Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Вчера во 13:00 часот, на улицата „18-ти Ноември“ во Гостивар, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.И.(36) од село Вруток. Како што се наведува во полицискиот билтен, 36-годишниот гостиварец бил уапсен поради основано сомнение за сторени неколку кривични дела „кражба“ и „тешка кражба" на подрачјето на Гостивар. Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од последната кражба извршена истиот ден во маркет во Гостивар. По целосно ...
Вчера во ОВР Гостивар било пријавено дека во Ургентниот центар во Гостивар било примено лице со тешки телесни повреди. Како што се наведува во полицискиот билтен, полициски службеници од ОВР Гостивар констатирале дека лицето е Д.Р.(33) од село Добридол, кој изјавил дека додека управувал велосипед во село Топлица, изгубил контрола и паднал од велосипедот. Поради сериозноста на повредите, тој бил препратен во Клиничкиот центар во Скопје. Увид ...
Вчера околу 14:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба при изведување на градежни работи на објект во изградба паднал од висина И.И.(52) од Куманово, се наведува во полицискиот билтен. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор. Вчера околу 14:05 часот во СВР Скопје било пријавено ...
Затворски службеник во КПУ Затвор Идризово вчера бил физички нападнат од осуденик во полуотвореното одделение. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера околу 10:45 часот во СВР Скопје од КПУ Затвор Идризово било пријавено дека полуотворено одделение во установата затворски службеник додека извршувал работни задачи, бил физички нападнат од осуденикот Т.П.(35) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Затворски ...
Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.А.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“. Имено, како што информираат од МВР, првото кривично дело го сторил на 12.06.2026 на кеј „Димитар Влахов“, каде заедно со уште две други лица физички нападнале 38-годишен маж и му одзеле велосипед и паричник со пари и документи. Второто кривично дело го извршил ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавија дека утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер кој ќе биде со умерен, а наместа повремено со силен интензитет. Минималните температури ќе се движат од 9 до 15 степени, додека максималните ќе се движат од 27 до 36 степени ...
На 11 јули 1877 година започнал првиот Вимблдон, турнир кој денес се смета за најстариот и најпрестижниот тениски шампионат во светот. Она што започнало како скромен спортски настан во Лондон, денес е еден од четирите Грен слем турнири и симбол на традиција, елеганција и врвен тенис. Првиот турнир бил организиран од „All England Croquet and Lawn Tennis Club“, а целта била прилично необична – клубот сакал да собере средства за купување нов ...
Во текот на изминатото деноноќие, 12 лица во Скопје, на Граничниот премин Табановце, Прилеп, Неготино и Дебар биле личени од слобода, затоа што кај нив при преглед била пронајдена дрога. Од МВР споделија детали за настаните. Изминатото деноноќие во Скопје, на различни локации полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.С.(43), Т.Б.(28), Ч.З.(52), А.Н.(22) сите од Скопје В.С.(26), од Прилеп, К.С.(29) од Куманово и В.Т.(49) од ...
54-годишна жена од Тетово пријавила во полиција дека по расправија за пари во семејниот дом, била физички нападната од нејзиниот син. Како што информираат од МВР, ноќеска во 00:10 часот, во Полициската станица Тетово, 54-годишната тетовчанка пријавила дека истиот ден, околу 21:00 часот, нејзиниот син К.В., по претходна расправија за пари, физички ја нападнал и ѝ нанел повреди. На повредената ѝ била укажана лекарска помош во Клиничката ...
Предлог-законот за заштита од пушење е во завршна фаза од собраниската процедура и, доколку биде изгласан, би можел да стапи во сила во рок од две до три недели. Министерот за здравство во заминување, Азир Алиу, соопшти дека законот се наоѓа во второ читање, а по осумте поднесени амандмани ќе следува гласање на пленарна седница. Photo by Andres Siimon on Unsplash Новиот закон првпат беше претставен како предлог во јануари годинава и ...
Владејачкото мнозинство во Собранието доби нова поддршка откако ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците на Македонија (ДПТМ) вчера го официјализираа политичкото партнерство со потпишување договор за соработка и поддршка. Со тоа, бројот на пратеници кои го поддржуваат мнозинството се зголемува на 59. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски оцени дека договорот претставува чекор кон дополнително зацврстување на ...
Општина Аеродром започнува постапка за реализација на една значајна иницијатива – изградба на првата детска градинка во Долно Лисиче. Од Општината посочија дека овој проект претставува важен чекор кон создавање подобри услови за најмладите и поголема поддршка за семејствата. „Мнозинството во советот на Општина Аеродром, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, даде согласност за отпочнување на постапка за изработка на потребната урбанистичка ...
Вчера во 15:00 часот на автопатот „Пријателство“ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода турскиот државјанин Ј.Ц.(46). Од МВР информираат дека при контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило „мерцедес“ со германски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на ...
ЈП Водовод и канализација известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе бидат повеќе делови од Скопје. Од таму информираат дека поради уличен дефект ф-600 мм на улица Борис Трајковски бб (во близина на бензинска пумпа Лукоил во Пинтија), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од: Пинтија, Усје, Долно Лисиче, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране и Зелениково. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со ...
Во срцето на Старата скопска чаршија, скриена зад високи ѕидови и речиси незабележлива од улицата, се наоѓа црквата „Свети Спас“ – еден од најзначајните историски и духовни споменици во Македонија. Фото Иако многумина мислат дека ова е првата црква изградена во Скопје, вистината е малку поинаква. Христијански храмови постоеле уште во античкиот град Скупи, каде археолозите откриле остатоци од ранохристијански базилики од IV и V век. Сепак, ...
Син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида. Беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или Петар (Јован 1, 42). Прв од учениците јасно ја изрази верата во Господ Исус, велејќи: „Ти Си Христос, Син на Живиот Бог“ (Матеј, 16, 16). Љубовта кон Господ му беше голема, а во верата се утврдуваше постапно. Кога Го изведоа Господ на суд, Петар трипати се одрече од Него, но само ...
Синоќа во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода У.Ф.(35) од Велес. Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека од двор на 54-годишен сограѓанин одзел разни предмети. При преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, а во моментот користел викенд отсуство. У.Ф. бил спроведен во установата, известен бил јавен ...
Месечината денес се спојува со Марс во Близнаци, носејќи силна ментална енергија, ентузијазам и желба за акција. Photo by Niko Samik on Unsplash Ова е ден кога идеите брзо се претвораат во конкретни чекори, а мотивацијата лесно може да ве поттикне да започнете нешто ново или конечно да завршите задача што подолго време ја одложувате. Енергијата е динамична и комуникативна, па разговорите, состаноците и новите контакти можат да бидат особено ...
Најубавите вести не се оние кои се поврзани со политиката , туку оние што покажуваат колку талент, труд и посветеност има во младите луѓе. Оркестарот на СУГС „Орце Николов“ постигна извонреден успех освојувајќи го првото место на Меѓународниот натпревар IYMC. Благодарение на овој резултат, младите музичари добија покана да настапат во Њујорк – признание што ретко му се укажува на еден училишен оркестар од Македонија. Тоа не е само личен ...
Доказ дека соништата немаат рок на траење доаѓа од легендарниот актер Ентони Хопкинс. На 88-годишна возраст, оскаровецот ќе го објави својот прв музички албум – проект што во себе носи повеќе од шест децении љубов, трпение и творештво. Фото Албумот, насловен „Животот е сон“, ќе биде објавен преку издавачката куќа „Дека класикс“ и ќе содржи 12 оригинални композиции што Хопкинс ги создавал во текот на речиси целиот свој живот. Делата ги ...
Аферата со нелегалниот увоз, дистрибуција и апликација на ботокс и други медицински препарати доби нов развој. Основното јавно обвинителство ја прошири истрагата со уште четири осомничени лица, а во најновата полициска акција меѓу приведените има и двајца лекари. Според информациите објавени од Скопје1.мк, полициските екипи извршиле претреси во две здравствени установи во Скопје, како и на уште три локации, при што биле приведени тројца ...
Дрска кражба се случила ноќеска во трговскиот центар „Веро Џамбо“ во скопската општина Центар, каде неколку засега непознати лица насилно отвориле банкомат на Шпаркасе и од него одзеле поголема сума пари. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во СВР Скопје денеска, а кражбата се случила околу 3:15 часот. По насилното отворање на банкоматот, сторителите ги зеле парите и веднаш го напуштиле местото на ...
Вчера во 13:00 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода И.П.(35) од село во неготинско. Како што информираат од МВР и според пријавеното, тој во филијала на банка во Неготино ѝ се заканувал на неговата 66-годишна мајка. Исто така, тој физички нападнал полициски службеници, кои вршеле службени дејствија. „И.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што И.П. бил спроведен во ...
Конечните инспекциски контроли и лабораториски анализи потврдија дека не се утврдени санитарно-хигиенски или санитарно-технички недостатоци, ниту контаминација во кујната, работните простории и анализираните примероци од храната Како „Рустика Вединг Хол“, компанија со долгогодишно искуство во обезбедување кетеринг услуги за голем број компании, институции и приватни настани, ја информираме јавноста дека, по завршувањето на инспекциските ...
Скопјанец физички ги нападнал својот татко и својата сестра на подрачјето на општина Центар. Од МВР информираат дека ноќеска во 01:40 часот во СВР Скопје 71-годишен маж пријавил дека претходно околу 19:00 часот во домот на подрачјето на Центар тој и неговата ќерка биле физички нападнати од неговиот син А.М. При вршењето насилство, пријавениот оштетил и дел од покуќнината. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Скопјанец физички ги ...
Во мај годинава издадени биле 340 одобренија за градење, што е за 27,5 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одобренија за градење, 229, биле издадени за високоградба. Во Источниот Регион издадени се најмногу одобренија за градење, 76, по што следуваат Скопскиот – 65, Полошкиот – 62, Југоисточниот – 51, Југозападниот – 36, Пелагонискиот – 24, Вардарсиот – 20, ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат повеќе делови од општина Петровец. Од таму информираат дека без електрична енергија ќе останат селата Огњанци, Чифлик.Петровец(дел од селото), Фазанерија, Јасен, Катланово, Стари лозја, Фазанерија пумпа, ЗИК Фазанеријас. Катлановско Блаце, Бадар, Кожле, Фазанерија Тотинци, Пумпа водовод Кожле и тунел Катланово. Прекинот ќе трае во период од 08:15 до 15:15 часот. Од ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против И.В. (21) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Како што се наведува во полицискиот билтен, пријавениот поттикнал малолетник да одземе банкарска картичка од неговиот дедо и без негова согласност и дозвола од банкомат во седум наврати подигале парични ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од МВР информираат дека од нив, 10 (четири во Скопје, три во Прилеп и по едно во Тетово, Долнени и Градско) управувале возило без положен возачки испит. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Охрид и Битола, а со брзина поголема од дозволената возело едно лице во гевгелиско. Од ...
Градот Скопје започнува со реализација на проектот за изградба на нов мега-парк во општина Карпош, на површина од 72.000 квадратни метри. Од таму посочија дека проектот предвидува целосно хортикултурно уредување на просторот, изградба на парк за миленици, детски игралишта, спортски содржини, велосипедски полигон, поставување урбана опрема, пешачки патеки и други рекреативни и забавни содржини наменети за посетители од сите возрасти. Со ...