) нема да влијае врз останатите типови визи за кои нема никакво ограничување, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 14 јануари најави дека ја суспендира обработката на имигрантски визи за подносители на барања од 75 земји меѓу кои е и Северна Македонија. Муцунски вели дека ...

Резиме Сојузот на синдикати(ССМ) бара 600 евра минимална плата и зголемување од по 100 евра на сите останати плати. Сумата што ја нуди дел од бизнис-секторот е по 463 евра. Работодавачите стравуваат од дополнителен инфлаторен притисок, пад на мотивацијата и продуктивноста, отпуштања и исплаќање пари „во плик“. Работниците се подготвуваат за протест по 20 јануари, Владата им сугерира да се договорат со работодавачите Со години не сум добила ни ...

Резиме Претседателот Доналд Трамп изјави дека Иран ги одложил планираните егзекуции на демонстрантите, повикувајќи се на извори, но не даде детали. Групите за човекови права известуваат за над 2.400 убиени демонстранти, а 18.000 приведени. Тензиите остануваат високи бидејќи САД разгледуваат можна воена или друга акција против Техеран. Иран ги запре егзекуциите на демонстрантите, изјави претседателот Доналд Трамп, цитирајќи „многу важни извори ...

Резиме Техничката влада, реформската агенда, измените на Изборниот законик, но и на Законот за прекршоци, како и изборот на новиот народен правобранител, попладнево се најдоа на маса меѓу партиските лидери кои се сретнаа во Клубот на пратеници. Средбата која ја иницираше премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, помина во конструктивна атмосфера – оценија политичарите во изјавите за медиумите. На средбата која траеше три часа, како што и ...

Резиме Од 2020 година до ноември 2025, земјава имала увоз од речиси 91 милион евра, додека извозот кон Иран бил 2,7 милиони евра. Храна и хемиски производи се меѓу најчестите производи што Северна Македонија ги увезува оттаму, додека најмногу извезува машини и транспортни уреди. Додека Иран се соочува со бран масовни протести, ваквата мала трговска размена, не би требало да има големи последици врз домашната економија, сметаат економските ...

Повеќе од две децении, Русија се инволвираше во воениот и енергетскиот сектор на Венецуела, како и во политичката елита, додворувајќи се на Уго Чавез и неговиот наследник Николас Мадуро, кои беа жестоки критичари на САД, и воспоставувајќи цврсто упориште на западната хемисфера. За време на 26-те години на власт на претседателот Владимир Путин, Русија негуваше лични односи, институционални врски и комерцијални интереси. Аналитичарите велат ...

Резиме „Лукоил Македонија“ е исклучена од јавните набавки во Северна Македонија до јуни 2026 година. Негативната референца ја доби од Министерството за одбрана за неиспорачена банкарска гаранција на веќе склучен договор Компанијата во својата жалба наведува дека не успеала да ја обезбеди поради безбедносни и регулаторни причини поврзани со санкциите на ОФАК, иако било дозволено со генералните лиценци. Министерството за одбрана ѝ издаде ...

Која е вистинската цел зад укинувањето на законот за таканаречената „техничка влада“? Дали се подготвува терен за распишување предвремени парламентарни избори? На власта и се брза, а опозицијата би „причекала“ и заради финансиската состојба во државата, сметаат дел од политичките коментатори. Предлог измени на Законот за владата, со кои ќе се укине техничката влада како и измени на Изборен законик, се дел од темите за кои ќе се разговара на ...

Европската Унија (ЕУ) објави дека овој месец ќе почне да ги укинува санкциите воведени врз Косово во летото 2023 година, кога Приштина ги спроведе спорните избори на северот од земјата, населен со Срби, и покрај предупредувањата од Брисел. Овој потег би можел да ги оживее надежите на балканската земја за членство во ЕУ, дозволувајќи ѝ на Европската комисија конечно да ја разгледа нејзината апликација за членство оваа година, поднесена на ...

Воената акција на САД против Иран се чини дека се врати на политичката агенда во Вашингтон, во услови на сè посмртоносно владино задушување на демонстрантите во градовите и местата низ целата земја. Според непотврдени извештаи, над 500 луѓе се убиени, а некои групи за човекови права велат дека бројот може да биде неколку пати поголем во обидот за задушувањето на востанието, еден од најголемите предизвици за Исламската револуција во 1979 ...

Со оглед на тоа што страните се поделени по клучните прашања, додека целосната инвазија на Русија во Украина се приближува кон четиригодишната граница, аналитичарите велат дека најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна веројатно нема да заврши во 2026 година. Тие, исто така, предупредуваат дека прекинот на непријателствата не мора нужно да доведе до одржлив мир. „Секако дека сакам сето ова да заврши порано, но... ми се чини ...

Резиме Во последните пет години, за три и пол пати е зголемен бројот на странци кои се вработиле и добиле дозволи за престој во Северна Македонија. Најмногу ги има во градежништвото, преработувачката индустрија, хотелите, рестораните… Најчесто се ангажираат преку агенции – посредници, од каде посочуваат дека има голема побарувачка од домашните бизниси. Во 2025 од земјава избегале и 166 странски работници – тренд кој посредниците и дел од ...

Народен правобранител е „обезглавена“ институција веќе шест месеци. Проблемот лежи во недостаток на бадентерово мнозинство во Парламентот, вели собранискиот спикер Африм Гаши. Тој ги повикува политичките партии да се договорат и ја одблокираат работата на оваа институција. Околу 80 луѓе кои според Уставот се задолжени да им понудат заштита на граѓаните чии права биле прекршени од државниот апарат, останаа без плата, со преполовен кадар, во ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека иранското раководство бара разговори со Вашингтон по неговите закани за воена акција поради насилното задушување на масовните протести во Иран. „Лидерите на Иран се јавија“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ на 11 јануари. Тој додаде дека „средбата се договара... Тие сакаат да преговараат“. Сепак, „можеби ќе мора да дејствуваме пред состанокот“, ...

Резиме Целосна забрана за пушење во јавни и работни простории, забрана за рекламирање, како и регулирање на продажбата – ова се само дел од измените кои ги предвидува новиот Закон за заштита од пушење. Глобите за непочитување на Законот чија нацрт верзија веќе е објавена на ЕНЕР, достигнуваат и до пет илјади евра. Бројот на активни пушачи во Северна Македонија изнесува 40,4 отсто. Околу четири илјади животи годишно згаснуваат во Северна ...

Иранските демонстранти не покажуваат знаци на попуштање додека земјата влезе во 15-тиот ден по ред антивладини демонстрации и покрај растечката репресија од страна на безбедносните сили и додека Западот, предводен од американскиот претседател Доналд Трамп, го интензивираше притисокот врз тврдокорните владетели во Техеран. Антивладини скандирања можеа да се слушнат на улиците на Техеран рано на 11 јануари, додека групите за човекови права и ...

Вкупно 75 проценти од децата во во предучилишно образование не се подготвени за старт во основно образование. Потребен ни е поинаков воспитно-образовен систем и промени во пристапот на работа со учениците, вели проф.д-р Кирил Барбареев од Универзитетот„Гоце Делчев“ во Штип во интервјуто за РСЕ. Господин Барбареев, Министерството за образование и наука најави целосни промени во образованието, од градинка до универзитет. Подготвена е нова ...

Организирани криминални групи од Балканот имаат врски и во Венецуела. На тоа укажуваат случаите на заплена на кокаин, апсења и судски постапки што се завршени или сè уште се во тек. Овие групи се означени во меѓународни организации, како што се ЕУРОПОЛ и ИНТЕРПОЛ, меѓу клучните актери во криумчарењето кокаин од земјите на Латинска Америка кон Европа. Венецуела, како транзитна држава за шверц на кокаин, доспеа во фокусот на светската јавност ...

Протестите во Иран продолжија и 13-та ноќ, на 9 јануари, и покрај бруталното задушување и заканите на властите дека ќе ги казнат „бунтовниците“ кои бараат крај на Исламската Република. Видеата од социјалните мрежи испратени до Радио Фарда (иранскиот сервис на РСЕ) во вечерните часови на 9 јануари покажуваат толпи кои се собираат на различни локации во главниот град Техеран, како и во поголемите градови Шираз и Машхад. Претходно во текот на ...

Резиме Инфлацијата официјално порасна за 4,1% на годишно ниво, а премиерот Мицкоски најавува построги санкции и можни затворања на маркети кои ќе продолжат со нефер трговски практики. ССМ предупредува дека работниците ја плаќаат цената, со најниски плати, поскапа струја и раст на цените, додека контролите не даваат резултати. Инфлацијата во Северна Македонија и натаму останува висока речиси двојно над просекот во Европа и покрај уверувањата ...

Жителите на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа в недела ќе гласаат за градоначалник, откако лани пропаднаат изборите, поради мала излезност на гласачи. Во новата трка, Влен смени играчи, додека НАИ продолжи со истите. Во Центар Жупа има само еден кандидат. Вкупно 128 илјади луѓе ќе можат да излезат на повторени избори на 11 јануари и да гласаат за градоначалници во Гостивар,Врапчиште, Маврово и Ростуше и во Центар Жупа. ...

Протестите против иранскиот верски естаблишмент се шират, опфаќајќи нови градови и места, социјални групи и симболи, во она што активистите го опишуваат како нова фаза на конфликт со властите. Она што започна како спорадични демонстрации поради галопирачката инфлација и падот на националната валута на 28 декември, сега се видливи на улиците и затворените пазари низ целата земја со околу 92 милиони луѓе, во сцени што потсетуваат на Исламската ...

Резиме Осумнаесет жени и две малолетни девојчиња биле убиени во Северна Македонија од 2023 година до ноември 2025. Според податоците кои МВР седум се жртви на семејно насилство. Невладините бараат подобра проценка на ризикот за да се намали или елиминира најексплицитната форма на семејно односно родово-базирано насилство, а тоа е фемицидот. Северна Македонија се наоѓа на третото место во Европа по бројот на фемициди, според Евростат. „Или ќе ...

Северна Македонија располага со стотици милиони евра од ЕУ фондови за инфраструктура, животна средина и реформи, но искористеноста е „релативно слаба“. ЕУ буџетот за 2026 предвидува финансирањето да се базира на конкретни резултати. Проблем се и злоупотребите како последниот со ИПАРД фондовите, поради што средствата се стопирани. Централната пречистителна станица за отпадни води во Скопје е проект поддржан од Европската унија со грант од 70 ...

Она што првично започна како протести поради економски проблеми, се претвори во најголема закана за иранските верски владетели во последните неколку години. Истакнати активисти во земјата кои разговараа со Радио Фарда на РСЕ рекоа дека националните демонстрации сугерираат дека многу Иранци сакаат клерикалниот естаблишмент да исчезне. Но, тие додадоа дека промената мора да дојде одвнатре, а не како резултат на странска интервенција. ...

Запленувањето на руски танкер за нафта под руско знаме од страна на САД во северниот Атлантик драстично ги зголеми влоговите во поморската блокада на Венецуела што ја спроведува Вашингтон, уривајќи ја очигледната стратегија на Кремљ за пререгистрација на бродовите од т.н. „флота во сенка“ под руско знаме, со цел да им се обезбеди заштита и, истовремено, поттикнувајќи пошироки тензии со Москва. Според податоци на компанијата за поморска ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, објави на својот профил на социјалните мрежи Truth Social дека Соединетите Американски Држави извршиле „голем воен напад врз Венецуела“ и „го заробиле нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, и неговата сопруга“. „Соединетите Американски Држави успешно извршија голем напад врз Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој беше заробен и изнесен од земјата ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
4.63
81%
1007
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
10.8
65%
1004
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
91%
999
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
7.72
74%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.78
93%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
97%
999
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.09
80%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
7.2
71%
1001
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
87%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.63
88%
1013
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.6
97%
1005
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
58%
1014
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

48.78

Алуминиум

3.09

Паладиум

55781.55

Иридиум

221848.72

Злато

157561.16

Рутениум

45750.51

Сребро

2733.78

Платина

83354.78

Бакар

12.12

Кобалт

64.04

Цинк

3.29

Родиум

339994.14