Ирска и Норвешка најавија дека денеска ќе ја признаат палестинската држава, изјави неименуван извор за Ројтерс. Владата во Даблин синоќа најави прес-конференција на премиерот и на министерот за надворешни работи за текот на денешниот ден, без да наведе што ќе биде тема. И владата во Осло соопшти дека скандинавската земја ќе признае независна палестинска држава, објави јавниот сервис НРК и дневниот весник Афтенпостен. Членките на ЕУ – Словенија, ...

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров го освоија овогодинешното издание на Купот во женска конкуренција, откако ова попладне во финалето покажаа доминантна игра против ЖРК Чаир. Избраничките на Симе Симовски покажаа дека се за неколку класи подобри од ривалките и имаа проблеми само во раната фаза од мечот, а потоа целосно го контролирара мечот и лесно стигнаа до посакуваниит трофеј. Ѓорчепетровки победија со 36:24 и тоа најдобро опишува каква беше ...

Серија земјотреси, од кои најсилниот беше 4,4 степени според Рихтеровата скала, синоќа го погодија јужниот дел на Италија. Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на најсилниот земјотрес што се случил во 20 часот и 10 минути бил на 11 километри од Неапол, на длабочина од три километри. Националниот институт за геофизика и вулканологија соопшти дека првиот силен земјотрес бил со јачина од 3,5 степени и бил ...

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд изјави за Си-Ен-Ен дека бара налози за апсење на водачот на Хамас, Јахја Синвар и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото за нападот на Израел на 7 октомври и последователната војна во Газа. Во интервју за Си-Ен-Ен, главниот обвинител на судот, Карим Кан, рече дека судот бара и налози за израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, ...

Ракометарите на Алкалоид вчера направија големо изненадување освојувајќи го пехарот во Купот на Македонија. Младиот македонски тим предводен од селекторот Кире Лазаров по подоброто изведување пенали успеа да го совлада супер-фаворитот Еурофарм Пелистер и да се закити со вредното признание. На крајот на натпреварот резултатот беше 22-22, а по изведувањето на пеналите 25-23 и со што Алкалоид го освои првиот трофеј во натпреварувањето. – Им ...

Поради губење на просториите и седиштето на Демократската партија на Македонците (ДПМ) во Панчево, Србија, отпуштањата, опструкциите, неможноста за политичко организирање, Македонците од ДПМ денеска протестираа пред своите простории и го повикаа раководството на Република Македонија да реагира и да ги заштити, јави дописникот на МИА од Белград. Во соопштението до медиумите на ДПМ се наведува дека во пресрет на локалните избори во Србија на 2 ...

Спуштена е завесата на сезоната 2023/2024 во Првата македонска фудбалска лига. Струга ја одбрани титулата, а второто место го освои Шкендија. Струга во претходното коло, со победата над Шкендија ја одбрани титулата, па за овој тим дуелот со Шкупи на домашен терен немаше никаква важност. Шкупи победи во Струга со 2:1. Головите за Шкупи ги постигнаа Рамани во деветата и Аворњо во 51 минута. Голот за шампионот го постигна Шабани во 30. минута,кога ...

Во хеликоптерот бил и шефот на иранската дипломатија. Нивната смрт ја потврди иранската државна телевизија. Иранскиот претседател Ебрахим Раиси загина во хеликоптерска несреќа заедно со министерот за надворешни работи на Азербејџан Хосеин Амиромабдалохјан, јави иранската државна телевизија. Нивната смрт е потврдена по хеликоптерската несреќа во источен Азербејџан, јави Прес ТВ, не наведувајќи извор. Хеликоптерот со претседателот Раиси и ...

Косовскиот премиер и лидер на Движењето Самоопределување, Аљбин Курти вчера ги примил лидерите на коалицијата Вреди. На средбата им честитал за изборниот резултат во Македонија, нагласувајќи дека за првпат албанска опозиција освоила над 100 илјади гласови. Средбата, според кабинетот на Курти, минала во духот на срдечната соработка, имајќи предвид дека „Албанците на Балканот се фактор за поддршка на демократизацијата, европските интеграции, ...

Иранската Црвена полумесечина испрати беспилотни летала за да помогне во лоцирањето на хеликоптерот, рече Бабак Махмуди. Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси (63) грубо слетал, објави во неделата државната телевизија, додавајќи дека на местото на инцидентот биле испратени дури 16 спасувачки екипи. Махмуди додаде дека несреќата се случила во областа Калибар и Варзган. -Доновите на Црвената полумесечина и спасувачките тимови се ...

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром поведе со 1:0 во финалето на плејофот, откако вечерва на домашен терен го совлада Пелистер со 82:77 (28:23, 22:17, 15:23 и 17:14). Капитенот на аеродромци, Дамјан Стојановски беше најдобар во победничкиот тим со 16 поени, Душан Танасковиќ реализира 13. Најефикасни во тимот од Битола беа Јуре Планиниќ со 19, Андреј Маслинко и Александар Костоски дадоо по 16. Вториот натпревар од серијата на ...

Неколку домови беа откорнати од светот денеска откако реката Monsoon dei Sassi излета од коритата во близина на градот Кампосампиеро во Падова и предизвика поплави поради еднонеделните поројни дождови што ја зафатија северна Италија, јави италијанската новинска агенција АНСА. На помош на лицата кои останале во изолираните домови со помош на амфибиско возило и пумпи им дошле екипи на противпожарната служба. Екстремните временски услови особено ...

МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер вечерва ја започнуваат финалната серија од кошаркарскиот плејоф, а двете екипи се со една цел, да стигнат до шампионскиот трофеј. Аеродромци ја имаат предноста на домашен терен во првиот меч, но и традицијата. МЗТ е актуелен, но и 10-кратен првак на Македонија, додека Пелистер уште нема ниту една титула. Ова е трета сезона по ред овие две екипи да играат во финалето што е знак дека навистина се најдобрите две. ...

Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ. -Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по ...

Алкалоид ќе му се спротивстави на Еурофарм Пелистер во борбата за трофејот во Купот на Македонија. Вечерва, Алкалоид славеше победа над бранителот на пехарот, Вардар 1961 со 25:24 (15:13). Со исклучок на почетните минути кога црвено-црните поведоа со 4:0, натпреварот беше изедначен, а во финишот крајно драматичен. Во последните осум минути Алкалоид влезе со предност 24:22. Во последната минута екипата на Кире Лазаров влезе со 25:24, не го ...

Тринаесет лица се повредени во судирот на возови што се случи вчера кај Панчевачкиот мост во близина на Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, повредените биле примени во Ургентниот центар, а четворица од нив се со тешки повреди. Девет патници биле пуштени дома бидејќи немале посериозни повреди. -Мораше да бидат згрижени 13 лица, меѓу кои машиновозачот, контролорот и двајца патници – сите четворица се пренесени во Ургентниот центар, ...

Грција ќе го направи она што е предвидено доколку Договорот од Преспа е прекршен, изјави денеска министерот за здравство на Грција, Адонис Георгиадис, коментирајќи ги изјавите на македонската претседателка Гордана Силјановска-Давкова и идниот мандатар на македонската влада Христијан Мицкоски.. Според него, „нема сомнеж дека доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ стане премиер и продолжи со ваквите изјави, Мицотакис ќе го поништи Договорот од Преспа“. ...

Полуматуранти од основното училиште во Долна Горица, Црна Гора, како што се наведува го запалиле училиштето за време на матурската прослава. На страницата на „Инстаграм“, „Подгорички времеплов“, е објавено видео од пожарот, каде што е наведено дека тој бил предизвикан од факел. -Полуматурантите со факел го прославија крајот на школувањето, а потоа го запалија училиштето во Долна Горица, се наведува во објавата, пренесува Макфакс. Поради ...

Вандалите и насилниците си царуваат во Скопје? Едноставно, кога ќе им притреба залекување на сопствените фрустрации само си тргнуваат во кршење, палење, уништување на општествен-градски имот. А на таквите лица фрустрациите и другите внатрешни проблеми им се големи, па прават и големи зулуми. И проблемот да биде поголем – разноврсни се во искажувањето на својата девијантност. Последен таков испад е завчерашното искорнување на новозасадените ...

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обидел да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни работи. Мажот бил вооружен со нож, а кога тргнал кон полицајците, тие го застрелале, се вели во извештаите. Градоначалникот на Руан, Николас Мајер-Росињаол, изјави дека нападот на синагогата не ја погодува само еврејската заедница, туку дека целиот град е во шок. Според локалните извештаи, полицијата ...

Ракометарите на Е. Пелистер се први финалисти во Купот на Македонија откако во полуфиналната пресметка триумфираа со 29-33 против Тиквеш на Ф4 турнирот од најмасовното домашно клупско натпреварување кој се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. „Пелистерци“ сосема заслужено дојдоа до победата, и покрај тоа што Тиквеш во првото полувреме максимално парираше на големиот фаворит, доаѓајќи и до предност од 12-11 и 13-12 на пет минути пред крајот ...

Кирил Петков, поранешниот премиер на Бугарија, имал страшна сообраќајка несреќа во која тој не се здобил со потешки повреди. Несреќата се случила во Аксаково, близу до Варна. Според бугарската БТВ, загинал шоферот на Петков, како и две лица во другиот автомобил при сударот Според првични информации кои ги објави партијата „Промените продолжуваат“, до несреќата дошло откако автомобилот во кој загинаа маж и жена на возраст од 60 години, излетал ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа од понеделник треба да настапува во квалификациите за пласман на Ролан Гарос, вториот годинашен гранслем-турнир. Ѓорческа е на листата на учеснички во квалификациите објавена на интернет-страница на организаторите на гранслем-турнирот во Париз, што ќе се игра на земјена подлога. Таа осми пат ќе настапи во квалификации за учество на гранслем-турнир, вторпат за Ролан Гарос (претходно во 2017 година), според ...

Неприфатлива за Грција е логиката за употреба на уставното име во формална комуникација, но не и во јавни настапи, од претседателката Гордана Силјановска Давкова, според портпаролот на грчката Влада, Павлос Маринакис, кој на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, посочи дека договорот мора да се почитува во сите формулации. На прашањето на МИА, за соопштението од Кабинетот на ...

Универзитетскиот професор, Лазар Јовевски, во интервју за бесплатниот весник „Македонско Ехо“ вели дека пред се и над се, оние кои ја водат или ќе ја водат земјата, треба да имаат љубов кон својот народ… Кога ќе кажете Македонија, кои мисли и слики прво Ви се појавуваат? – Одбрана земја и народ, а не свесни за улогата која ја имаме национално, регионално и глобално и благословот кој не го живееме! Како слика која ми доаѓа пред очи е прекрасна ...

Во Хрватска се случила тешка сообраќајна несреќа. Имено, во четвртокот околу 7 часот во местото Брнаже кај Сињ четири лица загинаа при излетување на патничко возило од коловозот, кое потоа удрило во ѕид. Останатите лица кои се наоѓале во возилото, кое било со камп приколка, се пренесени во болница. -Според првите информации загинатите најверојатно се мигранти, информираат од сплитско-далматинската полиција. Сообраќајната несреќа се случила по ...

Има сè поголем број странски актери, вклучително и недржавни актери, кои сакаат да влијаат на изборите во САД, а Русија, Кина и Иран се најзначајни, рече директорката на Националното разузнавање на САД, Аврил Хејнс на сослушување во Сенатот. – Русија особено останува најактивната надворешна закана за нашите избори. Целите на руската Влада во таквите операции на влијание обично вклучуваат поткопување на довербата во американските демократски ...

Во четврттиот натпревар од полуфиналниот плеј-оф во Првата македонска кошаркарска лига, составот на Пелистер триумфираше против Работнички со 88:80 за конечни 3-1 во серијата. Во борбата за шампионската титула Пелистер ќе го предизвика актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром кој претходно со 3:0 беше подобар од ТФТ Моцарт. „Зелено-белите“ на стартот се стекнаа со двоцифрена позитива (25:15), нешто подоцна и (29:18), за тој воведе дел да заврши со ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност откако вчера беше застрелан повеќекратно во обид за атентат, изјави вицепремиерот. Томаш Тараба за Би-Би-Си изјави дека операцијата на Фицо поминала „добро“ и дека на крајот се очекува да преживее. Претходно министерот за одбрана изјави дека Фицо „се бори за живот“ откако беше тешко повреден во нападот во градот Хандлова. Осомничениот е уапсен на местото на престрелката. Министерот ...

Премиерот на Словачка Роберт Фицо, денеска бил застрелан во Хандлова каде се одржувала седницата на владата. Според првичните информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели, јавува Гардијан. Во информациите се наведува дека премиерот бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Тој е префрлен со хеликоптер во болница во Братислава. Напаѓачот е уапсен на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
64%
1021
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1020
weather icon

Загреб

24ᴼ / 20ᴼ
1.54
70%
1020
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
40%
1024
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.41
39%
1021
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
87%
1022
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
10.29
43%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
50%
1017
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.6
27%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
4.63
54%
1022
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
0.89
52%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
7.72
65%
1018
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326