Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Утрово снегот направи вистински хаос во сообраќајот како низ главниот град, така и низ државата. Многумина како да не го очекуваа снегот и излегоа неподготвени, односно без „зимска опрема“. Таков веројатно е и случајот со овој скопјанец, кој изгледа излегол со летни обувки, па мораше да лази по пешачкиот премин за да ја премине улицата. Авторот на видеото, во натписот на објавата на Фејсбук напиша само: „Појадок + ракија + летни кондури“, а ...
Попова Шапка утринава е со најмногу снег, но и со најстудено време. Според информациите од УХМР, утрово измерени се 34 сантиметри снежна покривка и температура од -7 степени. Од Ски центарот, пак информираат дека поради неповолни временски услови и силните ветрови, жичарниците „Церипашина“, „Шестосед“ и „Двосед“ нема да бидат во функција. „Веднаш штом временските услови ќе дозволат, истите ќе бидат повторно пуштени во функција. Оваа мерка се ...
УХРМ со метео аларм за денеска! Од утрово вее низ повеќе делови низ земјава, а формирана е снежна покривка. Од Упрвата најавуваат дека днес ќе има пообилни врнежи од снег во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми од 15 до 25 cm, а на пониските да се формира снежна покривка од 3 до 10 cm. УХРМ со метео аларм за денеска! Од утрово вее низ повеќе делови низ ...
Утринава има застој во сообраќајот на патниот правец кај селото Рибарци, кавадаречко, поради излизган камион на коловозот. Настанот предизвикал отежнато и повремено целосно прекинато движење на возилата, додека надлежните служби интервенираат за отстранување на камионот и нормализирање на сообраќајот. Возачите се повикуваат на зголемена внимателност и почитување на привремената сообраќајна сигнализација, како и користење алтернативни правци ...
„Снегот не е изненадување во зима - подготвеноста е наша обврска!“ - се огласи градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓориевски. Иако скопјани од утрово реагираат за хаосот во сообраќајот на неколку критични локации во градот, првиот човек смирува. - Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот. Со цел навремена и ...
Министерството за внатрешни работи делуваше по објавата на шокантно видео на социјалните мрежи, на кое се гледа како возач управува со патничко моторно возило со неверојатни 293 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија, во близина на Неготино. На тој дел од патот максимално дозволената брзина е 120 километри на час. Возачот, А.Д. (36) од село Елово, скопско, веднаш бил идентификуван, пронајден и повикан од полицијата. „Тој е ...
Првиот снег сезонава предизвика сериозни проблеми во сообраќајот во Скопје, а голем дел од улиците утрово се непроодни или тешко проодни, реагираат граѓаните преку социјалните мрежи. Како најкритични точки се посочуваат мостот Маџари кон Ченто, како и надвозникот од населбата Даме Груев кон Ѓорче Петров, каде возилата со часови стојат во место. Според сведочењата, коловозите се замрзнати, а сообраќајот се одвива исклучително бавно или е ...
Иако првиот снег сезонава предизвика сериозни проблеми во сообраќајот во Скопје, сепак има и радосна атмосфера. Иако на работа и на училиште се тргна со потешкотии, скопјани се израдуваа на свежината и чистиот воздух кои ги ги донесе снегот. Најсреќни се најмалите. Но, повторно се наметна прашањето знаат ли скопјани да возат во вонредни услови, но и проблемот со чистењето на автомобилите, дворовите, влезовите... Зошто цело #скопје не знае да ...
Првиот снег сезонава предизвика сериозни проблеми во сообраќајот во Скопје, а голем дел од улиците утрово се непроодни или тешко проодни, реагираат граѓаните преку социјалните мрежи. Како најкритични точки се посочуваат мостот Маџари кон Ченто, како и надвозникот од населбата Даме Груев кон Ѓорче Петров, каде возилата со часови стојат во место. Според сведочењата, коловозите се замрзнати, а сообраќајот се одвива исклучително бавно или е ...
Зимската служба на Општина Гази Баба е активирана од раните утрински часови и превентивно делува на сите сообраќајници и пешачки површини, со цел да се обезбеди безбедно и непречено движење на возилата и пешаците, информираа утрово од општината. Согласно оперативниот план, приоритетно се третира критичната инфраструктура –училишта, градинки и други јавни установи. - Општина Гази Баба континуирано ја следи состојбата на терен и е подготвена ...
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб ...
По повод големиот христијански празник Водици, КС Групација и оваа година ја потврди својата посветеност кон традицијата, заедништвото и општествената одговорност, обезбедувајќи бројни подароци за учесниците и среќните пронаоѓачи на светиот крст. Во рамки на празничните активности за Водици низ повеќе градови во Македонија, компаниите од КС Групација подарија телевизори за среќните пронаоѓачи на светиот крст, како и маички за учесниците во ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска информираше дека на првиот ден од второто полугодие го посетил ООУ „Наум Охридски“ во Булачани, каде што учениците и наставниот кадар започнале со работа во значително подобрени услови. „Во текот на зимскиот распуст, училиштето реализираше важен проект за набавка на нов училишен инвентар. Во рамки на оваа инвестиција обезбедени се нови училишни клупи и столчиња за сите училници ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска најави дека краците на улица 60 ќе добијат нов коловоз. Во објавата на Фејсбук, Стојкоски порача дека калта е минато и дека ќе се обезбедат пристапност, безбедност и достоинствени услови за живеење се стандард. „Работиме секој ден, во секој дел на Ѓорче. Продолжуваме напред“, порача тој. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска најави дека ...
Млад скопјанец физички нападнал полицаец. - На 19.01.2026 во 20:50 часот на ул.„Тодор Циповски Мерџан“ на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Т.(25) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираа од МВР. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава. Млад скопјанец физички нападнал полицаец. ...
Вчера (19.01.2026) во 17:00 часот во село Куклиш, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Б.(50) од истото село. Како што се наведува во полицискиот билтен, тој се сомничи дека околу 14:00 часот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што усмртил куче, сопственост на М.Ѓ. од Куклиш. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица и ветеринарен лекар. Од Д.Б. е одземена пушката и по документирање на случајот ...
Товарно возило на авто школа денеска по полноќ било опожарено на Би Пазар. - На 20.01.2026 околу 01:30 часот во СВР Скопје, Х.И.(41) од Скопје, сопственик на авто школа, пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Бит Пазар во Скопје било опожарено паркирано товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на авто школата. Нема повредени лица, соопштија од МВР во дневниот билтен. Извршен е увид од увидна екипа на СВР ...
ТИТАН Усје е одговорна компанија која, во сите сегменти од своето работење, работи согласно домашната регулатива. Kомпанијата ги применува најдобрите достапни практики во производството и применува технологија идентична со најдобрите компании од цементната индустрија во Европската Унија. Како конструктивен дел на заедницата, ТИТАН Усје целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот во Скопје, но смета дека нападите кон нејзиното ...
60-годишниот Ќ.Ф. од село Шемшово, тетовско и правно лице добија кривични пријави поради измами. Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривични пријави против Ќ.Ф.(60) од село Шемшово, тетовско и правно лице поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „давање лажен исказ“. Пријавените, во текот на октомври, ноември и декември 2024 година, без правен основ изготвиле фактури за превоз на ...
Возач од Косово удрил во жена-пешак во Тетово. - На 19.01.2026 во 14:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, управувано од М.И.(45) од Косово, удрило во пешакот З.М.(73) од с.Арнакија, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.М., констатирани во Клиничка болница Тетово, информираа од МВР. Извршен е увид од увидна екипа на СВР ...
Полицијата со официјални информации за несреќниот случај вчера за време на одбележувањето на Водици во Скопје. Две момчиња кои се фрлиле по светиот крст почнале да се дават, но, за среќа навреме биле спасени од спасувачките тимови. - На 19.01.2026 околу 12:30 часот на кеј на реката Вардар во Скопје, при одржување на верска манифестација по повод празникот Водици, П.А.(20) од с.Визбегово, скопско и Х.П.(27) од с.Сопиште, скопско, кои ...
Фејсбук страницата „Скопје Метропола“ денеска сподели фотографии на кои може да се забележи насобран отпад - „мини депонија“ на локацијата во центарот на Скопје во близина на зградата на МРТ и бензинската пумпа на Макпетрол. Во натписот на објавата иронично велат дека на оваа локација е достапна туристичка атракција од нов тип: со азбестни табли, електронски и кабаст отпад, со бонус бесплатни бактерии и потенцијални болести. „Скопје, ...
Во астролошка смисла, 2026 година носи особено голема среќа за еден хороскопски знак. Photo by Catalin Pop on Unsplash Лавот влегува во период што ретко се повторува, бидејќи на 30 јуни 2026 Јупитер, планетата на среќата, растот и големите можности – влегува во овој знак и започнува еден од најповолните циклуси во последните дванаесет години. Ова не е краткотрајна среќа, туку долгорочен период во кој работите конечно почнуваат да се движат ...
На еден од најсветите денови за православните христијани Богојавление-Водици и крштевањето на Господ Исус Христос, традиционално, и годинава, се одржа осветување на водите во Македонија и фрлање на светиот крст во нив низ градовите во државата. Годинава забележително беше што охриѓанецот Мартин Гоџо го изнесе светиот крст од водите на Охридското езеро втора година по ред, а истото го има направено претходно и во 2022 година. Овој чин, на ...
По повод еден од најсветите денови за православните христијани - празникот Богојавление-Водици и фрлањето на светиот крст во водите е традиција која во Македонија трае со години. Највпечатливо, но и најмасовно е фрлањето на светиот крст во водите на Охридското езеро, каде не е ново по него во Охрид да скокаат верници од други градови, па и од други држави. За охридските Варошани, тоа е на ниво на „олимписка“ дисциплина, кои веројатно се ...
Денеска во просториите на Општина Центар се одржа срдечна средба со нашиот сограѓанин Дарко Митровиќ, кој вчера, на големиот христијански празник Богојавление – Водици, имаше чест и среќа да го извади светиот крст од водите на реката Вардар, информира градоначалникот на општината Горан Герасимовски. „Дарко дојде во посета на општината носејќи го со себе светиот крст, со што симболично го пренесе благословот до сите служби и граѓани. Оваа ...
Стопанска банка од денеска на своите клиенти им го овозможува Apple Pay за брз, едноставен и безбеден начин на плаќање со своите Visa и MasterCard платежни картички користејќи Apple уред. За користење на Apple Pay и дигитализација на VISA и MasterCard платежните картички, потребно е клиентите да ја преземат бесплатната мобилна апликација Apple Wallet, а поради засилената автентикација мора да се и активни корисници на мобилната апликација на ...
На денешната седница на Советот на јавни обвинители, обвинителот Анел Фидоски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје. Покрај Фидоски, за функцијата конкурираа и досегашниот јавен обвинител Гаврил Бубевски, како и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова. По гласањето, Фидоски доби најголема поддршка од членовите на Советот и со седум гласа „за“ беше избран за нов шеф на ОЈО Скопје. Бубевски доби пет ...
По полноќ уапсена штипјанка фатена со марихуана. - На 20.01.2026 во 01:40 на ул.„Сремски фронт“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишија од слобода Ќ.А.(30) од Штип затоа што кај неа е пронајдена и одземена марихуана, соопштија од МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. По полноќ уапсена штипјанка фатена со марихуана. - На 20.01.2026 во 01:40 на ул.„Сремски фронт“ во Штип, полициски службеници од ...