Женската одбојкарска репрезентација на Македонија денеска го запиша и вториот пораз во вториот натпревар од Европската лига 2026. Нашата селекција загуби со 3:0 во сетови (25:16, 25:16, 25:11) од домаќинот на првиот турнир, Португалија, во Порто. За македонската репрезентација најефикасни беа Ковачевиќ и Терзиќ со по пет поени, а по четири имаа Миладикова и Милевска. Претходно на стартот избраничките на селекторот Милош Гавриловиќ загубија ...

Македонската репрезентативка и членка на танцовиот клуб „Брејк а лег“ од Скопје, Мила Србиноска, деновиве постигна огромен успех. На Европското првенство во хип-хоп, попинг, брејкинг и ол стајл батлс, кое се одржа од 1 до 7 јуни во Клагенфурт, Австрија, Србиноска го освои својот втор сребрен медал. По претходно освоеното сребро во дисциплината ол стајл батлс, таа се закити со уште еден сребрен медал во категоријата хип-хоп соло, јуниори 2, ...

Скопје изминатите денови беше европски центар на минибаскетот, а завршницата на 11. Европска минибаскет конвенција беше одбележана со голем детски кошаркарски фестивал на спортските терени на Кејот на реката Вардар. Во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, со поддршка на ФИБА Европа и Фондацијата ФИБА, на Конвенцијата учествуваа претставници од речиси 40 европски земји, што претставува уште една потврда за значењето на овој ...

Светското фудбалско првенство започнува за неколку дена, а ФИФА воведе неколку значајни промени во споредба со Светското првенство во 2022 година. Од особена важност е враќањето на правилото кое последен пат се применуваше на Светското првенство во 2006 година во Германија и се однесува на групната фаза од натпреварувањето. На последните четири првенства, гол-разликата имаше предност, но сега ќе биде второстепен критериум. Што значи ова? На ...

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, денеска славеше на трката за Големата награда на Монако во Формула 1 шампионат, запишувајќи го својот петти последователен триумф во тековната сезона. Италијанскиот возач на тој начин славеше во пет од првите шест трки од оваа сезона, а седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Ферари беше зад него во Монако. Последното место на подиумот го зазеде возачот на Ред Бул, Исак Хаџар, кој е под ...

Светското фудбалско првенство започнува на 11 јуни кога содомаќинот Мексико ќе игра против Јужна Африка во првиот натпревар на турнирот. Од денеска па се до почетокот на првенството ќе ви ги претставиме сите 48 учесника кои се распоредени во 12 групи. Мундијал 2026 | Група А: Четири различни континенти и стилови на игра на едно место СОЕДИНЕТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ДРЖАВИ Најдобри пласмани: Трети (1930) Учества: 12 Рангирање на ФИФА: 16 САД се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го прекина интервјуто со водителката на емисијата „Meet the Press“ на Ен-би-си, Кристен Велкер, по жестока расправија во која таа го замоли за докази за тврдењата за наместени избори во 2020 година и наводни неправилности при броењето на гласовите во Калифорнија, пренесуваат американските медиуми. Интервјуто, кое беше најавено со големо внимание, беше снимено во петокот за време на посетата на Трамп на ...

Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила беа пречекани со овации од насобраните граѓани додека пристигнуваа на свадбата на внукот на британскиот монарх, Питер Филипс, синот на принцезата Ана, пишува Би-би-си. Питер Филипс (48) во саботата се ожени со медицинската сестра Хариет Сперлинг на приватна церемонија во црквата „Сите Светии“ во селото Кембл во Глостершир. Двојката го избрала токму ова место затоа што Сперлинг живеела во селото кога се ...

Иако политиката за државјанство е во надлежност на Србија, зголемениот број руски државјани кои, со стекнување на српско државјанство, добиваат можност за безвизен влез во Европската унија, претставува потенцијален безбедносен предизвик за Унијата, според Европската комисија, пишува РСЕ. Во најновиот документ на Европската комисија, објавува РСЕ, во кој се оценува напредокот на Србија во поглавјата 23 и 24, кои се однесуваат на владеењето на ...

Возачот на Дукати, Марк Маркез од Шпанија, победи на денешната трка за Големата награда на Унгарија на патеката Балатон Парк во шампионатот Мото ГП. Маркез победи со време од 42:55,32. Шпанецот денеска ја забележа својата 100 победа во сите категории, а својот 74 триумф во „кралската класа“. Со овој резултат, тој сега има 72 бода повеќе од Бецеки во генералниот пласман. Второто место на трката го освои возачот на Ред Бул КТМ, Педро Акоста од ...

„Избегнувајте екрани пред спиење“ е еден од најчестите совети за подобар сон. Но, што ако вистинскиот проблем не е времето поминато пред екран, туку начинот на кој ги користиме социјалните мрежи навечер? Недостатокот на сон е еден од најраспространетите, но и најпотценетите јавно-здравствени проблеми, особено кај адолесцентите и младите возрасни лица, пишува „Индепендент“. Иако на тинејџерите им се потребни меѓу осум и десет часа сон, ...

Драмскиот писател Дејан Дуковски, автор во фокус на 60. јубилејно издание на фестивалот, ќе биде во фокус на програмата на 7 јуни. Програмата во негова чест ќе почне во 18 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, со краток настап на студенти на ФДУ, кои работеа со режисерката Шенај Мандак. Ќе следува отворање на изложба на постери од претстави поставени според драмските текстови на Дуковски по цел свет. Авторка на изложбата е ...

Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, откри дека нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Џо Бајден, е сериозно болен, пишуваат американските медиуми. Таа изјави дека тој ќе живее со рак на простата во четврта фаза до крајот на животот, нагласувајќи дека болеста метастазирала на коските, но дека и покрај терапиите, тој сè уште останува активен и учествува во јавниот живот. Според неа, откако ја напушти Белата куќа на почетокот на 2025 ...

Реал Мадрид го сака Мајкл Олисе, а претседателот на шпанскиот фудбалски клуб, Флорентино Перез е подготвен да испрати понуда од 150 милиони евра. Баерн ќе каже „не“ на овој обид, но Шпанците тврдат дека германскиот гигант би се согласил да го продаде доколку Кралевите испратат рекордна бројка од 225 милиони евра. Перез, објави дека ќе испрати официјална понуда за фудбалската ѕвезда вредна 150 милиони евра во вторник, 9 јуни. Иако Перез рече ...

Пејачката и хуманитарка Кристина Арнаудова откри дека годинава преку здружението „Проект среќа“ се обезбедени средства за летување на 26 деца од социјално ранливи семејства, кои благодарение на донации ќе заминат на одмор во Македонија, Грција и Црна Гора. Арнаудова, која повеќе од една деценија активно работи на проекти за поддршка на деца и семејства во ризик, по овој повод се огласи на социјалните мрежи, посочувајќи дека и покрај ...

Утрово слета првиот авион од Вроцлав со што започнува новата авиолинија Охрид-Вроцлав (Полска), додека веќе во вторник ќе имаме уште една нова линија од Катовице исто од Полска, што значи повеќе полски туристи, значи нови можности за бизнис и за развој на локалната економија околу Охридското крајбрежје, истакна денеска од Охрид, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Тој додаде дека домашните аеродроми ...

Министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека не разговарал за изборите со Александар Вучиќ и потсети дека неговиот став е изборите да се одржат во редовно време, пренесуваат српските медиуми. На прашањето дали е полесно да се биде министер за полиција или да седи на електрична столица, Дачиќ одговори дека понекогаш му се чини дека бил најдобар кога бил во кома, бидејќи тогаш не ...

Шеесет и тригодишен турски државјанин бил пронајден починат во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. „На 6 јуни околу 16:52 часот, во хотелска соба бил пронајден починатиот С.Е. (63) од Турција, кој престојувал во државата. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство. На местото бил извршен увид, а по насоки на јавен ...

Сан Антонио беа поразени од Њујорк со 105:104 во вториот натпревар од НБА финалето и сега имаат негатива од 2:0 во серијата што се игра до четири победи. Трагичар на натпреварот беше Виктор Вембањама. Спарс во средината на последната четвртина имаа негатива од 14 поени, но со серија од 14:0 успеаја да се вратат во игра. Францускиот центар на помалку од една минута до крајот постигна кош со дополнително слободно фрлање и накратко му донесе ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 7 јуни, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Овни, неделата ви носи можност да забавите и да размислите за сè што сте постигнале во изминатите денови. Некој разговор ќе ви помогне да ги подредите мислите и да сфатите што е навистина важно. Не се изненадувајте ако добиете поддршка од личност од која најмалку ја очекувате. Вечерта носи чувство на мир и задоволство. Бик Ќе уживате во ...

Четворица загинаа, а еден е повреден во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 12:25 часот на северната обиколница Вировитица во Хрватска, објавија хрватските медиуми. Според досегашните информации, ужасната сообраќајка се случила при судир меѓу две возила. На местото на несреќата бил повикан хеликоптер, но повредениот што го превезувал не преживеал поради сериозноста на повредите. Во несреќата има и повреден кој е пренесен во ...

Се одржа 10 јубилејно издание на „Охрид трчаТ“ кој повторно деновите е во центар на спортот и рекреацијата. Оваа спортска манифестација низ годините прерасна во препознатлив бренд и една од најмасовните во Македонија. Годинава имаше над 2.700 натпреварувачи од 30 држави, што уште еднаш ја потврдува меѓународната препознатливост на настанот и неговото значење за туристичкиот, спортскиот и економскиот развој на градот Охрид. Победник во машка ...

Светското фудбалско во САД, Мексико и Канада би можело да донесе нешто невидено во светот на фудбалот. Поради екстремната топлина што се очекува во некои американски градови, неколку национални тимови ја разгледуваат можноста резервните играчи да ги следат натпреварите од соблекувалната. Ова е потег што би бил преседан на Мундијалот, наместо резервните играчи бидат покрај теренот, некои би можеле да останат во климатизирани соблекувални за ...

Куба почна да им дели оружје на своите граѓани бидејќи властите се плашат од американска воена инвазија. Тамошната влада го повикува населението итно да се подготви за можен напад од страна на Соединетите Американски Држави, пишува венецуелскиот весник „Верзија Финал“. „Поради распоредувањето на американските воени сили во близина на островот, владата во Хавана почна да им дели оружје на граѓаните, официјално повикувајќи ги да се подготват ...

Ненад Тодоровски, попознат како „Македонац“, успеа својата љубов кон храната да ја претвори во успешна приказна во Белград. Неговиот „Македонац бургер бар“ е препознатлив по необичните комбинации на вкусови, впечатливиот изглед на бургерите и пристапот кој, како што вели, храната ја претвора во вистинско искуство. Иако брендот денес е добро познат меѓу љубителите на бургери, Тодоровски и понатаму е лично вклучен во подготовката на храната и ...

Граѓаните на Косово денеска гласаат на третите парламентарни избори за 18 месеци, додека расте фрустрацијата поради континуираниот политички ќор-сокак во малата балканска земја, која се стреми да се приближи кон Европската Унија и НАТО. Предвремените избори беа закажани откако главните политички партии не успеаја да се договорат кој треба да ја замени сега веќе бившата претседателка Вјоса Османи, објави „Ројтерс“. По речиси една година без ...

Панголините се најшверцуваните диви цицачи во светот. Во исто време, нивната рехабилитација бара огромна грижа и стручна помош. Сепак, дури и оние што ќе завршат во синџирот на нелегална трговија можат да бидат спасени. Ова е приказната за панголинот Стиви, кој беше вратен во природата и денес успешно живее во дивината, пишува Би-би-си. Беше потребен голем напор за да се спаси тримесечното младенче панголин по име Стиви. Тој беше спасен во ...

Вистинска драма се случила вчера во Тетовско, кога возач со автомобил удрил велосипедист, го однел во амбуланта и таму го оставил со тешки повреди а тој заминал. Подоцна за време на увидот дошол друг човек и рекол дека тој е возачот на автомобилот, соопшти полицијата. „На 06.06.2026 околу 15:30 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с. Нераште – с. Радуша, се случила сообраќајна несреќа во која патничко возило „фолксваген ...

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција го повика Инспекторатот за труд да го провери отсуството од работа на актуелниот градоначалник Сотир Лукровски со оглед на тоа што не се појавил на работа една недела откако му заврши, како што го нарече, лажното боледување. „Наводното боледување му е истечено на 30 мај. На него пишува дека вработениот треба да се јави на работа на 30 мај. Оттогаш до ...

Демократската унија за интеграција денеска објави документи од Агенцијата за катастар кои, како што тврди, отвораат сериозни сомнежи за имотно-правните и деловните односи меѓу поранешниот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу, и актуелниот директор на „Номагас“, Недим Рама, кого ДУИ го обвинува дека стекнал значителен имот и финансиски капитал додека бил вработен во Општина Чаир како советник на Изет Меџити. Според тврдењата на ДУИ, Висар Ганиу ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.25
87%
1018
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
3.13
91%
1020
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
0.52
81%
1024
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
3.88
71%
1021
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
9.09
92%
1016
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
0.48
95%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
61%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.31
85%
1015
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
4.1
84%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
4.92
94%
1011
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
4.02
79%
1020
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.29
93%
1012
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Сребро

2072.63

Калај

51.97

Иридиум

253540.09

Бакар

12.52

Кобалт

45.39

Паладиум

39545.42

Алуминиум

3.48

Родиум

257205.97

Злато

131337.93

Платина

53756.05

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59