Трипати повеќе деца и двојно повеќе жени биле убиени во глобалните конфликти во 2023 година, споредбено со претходната 2022 година, предупредуваат Обединетите нации, а пренесуваат странските медиуми. Оттаму велат дека бројот на цивилни жртви се зголемил за 72 отсто. Високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк, во обраќањето пред Советот за човекови права на ОН во Женева, изјавил дека завојуваните страни сè повеќе, како што додаде, ги ...

Македонската таеквондистка, репрезентативка и членка на ТК Тигри од Скопје, Милијана Рељиќ (категорија до 62 кг) постигна огромен успех, освојувајќи златен медал на Европското клупско првенство (ЕП) во Тирана (Албанија). Таа со овој медал успешно ја продолжи низата освојување медали од големи натпреварувања. На ова ЕП настапи и Горјан Бадаровски (до 87 кг). На шампионатот учествуваа повеќе од 1.200 таеквондисти во сите возрасти, во сениорска ...

По само неколку месеци минати во Босна и Херцеговина, македонскиот голман Дејан Илиев ќе бара нова средина. Имено, тимот на Сараево објави дека соработката со Македонецот нема да биде продолжена и му се заблагодари на Илиев за придонесот во минатата сезона. -Сараево ги известува навивачите дека во договор со играчот е одлучено соработката да не продолжи. Му благодариме на Дејан за неговите настапи во тимот. Му посакуваме сè најдобро во ...

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ги погоди Пловдив и Асеновград. Земјотресот е регистриран во 20 часот и 24 минути, со епицентар на околу 6 километри северно од Асеновград и на околу 16 километри југоисточно од Пловдив, на длабочина од 12,5 километри според последните податоци. Засега нема информации за материјална штета или повредени лица. Земјотресот се почувствувал на високите катови во станбените згради во Пловдив ...

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе ја запиша првата победа во своето Ферари на Европскиот шампионат на ридски патеки. Иџе беше побрз од конкуренцијата на втората трка која се возеше во Германија, а тоа посебно го израдува македонскиот автомобилист. Стефановски беше побрз од конкуренцијата и оствари најдобро време на втората трка која се возеше на Глазбахренен, патека на која Иџе за првпат возеше по пауза од десет години. ...

Кошаркарките на Вардар се закитија со трофејот во М16 конкуренција откако во големото финале од завршниот турнир што се играше во Скопје рутински го совладаа градскиот ривал Бадел со 81-64. Силно темпо наметнаа кошаркарките на Вардар од самиот почеток на финалниот натпревар во М16 лигата во женска конкуренција. Уште во оние воведни минути се стекнаа со предност, која на крајот на првиот период изнесуваше двоцифрени (25:13). Но не се задоволија ...

Пожар што избувна во штала за тркачки коњи рано утринава во Калвадос предизвика смрт на повеќе од 70 коњи кои загинаа во пламенот, а 21-годишен маж се здоби со сериозни повреди на рацете, пренесуваат француските медиуми. Во 5.40 часот утрово, пламените јазици се појавиле во шталата лоцирана во Бернеска, во Калвадос, пишуваат француските медиуми. Заробени во нивните боксови, без можност да избегаат, сите коњи изгореле. Пожарот целосно ја уништил ...

Со приближно 10 до 12 милиони жители во Европа, од кои околу шест милиони живеат во ЕУ, Ромите се едно од најбројните европски етнички малцинства. Сепак, во новиот состав на Европскиот парламент, избран минатата недела, првпат по 2004 година нема ниту еден европратеник припадник на ромската заедница. Еден од најгласните застапници за правата на Ромите во Европскиот парламент досега беше Интергрупата за антирасизам и различности (АРДИ), чии цели ...

Во супермаркет во Пиреја, Грција, едно лице загинало во пукање, а друго е повредено, поради што итно е пренесенo во болница. Полицијата го привела осомничениот. Според првите информации, дошло до тепачка меѓу тројца државјани на Турција, а муштериите кои се нашле во продавницата почнале панично да бегаат. Жртвите од судирот не се идентификувани. -Слушнавме два истрели. Видовме вработени како трчаат и викаат полиција. Клиентите трчаа во паника. ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа треба да настапи во квалификациите за Вимблдон, но пред неа има административни пречки, уште не ѝ е одобрена британската виза. Таа апликацијата ја пополнила уште пред 20 дена, а имала и разговор за добивање на потребната виза, но одговор уште нема. Квалификациите стартуваат на 24. јуни, Ѓорческа добила ветување од организаторот дека ќе преземе чекори за таа и нејзиниот тренер Димитар Лабудовиќ да ...

Најдобриот македонски атлетичар, маратонецот Дарио Ивановски, имаше успешен настап на Европското првенство во Рим. Нашиот атлетичар полумаратонот го заврши со државен рекорд и пласман на 29-тата позиција од 66 натпреварувачи. Тој сега се подготвува за настапот на Олимписките игри каде што ќе ја претставува Македонија на маратонската трка. Врзано со тоа, тој денеска преку социјалните мрежи испрати и порака: -Почитувани пријатели и подржувачи. За ...

Вечерва со натпреварот од 21:00 часот започнува најголемиот фудбалски спектакл на Стариот континент, а 24 репрезентации ќе се борат за престижниот трофеј. Европското првенство започнува со натпреварот помеѓу домаќинот Германија и Шкотска. Домот на Баерн Минхен „Алијанц Арена“ ќе биде домаќин на отворањето на 17. Европско првенство кое ќе се игра од 14. јуни до 14. јули за кога е закажано големото финале. Титулата ја брани Италија која славеше ...

Оксиморон е едната страна да бара од другата да го изоди целиот пат, од моментот кога ги нема изодено првите метри, што се однесуваат на првото и основното, ерга омнес за името, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за изјавата на мандатарот за состав на Влада Христијан Мицкоски дека Договорот од Преспа треба да се почитува и ...

Вардар остана без уште еден клучен играч од изминатата натпреварувачка сезона, откако по голманот Мартин Томовски клубот го напушти и најдобриот ракометар на „црвено-црните“, Јапонецот Косуке Јасихура. Извонредниот плејмејкер имаше низа фантастични настапи за Вардар по позајмицата од Висла Плоцк, но токму овие добри игри придонесоа сериозен интерес за него да покажат бројни клубови. Вардар не ја криеше желбата да го задржи, понуда испрати и ...

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја потресе Јагодина. Според Републичкиот сеизмолошки завод, земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јагодина. -Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на III-IV степени од Меркалиевата скала. Земјотресите со ваков интензитет не можат да предизвикаат штета на зградите во епицентралното подрачје, се наведува на ...

Два атоли, корални острови, на тихоокеанската островска држава Кирибати исчезнаа поради зголемувањето на нивото на океаните, а научниците предвидуваат дека областа би можела да биде непогодна за живеење во следните неколку децении, раселувајќи стотици илјади луѓе, пишува британски „Телеграф“. Како што се наведува, светот со години постепено се соочува со ваква слика, од Венеција, Холандија, Малдивите и Лондон. Истражувачите тврдат дека ...

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски денеска ја очекува официјалната промоција во дресот на шпанска Валенсија. Шесткратниот шпански шампион ќе биде новата дестинација на Столе кој изминатава вечер притигна во Валенсија. Македонскиот голман веќе беше „нападнат“ од шпанските медиуми по пристигнувањето во Валенсија, потенцирајќи го задоволството што ќе биде дел од еден таков клуб со богата традиција. -Многу сум среќен. Ќе бидам ...

Актуелниот македонски шампион Струга Трим Љум официјализираше уште едно засилување за новата сезона, засилување кое доаѓа од Унгарија, а неговото име е Стефан Јевтоски. Јевтоски е поранешен младински репрезентативец на Македонија кој изминативе три години ги мина во Ујпешт, додека претходно беше дел од клубови и во Бугарија, Украина и Хрватска, а во нашата земја ги бранеше боите на Металург и Работнички. Со стружани потпиша двегодишен договор, ...

Почина мажот кој се полеа со бензин и самозапали на плоштадот пред зградата на хрватската влада во Загреб, пренесуваат хрватските медиуми. Претходно, доктороте соопштија дека има изгореници од четврти степен. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изрази жалење за трагичниот инцидент. -Не ги знаеме мотивите или нешто друго, не е наше да го коментираме тоа, изјави тој. Хрватската радио-телевизија објави дека мажот бил згрижен на одделението за ...

Партиите на Македонците во Албанија и Србија договориле заеднички активности и настап пред меѓународните организации за човековите права и слободи. Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и Демократската партија на Македонците во Србија договориле одржување културни манифестации во Пусте, Албанија и во Панчево, Србија. Ова е договорено на средбата на делегациите на двете партии за време на ...

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Чешка на гостински терен со 2-1 (0-0) во пријателски натпревар одигран вечерва во Храдец Кралове. Чешка, која се подготвува за настап на претстојното Европско првенство, целосно доминираше на теренот во првите 45 минути, но во предност дојде по еден час игра кога Шик го совлада Димитриевски од пенал. Македонија ја анулираше негативата само пет минути подоцна преку Алими, откако во истата акција ...

Руски воен авион Су-34 се урна во Северна Осетија поради техничка неисправност, а екипажот загина, соопшти руското Министерство за одбрана. -Во Република Северна Осетија-Аланија, во планинска област, авион Су-34 на руските воздушни сили се урна за време на редовен тренинг лет, се вели во соопштението пренесува РИА Новости. Се додава дека авионот се урнал во ненаселена област. Во соопштението се наведува дека, според прелиминарните информации, ...

Ракометарите на Радовиш издвојуваа победа над Еурофарм Пелистер 2 во бараж средбата за местото во Суперлигата. Голема борба и драма донесе соочувањето во Автокоманда, соочување кое беше решено со мајсторија по истекот на времето. Имено Радовиш доби последна шанса да го реши мечот во регуларниот дел, поточно остана само уште слободниот удар кој го изведе искусниот Здравко Постолов, удар кој заврши во мрежата на „зелено-белите“ за победа од 27-26 ...

Францускиот претседател Емануел Макрон го распушти Националното собрание и најави предвремени избори, јавуваат француските медиуми. Изборите ќе се одржат на 30 јуни и 7 јули. -Одлучив да ви го вратам изборот за иднината на парламентот. Одлуката е сериозна и тешка, но пред се е чин на доверба, рече Макрон во видео обраќањето по прелиминарните резултати од изборите за Европскиот парламент, на кои неговата партија „Преродба“ претрпе пораз од ...

Најдобриот македонски атлетичар, Дарио Ивановски, постави нов државен рекорд откако истрча полумаратон на Европското првенство во Рим за време од 1:04,01 часови, тој го освои 29. место. Ивановски за 44 секунди го подобри неговото претходно најдобро остварување кое го направи пред девет месеци во Битола. За Македонецот ова беше очекувано остварување со оглед на тоа што на ЕП пристигна со 28 време од 57 атлетичари кои ја завршија трката. Првото ...

Група руски воени бродови, вклучително и подморница на нуклеарен погон, ќе ја посетат Куба следната недела за да ги истакнат „историските пријателски односи“, соопшти кубанската влада. Руската фрегата Горшков, подморницата на нуклеарен погон Казан, флота танкер за нафта Пашин и спасувачкиот шлепер Николај Чикер ќе го посетат пристаништето во Хавана меѓу 12 и 17 јуни, соопштија Кубанските револуционерни вооружени сили. Куба вели дека ниту еден ...

Питон долг пет метри уби 45-годишна жена додека се враќала од својата градина во индонезиската провинција Јужен Сулавеси, објавија локалните медиуми. Мајката на четири деца живеела со своето семејство во областа Сиденренг Рапанг, а во четвртокот му кажала на својот сопруг дека оди на локалниот пазар во Калемпанг бидејќи купувачот ќе дојде да му продаде чили. Но, бидејќи поминало долго време откако таа заминала од дома, нејзиниот сопруг и ...

Фудбалскиот клуб Тиквеш за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, но и за европскиот предизвик ќе биде посилен со четири нови играчи. Дресот на клубот од Кавадарци во новата сезона ќе го носат левиот бек Михаил Маневски, и Ѓорѓи Ѓорѓиев кој игра на позицијата десно крило, а овие двајца играчи во пакет доаѓаат од штипска Брегалница. Нов фудбалер на ГФК Тиквеш е Давид Манасиевски, играч од средниот ред кој до сега настапуваше во ...

Серија послаби земјотреси се забележани во текот на ноќта во Италија, во околината на Неапол. Магнитудата на земјотресот со епицентар во Кампа Флегреј бил меѓу 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала, пренесува Анса. Како што е наведено на веб-страницата на италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, регистрирани се пет земјотреси кои се случиле помеѓу 3.52 и 4.17 часот по локално време. Нема извештаи за материјална ...

Данската премиерка Мете Фредериксен е „шокирана“ откако синоќа беше нападната на плоштад во центарот на Копенхаген, соопштија од нејзиниот кабинет. Маж ѝ се приближил и ја удрил, по што е уапсен. -Премиерката Мете Фредериксен беше удрена во петокот вечер на Култорвет во Копенхаген од маж кој потоа е уапсен. Премиерката е шокирана од инцидентот, се вели во соопштението од кабинетот на премиерка, без да се откриваат детали. Полицијата, исто така, ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
64%
1021
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1020
weather icon

Загреб

24ᴼ / 20ᴼ
1.54
70%
1020
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
3.6
40%
1024
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.41
39%
1021
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.51
87%
1022
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
10.29
43%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
50%
1017
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
3.6
27%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
4.63
54%
1022
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 26ᴼ
0.89
52%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
7.72
65%
1018
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326