Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Црвена Звезда продолжи со победничкиот ритам во српската Суперлига, а Алберто Риера може да биде особено задоволен од оние кои добија шанса од почеток. Белграѓани со убедливи 4-0 го совладаа Чукарички и се искачија на лидерската позиција. Македонскиот интернационалец Матеј Гаштаров одигра цел натпревар за Црвена Звезда и со сигурна партија придонесе во убедливата победа. Младиот дефанзивец ги мина сите 90 минути на теренот, што е уште еден ...
Во ерата на брз туризам и загадени градски центри, швајцарските Алпи чуваат бисер што му пркоси на современото темпо на живот. Селото Венген, сместено во регионот Јунгфрау на околу 1.274 метри надморска височина, меѓу туристичките работници и локалното население е наречено „Заспаната убавица“ на Швајцарија. Она што го прави Венген посебен е статусот на зона без автомобили. Во оваа населба, каде што живеат околу 1.300 жители, влезот со ...
Аријан Адеми би можел повторно да заигра во хрватската лига, откако неговата авантура во Ујпешт се наоѓа пред самиот крај. Искусниот играч за врска повеќе не е во плановите на унгарскиот клуб, кој му дал дозвола да си бара нова средина и без обесштетување да го напушти тимот. За поранешниот македонски репрезентативец веќе се појави интерес од Хрватска. Како можни дестинации се споменуваат Горица и Рудеш, кои сакаат да го засилат својот ...
Два израелски воздушни напади врз Појасот Газа денска убија најмалку двајца луѓе, меѓу кои и четиригодишно момче, и раниле уште седум луѓе, соопштија палестинските здравствени власти, додека Израел предупреди дека ќе ги интензивира нападите по, како што тврди, лансирањето балони, дронови и змејови од Газа кон Израел, пренесува Ројтерс. Еден од нападите погодил зграда во градот Завајда, во централниот дел на енклавата, по предупредувањето на ...
Одри Хепберн и денес важи за една од најголемите икони на филмот и модата, но самата таа никогаш не била свесна за тоа колку е посебна, вели нејзиниот син Шон Хепберн Ферер во ново интервју за „Пипл“. Ѕвездата на филмовите „Празник во Рим“ (Roman Holiday) и „Појадок кај Тифани“ (Breakfast at Tiffany’s) воопшто не планирала да стане актерка. Нејзиниот сон бил да биде балерина, но годините поминати во Холандија за време на Втората светска ...
Силно невреме со обилни врнежи и силни налети на ветер ја погоди Полска, предизвикувајќи бројни проблеми низ земјата. Од полноќ полските пожарникари имале повеќе од 4.000 интервенции, соопшти Државната противпожарна служба, пренесуваат полските медиуми. Најголем дел од интервенциите биле за отстранување паднати дрвја, обезбедување оштетени покриви и испумпување вода од поплавени улици, објекти и подруми. Поради најавеното влошување на ...
Франција и Србија одиграа вистински кошаркарски спектакл, во кој победникот беше решен буквално во последната секунда. Французите славеа со 91-90, благодарение на Џејленд Хорд кој беше побрз од сирената. Французите имаа целосна контрола во првото полувреме и на паузата заминаа со убедливи 54-35. Сепак, Србија во продолжението заигра многу подобро и со одлична трета четвртина од 27-14 целосно се врати во игра. ET JAYLEN HOARD AU BUZZER 🥳🥳 ...
Хулијан Алварез беше дочекан со свирежи од навивачите на Атлетико Мадрид пред натпреварот против Вилјареал, по шпекулациите дека аргентинскиот напаѓач би можел да го напушти клубот и да се пресели во Барселона. При излегувањето на фудбалерите на теренот, дел од домашните навивачи јасно го изразија своето незадоволство кон Алварез. Атмосферата околу Аргентинецот дополнително се вжешти по информациите за неговата наводна желба да заигра за ...
Клавир и микрофон што ги користел легендарниот фронтмен на „Квин“, Фреди Меркјури, како и рани верзии на негови песни, ќе бидат понудени на аукција во октомври, а некои од предметите би можеле да достигнат цена од неколку стотици илјади евра. Предметите се дел од колекцијата на германскиот музички продуцент Рајнхолд Мак, долгогодишен соработник на „Квин“, и неговиот син Фреди Џуниор, кумашин на Меркјури. Меѓу највредните предмети е ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека спроведувањето на меморандумот за разбирање постигнат со САД е најдобриот начин за излез од војната, пренесува АП. „Меморандумот за разбирање е најдобар начин да се надмине ситуацијата ‘ниту војна, ниту мир’. Во него нема ниту една одредба што претставува капитулација“, вели Пезешкијан во пишаната изјава. Сепак, нагласува иранскиот претседател, врховниот лидер ја одредува политиката ...
Силвано Франциско ова лето беше во центарот на вниманието на европскиот кошаркарски пазар, но неговата кариера можеше да продолжи во сосема друга насока. Францускиот репрезентативец откри дека сериозно размислувал за преселба во НБА, но еден голем потег на Леброн Џејмс индиректно го променил неговиот план. Франциско имал конкретна опција со Чикаго Булс, а интерес за неговите услуги покажале уште неколку НБА екипи. Сепак, ситуацијата на ...
Охрид продолжува да доминира на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски-Усташ“. Домаќинот ја одбрани титулата од минатата година, откако во финалниот натпревар славеше над Вардар 1961 со 29-27. Охриѓани одиграа одличен турнир, а успехот го потврдија и со бројните индивидуални признанија. Доминик Мате беше прогласен за МВП на финалето, но и за најкорисен играч на целиот турнир. Голманот Дино Славиќ исто така доби признание, откако беше избран ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија, пропорционално на својата големина, е „европска велесила“ кога станува збор за опременоста со летала за гаснење пожари. Тој го посети Делиблатското Песочиште во Војводина, каде со денови беснеат големи пожари, пренесе „Н1“. „Што се однесува до средствата и опремата, ние сме европски гигант. Хеликоптерите што ги добивме од Европа за гаснење пожари се послаби од нашите и имаат ...
Сè поголем број вработени се соочуваат со т.н. „тивко пукање“ на работното место – постепено губење на мотивацијата и поврзаноста со работата како последица на долготраен стрес и исцрпеност. Според истражувањата, едно едноставно правило при планирањето на годишниот одмор би можело да помогне во спречувањето на прегорувањето. Станува збор за т.н. „правило 43“, според кое паузите и годишниот одмор би требало да се планираат така што меѓу нив ...
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија, Андреј Келин, и воедно ја обвини британската влада за влошувањето на билатералните односи, за кои тврди дека паднале на историски најниско ниво, пренесува Гардијан. Келин ја завршил својата дипломатска мисија на 21 јули, а Кремљ сè уште нема предложено негов наследник. На онлајн-листата на Русија на високи дипломатски претставници во Велика Британија сега е наведен само Василиј А. Циганов, ...
Манчестер Сити со голем пресврт ја започна новата сезона во Премиерлигата, откако на домашен терен го совлада Борнмут со 2-1. Гостите први стигнаа до предност преку Маркус Таверние во 26. минута. Сити долго време не успеваше да го пронајде патот до мрежата, а најголемата шанса за израмнување ја пропушти Ерлинг Халанд. Сепак, „граѓаните“ не се откажаа и во самиот финиш направија целосен пресврт. Во 84. минута Марк Геи погоди за 1-1, а само ...
Њукасл и Ливерпул одиграа драматичен натпревар на „Сент Џејмс Парк“, кој заврши 2-2. Домаќините имаа победа во рацете, но „црвените“ се спасија во 99. минута. Еланга уште во петтата минута донесе водство за Њукасл, а Ливерпул израмни преку Коди Гакпо во 55. минута. Само две минути подоцна Џо Вилок повторно ги доведе „страчките“ во предност. Ливерпул до крајот притискаше, а во последните секунди доби пенал. Доминик Собослаи беше сигурен од ...
Пропаднаа трговските преговори меѓу САД и Канада, што отвора прашања за границите на агресивната трговска стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Вашингтон пост“. Според анализата на американскиот медиум, администрацијата на Трамп се обиде со силен притисок да ја натера Канада да направи отстапки, но наместо тоа, канадскиот премиер Марк Карни се повлече од преговорите. Како причина го наведе постојаното проширување на ...
Меган Маркл сепак нема да се појави во третата сезона на серијата „Господата“ (The Gentlemen) на Гај Ричи, откако нејзиниот планиран ангажман бил повлечен по силните негативни реакции во Велика Британија, пишува „Гардијан“. Информацијата ја објави Тина Браун, поранешна главна уредничка на „Венити фер“ и „Њујоркер“, само еден ден откако беше објавено дека војвотката од Сасекс преговара за улога во популарната серија на Нетфликс. „Утрово ...
Ландо Норис стигна до нова победа во Формула 1, откако беше најбрз на Големата награда на Холандија на патеката „Зандворт“. Трката започна со голем шок за домашните навивачи. Макс Ферстапен рано ја загуби контролата над болидот и заврши во заштитната ограда, поради што на патеката беа истакнати црвени знамиња и трката беше прекината. По рестартот, Норис покажа одлично темпо и успеа да се искачи на првата позиција. Возачот на Мекларен без ...
Седумнаесетгодишна девојка е убиена во случајот што пред два денови ја потресе Шведска, кога тинејџер вооружен со меч, нападна ученици во средно училиште, пренесува „Гардијан“. Во инцидентотот, кој се случи за време на настава во централниот шведски град Фагерста пред два дена, најпрво беше објавено дека се повредени неколку луѓе, меѓу кои и две момчиња на возраст од 12 и 17 години, кои се здобиле со полесни повреди. Трет тинејџер, исто ...
Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочараност по уништувањето на новопоставената зимска маркација на патеката за планинарење од Попова Шапка кон Титов Врв (2.748 м.) на Шар Планина, дел од проектот „Славков“. Тој вели дека земјите од Вишеградската група – Австрија, Словачка и Чешка – во иднина ќе се запрашаат дали има смисла да продолжат со поддршка на вакви иницијативи. Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови за ...
Мислевте дека сè ќе остане исто до крајот на летото? Всушност, вистинските изненадувања допрва доаѓаат. 1 септември е судбоносен ден за трите знаци на Зодијакот – Бик, Вага и Стрелец, ѕвездите подготвуваат сигурни пари, а успехот станува апсолутно неизбежен. Ве очекуваат можности за голема заработка. Овој судбоносен датум во септември носи конечен расплет на вашите долгогодишни финансиски проблеми. Подгответе се да го наплатите секој вложен ...
Овогодинешниот УС Опен ќе постави нов рекорд во светот на тенисот, откако организаторите го зголемија наградниот фонд на неверојатни 108 милиони долари. Сумата е за 20 проценти поголема од минатогодишната, со што Отвореното првенство на САД стана турнирот со најголем награден фонд во историјата на тенисот. Шампионите во поединечна конкуренција ќе инкасираат по 5,5 милиони долари, додека финалистите ќе добијат по 2,8 милиони. Пласманот во ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одржувањето избори во услови на војна би претставувало огромен ризик за Украина, пренесува Гардијан. Зеленски тоа го изјави како коментар на повикот на неговиот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, Украина да се подготви за одржување избори. „Сметам дека во услови на ваква војна, изборите како такви претставуваат огромен ризик“, рече Зеленски. Според него, изборите би биле ...
Американски суд ја поништи забраната за издавање иселенички визи за државјаните на 75 светски земји. Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од Федералниот окружен суд во Менхетн во Њујорк, пренесе Си-ен-ен. Судијката оценила дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Варгас, според ...
Манчестер Сити официјално го потврди трансферот на 18-годишниот Ајуб Буади од Лил, во зделка која со бонуси може да достигне 100 милиони евра. Младиот Мароканец, кој блесна и на Светското првенство, потпиша договор со „граѓаните“ и се очекува да биде дел од новиот проект во средниот ред. Со ова Сити продолжува агресивно да го засилува тимот и да инвестира во најголемите млади таленти во Европа. Шок во Мадрид: Ѓулер прифатил понуда од ПСЖ ...
Поранешниот француски шампион Бордо доживеа нов тежок удар и беше исфрлен во шестиот ранг на францускиот фудбал поради финансиските проблеми кои со години го потресуваат клубот. И покрај понудениот спас со финансиски пакет од 10,6 милиони евра, надлежните институции не проценија дека „жирондинците“ можат да ја стабилизираат ситуацијата. Сега постои опасност клубот да биде целосно ликвидиран. Драматичните сцени продолжија и на пријателскиот ...
Се чини дека милијардерката и поранешна сопруга на Џеф Безос, Мекензи Скот, ѝ се врати на својата прва љубов – пишувањето книги. Неделава таа почна да објавува делови од книгата со наслов „Последни денови во две нации (историја во осумнаесет умови)“, која би можела да носи и одредена политичка порака. Првиот роман што ќе го објави по разводот од Безос во 2019 година создава дистописки кошмар со двајца владетели. Според „Њујорк пост“, едната ...
Поп-кралицата Мадона го продолжи своето патување низ Грција, а по прославата на 68. роденден на Крф, овојпат сподели фотографии од нејзината посета на островот Патмос, каде престојувала со синот Роко Ричи. На фотографиите што ги објави на Инстаграм, пејачката е облечена во светол фустан, со цветна марама на главата и чипкани ракавици. Дел од кадрите се направени во црковен амбиент, каде Мадона е фотографирана покрај икони, со црковна книга ...