Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, по одлука на директорот д-р Петар Богојески, официјално го започнува новиот проект „Отворена агенција”, насочен кон вклучување на млади луѓе, да стекнат работно искуство во Националната агенција, преку оглас за прием на волонтери и практиканти. „Преку овој проект, младите ќе добијат уникатна можност за стекнување на прво работно искуство во ЕУ-акредитирана институција, каде што ...

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, упатува честитка по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Во честитката, тој истакнува дека јазикот е нашиот дом, корен и завет. „Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик. Гордо го славиме 5 Мај, денот кога македонската азбука беше озаконета и поставен темелот на нашиот јазичен идентитет. Јазикот е наш дом, наш корен и наш завет. Да го негуваме, развиваме и пренесуваме со љубов и ...

Од денеска 5. мај, популарната апликација за комуникација „Скајп“ официјално прекинува со работа. Таа беше првата апликација за комуникација преку звук и видео. Легендарната програма нема повеќе да биде поддржувана од „Мајкрософт“. „Скајп“ е основан во 2003 година од Никлас Зенструм и Јанус Фрис во Естонија. Програмата донесе револуција во интернет комуникацијата, нудејќи бесплатни повици меѓу компјутери и прифатлици цени за повици кон фиксни и ...

Општина Карпош ги информира граѓаните дека на сите спортски терени во општината, рефлекторите ќе работат до 22 часот секој ден, со цел да можат младите да се рекреираат и во вечерните часови. - Во исто време, апелираме, пред се до помладите сограѓани, да се однесуваат примерно на јавните површини, да не го пореметуваат мирот и потребата за одмор на своите соседи, да се однесуваат општествено одговорно кон поставената урбана опрема, како и кон ...

Општина Аеродром од денеска почнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до крајот на јуни, што всушност претставува континуитет од минатата година, кога се спроведе есенска акција. Во соработка со ЈП за комунални дејности на општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени садови во кои граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел. Акцијата ќе почне од ...

СВР Скопје го расчисти убиството кое се случи во саботата изминатиот викенд околу 15 часот во скопската населба Шуто Орузари. 38-годишниот Н.А. од Скопје при семејна расправија со нож ја лишил од живот својата невенчана сопруга Р.А. (36) од Скопје. Откако ја убил Р.А., сторителот се дал во бегство, но по преземени мерки и активности, тој е лишен од слобода при обид да ја помине државната граница на граничниот премин Табановце. - На местото на ...

Во саботата во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 11.25 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, автобус марка „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Л.(52) од Охрид удрил во лице со инвалидска количка - С.Ч.(66) од Струга. Во несреќата С.Ч. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид каде што е задржан за натамошно лекување, информираа од полицијата. ...

Утре православните верници го пранзуваат Свети великомаченик Георгиј Победоносец (Ѓурѓовден) - празник на обновувањето на природата и на животот воопшто. Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6 мај според новиот (или на 23 април според стариот) календар. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се ...

Во саботата во 15.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Кочани – Штип, на влез во село Крупиште, општина Карбинци, В.М.Р. (60) од село Крупиште управувајќи патничко возило „Форд” со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. Возачот од здобиените повреди во несреќата починал на местото на настанот, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош – Штип. Известен ...

Оваа недела започнува со длабока рефлексија, но токму преку тие тивки моменти три знаци ќе почувствуваат јаснотија, поддршка и блесок во вистинскиот момент. Photo by Hakan Hu Почетокот на ретроградниот Плутон можеби отвора врати кон внатрешна работа и преиспитување, но токму таму некои знаци ќе најдат сила, раст и неочекувани благослови. Еве кои три хороскопски знаци ќе почувствуваат најмногу поддршка од ѕвездите оваа недела: ОВЕН Со Венера сè ...

Оваа недела носи период на внатрешна рефлексија и промени, Photo by Andrea Piacquadio Оваа недела започнува со длабока внатрешна промена: Плутон, планетата на трансформацијата, моќта и психолошката длабочина, започнува своето ретроградно движење во знакот на Водолија. Тоа е повик за сите нас да се вратиме наназад, не за да се изгубиме во минатото, туку за да погледнеме што останало неразјаснето, недоизлечено, неискажано. Плутон ретрограден не ...

Познатата македонска пејачка Дина Јашари деновиве го претстави својот најнов музички проект - синглот "Градот", кој претставува лична и интимна посвета на Скопје. Во оваа емотивна композиција, уметницата ги изразува своите чувства кон градот што ја инспирира и ѝ дава творечка енергија. Песната ги отсликува импресиите, сеќавањата и емоциите што Скопје ги буди кај авторката, претворајќи ги во мелодија што резонира со секој што има посебна врска ...

Казни во вредност од 8.350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на 14 месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли. Надзорите, како што информира АХВ, биле реализирани на 30 април годинава на целата територија на државата, а како небезбедни се уништени 323 килограми храна. -Со спроведените контроли на месарниците ...

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска изврши увид на лице место во семејна куќа во Скопје, каде според првичните сознанија маж ја лишил од живот својата сопруга. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатата. Увидните екипи од лице место прибраа траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Осомничениот е задржан при обид да ја напушти државата на граничниот премин Табановце, а во ...

Утрово на скопскиот аеродром слетаа првите авиони од Барселона и Лион, со што официјално стартуваа новите директни авиолинии што се дел од владината политика за финансиска поддршка на нови дестинации и авиопревозници. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, преку видео порака објавена на својот Фејсбук профил, истакна дека со овие летови се отвораат нови перспективи за туризмот и економијата. „Ова значи многу за зголемување ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност според член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 2 мај во утринските часови, во викенд–куќа во селото Катланово и во стан во зграда во Скопје, кои се во сопственост на неговата сопруга со која биле разделени и со која водел бракоразводна постапка, со пожар предизвикал значителна опасност за животот на луѓето. Kaко ...

На денешен ден пред 45 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа ...

Жителите на неколку скопски населби деновиве со загриженост пријавуваат појава на змии во нивните дворови и на јавни површини. Граѓаните од населбата Карпош беа особено вознемирени откако една змија беше фотографирана на тераса на стан во овој дел од градот. Скопје, за жал, во последниве недели се претвори во вистински змијарник. На секој чекор може да се забележи неискосена трева која достигнува и до половина метар височина. Ваквите запуштени ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени. Како што информира УХМР, во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а ...

Веќе од првите денови на мај, патниците од Скопје можат директно да патуваат до Барселона и Лион по цени кои започнуваат од само 30 евра во еден правец. Со лансирањето на новите линии, унгарската нискобуџетна компанија Wizz Air понуди промотивни тарифи за месец мај: билети за Лион од 29,99 евра, а за Барселона од 31,99 евра. Цените, секако, варираат по датум и достапност. Во првата половина од мај можат да се најдат билети за 35–45 евра, додека ...

Министерството за внатрешни работи информираше дека попладнево околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници од РЦГР Север го лишиле од слобода Н.А.(38) од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело “убиство”. „Денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска ...

Вчера во СВР СКопје во два одвоени случаи лицата С.Б.И. (32) и А.Н. (65) од Скопје, пријавиле дека од нивните платежни картички од две банки во Скопје биле направени трансакции преку апликации што воопшто не ги познавале, при што од платежна картичка на С.Б.И. во седум трансакции од сметката и биле одземени 1040 евра, додека од платежна картичка на А.Н. исто така биле направени седум транскации во кои што му биле одземени 665 американски ...

Вчера година во 11.20 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат во село Чајле, гостиварско, четирицикл „Поларис“ со гостиварски регистарски ознаки, управуван од 31-годишниот Ф.Н.од село Старо Чајле, изгубил контрола врз четирициклот и удрил во жичана ограда и метална порта од објект сопственост на Ш.Б. „Во несреќата Ф.Н. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медиционскиот центар во Гостивар и ...

Вчера година во 08.50 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека во село Лажани, прилепско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу два мопеди, едниот марка „Бенели“ а другиот марка „Пежо“, и двата мопеди без регистарски таблици, а управувани од 13 годишен и од 14 годишен малолетник, инаку и двајцата од село Лажани. „Во несреќата од здобиените повреди починал 13 годишниот малолетник при што смртта била констатирна од страна на лекар ...

Вчера во 07:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата помеѓу улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“) со сервисна улица во Скопје, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од А.Б.(37) од Скопје удрило 50-годишниот И.Н. од Скопје. „Во несреќата со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се здобил пешакот И.Н. За ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец, со температури од 4 степени минималната во Берово, до 30 степени во Скопје и Гевгелија. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од југозападен правец. Во понеделник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност, а од вторник следува период на променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и ...

Кавадарчанец бил приведен но полиција откако бил фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. „Вчера попладне во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, го лишиле од слобода кавадарчанецот Ј.Ф.(22) , кој во продажен објект во градот бил фатен од вработен, во обид да одземе пари од касата во објектот. Ј.Ф. бил приведен во полициска станица и по документирање на ...

Вчера во полциска станива во Тетово, 53- годишна жена од село Желино пријавила дека била измамена од Ј.К. од Косово кој преку социјална мрежа нудел помош за изградба на домови за лица што немале дом. „Пријавителката стапил во контакт со лицето, и истиот и дал ветување дека ќе и изгради куќа, но најпрвин треба да му даде 1.850 евра, додека другите трошоци за изградба рекол дека ќе бидат покриени од негова страна. Откако кои му ги дала парите во ...

Денеска во периодот од 00.20 до 02.30 часот, полицијата од Тетово извршила акциска контрола во угостителски објект со локација покрај патот Тетово-Гостивар. „При контролата поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување во земјава спротивно на целта, биле приведени пет странски државјанки од Р.Украина, Р. Србија и Р.Албанија, на возраст од 28 до 37 години. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка“, ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
26%
1020
weather icon

Белград

28ᴼ / 25ᴼ
3.09
32%
1021
weather icon

Загреб

28ᴼ / 27ᴼ
2.57
32%
1021
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
27%
1020
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.93
24%
1019
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.03
41%
1021
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
7.2
33%
1018
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
20%
1018
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
3.6
22%
1019
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
5.14
32%
1019
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 28ᴼ
2.68
29%
1020
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
8.23
44%
1019
Currency

61.53

Currency

53.4215

Currency

71.8321

Currency

34.5771

Currency

38.9044

Currency

65.3232

Currency

7.43152

Currency

0.68128

Currency

0.36614

Currency

0.52473

Currency

1.3465

Currency

0.617

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.70

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62