Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Алијансата „За недела“, коалиција составена од синдикати, верски организации и Швајцарското здружение за медицина на трудот, денес ја претстави студијата која предупредува дека работата во недела носи сериозни последици по здравјето и социјалниот живот. Според истражувањето, прекумерната изложеност на работа во недела најмногу ги погодува жените и лицата со несигурни работни места. Жените се непропорционално застапени – 17,3% од нив работат ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е подготвен за секаков формат на средба со рускиот лидер Владимир Путин, но дека, како што оцени, „Москва повторно се обидува да одложи сè“. Во телефонски разговор со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, Зеленски ги повика земјите од Глобалниот Југ да апелираат до Русија да започне мировни преговори. „Важно е глобалниот Југ да испрати соодветни сигнали и да ја охрабри ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, остро ја обвини новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за, како што рече, системска политика насочена кон маргинализација и потиснување на Албанците од сите општествени текови. „Владата на ВМРО и ЗНАМ, предводена од Христијан Мицкоски, во полн интензитет ја спроведува политиката која треба да ги отстрани Албанците од општествените текови, враќајќи ги на периферните позиции од пред ...
Apple планира целата нова генерација iPhone 17 да се произведува во Индија, а испораките за американскиот пазар по првпат ќе доаѓаат од таму уште при самото лансирање. Компанијата ја проширува својата продукција преку пет фабрики во Индија, вклучувајќи и две новоотворени. Со тоа Apple значително ја намалува зависноста од Кина за производство на уреди наменети за САД. Според „Bloomberg“, фабриките под контрола на Tata Group, една од ...
Американското Министерство за одбрана во тишина спроведе ревизија со која министерот за одбрана Пит Хегсет добива овластување да забрани употреба на американски ракети со долг дострел против цели во Русија. Според „Wall Street Journal“, оваа практика е на сила од доцна пролет и фактички го оневозможила користењето на системите ATACMS за напади врз руска територија. Новиот механизам на надзор е развиен од заменикот за политики во Пентагон, ...
Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, во гостување на Сител телевизија изјави дека главниот град мора да се развива во интерес на граѓаните, ослободен од политички притисоци. „Над луѓето кои се креативниот потенцијал на Скопје само треба да се тргнат политичките пранги и политичкиот притисок, за да можат да дишат, да функционираат и да создаваат прилики. Тоа се приликите кои му се потребни на нашиот ...
Руските сили на 11 август успеале да ги пробијат украинските одбранбени линии во источниот регион Донецк и да навлезат повеќе од десет километри во украинска територија. Меѓутоа, украинската армија го открила планот уште пред почетокот на операцијата, што довело до брз и решителен одговор. Картите од бојното поле покажувале руски продор низ неколку села, што предизвикало загриженост дека целта се стратешките градови Костјантинівка и ...
Украина во текот на ноќта извела масовни напади со дронови врз неколку руски енергетски објекти, меѓу кои и нуклеарната електрана во Курск и нафтениот терминал во пристаништето Уст Луга во Ленинградската област, потврдија руските власти. Во нападот врз нуклеарката во Курск, сместена недалеку од границата со Украина, бил оштетен помошен трансформатор, поради што оперативниот капацитет бил намален за 50 проценти. Според официјалните ...
Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го започна денот со утринско пешачење низ Градскиот парк, во придружба на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. „Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски ...
Во Кочани повторно се одржа марш на родителите, роднините и пријателите на младите кои трагично загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. Болни сцени, солзи и тишина ја обележаа поворката, при која родителите носеа фотографии од своите деца. „Корумпираната држава ни ги украде децата. Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата. Ни го украдоа сонот, ни ја скратија иднината, а болката ја претворија во ...
„Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ се четири години разочарувања за граѓаните. Четири години кои наместо развој и проекти за граѓаните, донесоа само разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос, поскапи цени за граѓаните и бројни скандали со тендери,“ порача портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција. Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претвори во епицентар на тендерски шеми и партиски злоупотреби ...
Потпретседателката на СДСМ и кандидатка за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, заедно со кандидатката за градоначалничка на Општина Карпош, Маја Мојсова, одржаа средба со жителите на скопската населба Карпош, на која што се разговараше за нивните предлози за подобрување на условите за живот во оваа општина, а воедно и за кејот на Вардар во делот на општината Карпош. Граѓаните реагираа дека овој дел од кејот на Вардар денес е комплетно ...
Во Македонија и понатаму постои сериозен проблем со детските бракови, предупредуваат од невладината организација „Отворена порта“, која се бори против насилството и трговијата со луѓе. Според податоците, 1.355 девојчиња на возраст од 15 до 19 години веќе се мажени, додека бројот на момчиња во иста возрасна група е само 260. Дополнителна загрижувачка состојба претставува адолесцентната бременост, која е особено присутна во сиромашни и ...
На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел дискусијата имаше градоначалникот на Кисела Вода и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој образложи што е направено изминатите 4 години за општината односно ги истакна клучните проекти кои се направени изминатиот период како вложувањето во патната инфраструктура, изградба на градинки, инвестирање во образованието со изградба ...
Малолетничка од Струмица, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот во кој престојувала во Охрид, е пронајдена во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во СВР Охрид во петокот попладне, Е.А. (45) од Струмица пријавил дека неговата 14-годишна ќерка Ј.А. исчезнала од домот два дена претходно. Според пријавата, на 21 август добил порака преку социјалната мрежа „Фејсбук“ од женско лице од Скопје, кое му ...
Фото: Илустрација На 22 август 2025 година, во 12:10 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар–Кичево се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила – „Фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (48) од Гостивар, „Пежо“ со српски национални ознаки, управувано од М.Р. (38) од Република Србија и „Опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (67) од ...
На прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, остро ја критикуваше локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи ги изминатите четири години како „четири години разочарувања за граѓаните“. „Наместо развој и проекти за граѓаните, овие четири години донесоа нечисти општини, урбанистички хаос, поскапи цени и бројни скандали со тендери“, изјави Кузеска. Таа посочи дека општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ станале епицентар на ...
Градоначалникот на Ѓорче Петров и кандидат за нов мандат, Александар Стојкоски, во своето обраќање истакна дека општината од финансиски девастирана успеала да се стабилизира и да стане пример за развој. „Наследивме општина која финансиски беше девастирана, со стари долгови од над 4 милиони евра, па да бидеме во функција да градиме иднина. Најодговорно тврдам дека Ѓорче Петров ќе биде најсилна општина од сите општини во наредниот период. ...
„Со фантомски листи сакаат да ја изиграат демократијата, но народот нема да се прелаже“Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини дека СДСМ и ДУИ преку „инфлација од независни кандидатури и фантомски листи“ се обидуваат да го заматат изборниот процес и да ја прикријат, како што рече, „сликата на историскиот пораз кој им претстои“. „Зад оваа игра не стојат само партиските штабови, туку и длабоката држава на СДС и ДУИ, нивните ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека веднаш по локалните избори ќе следи реконструкција на Владата и отворање на партијата за нови кадри, со цел да се обезбеди „повеќе динамика и поголем капацитет“ за реформите. „И затоа веднаш после овие избори ќе ги отвориме вратите на партијата за нови смени и за нови луѓе, и во Владата ќе има реконструкција и подобрување и поголема динамика на капацитетите. Веќе добро знаеме како ...
На 22 август 2025 година, околу 18:00 часот, на магистралниот пат Скопје – граничен премин Долно Блаце, се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубил 53-годишен државјанин на Украина. Според МВР, патничко возило „Фолксваген Голф“ со германски национални ознаки, управувано од 22-годишната Б.С. од Косово со живеалиште во Германија, удрило во пешакот К.М. (53) од Украина. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило ...
На 22 август 2025 година, околу 17:15 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека при извршување градежни работи на автопат во изградба, во атарот на селата Ѓоновица и Симница, трагично починал 60-годишниот Д.П. од село Врапчиште, општина Врапчиште. Според информациите од МВР, несреќата се случила за време на работни активности за приватна фирма ангажирана на теренот. Лекар од приватна здравствена установа ја констатирал смртта, а по наредба ...
На 22 август 2025 година, во 22:55 часот, во СВР Скопје, 41-годишниот М.Д. од Скопје пријавил дека истиот ден, околу 18:40 часот, на подрачјето на општина Аеродром, бил нападнат од три лица. Според пријавата, непознатите напаѓачи со употреба на сила го внеле во казино, каде што физички го нападнале. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. Поврзани ...
30-годишен маж од битолското село Лера е уапсен откако синоќа, околу 21:40 часот, нападнал млад битолчанец и физички ја повредил својата поранешна сопруга, соопшти СВР Битола. Според информациите од полицијата, осомничениот Џ.Р. (30) најпрво во пекарница во Битола го нападнал 25-годишниот И.Л., брат на неговата поранешна сопруга, нанесувајќи му повреди со остар предмет. Потоа, со употреба на сила, ја внел во возило својата 23-годишна ...
Од вкупно 352 пристигнати барања за упис во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали за претстојните локални избори, Државната изборна комисија (ДИК) регистрираше 33 телевизии, 42 радиостаници, осум печатени медиуми и 246 интернет портали. Средствата што ќе се потрошат за платено политичко рекламирање за медиумите изнесуваат 66 проценти од буџетот на ДИК за локалните избори, односно 397.763.000 ...
На 22 август 2025 година, во 18:35 часот, на автопатот „Пријателство“ кај селото Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ј. (36) од Штип. При извршена сообраќајна контрола било утврдено дека тој управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од дури 252 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час. За настанот ...
Ексминситерот и актуелен кандидат за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, речиси секојдневно одржува прес-конференции и преку објави се промовира пред престојните локални избори, иако кампањата не е започната. На новинарско прашање, тој рече дека ова не е забрането. „Јас мислам дека ова е период кога треба да се разговара со граѓаните на Чаир, мислам дека визијата за новиот Чаир бара почести контакти. Освен светска куќа за нов изглед, јас ...
Околу 1.700 припадници на Националната гарда се мобилизирани во 19 американски сојузни држави за да ѝ помогнат на Службата за имиграција и царина (ICE) и на Министерството за внатрешна безбедност, објави „Фокс њуз“. Овој потег претставува продолжение на политиката на претседателот Доналд Трамп да користи федерални сили за справување со криминалот и нелегалната имиграција, откако претходно оваа недела распореди Национална гарда во Вашингтон. ...
Единицата за брзо распоредување денес го одбележува својот ден, со потсетување на храброста, посветеноста и професионализмот на своите припадници. „Додека го одбележуваме Денот на ЕБР и им оддаваме почит на нашите колеги, не смееме да ги заборавиме сите оние кои го дадоа својот живот за безбедноста и мирот на татковината. Нивната жртва е темел на нашата слобода, нивната храброст – пример за идните генерации. Вечна им слава и почит,“ порачаа ...
Блупринт групата за реформи во правосудството излезе со заедничка изјава во поддршка на семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани, кои на 17 август јавно сведочеа за своето искуство. „Тие сведочат дека наместо да добијат разбирање и поддршка, се чувствуваат нападнати и изложени на различни притисоци, што уште повеќе ја зголемува недовербата кон институциите. Во вакви околности, потребен е особено сензитивен и одговорен пристап, кој ќе ...