ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола - Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, ќе почнат да сообраќаат патничките возови на релација Скопје – Битола и Битола – Скопје. На релација Скопје – Битола ќе сообраќааат возовите: 641 (07.06) на 15.7.2026 година; 645 (20.05) на 15.7.2026 година. На релација Битола – Скопје: 644 (18.22) на 15.7.2026 година; ...

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, денеска беше прогласена за виновна во Основниот кривичен суд Скопје, откако ѝ беше изречена единствена условна казна затвор од една година за две кривични дела – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат, утврдувајќи дека нејзиното постапување директно го нарушило интегритетот на институцијата која треба да биде симбол на ...

Скопјанец во полиција пријавил напад врз неговото малолетно дете од страна на друг малолетник. Инцидентот се случил во Аеродром. - На 13.07.2026 во 19:40 часот во СВР Скопје С.П.(42) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, информираа од МВР во дневниот билтен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот Скопјанец во полиција пријавил напад врз неговото ...

66-годишен Италијанец излетал од пат со трицикл кај село Ростуше. Тешко е повреден. - На 13.07.2026 околу 16:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат во близина на влезот во село Ростуше, трицикл „јамаха“ со италијански регистарски ознаки, управуван од Ф.Р.М.(66) од Италија, со престојувалиште во село Велебрдо, излетал од коловозот. При тоа возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница за ...

На продолжението на 9. седница на Советот на Општина Центар, изгласан е Предлогот-програмата за измени и дополнувања на Програмата за образование за 2026 година, со што започнува првата фаза на реализацијата на мерката за бесплатен оброк за учениците во целодневна настава. До 2028 година мерката ќе се спроведува со преодно решение, преку делумно субвенционирање од 1.000 денари за родителите. Потоа општината ќе распише јавна набавка за ...

Тројца членови на криминалната група Беланоца вчера беа осудени на високи затворски казни за неколку кривични дела, објави „Телма“. Еден од нив доби 20 години затвор, а друг 11 години за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами Оки, лидер на спротиставената нарко банда Дуќанџик/Грчец, како и убиството на Пластичарска кога загина 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер. Оки беше ликвидиран во јули 2023 година ...

54-годишник од кочанско доби кривична пријава поради закани по живот кон соседите. Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против Д.Б.(54) од село Соколарци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Имено, на 24.06.2026 пријавениот, по претходни нарушени меѓусоседски односи, упатил закани по животот на неговиот сосед и неговата сопруга. ...

Општина Гази Баба, ЈКП „Гази Баба 2007“ и ЈП „Лајка“ потпишаа трипартитен Меморандум за соработка, со цел воспоставување поорганизиран и поефикасен систем за справување со проблемот со бездомните кучиња. Од Општината информираат дека меморандумот предвидува подобра координација меѓу институциите, побрза комуникација и навремено преземање активности за следење на состојбата на терен и намалување на популацијата на бездомните кучиња, согласно ...

Со засилено темпо продолжуваат градежните работи за довршување на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Скопје, кој повеќе од 30 години беше недовршен. Од Град Скопје информираат дека работите се одвиваат според планираната динамика, а по нивното завршување над 100.000 жители ќе добијат модерен булевар со четири сообраќајни ленти, пешачки патеки и велосипедска инфраструктура. Градоначалникот Орце ...

Двајца жители на општина Студеничани, на возраст од 60 и 27 години, се приведени по инцидент што се случил во Старата скопска чаршија, каде, според пријавата, едниот од нив репетирал огнено оружје и му се заканувал на 36-годишен маж. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека настанот се случил вчера попладне околу 12:40 часот. Според пријавеното, А.Х. (60) репетирал огнено оружје кон 36-годишен жител на скопско и неговото ...

41-годишен мотоциклист од Скопје е тешко повреден во сообраќајка на „Партизанска“ што се случила вчеравечер. - На 13.07.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“, управуван од Д.Ш.(41) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 51-годишната Р.Т. од Кичево. Во несреќата со тешки телесни ...

Дваесетгодишен жител на тетовското село Челопек пријавил во полиција дека бил удрен од друго возило, чиј возач по несреќата го напуштил местото на настанот. Според информациите од МВР, случајот се случил на 13 јули околу 20:15 часот на улицата „Видео Смилевски-Бато“ во Тетово. Додека Х.Ј. (20) управувал патничко возило „ауди“, покрај него се движело возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.П. Според пријавата, ...

28-годишник од тетовско село загинал откако бил повреден при сеча на дрва - На 13.07.2026 во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од село Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор од ...

Општина Илинден во рамки на Програмата за реконструкција на спортски игралишта, започна реконструкцијата на мултинаменското спортско игралиште во населеното место Марино, со што граѓаните ќе добијат безбеден и функционален простор за спортски активности. Реконструкцијата опфаќа целосна обнова на теренот и спортската опрема. Предвидено е поставување на нова пластифицирана заштитна мрежа, бојадисување на металната конструкција, замена на ...

Општина Карпош сподели известување за своите жители, во кое ги известува дека сѐ уште можат да го одлагаат кабастиот отпад од своите домаќинства во пунктот на ЈП Комунална хигиена – Скопје, кој се наоѓа во населбата Карпош 3 на булевар Илинден (позади бензинската станица „Макпетрол“, во непосредна близина на СЦ „Борис Трајковски“). „Во таа насока, ги информираме граѓаните дека можат самите да го одложат кабастиот отпад (од 07 до 19 часот, ...

Од денеска малолетниците немаат право да возат електрични тротинети. Во спротивно, казните за нивните родители се високи, а може и да им се одзеде возилото. Според новите правила, електричен тротинет ќе може да управува само лице кое има наполнето 18 години, наместо досегашните 14 години. Максималната дозволена брзина е ограничена на 20 km/h на велосипедски патеки и ленти, додека на тротоари, пешачки и мешани патеки останува ограничувањето ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство, соопштија од Обвинителството. Како што се наведува во соопштението, осомничениот 30-годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Имено, откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот ...

На 14 јули небото ни ја носи Младата Месечина во Рак – еден од најнежните и најемотивните лунарни циклуси во годината. Photo by Vladislav Klapin on Unsplash Секоја млада месечина означува нов почеток, но кога се случува во знакот на Ракот, таа нè повикува да создадеме промени таму каде што се чувствуваме најранливи, но и најсилно поврзани – во домот, семејството и сопствениот внатрешен свет. Ова е период кога природно почнуваме да ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска информираше дека детското игралиште „Патрик“ повторно е во функција. „По оштетувањата предизвикани во неодамнешниот вандалски чин, Општина Аеродром веднаш интервенираше, целосно го санираше игралиштето и повторно создаде безбеден, уреден и пријатен простор за игра, дружење и детски насмевки“, истакна Митески. Тој додаде дека детските игралишта се многу повеќе од урбана опрема – дека ...

Полициски службеници од ОВР Кавадарци на вчера по полноќ, во 04:50 часот, ги привеле Г.И. (40) и С.Ј. (49), двајцата од Кавадарци, поради нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект на улицата „Илинденска“. Според информациите од полицијата, лицата го нарушиле редот и мирот, при што оштетувале предмети.При преземените мерки било утврдено дека двајцата биле под дејство на алкохол. Кај Г.И. биле измерени 1,63 промили алкохол во ...

Вчера во 11:09 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода црногорскиот државјанин Д.Б.(36). Од МВР информираат дека при контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека го расчисти случајот со насилството врз малолетничка во Куманово и дека е поднесена кривична пријава против 18-годишна девојка и две малолетнички „СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.А. (18) од село Лојане, општина Липково, како и против две малолетнички на возраст од 14 и 15 години од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ по член 386 ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) вчера донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47 проценти. Најголемо поскапување има кај дизелот, кој ќе биде поскап за 2,50 денари и ќе се продава по 82,50 денари за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за 1 денар и новата цена изнесува 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 87,50 денари за литар. За 2 денари поскапува и ...

Синоќа во 23:30 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода 16-годишник од Тетово. Од МВР информираат дека малолетникот бил уапсен поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Св. Богородица“ во Тетово. Тој, истиот ден околу 21:10 часот, одзел пари и предмети од црквата. Известен бил јавен обвинител и во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални ...

Општина Гази Баба за првпат доделува субвенции за набавка на пелети. Како што информираше градоначалникот Бобан Стефковски, жителите на Општина Гази Баба можат да аплицираат за субвенции до 30% од трошоците за набавка на пелети, но не повеќе од 15.000 денари. Тој посочи дека оваа мерка ја воведуваат за првпат затоа што сакале да им помогнат на домаќинствата во намалување на трошоците за греење, но и да придонеле за почиста животна средина. ...

Општина Центар ја реализира првата фаза од проектот за партерно и хортикултурно уредување на улицата „Даме Груев“, кој го опфаќа потегот од Зеленото пазарче до улицата „Македонија“, како и делот од улицата „Македонија“ до Собранието на Република Северна Македонија. Во рамки на оваа фаза се уредуваат јавните површини и се поставува нова урбана опрема, со што овој дел од централното градско подрачје добива помодерен, пофункционален и поуреден ...

Тројца членови на криминалната група Беланоца вчера беа осудени на високи затворски казни за неколку кривични дела, објави „Телма“. Еден од нив доби 20 години затвор, а друг 11 години за злосторничко здружување поврзано со убиството на Орхан Бајрами Оки, лидер на спротиставената нарко банда Дуќанџик/Грчец, како и убиството на Пластичарска кога загина 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер. Оки беше ликвидиран во јули 2023 година ...

Граѓаните годинава ќе имаат продолжен викенд по повод големиот државен празник Илинден – Денот на Републиката. Бидејќи 2 Август се паѓа во недела, согласно Законот за празници, понеделник, 3 август, ќе биде неработен ден за сите граѓани на Македонија. Со тоа, вработените ќе имаат три последователни слободни денови – сабота, недела и понеделник, што за многумина ќе биде можност за краток одмор или патување. Илинден е еден од најзначајните ...

Собранието вечерва со 69 гласа „за“ ги избра новите осум министри во Владата, предложени во рамки на владината реконструкција. Против и воздржани немаше, бидејќи пратениците од СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците претходно ја напуштија седницата по инцидентот со новиот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, кого го обвинија за навреди и пцовки упатени кон опозициските пратеници. За нов министер за здравство е избран Сашо Клековски, ...

Месечината денес се спојува со Меркур во Рак, поттикнувајќи искрени разговори, нови идеи и подобро разбирање на сопствените чувства. Photo by Yarden on Unsplash Ова е добар ден да ги разгледате своите планови, да побарате совет или да ги погледнете работите од поинаква перспектива пред да донесете важна одлука. Во исто време, младата Месечина во Рак отвора нов циклус поврзан со домот, семејството, сигурноста и емоционалната стабилност. ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.09
32%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
1.35
47%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.09
36%
1012
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.05
36%
1013
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.74
47%
1013
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 23ᴼ
1.01
49%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
1.79
42%
1010
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.79
46%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.19
43%
1012
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
45%
1012
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 32ᴼ
1.34
28%
1012
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
5.33
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Сребро

1994.05

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Калај

56.46

Алуминиум

3.25

Родиум

274085.11

Рутениум

53852.50

Злато

136962.18

Бакар

13.51

Паладиум

43499.96

Платина

56135.20

Кобалт

56.29