
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



Утре се празнува 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот. Тоа е еден вид на празник на вистинските работници. Неработниците (а вработени) празнуваат секој ден. Што мислите кој повеќе ќе празнува и на споменатиов ден? Туку, се гледа крајот на маките на вистинските работници. Партиите во изборната кампања им вети се и сешто. Дури се натпреваруваат меѓу себе кој повеќе ќе понуди. На пример дека од 600 до 800 евра ќе биде минималецот, дека над 1.000 ...
Четворица полицајци загинаа, а уште толку се повредени во престрелка во градот Шарлот во американската сојузна држава Северна Каролина. Според информациите од полицијата, убиен е и напаѓачот. Началникот на полицијата, Џони Џенингс, на прес-конференција рече дека тројца од убиените полицајци се членови на американската оперативна група за бегалци, која ја сочинуваат полицајци од различни агенции. Полицајците биле убиени додека биле на пат да ...
Европската унија и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и порача дека следниот бран на проширување на ЕУ претставува геополитички императив и „нов состанок со историјата“. Во Брисел, на церемонијата по повод 20-годишнината од големото проширување на ЕУ, која се одржа на првиот ден од состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ, Мишел истакна дека ...
Навивачката група на Работнички, популарните Сити Парк Бојс, по синоќешниот пораз од Пелистер (63-86) на домашен терен во првиот меч од полуфиналната плејоф-серија, прво ги построи кошаркарите во вербална расправија во која беа разменети и пцовки, за денеска своето мислење да го искаже и преку социјалните мрежи. Фановите на најтрофејниот кошаркарски колектив не се толку разочарани од поразот, туку од односот на поединци, меѓу кои, како што ...
Првиот човек на Кина, претседател Си Џинпинг ќе има ја посети Европа од 5 до 10 мај. Пти тоа тој ќе ги посети Франција, Србија и Унгарија. Ова го потврдија од кинеското Министерство за надворешни работи. Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе го угости претседателот на Кина и тоа два дена на 7 и 8 мај, потврди кабинетот на претседателот на Србија. Претседателот Си ќе разговара со Вучиќ за да разменат мислења за билатералните односи и да ...
Колумна на Никола Тасев: Вчера бев во Струмица, кај пријатели, кај луѓе што многу, многу не ги интересира политика. Но некако, такво е времето – изборно, па покрај сите други муабети, не издржав да прашам како се случи СДСМ да изгуби и тука, кај што се форсираше дека е бастионот на Заев и СДСМ? Не се мислеа многу, ми кажаа дека се знаело тоа уште лани, се очекувал поразот на владеачката партија во градот, ама за селата, особено оние околу ...
Maкедонскиот репрезентативен голман Никола Митревски запиша уште еден одличен меч во португалскиот шампионат, овој пат во победата од 35-37 на Порто на гостувањето против Спортинг. Митревски мечот го заврши со девет одбрани, активно допринесувајќи за победата по која сега неговиот тим се доближи бодовно зад лидерот, на кого му го нанесоа првиот пораз сезонава. Триумф запишаа и Бенфика и Филип Талески од 34-27 против Брага, во мечот во кој ...
Најмалку пет луѓе, меѓу кои и едно четиригодишно дете, загинаа, а многу се повредени во САД откако десетици торнада ги погодија јужните американски сојузни држави викендов. Најлошо помина во Оклахома, каде четворица загинаа, додека еден човек загина во невремето во Ајова, јави Би-Би-Си. Властите на Оклахома исто така известуваат за најмалку 100 повредени низ целата држава. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за силен ветер, ...
Шкендија и Шкупи го искористија поразот на Струга и се вратија во борбата за шампионската титула. Шкендија на домашен терен убедливо го порази Гостивар со 4:1, Шкупи со пресврт и со гол во 97.минута славеше над Тиквеш, а бранителот на трофејот Струга загуби од Силекс 2:3, и покрај тоа што имаше водство од 2:0. По 29 рунди Струга и Шкупи имаат по 58 бода, три повеќе од Шкендија. Интересно до крајот на сезоната ќе биде и во борбата за опстанок. ...
Ненад Димитријевиќ и Уникс Казањ го продолжуваат победничкиот поход во ВТБ-лигата, каде македонскиот репрезентативец со својот тим рутински се пласираше во полуфиналето од ова натпреварување. По двете победи на домашен терен, Димитријевиќ и соиграчите денеска и како гости славеа над составот на Самара (), за максимална победа од 3-0 во оваа четвртфинална серија. Уникс одлично го отвори мечот и во раната фаза стигна до двоцифрена предност, но ...
Пет лица загинаа, 33 се повредени, а над 140 фабрички згради се оштетени, како последица на торнадото што го зафати јужниот кинески град Гвангжу. Според кинеската метеоролошка служба, невремето се случило околу 15 часот. На видеата што се споделуваат на интернет, се гледаат густи темни облаци додека торнадото пустошеше делови на трасата по која се движеше. Попладнето беше издадено ново предупредување за торнадо, кое и се случило на другиот крај ...
Србија се соочува со сериозен дефицит на квалификувани работници во автосервисите, а според проценките недостасуваат меѓу 30.000 и 40.000 занаетчии од сите профили. Овој проблем не е специфичен само за нашите соседи, туку е присутен и во цела Европа, каде автомеханичарите и каросериските работници се едни од најдефицитарните професии. Една од најбараните групи занимања се механичарите и машинистите, каде што работодавачите бараат речиси 300 ...
МЗТ Скопје загуби на домашен паркет од Спартак Суботица со 73-79 на првиот натпревар од полуфиналето во АБА2 кошаркарската лига. Сонот за пласман во елитното регионално натпреварување за македонскиот првак полека згаснува, бидејќи српскиот тим е со една нога во финалето од плеј-офот. МЗТ одигра натпревар со многу падови во играта, а лошо отвори и исто така лошо го заврши дуелот во „Јане Сандански“. По првиот период гостите водеа со 15-23, а во ...
Одбојкарите на Струмица 47&73 го совладаа на гости освојувачот на купот Штип УГД, во четвртиот меч од финалната серија со 3:1 (25:15, 25: 21, 21:25 и 25:17), за вкупни 3:1 и стигнаа до 11-та титула првак на Македонија, односно до јубилејниот 20-ти трофеј. Струмица славеше синоќа во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, со четири сета, како што беше на другите дуели. Струмичани ги добија првите два сета, потоа штипјани намалија, но немаа сили да ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денеска го објави поширокиот список на ракометари за бараж натпреварот против Фарски Острови. Но, со објавувањето на овој список беше потврдено и дека во македонската репрезентација како дел од стручниот штаб се враќа Стојанче Стоилов. Поранешниот пикер на репрезентацијата ќе ја има улогата на помошник тренер. Против Фарски Острови првиот натпревар го играме на 8. мај на ...
Македонскиот кикбоксер, Бобан Илиоски ја доби битката со Берк Дузенли и стана светски професионален првак во кикбокс на ВАКО ПРО во дисциплината К1 до 88,6 килограми. Голема борба водеа Илиоски и Дузенли во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, беа разменети многу удари, двајцата имаа успешни акции, но нашиот ас воден и бодрен од публиката и навивачката група „Комити“ сепак го имаше последниот збор и успеа да слави над актуелен светски аматерски ...
Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела. Во јули во Грција ќе се воведе шестдневна работна недела, а обврската ќе важи за државните служби, комуналните претпријатија, банките, фирмите, организациите и земјоделските стопанства кои досега практикуваа петдневна работна недела, пишува inNewspaper. Според законот, работниот ден дополнително работно време не може да трае подолго од осум часа, а не е дозволена прекувремена работа. ...
По завршување на денешниот школски ден започнува пролетниот распуст. Оваа новина е воведена од оваа учебна година. Имено, учениците од основните и средните училишта од понеделник, 29 април, заклучно со 6 мај 2024, ќе бидат на распуст. Да, ова е нешто ново во образованието. Да, ова е дел од силната реформа што ја форсираат властите. Но што е со другите цели кои си ги постави Владата околу образованието? Еве дел од нивната програма за работа: ...
Колумна на Заге Филипоски: Одиш на шалтер. Бараш извод од матична книга на родени. Не случајно ти треба за некоја процедура, да го покажеш на некој друг државен орган. За редовна оставинска постапка на пример. Порачуваш онлајн. Доаѓаш на закажан термин. Чекаш ред. Доаѓаш на шалтер, ти го згрешиле името. Веселиот чиновник весело одмавнува со глава, не е проблем вели дојди утре ќе ти направам нов! Како тоа не е проблем му велам? И те како е ...
Во седиштето на Обединетите нации во Њујорк се одржуваат неформални консултации за нацрт-резолуцијата со која 11 јули се прогласува за меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Гласањето за резолуцијата за Сребреница нема да се одржи на 2 мај, а причина за одложувањето е тоа што текстот на нацрт-документот се испраќа на ревизија, потврдил вечерва за Н1 амабсадорот на Босна и Херцеговина во Обединетите нации (ОН), Златко Лагумџија. ...
Кошаркарот на УНИКС од Казан, Ненад Димитријевиќ, е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига. УНИКС прв заврши во лигата, прв пат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваковиот успех. Сезонава 26-годишниот Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки. Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4-1), а ...
Сантиметар повисоко, ама метри пониско…, вака во изминативе години се движи водостојот на Преспанското Езеро. На свој начин тоа го потврдија и завчерашните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. –Водостојот на Преспанското Езеро е понизок за 2,14 метри во однос на повеќегодишниот просек за април, а од вчера до утрово е зголемен за 1 сантиметар, соопшти завчера Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Значи, дождот се труди да ...
Венеција од денеска почна да наплаќа влез во градот за еднодневни излети, што е прв ваков случај во светот. Главната цел на оваа одлука е сузбивање на масовниот туризам. Туристичката такса требаше да започне на почетокот на годинава, но беше одложена поради логистичките тешкотии и стравувањата дека ќе се одрази на приходите од туризмот. Градскиот совет сега го потврди покренувањето на интернетската платформа за плаќање која туристите ќе мора да ...
Ново признание за најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат дел од Олимписките игри во Париз. Денеска беа објавени судиите кои ќе ја делат правдата на ракометниот турнир на Олимписките игри, а меѓу нив е и македонската двојка, Начевски и Николов. За нив ова ќе биде четврта Олимпијада. Начевски и Николов важат за една од најдобрите судиски двојки во светот, потврда за тоа беше што ја делеа правдата на финалето од ...
Еден грчки пратеник заврши во полиција, а друг е во болница по тепачката во парламентот во Атина во средата. Независниот пратеник Константинос Флорос – порано дел од екстремно десничарската партија Спартанци – го нападна пратеникот Василис Граменос од националистичката партија Грчко решение за време на жестоката дебата во парламентот за тужба за клевета. Парламентот расправаше за укинување на имунитетот на претседателот на Грчкото решение, ...
Колумна на Никола Тасев: Како денес да се случи, свежа ми е сликата кога Зоран Заев се фалеше дека во 2016 година срушил режим со пенкало! Леле колку беше благодарен на пенкалото… дури и го бакнуваше. Арно ама, потоа тој и неговите направија уште полош ненароден режим и вчера во Македонија пак се активираше истото пенкало. Овој пат ниту Заев, ниту Ковачевски, ниту Пендаровски не сакаат ни да го видат, а не пак да го бакнуваат. Оти пенкалото сега ...
Поранешниот тренер и стрико на тенисерот Рафаел Надал, Тони Надал, зборуваше за „АС“ пред стартот на Мастерсот во Мадрид. Неговиот внук, Рафа, во Мадрид ќе го одигра вториотпоследовен турнир, откако по долгата пауза настапи на турнирот од серијата 500 во Барселона, каде во второто коло беше поразен од Алекс Де Минор. Јасна е целта на Надал, овие турнири ги користи како подготовка за Ролан Гарос, турнир кој 14 пати го освоил во текот на ...
Во американската сојузна држава Тенеси пратениците усвоија закон со кој на наставниците во државата ќе им се овозможи да носат скриени пиштоли на училиште. Нацрт-законот беше одобрен со 68-28 гласови во Претставничкиот дом на Тенеси, во кој доминираат републиканците. Државниот Сенат го усвои законот претходно овој месец. Тенеси има жестока дебата за законите за оружје по минатогодишното пукање во училиште во Нешвил во кое загинаа три деца и ...
Телата откриени во масовна гробница во Појасот Газа не биле закопани од израелски војници, туку од Палестинци, соопшти израелската амбасада во Женева. -Тврдењето дека израелските одбранбени сили (ИДФ) закопале палестински тела е неосновано, соопшти амбасадата. -Војниците само ги прегледале телата во гробницата во потрага по израелски заложници, се почитувало достоинството на загинатите, а телата на Палестинците биле вратени на истото место. ...
Екипата на ЦСКА Москва од која дел е македонската ракометарка Сара Ристовска издвојува победа над Звезда Звенигород од 30:26 во првиот натпревар во четвртфиналето во рускиот шампионат. Фаворитот имаше проблеми во првото полувреме кое му припадна на противникот со 13:12, но по паузата ЦСКА одигра на повисоко ниво, имаше подобри решенија во нападот, односно беше поефикасна и со 18:13 на крајот стигна до триумф од пет гола разлика. Македонската ...