Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер ги доби ривалите во групната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите. Битолчани се најдоа во групата А, а ова дефинитивно е поволна ждрепка бидејќи ја избегнаа „групата на смртта“. Еве ги и противниците на Еурофарм Пелистер: Група А: Висла, Веспрем, ПСЖ, Фредерициа, Фуксе Берлин, Спортинг, Динамо Букурешт, Еурофарм Пелистер Група Б: Алборг, Магдебург, Барселона, Киелце, ПИК Сегед, Нант, ...

Бугарскиот претседател Румен Радев, кого го критикуваат за поддржување на Русија, не планира да ја предводи бугарката делегација и да присуствува на самитот на НАТО планиран за јули во Вашингтон, соопшти неговиот кабинет во четвртокот. Како причина е наведена политиката на владата кон Украина. Радев одбива да ја предводи бугарската делегација на самитот на НАТО поради несогласувањата со бугарската влада за некои позиции на земјата на самитот, ...

Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, упати честитка до новата Влада и премиерот Христијан Мицкоски во која изразува надеж дека со албанската влада ќе биде потпишан договор за реципрочни права на Македонците во Албанија. Во честитката на единствената партија која ги брани интересите на Македонците во Албанија, се наведува убеденоста дека ќе продолжи градењето на добри односи со Република Албанија. -Ова е значаен момент за нашата ...

Бојан Миовски имаше сезона за паметење во дресот на Абердин, постигнувајќи 26 погодоци за овој клуб во сите натпреварувања, со што македонскиот голгетер го привлече вниманието на бројни клубови ширум Европа. Во изминатиот период се говореше за понуди од Феенорд, Болоња, Саутемптон, Селтик, Глазгов Ренџерс… но директорот на Абердин, Алан Буроус, во изјава за шкотските медиуми изненади обелоденувајќи дека овој клуб не добил ниту една конкретна ...

Во Германија од денеска (27 јуни) стапува на сила новиот закон со кој се олеснува стекнувањето германско државјанство, јави ДПА. Реформата на законот за државјанство, која беше поттикната од германската владејачка коалиција, овозможува лицето да стане германски државјанин, а во исто време да го задржи државјанството на земјата од која потекнува. Досега, зачувувањето на државјанството на земјата на потекло беше можно само за граѓаните од другите ...

Азиска слоница чувана во средишен Тајланд, роди близнаци – машко и женско младенче. А пак, вработените тоа го опишуваат како чудо, бидејќи важи за прилично редок случај, пренесуваат тамошните медиуми. Чамчури – 36-годишната слоница, се чини, и самата се изненадила, бидејќи по второто раѓање, вработените во фармата морале да спречуваат мајката да не го згази женското младенче, откако слоницата ја фатило паника и повредила една негувателка. ...

Албанската фудбалска федерација се огласи по повод инцидентот на фудбалерот Мирлинд Даку, кој после натпреварот со Хрватска со мегафон ги пцуеше и навредуваше Македонија и Србија. Самиот Даку се извини за инцидентот, а потоа се огласи и УЕФА која покрена постапка против играчот, кому му се заканува суспензија за последниот натпревар од групата против Шпанија. – Албанската фудбалска федерација го признава неодамнешниот инцидент со нашиот играч ...

Речиси 1,8 милијарди возрасни луѓе ширум светот се изложени на опасност од болести, како што се рак, срцев и мозочен удар, поради недоволна физичка активност, а оваа состојба и натаму се влошува. Според ново истражување на Светската здравствена организација (СЗО), параметарот за недостаток на физичка активност на светско ниво се зголемил за пет отсто меѓу 2010 и 2022 година. – Новите откритија ја истакнуваат пропуштената можност за намалување ...

Женската младинска репрезентација на Македонија доживеа пораз од Црна Гора од 26:23 на Светското првенство кое се одржува во нашата земја. Нашите ракометарки одиграа две различни полувремиња, прво кое го реализираа со 12:10 и второ во кое не беа на посакуваното ниво и му дозволија на противникот да направи пресврт и слави во СЦ „Борис Трајковски“. Ова значи дека избраничките на Дарко Јанев ќе разигруваат за пласман од 13-то до 16-то место на ...

Шеснаесет години по укинувањето, Хрватска го враќа задолжителниот воен рок. Воениот воен рок за сите млади мажи над 18 години треба да стапи на сила од првиот ден од следната година. Министерот за одбрана вели дека се е подготвено за воведување воен рок, а политичката процедура се уште се чека, јави ХРТ. Деталите се уште се разработуваат. –Помеѓу два и три месеци се планира задолжителен воен рок. Она што е важно да се нагласи е дека ги ...

Без сала за тренизни и финансиска поддршка од државата течат „подготовките“ на македонската олимпијка Милијана Рељиќ за настап на Летните олимписки игри во Париз 2024 година. Ова го потенцира нејзиниот професионален тренер Александар Ефтимов. Тој вели дека Рељиќ се подготвува за Олимпијадата на разни терени каде што нема соодветни реквизити и дека годинава не добиле ниту денар од државата и приватните компании. – Веќе една недела сме без сала ...

Ракометот во Холандија сериозно напредуваше како спорт во последните неколку години, а тоа придонесе да го видиме и првиот играч од оваа земја на мак-сцената. Вардар денеска се пофали со потписот на холандскиот репрезентативец Ларс Коиј, кој се согласил да потпише едногодишен договор со најтрофејниот клуб во нашата земја. –Возбуден сум поради мојот трансфер во РК Вардар. Приклучувањето кон еден ваков престижен и докажан клуб е вистинска чест. ...

Викиликс соопшти дека неговиот основач Џулијан Асанж го напуштил британскиот затвор и полетал од Обединетото Кралство, откако американските обвинители рекоа дека тој треба да се изјасни за виновен оваа недела за кршење на американските закони за шпионажа, во договор што може да му овозможи да се врати дома во Австралија. Асанж, чија сага трае речиси 15 години, се согласи да се изјасни за виновен пред американското правосудство за да биде ...

Викендов во Солун се одржа Анти-расистички фестивал на кој со свој штанд учествуваше и Центарот за Македонски јазик од Лерин, објави денеска Матица на иселениците од Македонија. Во објавата на Фејсбук-страницата на Матица на иселениците се наведува дека на штандот биле претставени печатени дела посветени на борбата за македонски јазик и култура во Грција. -Центарот за Македонски јазик ја претстави борбата за македонскиот јазик и култура во ...

Државните и политичките лидери на Северна Македонија одбраа да не го користат уставното име на земјата на домашната сцена, што претставува флагрантно кршење на Договорот од Преспа, изјави денеска во Луксембург шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис пред почетокот на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ (ФАК). – Договорот од Преспа предвидува име на државата кое ќе биде едно и единствено за севкупна употреба, а тоа е ...

Силно невреме со град кој направи штети ги зафати Босна и Херцеговина и Србија. Предупредување за силен дожд и ветер е издадено и во Хрватска. Во БиХ според објавите на социјалните мреж и во медиумите градот бил со големина на тениско топче. Оштетени се автомобили. Градовите и регионите меѓу Бањалука, Тузла и Брчко, како и поширокото подрачје на Бијелина се на удар на невремето. Силен град ја погоди Србија. Најпогодено беше во градот Крупањ, во ...

Македонскиот репрезентативец, Дамјан Шишковски може да заврши во шампионот на Босна и Херцеговина, најавуваат медиумите во оваа сезона. Имено Шишковски е интересен за тимот на Борац Бања Лука кој во Шишковски гледа идеална замена за Марко Милошевиќ кој си замина од клубот. Многу промени има во тимот на Борац, сменет беше и тренерот, позиција која пак ја презема Младен Жижовиќ, стратег добро познат на македонската јавност со оглед на тоа што во ...

Албанската фудбалска федерација официјално објави дека нивниот репрезентативец, Мирлинд Даку добива суспензија во траење од два натпревари поради навредливите скандирања кон Македонците и Србите по мечот со Хрватска на Европското првенство. УЕФА реши да го суспендира Даку на само два меча, што автоматски значи дека тој нема да биде во составот за мечот со Шпанија и за него настапот во Германија е скоро сигурно завршен. Тој по завршувањето на ...

Новата власт во Северна Македонија се доведе во тешка позиција и треба да излезе од неа. Употребата на уставното име во писмена форма, но не и во усна, ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија, изјави Метју Нимиц за „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. -Што ќе се случи ако треба да напишат една изјава употребувајќи „Северна Македонија“ и во продолжение да треба да ја прочитаат на глас? Ова политика не е одржлива долгорочно и ...

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. -Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан, се наведува во ...

Македонската женска ракометна репрезентација синоќа триумфираше во дуелот против Ангола со 28:24 и го продолжи настапот во втората фаза од Светското јуниорско првенство што се одржува во Скопје. По поразот од Исланд, избраничките на Дарко Јанев одиграа одличен натпревар доминирајќи против Анголките низ сите 60 минути за сосема заслужена победа. Македонија уште од 15 минута на мечот се стекна со предност која постојано ја одржуваше за да на ...

По повод посетата на Бакингемската палата во Велика Британија и средбата со неговото височество Кралот Чарлс Трети со амбасадорка од Македонија во Велика Британија, нејзината екселенција Катерина Ставреска, покрај протоколарниот дел од средбата организиран на највисоко ниво со неговото височество, амбасадоркаta ја изрази срдечноста и пријателството на македонскиот народ кон британскиот народ со подароци од најубавите стари брендови кој ...

Кипарците бурно реагираа по заканите на либанската милитантна група Хезболах дека Кипар може да стане мета ако му дозволи на Израел да користи воени бази и аеродроми. Кипар е членка на Европската унија (ЕУ) и во овој случај воено неутрална земја, но заканите на лидерот на Хезболах Хасан Насралах предизвикаа стравувања дека и Кипар може да биде вовлечен во конфликтот. Во меѓувреме, меѓународната заедница е сè позагрижена за директен судир меѓу ...

Еден од светлите датуми кога македонскиот народ ја истакнал својата посебност и непокорност. Вакво место во македонската историја има денешен 20 мај, денот кога пред 148 години храбрите македонски востаници пред 147 години го кренале Разловечкото востание против турското ропство и во текот на кое за прват се завиори знаме со името Македонија. Ова востание, чиј центар беше во селото Разловци, е еден од најголемите показатели дека македонскиот ...

Квалитетот на живот е важен показател што вообичаено се зема предвид при рангирањето на најдобрите градови во светот. Сè – од гастрономски понуди до стапката на криминал може да влијае на квалитетот на животот на граѓаните. Новиот „Глобален индекс за градовите“ на „Оксфорд економикс“ (Oxford Economics) содржи нова топ-10 листа врз основа на шест показатели: Очекуван животен век, приход по лице, еднаквост на приходи, рекреација и културна ...

Ласе Столи, 17-годишен Германец, го напушти удобниот живот во својот семеен дом за минималистички живот на шините. За помалку од две години, тој помина 650.000 километри низ Германија, што е повеќе од 15 патувања околу светот. -Да можам да одлучувам секој ден каде сакам да одам е едноставно прекрасно, тоа е слобода, изјави Столи за „АФП“ во кафуле на железничката станица во Франкфурт. Патува со ранец од 30 литри и не му треба многу за живот. ...

Сардинија, остров кој се наоѓа среде Средоземното Море, е познат по своите магични плажи и драматични карпи кои го одземаат здивот. Привлекува многу туристи, но неодамна претставената нова туристичка понуда на Сардинија е хит меѓу љубителите на мирот, тишината и природата. Имено, група планинари и поранешни рудари сега на авантуристите им нудат бесплатно сместување долж рударската рута Санта Барбара долга 500 километри на југозападниот брег на ...

Огнените црви или како што почесто ги нарекуваат месојадни црви се појавија во неколку туристички центри во регионите на Сицилија, Апулија и Калабрија, а сега се забележани и на црногорското крајбрежје. Поточно, на плажите во Будва. Кристијан Овари, биолог во Бео-Зоо, објасни за Ало од каде дошла ненадејната наезда на месојадни црви на црногорското крајбрежје. -Тоа е првенствено црв со влакна. Нејзините природни живеалишта се тропски области ...

Фудбалската федерација на Македонија го осуди навредувањето кон Македонците од страна на албанскиот репрезентативец, Мирлит Даку кој по вчерашниот натпревар против Хрватска скандалозно скандираше и испраќаше пцовки кон Македонците. Денеска ФФМ излезе со реакција во која го осуди таквото однесување, побара јавно извинување, но исто така е испратен и допис до УЕФА. -Ја изразуваме нашата длабока загриженост и недвосмислена осуда во врска со ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ги реши проблемите со визата и од вчера се наоѓа во Лондон каде во текот на следната недела ќе настапи во квалификациите на Вимблдон. Проблемот на Ѓорческа е надминат навреме за настап во квалификациите, но поради него таа не успеа да одигра турнир на трева. Во неколкуте дена кои ѝ преостанаа, таа ќе одржи тренинзи на тревна подлога со тренерот Димитар Лабудовиќ со цел да се прилагоди на теренот. ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
1.54
33%
1011
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
2.57
36%
1008
weather icon

Загреб

24ᴼ / 23ᴼ
1.03
71%
1011
weather icon

Софија

35ᴼ / 31ᴼ
2.57
30%
1013
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.24
24%
1010
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
94%
1012
weather icon

Атина

38ᴼ / 35ᴼ
10.29
22%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.12
28%
1009
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
0.51
21%
1009
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 34ᴼ
3.6
33%
1011
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
3.09
64%
1011
weather icon

Истанбул

33ᴼ / 32ᴼ
9.26
100%
1012
Currency

61.56

Currency

52.3982

Currency

70.3824

Currency

34.3619

Currency

38.2622

Currency

65.9984

Currency

7.32432

Currency

0.66009

Currency

0.35467

Currency

0.52546

Currency

1.29159

Currency

0.60607

Алуминиум

2.65

Иридиум

145915.21

Кобалт

42.99

Никел

15328.50

Рутениум

25656.30

Калај

35.11

Сребро

1247.49

Злато

107581.19

Бакар

11.67

Паладиум

38966.70

Платина

45568.86

Родиум

200942.17

Цинк

2.85