Жителите на село Ракотинци, верниците и сите луѓе со добра волја се поканети да бидат дел од прославата на големиот христијански празник Свети пророк Илија – Илинден, која ќе се одржи во манастирот „Свети Илија“. Празничната програма започнува на 1 август (сабота) во 20:00 часот со заедничка вечера во манастирскиот комплекс, наменета за дружење, негување на традицијата и подготовка за големиот празник. На 2 август (недела), со почеток во ...
Во недела, на 2 август, односно на 20 јули според Јулијанскиот календар, православните верници го одбележуваат празникот посветен на Светиот пророк Илија, во народот познат како Илинден. Свети Илија живеел околу девет века пред Исус Христос и потекнувал од градот Тесвит, поради што е познат и како Илија Тесвиќанец. Според христијанското предание, животот го поминал во молитва, пост и борба против идолопоклонството, направил повеќе чуда, а на ...

